Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 Октомври 2025 година (четврток), Денот на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Празникот е востановен во чест на основањето на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) на 23 октомври во 1893 година во Солун, со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. ...
„Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас, сите жртви се заслужени.“ Оваа мисла на еден од основачите на Македонската револуционерна организација, Иван Хаџи Николов, се чини е една од оние што беа двигател на саможртвата на илјадниците идеолози и борци за македонската слобода. И оние што ја дочекаа слободата, и оние што ја прифатија девизата на Дамјан Груев: „Подобро ужасен крај, отколу ужас без крај“. Денес, како што запишал ...

