
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Поради врнежи од снег на неколку патни правци во земјата се воведува забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси. Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) од четири часот утринава има забрана за движење на тешки товарни возила на патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и од Маврово кон Дебар. На патниот правец од Тетово кон Попова Шапка од пет часот утрово има забрана за движење на автобуси, додека за сите останати ...
Голем дел од Македонија повторно е под снежна обвивка, а исклучок не е ниту главниот град. За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде зафатена од голем снежен бран кој ќе донесе обилни врнежи од снег и снежна бајка насекаде низ државава. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, а поради ниските температури ќе има појава на голомразица. На планините и на скијачките центри се очекува формирање на снежна ...
Вчеравечер по 44 пат во Скопје се одржа традиционалниот Ромски бал, на кој присуствуваа наши познати естрадни ѕвезди, луѓе од јавниот живот и гости од регионот и странство. Меѓу присутните над 600 гости беше и премиерот Димитар Ковачевски кој на балот дојде во придружба на неговата ќерка. Покрај Ковачевски пристуни беа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар ...
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече местата кои со закон и следуваат на опозицијата во техничката влада да останат празни додека ВМРО-ДПМНЕ не даде глас за таа влада. Тој го повика идниот мандатар Талат Џафери да направи влада во која министерските и дополнителните заменички министерски места ќе останат празни, а кога ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучи да ја поддржи техничката влада, тогаш да се вметнат ...
На 21 и 22 јануари во Скопје ќе се одржи состанок на иницијативата „Западен Балкан и ЕУ“ и лидерската средба за Планот за раст за Западен Балкан. Домаќин на средбата ќе биде македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а на неа ќе присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина – Борјана Кришто, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, премиерот на ...
За два и пол часа можете да бидете во главниот град на Северна Македонија на празничен или градски одмор за да го избркате зимското сивило, oдбравме осум работи што можат да се направат во главниот град во зима, пишува Луксембург тајмс. Директните летови за Скопје почнаа на 18 декември. Авторката на текстот има осум предлози за тоа што можете да направите на кратко зимско патување во Скопје. -Не заборавајте дека Северна Македонија не користи ...
Нова алтернатива не е нова полиитчка партија, но неделава се најде во фокусот на вниманието откако на нејзино чело застана градоначалничката Данела Арсовска. Наместо формирање нова партија „Правда“ како што се шпекулираше во јавноста, Арсовска ќе ја предводи, помалку заборавената партија Нова алтернатива која долги години ја предводеше докторот Ѓорѓи Оровчанец. Откако јавно се скара со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, Арсовска во јавноста се ...
Кога планираме одмор, предвид земаме повеќе фактори – од наоѓање евтини места за патување и безбедност на саканата дестинација, до сместувањето. Македонија Во статијата се истакнува дека во Македонија нема многу криминал, а се советува задолжителна посета на Охрид. „Во Охрид има улици со калдрма и необични цркви, нешто што се очекува од еден европски град, со дополнителна предност што се наоѓа на крајбрежјето на неверојатно убавото и биолошки ...
Суарет Алишан од Коалицијата „Менуваме“ денеска реагираше дека наместо формирање на нов инклузивен центар за деца и лица со попреченост, којшто претходно бил изгласан од страна на Советот на Град Скопје, децата и лицата со попреченост ќе бидат сместени во подрумски простории на гимназијата „Јосип Броз Тито”. „Благодарение на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите партии таму во Советот, ја изгласаа одлуката за формирање на модерен ...
Научниците се загрижени дека овој дополнителен извор на слатка вода што се излева во северниот дел на Атлантикот може да значи колапс на океанските струи Amoc што би довело до тешки последици за човештвото. Големата загуба на мраз од Гренланд како последица на глобалното затоплување се бележи веќе со децении. Техниките кои до ден денес се користат, како мерење на висината и тежината на ледената покривка, се добри за одредување на губењето на ...
Во текот на втората недела од годинава, поточно од 8 до 14 јануари, во земјава се пријавени 1.182 случаи на заболени од грип или слични заболувања, што претставува зголемување за 15,3 проценти во споредба со претходната недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со втората недела од минатата сезона, е намален за 12,2 отсто, додека, во споредба со бројот за втората недела од ...
Вчера во полиција три лица пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња во Скопје. Куче каснал седумдесет и седумгодишен скопјанец на улица „Методија Андонов Ченто“. „На 17.01.2024 во 13.55 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.“ Во близина на депонијата Дрисла куче каснал жител на Батинци. „На 17.01.2024 во 20.50 часот во Полициската станица ...
Советот на Град Скопје в понеделник ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за субвенциите за ЈСП „Скопје“, откако денеска трите синдикати во ЈСП се заканија дека граѓаните ќе останат без градски превоз во понеделник доколку дотогаш не се изгласаат субвенциите и не им се исплати декемвриската плата. Како што дознава „Слободен печат“, барањето за одржување вонредна седница е доставено попладнево, по што седницата е закажана во ...
Градинката Пролет, го доби финалниот изглед. Денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски направи увид го градежните работи на градинката која треба да згрижи нови 150 дечиња од населбите Пролет и Маџир Маало. „Градежните зафати во градинката Пролет течат одлично. Фасадата која е енергетски ефикасна е веќе завршена и периодов се работи на внатрешноста. Преградните ѕидови се исто така речиси завршени и наскоро ќе почне да се ...
Скопјани во понеделник повторно ќе останат без градски превоз доколку дотогаш Советот на Град Скопје не одржи итна седница на која ќе ги изгласа субвенциите за ЈСП за 2024 година, се заканија трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие. Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на ...
На сите паркиралишта кои се во надлежност на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ утре ќе биде бесплатно паркирањето. По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) Ве известуваме дека на 19.01.2024 година (петок) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2024 година (сабота) со вообичаено ...
Во мај годинава редакцијата на Градска.мк пишуваше дека на територија на општина Ѓорче Петров во Орман, во околината на реката Лепенец се создава нова депонија со секаков вид на отпад. Според видеото на Градска.мк, општинскиот камион со ангажирани општински работници секој ден собира градежен шут, но и друг отпад и го пренесува токму на оваа нова депонија во Орман. Градоначалникот Александар Стојковски ја укина телефонската линија преку која ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се наоѓа пред нова блокада откако репрезентативните синдикати ги повикаа советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат. – “Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска информираше дека заедно со инспекторите за животна средина во Градот спречиле екоцид кој што се случувал на територијата на општина Ѓорче Петров. Станува збор за детектирана еколошка катастрофа, која во општината се случувала на парцела од 4000м2 приватен имот и 5000м2 имот на државата, во непосредна близина на реката Лепенец. Според градоначалничката, приватната дива депонија се наоѓа на ...
Поради верскиот празник Богојавление (Водици), утре (19 јануари), јавниот превоз на ЈСП Скопје ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота, 20 јануари, ќе се вози по неделен возен ред, со исклучок на посочените линии, кои ќе функцинираат по саботен возен ред. Во петок (19.01.2024 год) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците ...
Во тричасовна акција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), рано утринава се спасени неколку лица кои со автомобил заглавиле на Галичица, на патниот правец кој подолго време е забранет за моторни возила. По добиената пријава на единствениот број за итни случаи 112, за случајот била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, а нивни екипи итно се упатиле на местото за да интервенираат. „Паралелно е комуницирано и со граѓаните од ...
Новата претседателка на Нова Иницијатива, Данела Арсовска синоќа беше прашана за тоа дали се гледа како иден претседател на државата. Таа одговори дека за тоа одлучувале граѓаните. -Не можете вие да се гледате како било што. Сите работи кои следуваат е нешто за коишто граѓаните одлучуваат дали ќе ви ја дадат својата доверба, дали ви веруваат во она коешто го говорите и дали истото ќе го спроведете во пракса. Јас сметам дека ние направивме многу. ...
По тешко боледување вчера почина Југослав Тодоровски, поранешен градоначалник на град Скопје. Тодоровски на оваа функција беше од 1986 до 1991 година, по неколку претходни државни функции. Професионалната кариера како градежен инжиенер ја започна и заврши во ГД Гранит од Скопје, како негов втор човерк. Остави белег во градежната фела, политиката и друштвото како умерен и мудар човек, кој остана ценет и без дамка на образот, вели неговиот син. ...
Вкупно 1855 проекти биле реализирани во земјава од 2007-та година досега, со финансиска поддршка од Европската унија. Унијата преку ИПА фондовите за оваа намена има издвоено над 812 милиони евра. Од нив, 34,2 проценти се наменети за општински проекти, а останатите за проекти на национално ниво – покажуваат податоците кои од Секретаријатот за европски прашања ги споделија за ММС. Податоците говорат дека најмногу проекти (922) се реализирани во ...
ЈП за заловување бездомни кучиња Стационар „Лана Струмица“ лани заловил 650 кучиња, а 140 од нив се вдомени и згрижени, информира директорката Сузана Стојкова. Според неа, 90 кучиња се вдомени, односно се почитувани сите процедури за вдомување на куче, а 50 се згрижени. -Ова бројка е одлична и ги повикувам сите љубители на животните да ги вдомуваат кучињата, бидејќи наша законска обврска е само да ги храниме и да ги згрижиме, а деновиве имаме ...
Хрватското Министерство за одбрана (МО) денеска соопшти дека работи на концепт за куса основна воена обука, а државниот секретар Здравко Јакоб во Парламентот изјави дека моделот ќе биде познат во најбрз можен рок. Јакоб во хрватскиот Сабор, по седницата на Комисијата за одбрана, изјави дека обуката отсекогаш била тема во Министерството и вооружените сили и дека моделот ќе биде познат што е можно поскоро. Тој потенцираше дека со моделот на обука ...
Со финансиска конструкција од еден милион евра, во тек на изградба е кејот на реката Луда Мара, до Општа болница Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Оваа инвестиција ќе го дополни убавиот кеј кој се протега до селото Ваташа. Се гради минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј – шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Ова ...
Освен отстранување на неколку платформи во езерото, минатите години јавноста не виде друга посериозна акција за отстранување на бесправно изградени објекти во Струга и покрај постојаниот аларм од граѓанските активисти дека на струшка страна постојано се бетонира и гради. Владата уште во септември лани ја задолжи општината да започне со отстранување на бесправно изградените објекти,но досега ниту еден објект не е отстранет. Статистичките податоци ...
Тим од ДЗС- Битола вчера во 12:40 часот безбедно остранил артилериска граната, калибар 75 mm, од Првата Светска Војна (НУС – неексплодирано експлозивно средство) лоцирана во атарот на с. Добромири Од ДЗС посочуваат дека вакви експлозивни средства во овој период се наоѓаат многу почесто и препорачуваат внимателно шетање и внимателен ископ особено при градежни работи. Ваков тип на гранати или остатоци од претходни војни можат многу често да се ...
Со нова одлука на Министерството за образование и наука, која следува по барање на Сојузот на средношколци, учебната 2023/2024 година за средношколците ќе заврши на 10 јуни наместо на 17 јуни како што беше претходно предвидено со календарот за организација на наставата. За основците останува одредбата да учат до 17 јуни, а и едните и другите ќе имаат пролетен распуст од 29 април до 6 мај 2024. МОН ќе треба дополнително да донесе одлука и како ќе ...