
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Недела 14 април 2024 година, ќе останат запишани со златни букви во историјата на фудбалскиот клуб Баер Леверкузен, „Фармацевтите“ успеаја математички на пет кола пред крајот на сезоната, да ја обезбедат првата шампионска титула во историјата на клубот, совладувајќи го Вердер со 5-0. Предноста за Леверкузен ја донесе Бонифас од пенал во 25. минута, првото полувреме заврши со резултат 1:0. Гранит Џака го удвои водството со одличен гол во 60. ...
Прекумерната употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ може да биде причинител на недоволен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите. Неврологот Рејчел Самерс го користи својот интернет-простор за да ги сподели своите совети подобро псиихичко здравје. Според неа, не треба да се минува повеќе од половина час на ден на социјалните мрежи. „Трошењето до 30 минути дневно на личниот интернет-простор ја намалува опасноста ...
Управата за хидрометеоролошки работи издаде метео предупредување со ниво „локално невреме“ за деновите што следуваат, поточно среда и четврток. „Од утре до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 ...
Вчера (14 април) во периодот од 14 до 19 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема брзина од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 108 пречекорувања на максимално дозволената брзина, информира полицијата. „Од нив, 65 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (Тетово-40 и Гостивар-25), од кои 4 возачи пречекориле за над 70 ...
Осовременет е Календарот за редовна имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири. Демири истакна дека со оваа вакцина ќе се понуди поквалитетна ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика со одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар. За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден ...
Вчера (14 април) во периодот од 14 до 19 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема брзина од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 108 пречекорувања на максимално дозволената брзина, информира полицијата. „Од нив, 65 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (Тетово-40 и Гостивар-25), од кои 4 возачи пречекориле за над 70 ...
Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. -По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...
Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што ...
Над една третина од вкупниот број објави на политичките партии и на политичките лидери содржат штетни наративи, покажа извештајот на Институтот за комуникациски студии направен во рамки на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА). Шестмесечниот извештај претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во ...
Стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка е кофинасирање на инвестицијата до 50 отсто од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката може да достигне и до 60 проценти кофинасирање ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 28 степени. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на ...
Во петокот вечерта по 34 одиграни кола се комплетираше лигашкиот дел од Евролигата, а сега почнува – борбата за пласман во завршниот турнир. Бранителот на титулата Реал Мадрид убедливо го освои првото место, а со кого ќе игра во четврт-финалето ќе дознае на 19 април по исходот од баражот. Второпласираниот Панатинаикос ќе се судри со подобриот од бараж дуелот Макаби – Басконија. Познати се и два четвртфинални парови: Монако – Фенербахче, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од одмаздата против Иран по разговорите со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Њујорк Тајмс. Весникот наведува дека во телефонски разговор, Бајден го одвратил Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран откако Техеран минатата ноќ лансираше околу 300 беспилотни летала и проектили врз Израел. Според извештаите, неколку членови на израелскиот воен кабинет биле за започнување на ...
Денеска (14 април) на неколку локации во централното градско подрачје во Гостивар, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно – паркирај одговорно“. МВР соопшти дека за време на активноста, чија што цел беше подигнување на свеста и сообраќајната култура, на возачите ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта, што може да доведе до дополнителна ескалација на состојбите во Блискиот Исток. “Го осудуваме овој напад како што ги осудивме и претходните, и како што ќе ги осудиме и евентуалните следни одмазднички напади кои се најавуваат. Насилството раѓа насилство, а овој повторувачки круг на одмазда ...
Блитвата е преполна со хранливи материи кои можат да го намалат шеќерот во крвта, а нејзините влакна помагаат во одржување на здрави нивоа на гликоза. Блитвата е нискокалоричен зеленчук со висока содржина на магнезиум, железо, калиум и витамини А, Ц и К, а овие темнозелени листови се меѓу најхранливите состојки во човечката исхрана кои имаат повеќекратни придобивки за нашето здравје. Освен што го штити здравјето на човековото срце, блитвата се ...
Во писмото упатено до шефот на ОН, Антонио Гутереш и претседателката на Советот за безбедност, Ванеса Фрејзиер, Техеран нагласи дека неговиот напад врз Израел е правен и оправдан чин на самоодбрана од израелските агресии. Иранската мисија во ОН го осуди неуспехот на Советот за безбедност да го осуди смртоносниот израелски воздушен напад врз конзулатот на земјата во Дамаск на 1 април. Како одговорна членка на Обединетите нации, Исламската ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 13 евидентирани пожари на отворен простор, од кои утрово три се уште се водат како активни, додека не се добие потврда од терен дека се целосно изгаснати. Денеска, од раните утрински часови, пожарникарите од ТППЕ Гостивар со три пожарникари и едно ПП возило интервенираат на запалена депонија во село Чегране. Екипата е се уште таму и ќе дежура доколку се ...
ИДФ го потврди нападот на Иран врз Израел, соопшти израелската агенција за следење дронови на кои ќе им требаат неколку часа да стигнат до Израел. Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во моментов има прес-конференција. Тој потврди дека десетици дронови лансирани од Иран се движат кон Израел. Тој вели дека израелските воздухопловни сили ги следат беспилотните летала и истакна дека ќе им требаат неколку часа за да стигнат до земјата. Хагари вели дека ...
Финансиските друштва од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик кој што вклучува меѓу другото процедура за процена на кредитната способност, како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите, соопштуваат од Министерството за финансии. Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник ...
Со помош на полициски хеликоптер од Хеликоптерската единица за посебни намени кој исфрлил 15 тони вода локализиран е пожарот во атарот на село Жировница, на територија на НП Маврово. Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно ...
Полицијата на подрачје на Гостивар во последното деноноќие евидентира неколку настани и пријави: „На 12.04.2024 во 12.35 часот во Полициската станица Гостивар бил лишен од слобода С.К.(77) од Гостивар, поради тоа што околу 12.00 часот во двор на неговиот роднина Р.К.(49), по вербална расправија, со остар предмет оштетил маса и столици и му се заканил на Р.К. и неговата сопруга. На 12.04.2024 во 09.40 часот од Општата болница Гостивар полициски ...
Откако на 1 април беше нападнат Конзулатот на Иран во Сирија, при што загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои седуммина високи членови на Иранската револуционерна гарда, не престануваат обвинувањата и заканите од Техеран кон Израел. Иран за нападот го обвинува Израел и вети дека ќе возврати за смртоносниот напад, но Ерусалим не го коментираше инцидентот. Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа изјави дека наскоро очекува Иран да преземе воена акција ...
На територијата на НП Маврово од вчера активен е пожар на поголема површина во кој се зафатени пасишта, смрека и папрат. Според последната информација од ЦУК во текот на денот во гаснењето на огнот интервенираат пет лица вработени во Националниот парк, а ангажиран е и хеликопкер. „За настанатата состојба известен е градночалникот на Општина Маврово-Ростуше и истиот известил дека поради непристапноста на теренот и лицата кои интервенираат во ...
Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање. „Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време и контекст, во тесна соработка со истомислениците. Не одредивме конкретен датум“, изјави Стјоре ...
Група граѓани од Гостивар ова саботно претпладне го посветија на еколошка активност за чистење на отпадоци, расфрлани во зеленило од несовесни поединци. Акцијата ја спроведоа во делови од градскиот парк и округот кај општата болница. Настанот во Гостивар го организираа Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и Планинарското друштво Шари, во рамки на одбележувањето на Денот на добри дела, глобално движење кое обединува над 110 земји ширум ...
Викендов на фудбалските терени низ земјава се одигра 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое сите фаворити постигнаа лоши резултати, лидерот Струга ТЛ загуби од Вардар, последнопласираната Брегалница го совлада Шкупи, Шкендија не успеа да победи кај Македонија ЃП, продолжувајќи ја неизвесноста во првенството. Фудбалерите на Гостивар во ова коло гостуваа во Кратово кај екипата на Силекс, одигрувајќи натпревар со многу шанси и на ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево, во рамки на 96. седница, со жребување го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите. Број 1 е Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, број 2 – Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, број 3 – Коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, број 4 – Коалицијата Европски форнт, број 5 – Левица, број 6 – Коалицијата „Вреди“, број 7 – Движењето ЗНАМ – За наша ...
Сезонските алергии погодуваат милиони луѓе, а двата најчести типа се алергиски ринитис и алергиски конјунктивитис. Бидејќи повеќето се предизвикани од полен, сезонските алергии може да се влошат во одредени периоди од годината во зависност од тоа дали алергенот на полен е дрво (март/април), трева (јуни/јули) или плевел- коров (август/септември). Симптоми на алергија се кивање, кашлање, течење на носот или чешање на очите и грлото, што значително ...