Спасени се лица кои синоќа со возило заглавиле во снег кај Пониква, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Како што појаснуваат од ЦУК, заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, биле однесени на безбедно место, а возилото било извлечено од снегот. – Тоа е кусата повратна информација од терен по спасителната акција на доброволната планинска спасителна служба „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти ...

Постои една скопска легенда, која вели дека во многу стари времиња, еден трговец го посетил Скопје и дошол во конфликт со домашните трговци. Избила голема кавга, и тој бил протеран од градот. За возврат, трговецот ги проколнал, упатувајќи им ваква клетва: „Никогаш трговијата во Скопје да не процути, а мештаните да немаат аир од трговските зделки!“ Се разбира, градот на Вардар бил и останал трговски град, но она што подоцна се случувало во ...

Претседателот на Warner Bros. Interactive Entertainment, Дејвид Хадаб, се осврна на видеоиграта која се продаде во повеќе од 22 милиони примероци во 2023 година. Станува збор за видео играта Hogwarts Legacy, која со својот одличен резултат стана најпродавана игра во изминатата година. Според Variety, околу два милиони примероци биле продадени за време на декемвриската празнична сезона. Хадаб се наврати на овој голем успех и го изрази своето ...

На државите од Западен Балкан им е потребна економска интеграција, бидејќи голем дел од нивното население се сели во Европа и во други места, посочи помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан на брифинг со новинарите. Според него, процесот за пристапување во ЕУ е процес за подготовка не само за интеграција во унијата, туку и подготовка за носење политички одлуки заедно со другите земји-членки. „Во основа ...

Општина Центар годинава ја презема надлежноста врз салата „Работнички“, а со тоа и обврските за нејзина реконструкција. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека за некое време КК „Работнички“ повторно ќе се врати на европската сцена. – Претходно, за нашиот најтрофеен клуб, КК „Работнички“, обезбедивме стабилни спонзори – М ТЕЛ и „Видеолотарија касинос Австрија“, кои го враќаат на старите победнички патеки. КК „Работнички“ ...

Во јули започна реконструкцијата на сервисната улица Бледски договор, која се наоѓа на територија на Општина Карпош, поточно во населбата Карпош 3. Граѓаните цело лето возеа по едвај една лента, а таму се наоѓаат три болници, „8 септември, “, поликлиника „Букурешт“ и клиниката „Жан Митрев“, сега пак нема обележани пешачки премини. Знаците се поставени, дури има знаци и за „легнати“ полицајци, но сепак на оваа улица нема пешачки премини па ...

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски. Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски. Во однос на големата кашлица попозната во јавноста како магарешка кашлица најмногу ...

Советот на Град Скопје изгласа споменикот на Ќосето пак да се постави на нова локација. Но, ги праша ли некој граѓаните што мислат за тоа? Не! Затоа екипата на „Внимание, внимание“ ги прашува граѓаните што мислат за враќањето на споменикот на Ќосето во Скопје, и дали „Касапот“ е лик кој обединува или разединува. Повеќето млади воопшто не знаат за споменикот, ниту пак за Ќосето, ниту ги интересираат спомениците. Повеќемина велат дека историски ...

Шпанскиот град Валенсија денеска официјално станува европска зелена престолнина за 2024 година, преземајќи ја оваа титула од минатогодишниот носител, естонскиот главен град Талин. На церемонијата на преземањето на титулата, заменик градоначалникот на Талин, Тит Терик формално на градоначалничката на Валенсија, Марија Хозе Катала ќе и ја предаде европската „Зелена книга“. По повод примопредавањето на титулата, еврокомесарот за животна средина, ...

После 22 дена борба за живот, во болница починало двегодишно девојче од Кичево. Полицијата го сомничи триесетгодишниот нејзин татко Ф.Д. дека ја претепал по што таа од повредите починала. Полицијата го лишила од слобода Ф.Д. вчера. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во ...

Здружението Гоу Грин-Скопје информира дека лани прв пат беше отворен повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година. Целта на овој прашалник е да се соберат што е можно повеќе предлози, кои ќе им бидат доставени на општините и градоначалниците. Прашалникот беше отворен за младите од јули до декември 2023 година. Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот ...

Жалбата на Обвинителството по која ќе постапува Кривичниот суд следува откако судија на претходна постапка им определи мерки за претпазливост, а не притвор, како што бараше ОЈО Скопје, на четворицата осомничени за упадот во М-НАВ, меѓу кои е и Беким Незири, ексминистер и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ. До петок оваа недела треба да се знае одлуката на Кривичниот суд Скопје по однос на жалбата која Јавното обвинителство ја ...

Најниски температури утрово измерена на Попова Шапка -12 степени. Во Берово -10, во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица и Маврови Анови се измерени минус шест, во Виница, Кавадарци, Крушево минус пет, во Гевгелија минус 4, Прилеп и Дојран минус три, Битола и Куманово минус два, во Скопје минус еден и нула во Охрид, информираат од УХМР. На Попова Шапка има шест сантиметри снег, во Пожарена два, а еден сантиметар во Ѓуриште. Времето ...

Голем пожар утрово на улицата „Пандил Шишков“ во скопската населба Аеродром. Пожарот избувнал рано утрово, а кај надлежните е пријавен во 6.33 часот. Од МВР потврдуваат дека во пожарот едно лице го загубило животот. „Утрово (11.01.2024) околу 6.40 часот во СВР Скопје е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат ...

Во просек, Европејците поминуваат повеќе од шест часа дневно на Интернет, но тука е вклучено и изгубеното време „чекајќи“ да се воспостави врската. Користејќи ги податоците од проверката на брзината на вчитување на страниците на Google, BusinessComparison ја испита просечната брзина на вчитување на веб-страните на десктоп и мобилни уреди за речиси секоја европска земја. Шведска е на прво место со најбрза брзина на оптоварување на работната ...

Центарот за управување со криза (ЦУК) соопшти дека утрово во 06:33 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице. Во гаснењето на пожарот ...

Возач на автобус на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) во Белград денеска е повреден и пренесен во болница кога возилото излетало од патот и удрило во куќа во белградската населба Ритопек, објави Танјуг. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Несреќата се случила околу 6 часот и 50 минути, кога автобусот излетал од патот, ја пробил ограда и удрил во настрешницата на куќата. Во возилото во моментот на инцидентот ...

Meta соопшти дека ќе крие почувствителна содржина од тинејџерите на Instagram и Facebook поради глобалниот притисок од регулаторите врз гигантот за социјалните медиуми да ги заштити децата од штетната содржина на неговите апликации. Овој потег ќе им отежне на тинејџерите да наидат на содржини како што се самоубиство, самоповредување и нарушувања во исхраната кога користат функции како пребарување и истражување на Instagram, наведува Meta. Според ...

Владата го задолжила АД ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата. На седницата донесена е Одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи. -Владата ја разгледа и усвои Информацијата од ...

По два ипол месеци бесплатно паркирање од денеска посетителите во „Дајмонд мол“ ќе мора да платат за паркирање на своите автомобили. Еден час паркинг чини 50 денари и секој дополнителен час се наплаќа исто 50 денари. Официјална информација од страна на шопиног молот се уште нема, веста од страна на посетителите беше споделена на социјалните мрежи. Во „Дајмонд мол“ има продавници со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со ...

Македонската продуцентка на визуелни ефекти Александра Кочоска-Дековиќ присуствуваше на првиот дел од 75. доделување на престижните награди Еми, каде беа доделени признанијата на најдобрите во техничките категории. Оваа година, таа го придружуваше нејзиниот сопруг Анте Дековиќ, кој беше номиниран за Еми во категоријата за исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода, за епизодата „Rusalye“ од серијата „Сенка и коска“ („Shadow ...

Едно женско лице од Германија и уште двајца скопјани вчера биле искасани од улични кучиња на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден. На 09.01.2024 во 14.50 часот во Полициската станица Центар Н.Х.(30) од Германија пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник. На 09.01.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Кисела Вода Г.Ц.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје била касната од куче ...

Исчезнувањето на малолетната скопјанка, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски го актуелизираше прашањето за отсуството на организиран систем за алармирање за исчезнати лица и ги стави на тест капацитетите на македонските институции. Откако македонската јавност ја разбрануваа информациите за исчезнувањето кои масовно се споделуваа на социјалните мрежи, и девојчето и 74-годишниот велешанец, беа пронајдени мртви. Две недели подоцна, ...

Цените на становите во Скопје во четвртиот квартал од 2023 година се зголемиле за седум проценти во однос на истиот период од претходната година, а за еден процент споредено со третиот квартал, покажува индексот на цени на станови на Народната банка. Најновите податоци за цените на становите се продолжение на намалувањето на растот што се бележи од почетокот на минатата година. Во првиот квартал лани цените на становите бележаат раст од 18,8 ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска присуствуваше на отворањето на новата Поликлиника Сарај којашто ќе опслужува над 45 илјади жители од овој регион на градот. -Голема е честа утрово заеднички да го промовираме отворањето на новата Поликлиника Сарај, која ќе опслужува над 45 илјади жители во овој дел од градот. Би сакал да истакнам дека ова е заеднички успех со кој треба да се гордееме. Станува збор за инвестиција во вредност од 79 ...

По повод доаѓањето и престојот во Тетово на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх, утре (четврток ) од 5 часот и 30 минути во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим. Како што соопшти СВР Тетово изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до ...

Приказната што започна уште во 2017 година, кога беа актуелни моделите iPhone 6, 6S, 7 и SE, конечно се расплетува. Сопствениците на тие уреди, кои покренаа групна тужба, сега добиваат исплати. Сопствениците на постарата генерација на iPhone, кои тврдеа дека Apple намерно ги успорувал нивните уреди, а потоа поднесоа колективна тужба, сега почнаа да добиваат компензација. Да потсетиме, целата оваа приказна е започната уште во 2017 година, кога ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -13 степени, во Маврови Анови се измерени минус осум, Крушево минус седум, во Крива Паланка и Берово минус шест, а во Скопје минус два степана. Минусни температури има и во Прилеп, Тетово, Битола, Куманово, Виница, Охрид, Штип, Кавадраци и Велес. Над нулата е само во Гевгели со еден степен, соопшти УХМР. Во текот на ноќта времето беше претежно облачно. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието ...

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025). Светска банка во ...

Постојат повеќе делови во Скопје, кои можат да се уредат како поголеми зелени површини, кои се многу неопходни за градот. Во Стратегијата за развој на зеленилото за периодот од 2024 до 2034 година, која на крајот од минатата година ја донесе Советот на Град Скопје, се наведуваат делови од скопските општини погодни за уредување зеленило. Во општина Карпош, дел од градските четврти З 04, на север од Карпош 3 и З 05, на север од Карпош 4. Делот од ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
76%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
82%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
77%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
59%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52