
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Хрватската новинарка и претседателка на Синдикатот на новинари на Хрватска, Маја Север денеска е реизбрана за претседателка на Европската федерација на новинари (ЕФЈ). На Изборното собрание на ЕФЈ во Будимшешта, Север е избрана со 138 гласови, а само десет делегати биле воздржани. Север беше единствена кандидатка за претседател на ЕФЈ. Пабло Алкуел од Франција беше избран за потпретседател на ЕФЈ. ЕФЈ претставува 295.000 новинари преку 73 ...
Добитниците на јавниот повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците денеска беа објавени по завршувањето на процесот на евалуација од страна на соодветната комисија. Како што информира Министерството за односи меѓу заедниците, Владата ја донесе одлуката за распределба на финансиски средства наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации. – Оваа ...
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог на законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона има за цел да спречи приватни субјекти да градат приватни објекти блиску законодавниот дом, а не, како што посочија, за забрана на протести на граѓаните. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески ...
Македонија освои два медали на 29. Балканско првенство во карате за деца што изминатиот викенд се одржа во Бар, Црна Гора. Сара Муадини од клубот „Баскими“ од Куманово, е балканска шампионка во категоријата до 12 години, -45 кг. Таа до златото дојде по победите над Јована Живиќ од Србија (1:0), Лаура Просиќ од Хрватска (2:0), Ламија Демировиќ од Босна и Херцеговина, Сура Улку Алтун од Турција (1:0) и Хиранур Урај од Турција (3:0). Софија ...
– Зошто Христијан Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани? Дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот? Зошто после речиси три месеци нема ниту еден актуелен функционер обвинет за најголемата трагедија во независна Македонија во која 62 деца го загубија својот живот, а повеќе од 200 ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром синоќа го совладаа на гостински терен ТФТ со 77-53 и со 3-1 во финалната плејоф серија до три победи ја одбранија шампионската титула. Бранителот на титулата доминираше од самиот почеток во четвртиот натпревар во СРЦ „Кале“ и откако на средина од втората четвртина имаше предност од највисоки +24 (37-13), на полувреме водството изнесуваше 19 поени разлика (44-25). Кошаркарите на ТФТ внесоа доза на неизвесност во ...
Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за издавање на лиценци за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош, иако се соочуваат со недостаток на персонал, посочи денеска на прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тој истакна дека изминатата година од градинката „Орце Николов“ во пензија се заминати осум негувателки, од градинката „Распеана младост“ – шест, додека од „Пролет“ – пет ...
Годишната инфлација во Турција во мај изнесувала 35,41 отсто, соопшти турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика. Тоа претставува мало намалување во однос на април, кога инфлацијата беше 37,86 проценти. На месечно ниво, инфлацијата во мај е 1,53 проценти. Од декември 2024 година до мај, цените на потрошувачките производи пораснале за 15,09 проценти. Најголем годишен раст е забележан кај ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во пожарот во Кочани, за непостапување на полицијата и за наводно штитење началници, изјави дека родителите имаат право да бараат одговори, а инстиуциите се должни да најдат одговори. -Родителите имаат право да бараат одговори, родителите се тие коишто заедно со сите нас патат, жалат и ги боли ова што се ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека во европскиот Извештај за напредокот на земјава што треба да биде објавен утре, реално ќе биде отсликана ситуацијата. Како што оцени денеска, одговорајќи на новинарски прашања, „овојпат како да има многу поголема ангажираност, посветеност и одговорност можеби зашто се зборува за извонредно познавање, добра намера и разбирање на сите процеси и односи што се случуваат“. -Мислам дека е тоа многу ...
Крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) ја напушта холандската влада поради нејзината политика за барателите на азил, изјави нејзиниот лидер Герт Вилдерс во вторник, со што ја собори владината коалиција, пренесува Си-ен-ен. „Се согласив за најстрогата политика за азил, а не за пропаст на Холандија“, изјави Вилдерс пред новинарите во вторникот наутро. „И затоа нашата одговорност за овој кабинет завршува тука.“ Падот на владината коалиција, ...
– За речиси четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се само продолжена рака на нивниот патрон – Христијан Мицкоски. Наместо мерки и политики во служба на граѓаните, сведоци сме на нефункционални општини и коруптивни шеми. Општината Штип е само една од општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, по стапките на Мицкоски, ја претвораат локалната самоуправа во сервис за лични бизнис интереси, а не во сревис за граѓаните. Но, ...
Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ денеска свечено ќе биде отворен во Музејот на современа уметност со изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“, голема архивска поставка што низ фотографија и документи го истражува словенечкото панк-движење од крајот на 1970-тите до средината на 1980-тите години. Курирана од филозофката и теоретичарка Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, како што ...
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во објава на Фејсбук му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски упатуваќи неколку прашања. Објавата ја пренесуваме во целост: „Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник. Читај внимателно. Ги спречуваме дивоградбите на Ганиу повеќе од 3 години, враќаме документи и постапуваме, никој институционално не реагира. Денес кога на седница на совет на Град Скопје ќе се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, Асмир Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот. -МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како ...
Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на ...
Директорот на болницата Насер вели дека 24 лица се убиени, а десетици се повредени од израелски оган додека чекале дистрибуција на помош во Рафа, јужна Газа, пренесува Би-би-си. Израелската војска вели дека пукала во близина на комплекс за помош откако идентификувала „неколку осомничени“ и дека ги испитува извештаите за жртви Агенцијата за цивилна одбрана на Газа вели дека израелските сили отвориле оган со тенкови и беспилотни летала врз ...
Бројот на повредени лица во нападот врз произраелскиот митинг во западната американска држава Колорадо се зголеми од осум на 12, бидејќи беа идентификувани уште четири жртви, соопштија органите за спроведување на законот во понеделник, пренесува ДПА. Дополнителните четири жртви претрпеле полесни повреди, поради што не биле вклучени во првичните извештаи. Две од нив остануваат во болница и се лекуваат, наведуваат локалните власти. Осомничениот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ честиташе на Полска за изборот на историчарот Карол Навроцки за претседател на земјата. „Честитки до Полска, избравте победник“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social, прикачувајќи го, како што презентираше, насловот на телевизијата Њузмакс, кој гласи „Сојузникот на Трамп победи во Полска, шокирајќи ја цела Европа“. Во вториот круг од изборите во неделата, ...
Најмалку едно лице загина во земјотресот со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Турција рано утрава, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 68 км во морето во близина на крајбрежниот град Мармарис, само неколку километри од грчкиот остров Родос, според EMSC. Гувернерот на Мармарис, Идрис Акбијик, во објава на X изјави дека 14-годишно ...
На подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје, кој се барал за издржување казна затвор и за повеќе истраги за други сторени кривични дела. -Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело ...
Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. – Бугарија и Северна Македонија треба да ...
По повеќемесечни политички превирања, Јужна Кореја денеска ќе треба да избере нов претседател кој ќе го наследи конзервативецот Јун Сук-Јол, кој беше соборен од краткотрајната, но шокантна вонредна состојба во оваа азиска земја, јавија американските медиуми. Анкетите покажуваат дека либералот Ли Џе-Мјунг е голем фаворит за победа на денешните предвремени избори, бидејќи јавноста е разочарана од потегот на Јун да воведе вонредна состојба во ...
Да продолжиме да инвестираме во родовите статистики, да го зајакнеме меѓуинституционалниот дијалог, да изградиме систем на податоци кои не само што ќе информираат, туку и ќе трансформираат, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето на конференцијата по повод јубилејот на Државниот завод за статистика. Како што истакна Сиљановска Давкова, родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки на хартија, туку ...
„Mеѓу Албанците, впечатокот e како да сме во комунизмот кога имаше неколку Албанци во власт кои се послушни на тогашниот комунистички режим, се сервилни, седат таму, ништо не зборуваат или не инсистираат за правата на другите коишто живеат во државата“, изјави Арбен Таравари – лидер на Алијансата за Албанците. Меѓутоа, додава тој, многу битно е дека ние направивме еден чекор, дека излеговме од владата за да дадеме некаков аларм, сигнал, дека, ...
На 1 јуни 2025 година, во просториите на Амбасадата на Република Словачка во Скопје, во соработка со Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка „Гласот од тишината“ – Скопје, свечено беше одбележан Меѓународниот ден на детето. Настанот беше исполнет со длабока симболика, човечност и поддршка кон најранливите категории во општеството децата со попреченост и нивните семејства. Во духот на меѓусебно разбирање и инклузија, ...
РИБАРО Откако премиерот на нашата земја Христијан Мицкоски изјави дека македонската економија е меѓу најуспешните пет во Европа, се размрдаа лидерите на ЕУ и сериозно се загрижија за економските политики на нивните земји во споредба со успесите на македонската. Емануел Макрон, Мерц и Урсула фон дер Лајен буквално паднаа на колена пред успехот и достигнувањето на Мицкоски, јавуваат изворите на АХА од Брисел. Тие упатија заедничко писмо во кое го ...
Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Како премиер во 2009 година, Никола Груевски најави амбициозна инвестициска програма од 8 милијарди евра. Толку пари во наредните седум години требаше да бидат вложени за изградба на рудници, термо и хидроцентрали, гасификација, патишта, пруги, социјални станови, нуклеарни истражувања. Во март 2012, Груевски во Мумбај презентирајќи ги инвестициските можности на Македонија пред индиските бизнисмени порача дека владата сака да ...
Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани. Владата преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години, а предуслов е лицата да имаат завршено минимум средно образование, велат од Владата. Додаваат дека ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што, како што ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) се изјасни за дебатата за измените на Изборниот законик. Оваа партија вели дека За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи. – За следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи. Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, туку и кандидатот што ќе ги претставува. Ова е најправичниот начин да се зајакне гласот на избирачот и да се обезбеди вистинско ...