Блејк Лајвли моментално работи на снимањето на продолжението на филмот „A Simple Favor“, кој излезе во 2018 година.
36-годишната актерка шармираше во венчаница за сцена во која стапува во брак со згодниот италијански актер Микеле Мороне.
Новите романтични сцени се снимаат во Капри, Италија.










Трилерот „A Simple Favor“ ја следи приказната за Стефани (Ана Кендрик) и Емили (Блејк Лајвли). Тие формираат пријателство поради нивните мали синови кои се соученици.
Стефани е скромна самохрана мајка, на која покрај грижата за детето главна преокупација ѝ е влогот каде објавува видеа за родители. Нејзиниот живот комплетно се менува откако ќе ја запознае Емили - смела, модерна и гламурозна дама, со која водат дијаметрално различни животи.
По кратко време, Емили мистериозно исчезнува, а Стефани неуморно се залага да помогне во пронаоѓањето на нејзината пријателка, што доведува до откривање на големи тајни.
Сплетки, интриги, предавства... гледајте го првиот дел за да бидете подготвени за она што следува во продолжението.
Микеле, кој се прослави со улогата во филмот „365 Days“, ќе глуми богат италијански бизнисмен кој стапува во брак со Емили. На фотографиите, тој носи класично црно одело.










