
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, повеќе од 150.000 луѓе го напуштиле Косово. „За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или речиси 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе Бета. Во периодот од 2020 до 2022 година, на Косово емигрирале 26.329 жители, додека од Косово се ...
Хекуран Асани е нов предлог на Владата за претседател на Управниот одбор на давателот на воздухопловни услуги М – НАВ. Од Владата информираат дека ја смениле првичната одлука од денешната седница со која до надзорниот одбор на М-НАВ дадоа насоки нов претседател на УО да биде Илир Мехмеди затоа што не ги исполнувал условите за функцијата. Со претходната одлука Владата му даде насоки на надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши ...
На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам. Карневалот завршува на 14-ти, со традиционалното палење на маските. Министерката за култура Бисера ...
Дали конечно работите мрднаа од мртва точка кога се работи за изградба на пречистителната станица во Скопје. Овој капитален проект вреден 200 милиони евра започна да се реализира уште во 2019-та година под власт на тогашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Во јуни 2020 година беше распишан тендер и беше планирано целиот овој проект да заврши до 2025 година. Но веќе стигнавме до 2024 година а не е фрлена ниту една лопата, ниту пак се на ...
Флашираната вода што се продава во продавниците може да содржи од 10 до 100 пати повеќе парчиња пластика од претходно проценетите, според истражувањето, кое исто така вели дека наночестичките се толку мали што не можат да се видат под микроскоп. Нанопластиката е толку мала што може да мигрира низ ткивата на дигестивниот тракт или белите дробови и во крвотокот, дистрибуирајќи потенцијално штетни синтетички хемикалии низ телото, велат експертите, ...
Изминатата 2023 година беше најтоплата година досега, за што придонесоа невидените глобални температури од јуни наваму, објави службата за климатски промени Copernicus, која ја спроведува Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во име на Европската комисијата. Така, 2023 година ја престигнала 2016 година, која претходно беше забележана како најтопла година во историјата. Температурите на површинскиот воздух соборија неколку светски ...
Легалната миграција во Европската унија мора да се зголемува за еден милион луѓе годишно, бидејќи постоечката работна сила во блокот старее, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон. Според еврокомесарката, минатата година во ЕУ имигрирале околу 3,5 милиони луѓе, од кои 300.000 илегално влегле на територијата на Унијата, пренесува Ројтерс. Процесот на легална миграција функционира добро, но тоа не е доволно“, рече Јохансон ...
Енергетските политики и мерки на СДСМ обезбедија пониски цени за граѓаните за електрична енергија. Годината ја почнавме со намалување на сметките за струја. 5% во првиот блок додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти, рече членот на ЦО на СДСМ, Дарио Николовски, во утринска програма на Слободен Печат. Во време на светска и економска криза ја вративме евтината тарифа, од 11 до 15 часот, и на овој начин веќе околу 11 часа дневно ...
Во текот на 2023 година имало 89 денови со загаден воздух, односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен, покажуваат сите 12 месечни извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух за Тетово. Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. Од друга страна, изминатата година е четврта по ред како опаѓа ...
Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески концертната сезона ја продолжува на 13 јануари (православната Стара Нова година, н заб.) кога во салата „Рение Трети“ во Монте Карло заедно со своите пријатели ќе го изведе МАКЕДОНИСИМО. Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги потпишува нашиот истакнат ...
Санела Шкријељ е пратеничка во македонското Собрание и долгогодишна активистска за правата на жените, маргинализираните заедници и лицата во ризик. На самиот почеток на веќе турбулентната 2024-та година, ни одговори на неколку прашања поврзани со растот на десничарските движења, загрозеноста на некои прва за кои сметавме дека се добиени засекогаш, а и за Дедо Мраз. Трн: По неодамнешните парламентарни избори во Полска за Mинистерка за семејство ...
Кралот на рокот Елвис Присли ќе се врати на сцената преку холограм како дел од концертите планирани за Лас Вегас, Токио и Берлин. Додека некои веруваат дека Елвис следната недела ќе го прослави својот 89-ти роденден, други ќе мора да се задоволат со турнеја со холограми. Елвис Еволушн е опишан како „импресивно концертно искуство“ кое користи вештачка интелигенција и холографска проекција, а премиерата ќе ја има во Лондон во ноември. Потоа ...
Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 190 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. „Во периодот од 01.01. до 07.01.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 114 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ ...
Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат опфатени сообраќајниците на поширокото централно ...
Се очекува парламентот на Јужна Кореја денеска да гласа за закон со кој постепено ќе се укине конзумацијата и продажбата на кучешко месо. Јадењето кучешко месо порано беше вообичаено во Јужна Кореја, но денес тоа е ретко и ограничено на некои постари луѓе, наведе „Ројтерс“. Поддршката за забраната за кучешко месо се зголеми за време на мандатот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој вдоми голем број кучиња и мачки. Предлог-законот, ...
Локалната самоуправа не е само данок на имот и одобренија за градба, таа е сервис за сите потреби на граѓаните за урбано живеење, почнувајќи од јавен превоз, комунални услуги, чисти улици и тротоари, се до одржување зелени површини и забавни паркови. Градот Скопје во изминатата 2023 година “потфрли” во многу од овие области, a скопјани се соочија со многу проблеми како што се долги чекања по автобуските станици и гужви низ автобусите, загаден ...
Фестивалот на изгрејсонцето Инувик во северозападните територии во Канада го означува враќањето на сонцето по повеќе од 30 дена поларни ноќи и без официјално изгрејсонце. Поларната ноќ, феномен кога ноќта трае повеќе од 24 часа, е предизвикана од ротацијата на Земјата во однос на положбата на сонцето. Земјата ротира околу насловната оска што значи дека има периоди од годината каде што Арктичкиот круг и Антарктичкиот круг се или целосно изложени ...
Утрово најстудено на Попова Шапка каде се измерени -7 степени. По него следуваат -6 Маврови Анови, -4 Крушево, -2 Прилеп, -1 Битола, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Берово. Околу 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Виница, 1 степен во Претор, Струмица, 2 во Дојран, Гевгелија. Најмногу дожд со измерени 5 l/m2 во Берово, Демир Капија, 3 l/m2 Крива Паланка, Попова Шапка, Маврови Анови, ...
Додека во соседството расте бројот на заразени со Ковид-19, кај нас ситуацијата е поинаква и бројот на позитивни случаи на Ковид бележи тренд на опаѓање, информира Злате Мехмедовиќ од Kомисијата за заразни болести. Од друга страна, расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во последната недела од 2023 година, во земјава биле пријавени 403 случаи на заболени од грип или ...
Како што рекоа од Sega за време на The Game Award церемонијата, нови видео игри од сериите Jet Set Radio, Shinobi, Golden Axe, Streets of Rage и Crazy Taxi се во развој. Иако немаме официјални датуми или конзоли за кои ќе бидат објавени игрите, видовме трејлери. Покрај тоа, Sega навести дека повеќе игри се во развој, но не ги именувале. Leave it to @sega to blow our minds with 5 NEW GAMES in one trailer! This is Sega Power Surge! #TheGameAwards ...
Во последните години забележан е рапиден раст на деца со говорни нарушувања, кои имаат потреба од логопедска помош. Кај 80% од децата на возраст од 3-6 години дијагностицирани се помали или поголеми проблеми со говорот, зголемен е и бројот на деца на 2-3 годишна возраст кај кои забележано е целосно отсуство на говорот-вели Билјана Беделовска, единствениот логопед во детската градинка „Мајски цвет“, додава обемот на деца е зголемен и помош бараат ...
Километарска колона возола повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково. Според информациите кои ги доби дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот премин Станке Лисичково. -Тука сме околу два часа, горе има околу осум автобуси, а колоната е ...
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните празници, учениците во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, но со препораки и упатства од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) поради зголемениот број заразени со Ковид-19 и грип во земјата. Во изминатиот период во Грција е зголемен бројот на заразени со Ковид-19, но и болни од грип, па затоа од ЕОДИ во петокот објавија упатства за наставниците, учениците и останатиот ...
И по пет децении, музејот за тутун во Прилеп фасцинира со приказните, а експонатите го потврдуваат човековото однесување кое е врзано со уживањето, со потребата низ историјата да го покаже својот статус, но и да укаже на начинот на живот на различни простори. Музејот за тутун во Прилеп, еден од раритетните во Европа, еден од најпосетуваните од домашните и странски гости, постојано ги обновува, ги чува приказните за човековото однесување. ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во периодот од 09 до 13.01.2024 (од вторник до сабота), поради официјална посета на делегација предводена од Н.Е. Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат ...
Марк Кјубан, кој неодамна продаде мнозински удел во НБА франшизата Далас Маверикс, ги изненади вработените во клубот минатиот петок кога ги информираше дека ќе им подели повеќе од 35 милиони долари во бонуси. Да потсетиме, купувач на Маверикс е долгогодишната политичка активистка, Израелката Миријам Аделсон. Кјубан имаше мнозински удел во Маверикс од јануари 2000 година, кога ја купи франшизата за 285 милиони долари. Во 2011 година, Маверикс ја ...
Огромно место кое може да се искористи за рекреација па и за полесно поминување на граѓаните за влез во Градскиот парк и Градскиот стадион – Национална Арена „Тоше Проески”, просторот под Кале, е јавно напуштено место кој служи за паркирање или див полигон за вежбање на млади возачи, но моментално е во многу лоша состојба страв за граѓаните кои поминуваат во овој дел за да се вклучат со Градскиот парк. Екипата на Градска редакција го посети ...
И оваа година бадникарскиот максенбал во Тетово го започнаа најмладите во доцните попладневни часови кои маскирани одеа од врата на врата и ја пееја познатата песна „Бдња баба“, а од домаќинките добиваа костени, ореви, паричиња. Потоа како што налага традицијата, повозрасните со духовити и инвентивни маски дефилираа низ тетовските улици, а забавата продолжуваше по тетовските кафулиња и ресторани, пишува „Слободен печат“ „Добро е што Тетово има ...
Професорката на факултетот за музичка уметност Соња Здравкова Џепароска вчера на социјалните мрежи објави дека се уништува просторот помеѓу Филхармонија и зградата на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” и Факултет за музичка уметност – Скопје. Имено на тој мал и тесен простор според неа започнато е со изградба на импровизирана улица која има за цел да се исфрли отпадот од пожарот што се случи во зградата на Комерцијална банка од пред неколку месеци. ...
Циклонот со центар над Јадранот полека ја зафаќа нашата територија, па така од следните часови ќе започнат и врнежите, пишува Славчо Поповски. -Со силниот циклон со центар над Јадранот, до понеделник навечер на планините и на повисоките места се очекува формирање на снежна покривка и тоа особено во западните и во северозападните предели. На Скијачките центри се очекува да се формира позначителна снежна покривка (локално и до 20 сантиметри, ...