Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Малигните неоплазми и понатаму се втора најчеста причина за смрт во Македонија, веднаш по болестите на циркулаторниот систем, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје и Државниот завод за статистика, објавени на 4 февруари по повод Светскиот ден на борба против рак. Во 2024 година, стапката на морталитет од малигни заболувања достигнала 217 смртни случаи на 100.000 жители, што претставува највисоко ниво во периодот од 2010 ...
Вчера (4.02.2026) во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.М.(18) од Падалиште. МВР соопшти дека при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. На подрачје на целата држава вчера биле регистрирани ...
Во Гостивар започнува еколошки проект за поставување специјални контејнери за собирање текстилен отпад во училиштата. Иницијативата има за цел да ја подигне свеста за правилно управување со отпадот, да го намали количеството текстил што завршува на депонијата Русино и да ја поттикне циркуларната економија. Проектот стартува со поставување на три контејнери, а во наредниот период се планира негово проширување и во останатите училишта, како и ...
Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. „При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и ...
Вчера (4.02.2026) околу 16:30 часот, од Ургентниот центар во Гостивар е пријавено дека кај нив со повреди биле донесени двајца малолетници. „По преземени мерки утврдено е дека малолетниците се здобиле со повредите откако паднале од електричен тротинет, на кој се превезувале по кејот на река Маздрача. Едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди.“, информира СВР Тетово. Увид на лице место извршила екипа од ...
Месната заедница Галичник го објави конкурсот за избор на зет и невеста за Галичката свадба 2026 со покана до сите заинтересирани парови кои сакаат својата љубов да ја крунисаат со венчавка во Галичник, на Петровден, и да дадат завет пред Бога и традицијата, да се пријават. „Галичката свадба не е само настан – таа е живо културно наследство, завет и спомен што се пренесува низ генерации. И во 2026 година, на петровденскиот викенд, Галичник ...
Денеска (04.02.2026) во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово, информира МВР. Полицијата додава дека А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 (Тешка кражба) и 215 (Неовластено ...
Намалена видливост поради појава на магла до 100 мeтри утрово има на патниот правец Тетово – Скопје. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица), информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Сите патни правци во државата се ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска го помовира новиот модул за електронска едвиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи. Пациентите што имаат закажано вакви интервенции преку порталот ќе може да видат кога им е закажана интервенцијата и да видат колку е долга листата на чекање. Министерот за здравство Алиу појасни дека на јавниот портал, кој се наоѓа на веб-страницата на Министерството, ќе биде достапна ...
Астрономите открија нова планета со големина на Земјата, на околу 146 светлосни години оддалеченост, за којашто науката проценува дека има 50 отсто шанси да се наоѓа во погодната за живеење зона на својата ѕвезда, велат истражувачите. Планетата, наречена „ХД 137010 б“ (HD 137010 b), орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето и се проценува дека е околу шест насто поголема од Земјата, објави „Гардијан“. Истражувањето, првично објавено во ...
Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – најпосакуван автомобил. Како ...
Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. – Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба ...
Неколку дена пред стартот на Зимските олимписки игри 2026 во Италија, учесникот од Гостивар, скијачот Виктор Петков беше на прием кај градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани. „Петков уште од мали нозе покажувал талент, посветеност и исклучителни резултати, рангирајќи се меѓу најдобрите во земјава и достојно претставувајќи ја државата на многу меѓународни натпревари. На средбата, градоначалникот Лимани лично му посака многу успеси ...
Македонскиот олимписки комитет (МОК) на прес-конференција го претстави македонскиот тим за Зимските олимписки игри Милано – Кортина 2026 (6–22 февруари). Настапот е оценет како историски, бидејќи за првпат Македонија ќе биде претставена од четворица олимпијци со остварена норма. Тимот го сочинуваат: Јана Атанасовска (алпско скијање – слалом и велеслалом), гостиварецот Виктор Петков (алпско скијање – слалом и велеслалом), Ставре Јада (нордиско ...
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на ...
Датумот 13 февруари 2019 времето нема да го избрише, а Ласкарци симболично засекогаш остануваат болна тишина, последна станица не како географска, туку како фатална точка. Книгата со над 200 страници е посветена на загинатите сограѓани, на луѓето чии животи згаснаа на патот меѓу две дестинации: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран ...
Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на ...
Најстудено утрово е во Берово, Попова Шапка, Пожаране и Маврови Анови со нула степени, а во Демир Капија, Штип и Гевгелија се измерени седум степени, информира УХМР. На Попова Шапка има и најмногу снег 45 сантиметри, во Крушево снежната покривка е 19, а во Маврови Анови 9 сантиметри. Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на ...
Сојузот на синдикати на Македонија преминува кон втората фаза од активностите за зголемување на платите. Блокадите почнуваат од 10 февруари со блокирање во македонското Собрание, а продолжуваат на 12 февруари со блокади пред Стопанската комора. Блокадата пред Владата е најавена за 17 февруари. – Вчера истече рокот којшто илјадници работници им го дадоа на пратениците во Собранието да направат брзи измени на Законот за минимална плата, со кои ...
Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на ...
Организаторите на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ кој традиционално се одржува во Гостивар, остро реагираат на одлуката на Министерството за култура да не додели финансиска поддршка за фестивалот во рамки на Годишната програма за 2026 година. Како што информираат од организацијата, ваквата одлука доаѓа во особено чувствителен момент, на самиот праг на јубилејното, 10-то издание на фестивалот, што според нив, ја прави одлуката уште ...
Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот ...
Елизабета Наумческа, професорка и ликовна уметница од Гостивар со свои дела ќе се претстави пред љубителите на уметноста во Кичево. Во петок (12 декември) во кичевскиот Центар за култура „Кочо Рацин“ ќе биде отворена нејзината самостојна изложба „Белези од традицијата“. „Авторката во вој циклус ја претставува традицијата како жив организам, која не е статичен споменик туку енергија што постојано се трансформира, а сепак ја задржува својата ...
Проблемите и предизвиците во образованието на гостиварското подрачје беа тема на разговор на средбата меѓу градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани и Синдикатот за образование, наука и култура претставуван од претседателот Јаким Неделков и претседателот на регионалниот СОНК за Гостивар, Тафа Амети. „Разговаравме за заедничко решавање на проблемите што се од заедничка надлежност. Ги отворивме прашањата за финансирање на градинките и ...
Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на изминатата 2025 година при засилени контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Тетово и Гостивар бележи вкупно 12.179 изречени санкции, од кои 7.698 во тетовскиот регион, а 4.481 на гостиварско подрачје. Статистиката покажува дека најголемиот број од прекршоците 5.088 (Тетово 2.885 и Гостивар 2.203), се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, што ...
Управата за јавни приходи информира дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година. Според нивните податоци ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес биле реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ. „Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат ...
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk. Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се ...
Во периодот од 1 јануари до 31 јануаруи 2026 година во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 15.943 издадени платни налози, 3.683 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што информира денеска МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од ...
Во рамки на активностите за унапредување на јавната хигиена, Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар изврши расчистување на дива депонија во близина на градскиот стадион. Со оваа интервенција, просторот беше вратен во чиста и безбедна состојба. Од претпријатието истакнуваат дека ефикасноста и долгорочниот успех на ваквите активности во голема мера зависат од нивото на еколошка свест кај граѓаните. Без одговорно однесување и почитување на ...
Вчера (31.01.2026) во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од Чегране и 17-годишна малолетничка од Волковија. „По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот бил ...