
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Дали забележувате низ скопските улици во градските подрачја сообраќаен знак за ограничување на брзината на движење на моторно возило? Ако возите на сите скопски улици ретко ќе најдете, бидејќи со Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата е одредено во градските улици максималната брзина на возење да е 50 км/ч, додека на подрачјата близу школи, градинки и амбуланти движењето на возилата се ограничува на 30 км/ч. На самите влезовите во ...
Посетата на помошник државниот секретар на САД, Џејмс О’Брајан и случувањата во деновите по неа ќе бидат особено важни за политичката ситуација во Македонија, особено во делот на предизборието, оценува политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Арсовски во емисијата Студио 10 на ТВ 24 порача дека по посетата на високиот американски претставник ќе станат јасни доста работи околу коалициите и можните претседателски кандидати. – Од посетата на О’Брајан ...
Петте најбогати луѓе во светот го дуплирале своето богатство од 2020 година досега – од 405 милијарди на 869 милијарди долари, додека 60% од светската популација, односно речиси 5 милијарди луѓе уште повеќе осиромашиле. Разликата меѓу богатите и сиромашните веројатно уште повеќе ќе се зголеми, покажуваат најновите извештајот на хуманитраната организација Oxfam, пренесува весникот The Guardian. Истовремено, предупредуваат дека ако продолжат ...
Исландскиот вулкан со недели му се закануваше на пристаништето Гриндавик. На 14 јануари, за време на последната ерупција, потоци од лава се упатија од вулканот кон градот. Тековите од лава во кои изгореа најмалку три објекта, поттикнаа брза и обемна реакција на исландските служби за итни случаи, кои градеа бариери, познати како берми, во обид да ја пренасочат лавата подалеку од градот Гриндавик. Последната ерупција започна од новоотворена ...
Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, донесе одлука за измена и прецизирање на регулативата за обезбедување реални паркинг места во новопроектирани објекти. Со оваа измена, бројот на механизираните паркинг системи се сведува на минимум, со цел да се сузбијат злоупотребите евидентирани на терен. Како што информираат од Општина Центар, согласно измените на одлуката, најмалку 90 проценти од потребниот број ...
Општина Тетово денеска информираше дека вчера ја добиле пресудата на Управниот суд со која се поништува решението на Министерството за образование и наука за одземање на надлежноста на градоначалникот на Општина Тетово по однос на целокупното работење на Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“. Според раководителот на одделението за образование во Секторот за јавни дејности Управниот суд во својата пресуда е јасен, дециден и ...
На повеќе места утре ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час) што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде ќе бидат пообилни. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање, соопшти УХМР. Промена на времето ќе има во сабота, кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните ...
Речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари. Ова е заклучокот од ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него, грчката страна има разбирање од македонската страна за техничките аспекти, но обврските од меѓународниот договор остануваат. На 13 февруари ќе се мисли што ќе се прави со лицата кои немаат пасоши. „Тоа е меѓународен договор, ратификуван во Парламент, не е одлука на Влада на државите. Најдобро, се ...
Денеска се бараше вонредна седница на која ни градоначалничката не е присутна, со самото тоа е јасно колку овие точки го задоволуваат критериумот за вонредна седница. Направен е опасен преседан, се свикува вонредна седница за точки кои вообичаено одат на редовни седници, а ниедна од овие точки не го задоволуваат критериумот согласно Деловникот и Статутот на Град Скопје за вонредни седници, изјави советникот од коалицијата „За обнова на ...
Црната листа на САД опфаќа политичари и тоа е порака која паметните политичари би требало да ја сфатат, особено сега пред најавените избори, смета американскиот експерт за надворешна политика и предавач на Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, Едвард Џозеф. Американската црна листа е многу значајна и преставува порака, и не треба да исклучува никој кој е вмешан во висока корупција, вели Џозеф во интервју за ...
Градскиот парк во Гостивар има површина од околу 66.840 метри квадратни од кои дел се простира од левиот брег, а дел од десникот брег на реката Вардар се всушност најголемата и најзначајната зелена површина или како што коментираат гостиварчаани „белите дробови“ на градот. Во изминатите години градот го промени својот изглед со тоа што се изградија голем број на нови згради и буквално се узурпираше центрарот на Гостивар, така што се создаде ...
Во срцето на Скопје, во 1980 година, улиците не само што биле патеки за одредена дестинација, туку и плоштади на дружење, културна размена и несебични моменти на градскиот живот. Сега, преку виртуелната лупа на времето, го зграпчивме еден момент од минатото – видеозапис од Скопска пешачка култура или некултура во 1980 година, додека улиците ги носеле своите уникатни приказни и енергија. Видеото нè носи во едно време кога луѓето се скоро ...
Советниците на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, донесоа одлука за одредување на височина на нулта плоча за градби кај терени во пад, определена од страна на пристапната сообраќајница, кон дното на парцелата, како пресек на градежната линија со котата на теренот. Како што информира Општина Центар, со оваа одлука за прецизирање на нултата плоча се намалува можноста за злоупотреба при проектирање и изведување ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку својот Фејсбук профил соопшти дека Владата на денешната седница ги одобрила измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои, како што вели, американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции Објаснувајќи ги измените, на брифинг со новинарите Oсмани минатата недела кажа дека во игра останува конфискацијата на нелегално стекнат имот. Законските измени ...
Општина Кавадарци денеска излезе со препораки до граѓаните, против аерозагадувањето во градот. Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користат за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал, правилно да се користат печките за ...
Комисијата за заштита од заразни болести на редовен состанок денеска утврди дека поради сезонските респираторни проблеми, сите кои се чувствуваат болни треба да носат маски, а препорака е маски да се носат во здравствените институции и во домовите за заштита на стари лица. Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата на Комисијата рече дека моментално има зголемување на бројот на случаи од грип, ...
Во среда, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја промовира партијата чиј претседател ќе биде. „Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива г-ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите. Основањето партија беше долгонајавувано од Арсовска. „Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните ...
„Сѐ додека го имаме јазикот наш македонски – ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“. Блаже Конески изнел многу голема вистина со оваа негова позната сентенца алудирајќи на важноста на јазикот како дел од нашиот идентитет. Преку јазикот се изразува заедничката историја, традиции и вредности што ги делиме како еден народ. Заштитата на македонскиот јазик претставува заштита на идентитетот и соединувањето на луѓето. ...
Центарот треба да обезбеди услуги и сервиси на локално ниво за поефикасна реинтеграција на повратниците во матични земји фокусирајќи се на неколку клучни сегменти – социјална заштита, вработување, образование, здравствени услуги, правни совети и друго Владата, Димитар Ковачевски, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан и градоначалникот Курто Дудуш беше потпишан договорот за финансирање. Центарот ...
Вкупно 159 196 тони комунален отпад подигнале и транспортирале екипите на „Комунална хигиена“ во текот на минатата година од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на Скопје, при што направиле 26 139 тури низ градот. Собирањето и транспортот на комуналниот отпад од речиси 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери се реализирал секојдневно во три смени, додека приближно 85 000 канти наменети за ѓубре од индивидуалните ...
Граѓаните на ЕУ дале просечна оценка од 7,1 од максимално можните 10 за своето севкупно задоволство од животот. Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во 18 од вкупно 27-те земји членки на ЕУ оценката за степенот на задоволство од животот е над просекот во Унијата, а само во девет држави е под него. Во 26 земји оценката за задоволството е над 6, што значи дека најголемиот дел од жителите на ЕУ се задоволни од животот. ...
На територија на град Скопје казнети се 124 возачи , меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло се вели во соопштението на МВР Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. ...
Во Скопје има многу ресторани. Сите нудат нешто специфично за различни вкусови и потреби. Не е тајна дека луѓето од овие предели сакаат да се дружат и социјализираат и одењето во ресторан за нив е настан кој многу им значи, а храната е едно од најголемите задоволства. Секој поединец изборот го прави според своите очекувања, гурмански потреби, вкус и лична естетика, по што се нѐ друго. Скопските ресторани се еден од нашите најсилни туристички ...
Во текот на првата недела од 2024 година, од 1 до 7 јануари, во земјава се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип. Тоа е 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со прва недела од минатата сезона, е зголемен за 24,8 проценти, а во споредба со бројот за прва недела од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 68,8 ...
Лани на работно место загинале 17 лица, информираше вчера Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа. Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога на работа загинале 12 лица. Но, Томовска потенцира дека во 2019, 2020 и 2021 година, бројот на загинати лица бил 17, ...
Во текот на 2023-та година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 159 196 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, при што се направени вкупно 26 139 тури се вели во соопштението на ЈП Комунална хигиена. – “Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на ...
Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Петровец се измерени -3 степени, во Струмица -2 степена, на Зајчев Рид -1 степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир Капија, Штип, Крушево и Битола, четири степени во Виница и Претор, пет степени во Дебар и шест ...
Постои ли пазар во Германија како што има во некои градови во балканските земји па и пошироко, или како што Скопје го има Бит-пазар. Градска редакција го посети градот Дирен кој се наоѓа во северниот дел на Германија, и невообичаено за нас беше денот на пазар кој го имаше три пати неделно, вторник , четврток и сабота. Пазарот во вид на панаѓур се вршеше во главниот плоштад на градот, немаше тезги но локалните земјоделци, и производители на ...
Компанија од Велика Британија наречена Clicks претстави додаток за iPhone за време на CES 2024 во Лас Вегас, и ќе им се допадне на оние кои ги сакаа BlackBerry телефоните. Станува збор за заштитна маска, која е и целосно функционална физичка тастатура, која може да се постави на iPhone доколку сакате искуство базирано на допир. Делот со тастатурата се наоѓа на дното на маската и не покрива ниту еден дел од екранот, туку само задниот дел и ...
Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија. Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, така наречени „Формула 1 на вода“, за кои основано се проценува дека имаат негативно ...