Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени. „Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ ...

Европската вселенска агенција (ESA) објави сензационални нови снимки од својата сончева мисија Solar Orbiter, кои за првпат откриваат крупен план на магнетното „срце“ на Сонцето во движење — токму кај неговиот јужен пол. Составената фотографија, направена во март 2025 година од осумдневни набљудувања, покажува светлечки лакови што се виткаат околу поларната област — траги од магнетни структури кои се движат со изненадувачка брзина кон рабовите ...

Компанијата „Костал“ во 2026 година ќе го продолжи инвестицискиот циклус во фабриката во Охрид со нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени нови 200 работни места. На средба со извршниот директор „Костал Аутомотив“ Каи Кникман и Виктор Мизо, директор на „Костал“ Македонија, претпладнево беше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази задоволство, што „Костал“ верува во Охрид и во Македонија, и продолжува да го зголемува своето производно портфолио. ...

Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови во ...

Актерот Џејкоб Елорди ја презема една од своите најпредизвикувачки улоги досега во новиот филм „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо, минувајќи низ 10-часовна дневна трансформација со протези за да се претвори во Суштеството. Елорди се приклучил на проектот само девет недели пред почетокот на снимањето, заменувајќи го Ендрју Гарфилд. Тимот за специјални ефекти, предводен од Мајк Хил, секојдневно нанесувал 42 индивидуални протетски парчиња — од кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства. – Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе именува повереници во општините каде ќе се повтори изборниот циклус за локалните избори откако ќе добие известување од Државната изборна комисија. -Апсолутно дека тоа ќе го направиме согласно закон, а за тоа да го направиме треба прво да добиеме известување од Државната изборна комисија (ДИК) дека изборите се завршени и дека во тие четири општини изборите се неуспешни и потоа Владата ќе ...

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на нејзина објава на Фејсбук. -Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес, порача ВМРО-ДПМНЕ. Видовме дека, се додава во соопштението, ...

Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...

Тоа се фактите, недостасуваат човечки и материјални ресурси, она што го констатирала Европската Комисија е и наше видување, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, коментирајќи го Извештајот на ЕК за напредокот на земјата. Според Коцевски, за да има успех во борбата против криминалот треба да се создадат и услови. -Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од ...

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. – Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни ...

Секој ноември, кога календарот ќе покаже 11.11, интернетот се полни со зборови како „портал“, „вибрации“ и „енергија на будење“. Луѓе од целиот свет тврдат дека токму во тој момент чувствуваат некаква поврзаност со универзумот — дека „вратите“ на можностите се отвораат, а мислите полесно се претвораат во реалност. Но што навистина се крие зад оваа фасцинација со броевите? Во нумерологијата, бројот 11 се нарекува „мастер број“. Тој симболизира ...

Американскиот Сенат доцна синоќа го одобри законот за финансирање за да се стави крај на најдолгата блокада на владата во историјата на САД, а актот сега треба да се најде и во Долниот дом на Конгресот, јави ДПА. Шеесет сенатори гласаа за законот, додека 40 беа против. Со мерката американската Влада сега ќе се финансира до крајот на јануари. Гласањето означува политички пробив по 41-дневниот застој, што остави стотици илјади федерални службеници ...

На 07.11.2025 година, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при Националната телевизија на Албанија- РТШ, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана и во соработка со фестивалот „Магична флејта“, се одржа концерт на македонското трио Анимато. Триото го сочинуваат двете флејтистки Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска и пијанистката Светлана Димитриевска. Во вториот дел од концертот следуваше изведба на оркестарот на ...

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, укажува на сериозноста на состојбата со ИПАРД програмата, по официјалната потврда дека е донесена одлука за суспендирање на сите исплати од ИПАРД 3 програмата, истакнувајќи дека Владата со денови ја држела јавноста во незнаење. „Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се ...

Иран сака да постигне „мирен“ нуклеарен договор со САД за решавање на децениски спор, но нема да ја загрози својата национална безбедност, изјави денеска иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Саид Хатибзаде. Хатибзаде на 12-тата Стратешка дебата во Абу Даби изјави дека Вашингтон му испраќа на Техеран контрадикторни пораки за нуклеарните разговори преку трети земји. -Техеран не бара нуклеарни бомби и… е подготвен да го убеди светот во ...

Милиони бегалци и раселени лица ширум светот се подготвуваат за студена зима со многу помалку помош отколку во претходните години, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Доминик Хајд од УНХЦР изјави дека, поради наглото намалување на помошта од Германија, САД и многу други земји, поддршката за бегалците оваа зима ќе биде „многу помала“. – Хуманитарните буџети се растегнати до крајни граници и зимската помош што ја нудиме ќе биде многу ...

Привремениот претседател на Сирија, Ахмед ал-Шара синоќа ја исклучи можноста за директни разговори за нормализирање на односите со соседен Израел, барем засега, јави ДПА. На прашањето за желбата на американскиот претседател Доналд Трамп Сирија да се приклучи на Абрахамските договори – дипломатска иницијатива иницирана во неговиот прв мандат, преку која неколку арапски земји воспоставија односи со Израел од 2020 година, Ал-Шара посочи на ...

Специјално возило кое превезува патници помеѓу терминалот и авионот се урна во платформа на меѓународниот аеродром Вашингтон Далес во државата Вирџинија, поради што 18 лица беа хоспитализирани. Инцидентот се случил околу 16:30 часот по локално време, кога возилото се приближило до платформата, местото за качување на патници. Повредените немаат повреди опасни по живот. Аеродромот продолжил да работи нормално. Ваквите специјални возила можат да ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим во натпревар од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 7:5 и 6:1. Дваесет и четиригодишниот Синер сервираше три аса, направи една двојна грешка и реализираше три од 10 брејк топки. Неговиот 25-годишен противник сервираше девет аса, направи две двојни грешки, а немаше ниту една шанса за брејк. Синер на следниот меч утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев. ...

Без струја изутринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Според информации од ЕВН Македонија АД во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар. Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електрична енергија ќе има за корисниците од селата ...

Европската комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, ...

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека нема да бидат поштедени одговорните за вчерашната експлозија на автомобил во Њу Делхи и ќе тие бидат изведени пред лицето на правдата. Моди, кој моментално е во дводневна посета на Бутан, рече дека во текот на ноќта ја следел ситуацијата и дека е во постојан контакт со сите истражни агенции што работат на случајот, објави „Тајмс оф Индија“. „Денеска доаѓам тука со многу тешко срце. Ужасниот инцидент ...

Месечината чекори гордо низ знакот Лав, носејќи со себе гламур, храброст и жед за признание. Огнената енергија на овој ден бара да бидете во центарот на вниманието, но и да покажете вистинско срце – не само сјај. Со Сонцето во Скорпија, страста и емоционалната длабочина се спојуваат со топлината и креативниот оган на Лавот. Ден за храброст, искреност и создавање нешто што навистина ве претставува. ♈ Овен Твојот внатрешен пламен денес е силен и ...

Контроверзниот закон за воведување смртна казна за терористи ја помина првата пречка во израелскиот парламент, Кнесетот, јави ДПА. Законот поддржан од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, беше одобрен во прво читање, објави доцна синоќа „Тајмс оф Израел“. За да стане закон, предлогот мора да помине уште две читања во израелскиот Парламент. Според нацрт-текстот, смртната казна ќе се применува на лица кои убиваат Израелци од „расистички“ ...

Теоретскиот физичар и автор на книгата „Quantum Supremacy“, д-р Мичио Каку, во интервју за NewsNation Prime изјави дека мистериозниот меѓуѕвезден објект 3I/ATLAS навистина покажува неколку необични појави – но тоа не значи дека станува збор за вонземски вселенски брод. Објектот, голем приближно колку Менхетен, се движи кон Земјата и за околу шест недели ќе ѝ се доближи на најмала дистанца. Новите астрономски снимки покажуваат дека изгубил дел од ...

Иако гледачите можеа да го видат и во неколку помали улоги претходно, египетско-американскиот актер Рами Малек стекна светска слава, пред сѐ, со улогата на Фреди Меркјури во биографската драма „Боемска рапсодија“ (2018), којашто му донесе и „Оскар“ за најдобар глумец. Холивуд потоа широко му ги отвори вратите, па за кусо време следеше и улогата на негативец во последниот „Џејмс Бонд“ филм – „Нема време за умирање“ од 2021 година, каде што ...

Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Економистите Фатмир Битиќи и Кирил Миноски за 24инфо.мк велат дека ова е удар како за земјоделството, така и за репутацијата на Македонија во Брисел. „ИПАРД 3 е ...

Република Северна Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. – За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
90%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1026
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.59
87%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 6ᴼ
1.06
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
0.89
91%
1028
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.24
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

62683.26

Калај

43.15

Злато

139298.91

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Паладиум

53788.20

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93