
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Во првата половина од годинава Албанија од туризмот остварила рекорден приход од 1,9 милијарди евра, што е за 25 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Според податоците на Централна банка на Албанија, само во периодот април-јуни приходите изнесуваат околу 1,1 милијарда евра, додека во првите три месеци оваа бројка изнесува 788 милиони евра. Според ИНСТАТ, пак, во првите 6 месеци од годинава во земјата престојувале 4,5 милиони ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд – над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер – над 70 километри на час. Како што информираат денеска од УХМР, во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање. Од УХМР ...
Гостиварските градинки ја почнаа новата учебна година со нови сили, планови и подготовки. Установата функционира и преку летниот период, но со намален капацитет поради годишните одмори, па во септември вообичаено се работи со засилен интензитет. Се поднесуваат документи, се формираат групите, течат административните обврски околу уписите и приемот кои се етапни, поради потребата од извесен период на адаптација на дечињата. Градинките на ...
Кратката прошетка по оброк е сè попопуларна навика низ целиот свет, и тоа не само како тренд, туку и поради бројните здравствени придобивки кои ги нуди. Пешачењето веднаш по јадење може да има многу позитивно влијание врз вашето целокупно здравје и благосостојба. Подобрено варење на храната Пешачењето после оброк може значително да го подобри процесот на варење. Движењето го стимулира желудникот и цревата, овозможувајќи храната побрзо и ...
Рибата е полна со корисни витамини и хранливи материи, но дали конзервираната туна е здрава или е премногу ризична за јадење? Туната е хранлив извор на посни протеини Конзервираната туна е хранлив извор со малку маснотии на посни протеини и омега-3 масни киселини. Богата е со витамини и минерали, а може да се користи во салати, сендвичи, јадења со тестенини и разни други оброци, па така тоа ја прави практична и здрава храна. Конзервираната туна ...
Градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани попладнево пред општинската зграда одржа прес конференција во врска со случувањата околу црквата во атарот на селото Галате. Шабани кажа дека имал средба со претставници на тетовско-гостиварската епархија и Црковниот одбор на Галате, кои се оградиле од граѓаните што спроведувале работи кај црквата, а воедно апелираше до групата да не повторуваат такви постапки. „Ни МПЦ, ниту пак Црковниот одбор на Галате ...
„Со оглед на тоа што се случува со нашата демографија, со масовното иселување на нашето население надвор од земјата, веќе се појавува т.н. вишок на наставници иако лично сметам дека наставник не може да биде вишок. Ние, треба само да ги направиме функционални. Затоа Владата уште во предизборната програма направи цела стратегија како наставниците кои ги имаме да ги направиме функционални за да останат во образовниот процес“, изјави денеска ...
Негувањето на искрен дијалог за сите отворени прашања може да превенира и надминува секакви проблеми, порачаа денес од гостиварското архијерејско намесништво во врска со последните немили случувања околу црквата „Света Петка“ во атарот на Галате. Архиерејскиот намесник на Гостивар протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, придружуван од епархискиот адвокат на МПЦ-ТГЕ Дарко Котески, како и Горан Димитријески, Милош Димитријески и Велимир Ристески од ...
Дечињата се најранливата група учесници во сообраќајот, поради што од мали нозе треба да ги научат правилата и прописите, да се потсетуваат редовно колку е важно да бидат внимателни и да им се укажат ризиците кои постојат. Со таква цел денес во Гостивар се одржа превентивно-едукативна активност со првоодделенците од гостиварските основни училишта. Првачињата со своите учителки учествуваа во марш низ градското подрачје, почнувајќи од пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат, но како што најави, ќе има и пролетна кошничка. Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување. Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за проширување на позитивната листа лекови, ...
Полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар, вчера во 12.30 часот во гостиварско Дебреше и во 22.00 часот во населба Млаки во Гостивар, ги лишиле од слобода С.С.(36) од Дебреше и А.К.(43) од гостиварско Леуново. Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека во текот на последниот месец извршиле повеќе тешки кражби во куќи и магацини на подрачјето, од каде што одзеле повеќе предмети. С.С. и А.К. се задржани во ...
Премиерот Христијан Мицкоски актуелните случувања врзани со иницијативата за уредување на црква во гостиварско Галате, ги искоментира како обид за дестабилизација и подготовки за сеење етничка и верска нетрпеливост. „Јас цело време предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта, тоа е карта на којашто овие криминалци кои изминатите години печалеа на грбот на народот ќе се обидат да предизвикаат нестабилност и тоа се такви ...
Во свет полн со различни трендови во исхраната и често контрадикторни совети за исхрана, многу луѓе се прашуваат како всушност изгледа здравата исхрана. Добрата вест е дека здравото јадење не мора да биде комплицирано или здодевно. Со неколку клучни принципи и практични совети, секој може да ја подобри својата исхрана и со тоа да го подобри своето здравје и виталност. Зошто е важно да се храниме здраво? Храната е гориво на нашето тело – она што ...
По состанокот одржан вечерва во село Галате, локалното население информира дека се оградува од настанатата ситуација со црквата Св. Петка, која се наоѓа во атарот на Галате, во месноста Топли Извори. Жителите на Галате истакнуваат дека целокупната ситуација треба да се реши преку надлежните институции, согласно важечките закони. „Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина ...
Министерството за внатрешни работи вечерва излезе со соопштение за случајот со црквата во атар на гостиварско Галате, кое меѓудругото содржи и апел за воздржување од тензии. Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост: „Денеска (10.09.2024) во 10 часот од страна на полициски службеници од НККР Гостивар, градежен инспектор од општина Врапчиште и ангажирана геодетска фирма извршен е увид на локацијата каде се наоѓа црквата во атарот на с. ...
Случувањата околу покренатата акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во атар на Галате не стивнуваат. Попладнево, полицијата приведе две лица, дел од групата што викендов работеше на средување на просторот околу храмот. Приведувањето се случи во објектот на Општина Врапчиште, кадешто граѓаните беа дојдени и инсистираа да остварат средба со градоначалникот Исен Шабани. Тие претходно на влезот на општината ја поставија лентата од градежна ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на чистиот воздух, УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија објави нов документ за политики во кој истакнува дека во 2021 година над 5.480 доенчиња во 23 земји и територии низ Европа и Централна Азија починале од причини поврзани со аерозагадувањето. Во Македонија, смртните случаи на новороденчиња поврзани со загадениот воздух сочинуваат 11,6 отсто или 1 од 9 смртни случаи на деца на возраст до една година, информираа ...
Бигорскиот Манастир во изминатите денови беше домаќин на значаен културно-научен настан – петтата Малореканска летна школа „По патеките на Дичо Зограф“, која посветено се занимава со духот на мијачката уметност и култура и е посветена на истражувањето на делото на еден од најголемите македонски зографи – Дичо Зограф. Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, школата беше организирана со поддршка на здружението на граѓани ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево на гостински терен против Фарски острови ќе ја отвори новата сезона во Лигата на нации во која влегува со амбиција да заврши првопласирана во својата група Ц4 што догодина ќе ѝ донесе пласман во поквалитетната Б Лига, а воедно и место во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Дуелот во Торашвн е закажан со почеток во 15 часот на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта, а ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на горивата, кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ. Според новата одлука, следи поевтинување на нафтените деривати. Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар и ќе се продава по цена од 74 денари за литар. Еуросупер БС-98, поевтинува за 2 денари и новата цена ќе изнесува 76,5 денари за литар. Цената на дизелот, се намалува за еден денар, па од полноќ ќе чини 68,5 денари за ...
Владата денес излезе со соопштение дека со ребалансот на буџетот се обезбедени пари за исплата на К15 на вработените во јавната администрација во износ од по 11.000 денари. „Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по ...
Акцијата за уредување на црквата „Св.Петка“ во атарот на гостиварско Галате викендов била прекината, откако на местото дошле полициски службеници. Од видео кое е споделувано на социјалните мрежи може да се види дека полицајци ги распрашуваат граѓаните кои учествуваат во работната акција, а тие реагираат дека им било речено дека узурпираат земјиште и дека ќе бидат приведени. Приведувања сепак немало, а во полицискиот билтен денес немаше никаква ...
Ретко кој човек не сака десерти, а оној што намногу го паметиме од детството е пудингот. Но, пудингот не мора секогаш да биде направен од готов прав во кесе, туку може да се обидете да си поготвите и домашен. Еве како: Состојки: 4-5 банани 5 лажици кафеав шеќер 3 мали лажички нишесте (густин) 10 гр. путер 1 мала лажичка ванила екстракт 1 мала лажичка цимет сол Подготовка: Најпрво на плех ставете хартија за печење, посипете насекаде со 2 лажици ...
Турција ќе го произведе својот прв брз воз, а тестирањата ќе бидат извршени следната година, потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. „Нашиот брз воз, кој ќе го произведува TURASAS (Турска железничка индустрија), ќе има максимална брзина од 225 километри на час. Ќе има осум вагони, со капацитет од 584 патници“, рече Уралоглу. Тој додаде дека по завршувањето на статичките тестови на фабриката „возот ќе биде ...
Дождот кој со засилен интензитет врне од вчеравечер, продолжува и во утринските часови. Според метеоролошките прогнози времето денеска (вторник) ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава ...
Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници на Гостивар, Сарај и Аеродром да го истераат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година. Измените на Законот за локална ...
Кина овој месец ќе одржи заеднички воени вежби со Русија, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека поморските и воздушните сили ќе учествуваат во вежбите „Север-заеднички 2024“ во регионот на Јапонското Море и Охотското Море, во близина на брегот на Русија. „Оваа вежба има за цел да го продлабочи нивото на стратешка соработка меѓу кинеската и руската војска и да ја зајакне нивната способност заеднички ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува нестабилно време со пообилни врнежи и локално невреме. Како што информираат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. „Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер“, стои во соопштението од УХМР. Во случај на појава на ...
Попладневната дремка од околу 30 минути му овозможува на мозокот да се одмори на начин што ги прави луѓето повнимателни при работата и другите активности, според стручњаците. „Знаеме дека тоа е лесен и корисен начин за брзо зајакнување на својата будност, концентрација, продуктивност, креативност и расположение“, изјави истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел. Во својата книга „Спиј за успех! Сè што мора да знаете за спиењето, ...
Пиперките се одличен извор на витамин Ц, антиоксиданси и други есенцијални хранливи материи. Но, која е најдобра – црвената, зелената или жолтата и која е разликата меѓу нив? Придобивките од зелената пиперка Зелените пиперки се едни од најчесто консумираните пиперки. Имаат јасна текстура, благ вкус и нудат голем број здравствени придобивки. Тие се богати со витамин Ц, кој е неопходен за поддршка на имунитетот и формирање на колаген. Покрај тоа, ...