Репрезентацијата на САД обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0. Избраниците на Маурисио Почетино ја оправдаа фаворитската улога, иако до самиот финиш водеа неизвесна битка со мотивираниот тим на Сергеј Барбарез. Американците поголемиот дел од второто полувреме играа и со фудбалер помалку, по исклучувањето на Фоларин Балогун, но и покрај тоа успеаја да ја сочуваат предноста и да ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши учеството на Светското првенство по поразот од 0:2 против домаќинот САД во шеснаестина финалето. Головите ги постигнаа Фоларин Балогун во 45. минута и Малик Тилман во 82. минута. ФИФА на секој национален сојуз чиј тим ќе се пласира во шеснаестина финалето му обезбедува премија од 11 милиони долари. Ова доаѓа како додаток на 10-те милиони долари кои се гарантирани за пласман на ...

