Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат второто дете. Хрватските музичари уште во април ја соопштија убавата вест дека летово ќе добијат принова, но дури сега го открија полот на бебенцето. Во изјава за IN magazine, 48-годишниот пејач откри дека со саканата очекуваат момче. Нивното прво дете е женско и се роди во јули 2022 година. Запрашан како се чувствува неговата сопруга, тој рекол: „Како е Хана? Како секоја трудница. Еден ден ѝ се јадат ...

Реакцијата на девојка со Даунов синдром, кога ќе добие покана за роденденска забава, нема да ве остави рамнодушни. Пресреќната тинејџерка рони солзи-радосници во видеото снимено од нејзината мајка. Во целиот свој живот, 15-годишната Мејси била поканета само на неколку роденденски прослави, па токму поради тоа, ова ѝ донело неизмерна радост. „Вчера, Мејси влезе во автомобилот и ми покажа покана за роденденска забава од другарче од училиштето. Не ...

Кога се има желба за нешто, сè е возможно. 9-годишната Лена од Обреновац е најмладиот бурек мајстор во Србија и сонува да ја продолжи семејната традиција. Вредното девојче започнало да прави ситни печива на 5-годишна возраст, а сега успешно приготвува пити и буреци кои се продаваат во семејната пекара. Лена оди на училиште, а по часовите ја посетува пекарата на нејзиниот татко, каде го прави она што најмногу го сака – бурек. Вештините и страста ...

Јелена Ѓоковиќ има мала „улога“ во вториот дел од анимираниот филм „Inside Out“ (U mojoj glavi). 37-годишната Србинка го позајми својот глас за еден од ликовите во верзијата синхронизирана на српски јазик. На премиерата на филмот во Белград, сопругата на Новак Ѓоковиќ изгледаше модерно и шик. Нејзиниот моден избор за оваа пригода вклучуваше костум во ментол нијанса, кратка бела маичка, бели сандали и бела чантичка. Нема слични статии. Види ...

Видео од мажи поставени на симулатор за менструални болки стана хит онлајн. Инфлуенсерката Нина Скочак, која се кандидираше за Европскиот парламент, им постави на момците од хрватскиот подкаст „3soma“ апарат кој им ги симулираше болките кои жените ги искусуваат секој месец. Нина постепено им го зголемува интензитетот на болките на мажите за да ги види нивните реакции. @ninaskocak Ovu nedjelju zaokruži 21 jer nam je ova tema važna @3SOMA hvala na ...

Џесика Алба започна со промоција на својот нов филм „Trigger Warning“. 43-годишната актерка зрачеше со шарм и харизма на премиерата во Лос Анџелес, каде ја имаше поддршката од семејството. На настанот, таа зачекори во црна модна комбинација со елегантни панталони и атрактивен корсет. Алба позираше со сопругот Кеш Ворен и нивните две ќерки Хевен и Хонор. 16-годишната Хонор носеше кариран фустан и црни чевлички, додека 12-годишната Хевен избра ...

Семјуел Афлек доби огромна поддршка од своето семејство на церемонијата по повод неговото завршување на основното училиште. Синот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер, кои се разделија во 2015 година, ги собра на едно место сите свои блиски личности. Џенифер Лопез пред училиштето пристигна со своите близнаци Макс и Еми одделно од својот сопруг и дополнително ги засили гласините дека тие се разделени и живеат одделно. Гарнер пристигна сама облечена во ...

Пилонидалниот синус претставува хронична инфективна состојба која се карактеризира со формирање на циста или абсцес во предел на глутеалната или интерглутеалната регија. За оваа состојба постојат уште неколку компликувани стручни изрази (пилонидална циста, сакрококцигеална фистула), но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно. Оваа состојба претставува формирање на цистична творба или ограничено гнојно воспаление ...

Никола Перевски – Пере има за што да се радува. Неговото семејство е богато со дечиња, а денес неговата најмала ќерка го слави првиот роденден. По тој повод, пејачот од Нокаут сподели неколку фотографии и порака: „Среќен прв роденден на мојата прекрасна четврта ќерка, драга моја Ирис! Твојата насмевка е нашето сонце, твојата смеа е нашата радост.“ „Нека твојот живот биде исполнет со љубов, среќа и благослови. Горд сум што сум твој татко и што ја ...

Мајката на Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер сè уште имаат огромна почит една кон друга. 52-годишната актерка беше фотографирана додека се прегрнуваше со поранешната свекрва Крис откако случајно налета на неа и на Бен пред училиштето на нивните деца во Санта Моника. Тоа беше последниот училиштен ден на нивниот 12-годишен син Семјуел. View this post on Instagram A post shared by The Celebrity Finder (@thecelebrityfinder) Иако ...

Димитар Андоновски и Александар Тарабунов снимија заедничка песна. Македонските пејачи, кои соработуваат веќе неколку години, сега ќе ја освојуваат публиката со песната „Ќе преживеам“. Слушнете ја песната и погледнете го спотот кој се снимаше минатиот месец: И за текстот и за музиката се погрижија самите пејачи. „Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се ...

Софија Вергара има поддршка каде и да се појави. На промотивен настан во Лос Анџелес, организиран од брендот Toma, атрактивната Колумбијка беше придружувана од синот Маноло. 51-годишната ѕвезда од „Modern Family“ и „Griselda“ ги истакна облините во црна комбинација со проѕирен корсет. Монохроматската комбинација таа ја разби со впечатливи сандали од Долче и Габана. Нејзиниот 32-годишен син носеше елегантен костум и бела кошула. Покрај Маноло, со ...

Софи Ван де Вајер е дама со софистициран стил кој ја прави модна ѕвезда во секое друштво. 58-годишната блогерка и стилистка од Белгија плени со внимателно избрани модни парчиња, комбинирани со голема посветеност. Софи вели дека сака да ги инспирира жените над 50 години и да им покаже дека стилот и животот само се подобруваат со годините. „Како стилски експерт, мојата цел е да ги инспирирам жените со мојот софистициран животен стил. Мојот стил е ...

Ријана не се плаши да ја покаже својата природна коса без перики и надградби. На лансирањето на новата линија за коса на нејзиниот бренд Fenty, 36-годишната пејачка привлекуваше погледи со кратката фризура. Таа беше облечена во бордо миди фустан кој го комбинираше со складна јакна и накит од Sabyasachi. Нејзината линија е инклузивна и наменета за сите типови коса. „Знаете колку ми значи менувањето на фризура. Сум ја имала речиси секоја текстура, ...

Камила Алвес има своја мини копија. Сопругата на Метју Меконахи беше фотографирана во Њујорк со ќерката Вида, а нивното заедничко појавување привлече големо внимание. 41-годишниот модел и 14-годишното девојче избраа ускладени модни стајлинзи во црвена боја, кои ги надополнија со црни обувки. Дуото мајка-ќерка се упатуваше на модното шоу на Hermès. „Прекрасни мајка и ќерка“, „Таа е твоја мини копија“ и „Убава мајка, убава ќерка“ - се дел од ...

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски приредија убаво изненадување во Кавадарци. Македонските музичари се појавија на прославата по повод 30-годишнината од матурата на гимназијата „Добри Даскалов“ од Моклиште. На својот Facebook профил, тие споделија кратко видео и фотографија од атмосферата. „Синоќа бевме изненадување за 30-годишнината на матурантите од гимназијата ‘Добри Даскалов’ од Кавадарци во преубавото Моклиште. Прекрасна енергија, ...

Поголемата ќерка на Џесика Алба наполни 16 години. 43-годишната актерка не пропушти да го одбележи специјалниот датум кога стана мајка. На социјалните мрежи, Алба сподели видео составено од стари снимки и кадри од нејзината ќерка Хонор. Во описот, таа напиша: Моја слатка 16-годишна Хонор. Плачам додека го пишувам ова. Најнежното чувство на светот е да бидам твоја мајка. Твојот сладок, но мудар карактер од првиот ден дозволува да ти бидат блиску ...

Една година откако ѝ се извини на девојката Бруна Бјанкарди што ја изневери во бременоста, Нејмар заедно со неа направи крштевка за ќеркичката Мави. 32-годишниот фудбалер и 30-годишната инфлуенсерка споделија фотографии и видео од прославата со роднините и пријателите, која се одржа во Саун Пауло, Бразил. Среќните родители и 8-месечното девојче беа облечени во бела облека за црковната церемонија. Малата Мави изгледа преслатко. View this post on ...

Да, вистина е! Доколку имате проблем со: Можно е решавање на сите овие состојби без класична операција. Оваа револуционерна метода (интервенција) ја спроведува д-р Синоличка Џамбазова која од неодамна е дел од тимот ортопеди во Клиника Жан Митрев. Таа е единствениот хирург за рака на Балканот која ги решава и најсложените проблеми со рацете со оваа специјална оперативна техника без користење на нож (скалпер). Што треба да знаете за самата ...

Со соодветна нега и грижа од вработените на ГАК во Скопје, уште две предвреме родени бебенца се изборија за своите животи. Амела се роди во ноември минатата година и тежеше само 550 грама. Малата хероина помина 156 дена на Клиниката во Скопје и пред неколку дена конечно си замина дома со своите родители. Таа сега тежи 2.640 грама. Храбрата Амра имаше само 820 грама при своето раѓање, па затоа мораше 80 дена да престојува на одделот за интензивна ...

Наоми Кембел за првпат јавно зборуваше за начинот на кој стана мајка. Во интервју за The Times, 54-годишната манекенка беше прашана дали нејзините две деца се родени со помош на сурогат-мајка, на што таа одговори „Да“. „Моите бебиња ми се сè. Тоа прави да се плашам за иднината. Се молам за подобар свет за моите деца. Тие се 110 проценти мој приоритет. Морам да бидам таму за нив на првиот училиштен ден“ – рекла Кембел и додала дека е среќна ...

Цеца Ражнатовиќ со ќерка си Анастасија Гудељ пристигна на финалето од шоуто „Ѕвездите на Гранд“. 50-годишната српска пејачка, која е дел од жирито во музичкиот натпревар, носеше бела модна комбинација со корсет од модното студио Iv Ice. Својот изглед, таа го надополни со чанта од Dior и салонки од Christian Louboutin. Анастасија носеше црн комбинезон и чанта „Биркин“ од Hermès. Шејла Зониќ победи во натпреварот за таленти. Во финалето таа се ...

Сара Мејс ја објави „Хероина“ – долгонајавуваната песна со моќен текст кој вдахнува сила во секоја жена и девојка. Во спотот за истата, македонската пејачка се појавува со својата ќеркичка Илина и ја охрабрува да верува во себеси, ѝ кажува дека може да биде посилна од сите и да има сè ако посака. Погледнете го видеозаписот во кој се појавуваат и македонски познати личности како Тамара Тодевска со двете деца, Цеце Николова, Емра Куртишова и Лејла ...

Кики Мукаетова со игриви хитови од Кире Костов ја забавуваше публиката на концерт во Битола. Младата артистка ги отпеа „Перон три“ и „Штом се сака“ кои ги потпишува познатиот македонски композитор, инструменталист и диригент. На сцената во Градот на конзулите, Кики шармираше во црна комбинација со широки панталони со висок струк и топ со перјести ракави. Динамична комбинација од накит од Chapter 03 додаде суптилен гламур во нејзиниот изглед. ...

Антониа Гиговска беше меѓу младите изведувачи кои пееја во чест на легендарниот Кире Костов во Битола. 23-годишната музичарка настапи со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. На сцената во Центарот за култура, таа ги изведе моќните балади „Кога те нема“ и „Што те нема“ за, како што рече, „Дедо Кире“. Гиговска пленеше со модерна елеганција. Кратките црни панталончиња таа ги искомбинира со сако со отсечоци и бели салонки. Нејзиниот стајлинг ...

Носталгија, евергрини кои ја милуваат душата и емотивно евоцирање на спомени синоќа ја исполнија салата во Центарот за култура во Битола во чест на Маестро Кире Костов. Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect, под палката на Владимир Димовски, ги придружуваше младите изведувачи, за заедно да го оживеат делото на легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент. Водич низ музичкото патување потпишано од Костов беше Петар Горко. ...

Бремената Искра Лоренс не остана рамнодушна на коментарите за изгледот кои ги доби онлајн по нејзиното појавување на ревија во Мајами. Откако дефилираше во костим за капење, 33-годишниот модел со облини доби лавина коментари во кои интернет корисниците ја исмејуваа за нејзината тежина. Искра, која е во 6-тиот месец од бременоста, сподели фотографии од ревијата заедно со негативните зборови за нејзиното тело. „Да се нарече таа модел е травестија ...

Моника Белучи изгледаше феноменално на забава со маски во палатата Белведере во Виена. На свеченоста организирана од Cartier, 59-годишната актерка освојуваше погледи во црна креација со разголени рамена и долги ракави од ателјето на Вивиен Вествуд. Својот изглед, италијанската дива го надополни со накит со смарагди токму од Cartier - брендот со кој таа негува долга соработка. Monica Bellucci for Maison Cartier at the Belvedere Palace in Vienna ...

Можете ли да се сетите кога последен пат сте добиле подарок? И тоа да биде онаков, без да има некаков повод, без да правите роденден? Не можете да се сетите, нели? Тоа стана реткост. Би било убаво кога во нашата околина би имало некој од кого може да се очекува подарок, изненадување, па дури и многу поволности... Е, сега прочитајте дека таков Некој постои и кој само поради тоа што сте пријатели, ви се заблагодарува на таков начин што ви дава ...

Учителка од градинка во Њујорк изненади свој поранешен ученик со хуман гест кој ќе го памети цел живот. Кариса Фишер го посети 5-годишниот Езра во неговиот дом за да му соопшти дека ќе му донира дел од својот црн дроб. Таа се појави пред домот на Езра со натпис: „Еј Езра, дали сакаш да го делиме мојот црн дроб? Избери Да или НЕ“. Мајката на Езра, Керен, не можеше да поверува на прекрасната вест. Видео: Информацијата дека на Езра му е потребна ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
88%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
86%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
63%
1017
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.87
92%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.26
88%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
94%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
86%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1018
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60009

Currency

1.26054