
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за порастот на криминалот, небезбедноста во државата и заканувачкиот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. „Гледајте ја безбедноста, што се случува со безбедноста. Министерот за внатрешни работи викаше ‘брат да ми е ќе одговара’, се гине на улиците како во Бејрут и никој не одговара. Колку сообраќајки, колку убиства, колку нерасчистени работи,“ рече Филипче, ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо ја фрли ракавицата во вторник кога отворено побара законско ослободување за продолжување на купувањето руски гас до 2034 година во замена за укинување на ветото за новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, што блокот со нетрпение го одобрува за да ги затегне завртките на Кремљ, објави Еуроњуз. Барањето „земи или остави“ покренува сериозни прашања за тоа дали политичкиот ќорсокак може да се прекине ...
Принцезата Шарлин од Монако одржа говор на балот посветен на 20-годишнината откако принцот Албер се искачи на престолот на Монако. На добротворниот настан во Монте Карло, т.е. на 76-от годишен Бал на Црвениот крст во Монако, принцезата одржа страстен говор во чест на својот сопруг, овозможувајќи ретка прилика за поглед во нивниот брак. Обраќајќи се пред публиката, имено, Шарлин ја нагласи својата поддршка за принцот и јасно стави до знаење дека ...
Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција и во селото Смилево, во Демир Хисар. -Во свет што толку бргу се менува, па „човек не може двапати да влезе во иста река“, станува сè ...
Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со ...
Семејствата во земјите од Европската унија повеќе претпочитаат да имаат домашни миленици отколку деца. Во 2024 година, според податоците на Евростат, во ЕУ имало речиси 202 милиони семејства, а само 47,6 милиони (23,6%) од нив имаат деца, додека 76,4% се бездетни. Домашни миленици, пак, имаат околу 91 милион европски домаќинства (46%). Највисок удел на семејства со деца има во Словачка (35,6%), Ирска (31,0%) и Кипар (28,6%). Спротивно на тоа, ...
Советот на јавни обвинители денеска едногласно ги избра Дарко Јакимовски и Владимир Милошески, досегашни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје, за нови членови на Вишото јавно обвинителство Скопје. Во трката за овие две позиции, покрај Јакимовски и Милошески, беа и обвинителите Александар Маркоски, Марија Ѓоргева, Сања Бурјакоска Китановска, Зоран Маркоски, Љубомир Лапе, Јасмина Костеска Здравеска и Спасенка Андонова. Републичкиот ...
Проектилите за противвоздушните одбранбени системи „Патриот“, наменети за Украина, веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. – Веќе се испраќаат, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање во воената база Џојнт Бејс Ендрјус во Мериленд. – Тие се испорачуваат од Германија, а потоа Германија ги надоместува резервите. Во сите случаи, САД се целосно обештетени, додаде тој. Изјавата доаѓа во период на засилени руски напади врз ...
Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите. Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна ...
Германските царински службеници пронашле околу 1.500 млади тарантули скриени во пластични садови во кутии со чоколадни бисквити. Пратката пристигнала од Виетнам на аеродромот „Келн/Бон“ на 18 јуни 2025 година, а чуден мирис довел до откривање на овој нелегален обид за увоз на егзотични животни, објави „Еуроњуз“ (Euronews). Според официјалните наводи, царинските службеници се посомневале во содржината на пратката бидејќи мирисот што се ширел не ...
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, нареди повлекување на половина од 4.000 припадници на Националната гарда, кои беа распоредени во Лос Анџелес за да го заштитат федералниот имот и персоналот за време на серијата протести минатиот месец, соопшти вчера Пентагон. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека одлуката е донесена поради успешноста на мисијата. – Благодарение на нашите војници кои се одзваа на повикот, беззаконието во ...
Крилниот напаѓач на шпанската фудбалска репрезентација, Нико Вилијамс, го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035 година, објави баскискиот клуб. По неколку недели шпекулации дека можеби ќе ја продолжи кариерата во Барселона, Вилијамс на почетокот на јули објави дека останува во клубот, а Атлетик синоќа официјално потврди дека 23-годишниот крилен напаѓач ставил потпис на долгорочен договор. „Би сакал да продолжам да пишувам историја на Сан ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами, од денеска ќе престојува во тридневна работна посета на Обединетото Кралство. Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, секретарот Лами, предвидено е Муцунски да се сретне и со парламентарниот ...
Англискиот фудбалски првак Ливерпул покажува голем интерес за шведскиот напаѓач на Њукасл, Александер Исак. Според англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да му плати на Њукасл обесштетување од 125 милиони евра за услугите на 25-годишниот напаѓач. Ливерпул, наводно, првично понудил 80 милиони евра, кои биле категорично одбиени на раководството на Њукасл. Исак постигна вкупно 62 голови на 109 натпревари за Њукасл откако му се приклучи на клубот ...
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, голем број припадници на руската елита починале на сомнителен и таинствен начин. Аналитичарите велат дека причините за тоа се сложени, но и типични за руската висока политика. Иако поради затвореноста на Русија не постои точна и сигурна бројка, според западните агенции и руски активисти, повеќе од 75 важни личности од политичките, воените и деловните кругови на Русија починале под сомнителни или ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Велика Британија во телефонски разговор се договорија крајот на август да биде крајниот рок за постигнување нуклеарен договор со Иран, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на неименувани извори. Порталот наведува дека доколку не се постигне договор до тој рок, Париз, Берлин и Лондон планираат да активираат механизмот за враќање на санкциите, со ...
Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста по грешка на британски функционер, објави Би-Би-Си утрово. Протекувањето на податоците се случило во февруари 2022 година, кога речиси 19.000 лица, кои аплицираа за преселување по пристигнувањето на талибанците во Авганистан, станаа достапни онлајн. Владата дозна за инцидентот во август 2023 година кога ...
Американското Министерство за внатрешна безбедност вчера објави дека депортациски лет со имигранти од различни земји слета во Есватини, во Јужна Африка, потег што следува по одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на ограничувањата за депортација на мигранти во трети земји. Британските медиуми потсетуваат дека Врховниот суд на САД на крајот на јуни ѝ дозволи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да продолжи со депортирање на ...
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. -Да се биде полицаец е повик а не ...
Индиските власти им наредија на локалните авиокомпании да извршат проверки на прекинувачите за гориво на неколку модели на авиони „Боинг“. И Јужна Кореја презеде слична мерка како дел од засилената контрола врз механизмите за заклучување на прекинувачите, во рамки на истрагата за катастрофата на „Ер Индија“ во која загинаа 260 лица. Мерките се воведени и покрај уверувањата од производителот „Боинг“ и Американската агенција за цивилно ...
Во југозападниот де на Исланд еруптираше вулкан, јави исландската метеоролошка служба, што претставува најнова во низата ерупции во близина на главниот град во последните неколку години. Ова е 12-та ерупција откако геолошките системи на полуостровот Рејкјанес повторно се активираа во 2021 година. Ерупциите, познати како фисурски ерупции, се карактеризираат со текови на лава кои излегуваат од долги пукнатини во земјината кора, наместо од ...
Адвокатите на сменетиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол денеска изјавија дека поднеле барање до судот во Сеул за преиспитување на законитоста на притворањето на Јун. Јун е приведен додека специјален обвинител истражува дополнителни обвиненија поврзани со неговото прогласување воена состојба во декември. Адвокатите тврдат дека притворањето на Јун било незаконско. Истовремено, по наредба на специјалниот обвинител, утрово започна претрес на ...
Иницијативата SupportKocani ја реализираше најавената донација за Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, наменета за жртвите од трагедијата што се случи на 16 март годинава во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата, која беше официјално формализирана со потпишување на договор, вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини, со вкупна ...
СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5. -Даваме се од себе да ги промовираме најдобрите кандидати, да ги увериме граѓаните дека нашите кандидати имаат кредибилитет и дека ќе работат чесно и транспарентно. На скопјани сакам да им ...
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен ...
Канцеларијата на ОН за човекови права вчера објави дека во изминатите шест недели регистрирала најмалку 875 убиства на хуманитарните локации во Газа управувани од Хуманитарната фондација Газа – поддржана од САД и Израел – и во конвои управувани од други хуманитарни групи, вклучувајќи ги и Обединетите нации. Повеќето од убиените биле во близина на локациите на Хуманитарната фондација Газа-ГХФ (GHF), додека околу 200 луѓе биле убиени на рутите на ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји. Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, иако Техеран изразува желба за разговори со САД, тој „не брза да започне преговори“. -Тие би сакале да разговараат. Не брзам да разговарам, бидејќи го уништивме нивниот објект, изјави Трамп по враќањето во Вашингтон од посетата на Питсбург. Како што објави вчера порталот Аксиос, повикувајќи се на информирани извори, американскиот државен секретар Марко Рубио и министрите за надворешни работи ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Канал 5 предупреди дека одложувањето на храбрите одлуки за реформите и европскиот пат ја става државата во статус кво и директно ја загрозува иднината на граѓаните. „Проблемот со Бугарија ние нема да го решиме ни брзо ни лесно. Прашањето е: дали додека го решаваме проблемот со Бугарија ќе стагнираме, нема да имаме никакви реформи, нема да ги направиме Уставните промени за коишто сите ...
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Го читам текстот на колегата Дехран Муратов, насловен „Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер“. Одличен, како и секогаш, Дехран прецизно ја слика гротеската на македонската политика и евтиниот политички пропаганден театар на власта за делницата од автопатот со должина од неполни 20 километри. Во текстот, нашиот новинар ја отсликува македонската политичка реалност и преку турканицата ...