Екипата на Шкендија забележа убедлива победа на гостувањето кај Европа во Гибралтар (5-0) во рамки на првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА и само чудо ќе ја спречи од пласман во следната квалификациска рунда. Црвено-црните демонстрираа сила против ривалот, иако играа на вештачка трева. Избраниците на новиот тренер Артим Положани одиграа тактички одличен дуел и покажаа ефикасност која скоро и да им гарантира патување во ...

Македонските претставници во квалификациите од Конференциската лига остварија одлични резултати во првите натпревари. Шкендија беше фаворит против тимот од Гибралтар и на теренот покажа дека е многу посилен противник од Европа. Резултатот беше отворен во 28. минута кога Нзенге, Шкендија поведе со 1-0. Тоа беше и резултатот од првото полувреме. Во вториот дел следуваа два гола на Тамба за 3-0. До крајот на мечот погодоци постигнаа и новото ...