Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Неретко сме сведоци на луксузни модни брендови кои ги „пуштаат своите корења" и на други полиња покрај модата, па така, дел од нив веќе одамна се навлезени во гастро сцената. Голем број метрополи и атрактивни туристички локации веќе се домови на ресторани, барови и кафулиња кои го носат логото на некои од овие луксузни модни куќи кои го знаат правиот начин како да ја поврзат љубовта за модата со уживањето во вкусната храна. Очекувано, овие ...
Иако со првите чекори во модниот свет, мокасините важеле за машки чевли кои го надополнувале елегантниот машки изглед, со модната револуција тие добиваат универзален карактер. Во современото секојдневие ги носат подеднакво и мажи и жени, а благодарение на Гучи, се вратија на голема врата и добија различни модни интерпретации. Минатата сезона беа актуелни оние модели со дебел ѓон и гломазен изглед, но нивната елегантна варијанта е созададена за ...
Омилениот саркастичен и садистички расположен член на мрачното готско семејство Адамс, Среда Адамс, добива своја истоимена серија на стриминг платформата Нетфликс. Режисерската палка за ова спин-оф шоу на серијата од 6–тите години на минатиот век и филмот од 1991 година кои веќе имаат статус на класици, е во рацете на Тим Бартон, кој е препознатлив по мрачната, надреалистична и мистериозна естетика. Во негов препознатлив стил, официјалниот ...
Бразилскиот топ модел Алесандра Амбросио, заедно со нејзините деца, деновиве престојува во Белград, откако претходно летуваше во Будва, Црна Гора. Вчера познатиот поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, прошета по Кнез Михајлова, а се запозна и со знаменитостите на белградската престолнина, па очекувано нејзината појава предизвика огромно внимание меѓу белграѓани. Вечерта ја помина во еден од познатите белградски ноќни клубови каде ...
Првите филмаџии на Балканот, Браќата Манаки кои првенствено се занимавале со фотографија, со што заработувале за живот, се светски познати по својот пионерски чекор што го направиле со нивниот кинематографски опус снимен со „Камерата 300". Во нивна чест, секоја година во Битола се одржува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки", а годинешното 43. издание ќе трае 8 дена, почнувајќи од 20 до 27 август. Во пресрет на овој ...
Пред години на нашиве простори, поголемиот дел од домаќинствата наликуваа едни на други во однос на уредувањето на домот. Пазарот не нудеше огромен избор на мебел и декоративни елементи, па тоа ги ограничуваше можностите за неговото ентериерно стилизирање. Имавме слични кујни, дневни и спални, па дури и деталите не правеа огромна разлика. И меѓу сите тие декоративни елементи, еден од базичните и најзастапените беше килимот со ориентален дезен. ...
Преодот од една сезона во друга, секогаш со себе повлекува и желба за некаква промена или освежување на нашиот стил, без разлика на тоа дали станува збор за обновување на нашиот гардеробер со ново парче облека, или пак промена на нашата фризура. Жешкиот воздух, силните сончеви зраци и солената морска вода ја сушат косата, па потребата да се отсечат неколку сантиметри од краевите се наметнува и самата. Но, кога веќе се одлучуваме да ги земеме ...
Откако се породи во мај годинава, пејачката Ријана одлучи значително да се повлече и да го намали своето јавно присуство, но се чини дека тој период на „медиумска хибернација" од неодамна завршува. Пејачката повторно ги полни насловните страници и го привлекува вниманието на глобалната публика со својата појава, а овојпат тоа го постигна со своите предимензионирани чизми од колекцијата пролет/лето 2023 на Y/Project со кои се појави на почетокот ...
Италијанскиот дизајнерски бренд Plank неодамна го објави својот нов производ - столчето кое го носи називот Velit. Уникатниот дизајн е потпишан од дизајнерот Бјорн Далстром, кој за ова парче мебел ја комбинира ергономијата со силната графичка естетика на специфичен начин кој резултира со модел изграден од фини цефчести челични шипки обликувани на начин кој ги спојува во силно потпорно седиште. Фото: plank.it - Столот Velit во основа е изграден ...
Модните гиганти го одредија новиот тренд за престојната есенска сезона. Можеби не очекувавте, но најверојатно ќе треба да ја освежите вашата колекција од модни додатоци со уште едно парче кое зрачи ретро шарм и кое несомнено го одбележа вашето детство. Според она што имавме можност да го забележиме на неодамнешните ревии на модните куќи како Диор и Роксанда, главната декорација за вашата коса оваа есен ќе бидат венчињата. View this post on ...
Крајбрежниот рај на Англија, опкружен со тиркизна вода и бесконечни песочни плажи, се вика Корнвол и важи за една од најпопуларните туристички дестинации на островот. Корнвол е еден од 47-е окрузи на Англија, кој истовремено е и најјужната и најзападната точка на земјата, со богата историја, култура, знаменитости, но пред сѐ, даруван со фантастична природа, поглед на магични зајдисонца и хоризонти кои го одземаат здивот, со брегови на Келтското ...
Секоја добра есенска комбинација завршува со мантил. Класика што секоја преодна сезона ги добива своите „минути" на внимание како есенцијално парче во речиси сечиј гардеробер. Ги обединува елеганцијата и функционалноста, а тоа го прави флексибилно, така што нема да ви претставува проблем да го комбинирате и во спортски и во дневни и во деловни комбинации. Малку за историјата на мантилот... Мантилот има долга модна историја. Неговото појавување ...
Тринаесетото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс" кое започнува утре и ќе трае до 25 август, ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во „Јуроп хаус". Под мотото „Лупење идеи", фокусот на годинешното издание е ставен на развојот на идеите, а фестивалот ќе биде отворен со документарниот филм „Сѐ што дише" на режисерот Шаун Аксин. ...
Како што одминуваат жешките летни месеци, така повеќе размислуваме за тоа како да ги внесеме во домот сите оние прекрасни растенија кои ги „акумулиравме" на нашите балкони во текот на летото. Па, доколку живеете во помал стан и подовите и полиците ви се веќе покриени со саксиски растенија, постои уште еден креативен начин како уште повеќе да додадете зеленило во вашиот дом, а притоа да не го загушите. Фото: diycandy.com Висечките полици за ...
Романтичната драма „Pretty woman" (1990) со Џулија Робертс и Ричард Гир остави траен печат и на модната сцена. По повеќе од три децении, трансформацијата на Вивијан (главниот женски лик кој го толкува Робертс) во модна икона, сѐ уште е инспирација која одново го оживува дамскиот имиџ и му дава современа естетика прилагодена на модерната жена. Еден од многуте филмски костими што Мерилин Венс ги осмисли за Вивијен, а остана забележан како ...
Застој во протокот на лимфа е честа состојба во естетската медицина и дерматологијата. Чести симптоми со кои се манифестира оваа состојба сe: главоболки, акни, замор, воспаление, „мозочна магла", утринска вкочанетост, запек, целулит... Доколку се соочувате со овој проблем, медицината вели дека масажата за лимфна дренажа е еден од најдобрите начини како да се ослободите од него. Во современата здравствена програма на хидротермалниот медицински ...
Најпознатиот модел на модуларен киоск, како белег на архитектурата на поранешна Југославија, е оној на словенечкиот архитект и дизајнер Саша Ј. Махтиг, црвениот киоск К67. Но, дали сте знаеле дека покрај оваа популарна верзија, постои уште еден исто толку значаен модел на модуларен киоск што ги обележа улиците на земјите од поранешна Југославија, но и Источна Европа? Се работи за модуларниот киоск КС-190 на македонскиот архитект и педагог, ...
Секој кој работи во канцелариско опкружување, помалку или повеќе е принуден да се држи до одреден дрес код. Ништо страшно. Сепак, тоа е најчестата причина што многумина веруваат дека деловната облека не нуди простор за креативност и индивидуалност, па затоа е и здодевна. За среќа, тоа е само заблуда. Можеби не е соодветно да ги носите вашите омилени супер-кратки шорцеви на работа, ниту пак новиот тесен фустан со длабоко деколте во кое се ...
По турбулентниот период и завшувањето на судскиот процес во кој тој и неговата поранешна сопрува Амбер Херд се тужеа меѓусебно за клевета, актерот Џони Деп се обидува да се врати во светот на филмот. Фото: rollingstone.com Овојпат актерот ќе режира биографски филм за прославениот италијански сликар Амедео Модилјани, кој иако на 35 годишна возраст умрел во сиромаштија во 1920 година, тој кој подоцна станал познат по неговите актови со издолжени ...
„Можеби животот не е розов, ама барем јас сум розова", напиша Лила на најновите фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил на кои изгледа совршено во ексклузивна тоалета во впечатлива циклама нијанса, ремек дело на етаблираниот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. „Холивудски гламур", „Совршен спој", „Идеално", „Кралица на гламурот"...се само дел од бројните комплиментите упатени за стајлингот на Лила која навистина го носи гламурот на стариот Холивуд ...
Малата кујна во домот не секогаш значи хендикеп во просторот. Со добра идеја и рационална организација, може да остварите максимален капацитет и да ги добиете сите функционалности. А притоа може и одлично да изгледа. Но, доколку не сте умешни во организација на просторот, применете ги корисните совети на професионалците од Elena Luka Home. Од таму ни посочуваат шест исклучително корисни идеи како одговор на прашањето: Kако да уредите мала кујна? ...
Свадбените свечености се во полн ек. Постпандемската сезона ни донесе експлозија од модна креативност, а свадбените колекции не се исклучок од таа дизајнерска потреба да се прошират модните хоризонти, на што веќе сведочиме. Во светот на венчаниците за актуелната и претстојната сезона, тоа подразбира раскошен избор на модели во чиј дизајн се забележува напуштање на границите на конформизмот и препуштање на фантазијата. Така се родија неколку ...
Скандинавскиот стил на внатрешно уредување несомнено стана популарен последниве неколку години. Овој шармантен тренд неодоливо се провлекува низ голем број сајтови за архитектура и уредување на ентериери, видно доминирајќи на социјалните мрежи со безброј блогови на Инстаграм и Пинтерест кои нудат совети како да го уредите вашиот дом во овој стил. Во случај да сте вљубеници во оваа естетика која во најголем дел се фокусира на природни материјали ...
Викендот помина во знакот на отворањето на 28-то издание на престижниот Сараевски филмски фестивал, кој и годинава на едно место ги обединува најзначајните регионални и светски имиња од сферата на кинематографијата и нуди фестивалска атмосфера еднаква на онаа на светските филмски фестивали. Главна ѕвезда која вчера прошета на препознатливиот црвен килим со етно мотиви, беше најпознатиот дански актер Мадс Микелсен, на кој му беше врачена ...
Преминот од лето кон есен, особено кога постепено мигрираме од плажите назад кон канцелариите, бара освежување на гардеробата. За среќа, понекогаш и минималните додатоци можат да направат голема разлика. Такво едноставно парче облека со голема моќ е класичниот елек без ракави кој го наоѓа своето неочекувано место и во најромантичните и најженствените комбинации. Фото: Pinterest Без разлика дали сакате да го постигнете беспрекорниот бизнис изглед ...
По летните одмори, се враќаме на работа. Новата деловна сезона со почетокот на есента, ја започнуваме со нови и свежи идеи за деловен изглед, но секогаш оставаме простор за безвременската елеганција. Оваа естетика интерпретирана во деловниот имиџ, без исклучок подразбира и минималистички комбинации во кои се спојуваат црни и бели базични парчиња. Овој избор секогаш остава и естетски и етички, коректен впечаток, а истовремено соодветно може да ...
Во 53-та година од животот вчера почина познатата американска актерка и режисерка, Ен Хеч, откако претходно падна во кома по тешката сообраќајна несреќа на 5-ти август. „Мојот брат Атлас и јас останавме без нашата мајка. По шест дена неверојатна емоционална борбра, оставени сме во длабока, неопислива тага", изјави нејзиниот син Хомер за E!News. Хеч се здобила со тешки изгореници откако удрила со автомобил во гаража во Калифорнија, по што ...
Ако мислевте дека не постои совршено бегство од реалноста, можеби овој Инстаграм ќе ве предомисли. Доколку сте љубители на природата и барате совршен начин за што подолг престој далеку од градската врева, а сепак да се чувствувате пријатно како дома, малите дрвени куќарќи односно колиби во природа се одговорот на вашата желба. На Инстаграм профилот @cabindiaries ќе ги најдете најмагичните колиби ширум светот. Заедничка им е топлината и тоа што ...
Инвенцијата на популарниот фустан на преклоп ѝ се препишува на белгиската модна дизајнерка Дајан фон Фурстенберг, иако историчарите на мода посочуваат дека базичниот модел во 1930-те го креирала Елза Сјапарели. Но, факт е дека Фурстенберг го популаризираше и нашироко му ги отвори вратите во комерцијалната модна индустрија во 1970-те. Нејзиниот препознатлив модел е со миди должина, длабок V израз, со долги ракави и изработен од жерсе. Но, ...
Летото е во полн ек, но модата секогаш е неколку сезони напред. Така веќе имаме увид во тоа какво ќе биде модното расположение во претстојната есен. А таму нѐ чека еден од омилените, а слободно може да кажеме и безвременски принтови – оној со точки. Принтот со точки има богата историја и континуитет низ сезоните независно од тенденциите. Своевремено го популаризирале Мерилин Монро и Елизабет Тејлор, често комбинирајќи го во својот стил, а во ...