Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
32-годишната Лаура е родена модна ѕвезда. Оваа француска модна блогерка успева со едноставни и базични парчиња облека да стилизира комбинации кои се впечатливи и во духот на единстевниот француски шик. Токму затоа и ни го привлече вниманието на Инстаграм каде може да ја најдете како @lglora со речиси 250 илјади следбеници. Во нејзиниот моден концепт трендовите немаат значајно место. Таа се води по сопствениот инстинкт и сетило за мода, што го ...
Под топлото августовско сонце, во центарот на Скопје, деновиве затекнавме наши сограѓани (а и по некој странски турист), насмеани и расположени да се фотографираат за нашиот фото објектив. Секој со својата лична стилска приказна, го креира модниот пејсаж на градот и му дава доза на автентичност и својственост. А во август сѐ е лежерно, лелеаво, обоено во светли тонови и цветни принтови, модно расположение препознатливо за топлите летни денови. ...
Елеганцијата е безвременска. Затоа многумина се одлучуваат токму за оваа естетика кога го дефинираат уредувањето на ентериерот во својот нов дом или кога го реновираат постоечкиот. Токму едно такво безвременско, а истовремено модерно решение за ентериерно уредување, ни нудат архитектите од реномираната градежна компанија Elena Luka Home. Се работи за беспрекорно естетско и функционално предлог решение за стан од 89m2, во рамки на нивниот нов ...
Предизвикот да се создаде уникатно уметничко дело кое ќе го одвојува уметникот од останатите и ќе ги отслика неговите емотивни и мисловни процеси на автентичен начин препознатлив само за него, а притоа ќе танцува со вниманието и љубопитноста на неговата публика е безмалку голем. Но, се чини дека искуството на уметникот Бојан Ковски (30) во последните неколку години му помогна да го пронајде правиот рецепт за успех. Бојан е ликовен уметник кој ...
Во 84-та година од животот на 5-ти август почина еден од најзначајните јапонски дизајнери, Исеј Мијаке, од рак на црниот дроб. Важеше за еден од најиновативните креатори кој благодарение на своите експерименти со материјалите и силуетите и спојот на модерните и традиционалните техники, им понуди нова визија на западните дизајнери. Беше препознатлив по неговата скулптурална игра со плисето, па во 80-те години ја лансираше неговата култна линија ...
На 9-ти август 1969 година, трагично заврши животот на големата надеж на Холивуд, убавата актерка Шерон Тејт која беше убиена во осмиот месец од бременоста во нејзиниот дом од членовите на озогласеното семејство Менсон, предводено од Чарлс Менсон. Му беше муза на познатиот режисер Роман Полански, а потоа и голема љубов. Стапија во брак на 20 јануари 1968 година. По нејзината смрт, тој изјави дека неговиот живот никогаш повеќе нема да биде ист. ...
Не ја негираме возраста, туку уживаме во неа... Ова е универзалната порака на сите +50 дами со кои ќе ве запознаеме во продолжение, а кои имаат заедничка страст кон модата. Тие не се само модни консументи, туку тие наметнуваат правила на игра, влијаат со своите животни приказни и на модниот свет му нудат една поинаква перспектива гледана низ искуство кое изградило бескомпромисен стил и зрелост која создала слободен ум. Тие не ги следат модните ...
Италија е една од омилените дестинации на многумина. Но, доколку сакате да ја доживеете на еден поинаков начин, ви предлагаме да го посетите Алберобело. Ова место се наоѓа на југот на Италија, на раскрсницата помеѓу кокраините Бари, Бриндиси и Таранто. Она што го прави ова гратче уникатно се уникатните бели куќички со сиви покриви, наречени „trullo“. Токму поради нив, Алберобело е заштитено од УНЕСКО и тоа од 1996 година. Куќичките ќе ве ...
Престижниот британски дневен весник „Гардијан" објави статија во која на своите читатели им препорачува Топ 5 земји од Балканот што треба да ги посетат, меѓу кои и Македонија. „Веќе ги посетивте Шпанија, Италија и Грција? Време е за овие земји кои нудат спектакуларни пејсажи и антички локалитети", се вели во воведот. Фото: Принтскрин „Гардијан“ Во својата листа на дестинации што весникот ги издвојува како привлечни за туристите и како ...
Панталоните со широки ногавици ги носевме во 1990-те и раните 2000-ти, под влијание на тенденциите што тогаш ги наметнуваа хип-хоп и поп ѕвездите. Денес, особено ова лето, се повторно хит. Но, сега изборот на модели е далеку побогат, а и покрај широкиот крој, добиваат поелегантна линија благодарение на високиот струк. Тоа ги прави совршени за комбинирање, особено ако сте фан на лежерните кроеви. Лесно може да ги адаптирате во едноставни ...
Светски познатиот актер Џон Малкович, во интервју за националниот сервис МРТ, ексклузивно најави дека ќе се градат филмски студија во околината на Скопје во кои ќе се снимаат холивудски филмови, како дел од проектот „Скопје технолошки парк". „Сакам да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од ...
Во 73-та година од животот, вчера почина познатата британско-австралиска актерка и пејачка Оливија Њутн-Џон, која се прослави со хит мјузиклот „Брилјантин" од 1978 година. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, Џон Истерлинг: „Оливија Њутн-Џон (73) почина мирно утрово на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период. Оливија беше ...
Долгогодишното пријателство на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА и нашиот најпопуларен телевизиски лик Лила, никогаш не останува незабележано. Овојпат во модниот фокус е фантастичниот стајлинг со кој Лила викендов се појави на приватна свеченост, а денеска објави и фотографии на социјалните мрежи, повторно добивајќи го целото внимание и симпатиите на публиката. Комплетен свечен стајлинг потпишан од ЕЛЕНА ЛУКА што плени со смела естетика, гламур и ...
Модниот свет има нова опсесија. Голиот фустан на руската стилистка Лота Волкова во соработка со Жан пол Готје, го оживеа контроверзниот дух на познатиот иконски дизајн од колекцијата пролет-лето 1984 година. Ексцентричната стилистка, која стручно се профилираше на престижниот универзитет St Martins, па од Лондон се стационираше во Париз, е актуелна со реинтерпретацијата на голиот фустан на Жан пол Готје кој деновиве е еден од најпребартуваните ...
Ако на жена добро ѝ прилега тоа што го носи и е во склад со нејзината фигура, стил и карактер, годините не се ограничувачки фактор. А шпанската кралица Летиција, многупати тоа го има потврдено, вклучително и со последниот пример кога беше фотографирана на Палма де Мајорка, во неформално издание и во опуштена атмосфера. На себе носи мини лелеав бохо фустан, во розови нијасни, комбиниран со еспадрили во слична розова боја. Со овој стилски избор, ...
Постпандемиската мода носи свежина, иновација, подготвеност да се излезе од „правилата", да се биде смел и забележан во модна смисла, а сето тоа интерпретирано низ богат колор и избор што пред секој ќе ја отвори можноста да си ја истакне индивидуалноста. Овој амбиент во модниот свет, подеднакво се отсликува и во невестинската мода. Дизајнерите не штедеа на креативност кога го дефинираа концептот за венчалните колекции за 2023 година, па од тоа ...
Зад инстаграм профлиот @la.attraversiamo е далматинката Михаела Мудронја, која со својата изразена смисла за мода, ненаметливо, но сигурно, остава силен стилски белег и добива се повеќе следбеници на оваа социјална мрежа. Фактот што живее на северно-далматинскиот островот Муртер и од сите страни е опкружена со вода, сонце и позитивни луѓе, носи забележителна ведрина во нејзиниот животен стил изразена и преку изборот на облека. Работи како ...
Во 67-та година од животот денеска почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски, доајен на македонското глумиште. Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци. Апостол0вски работи во Народниот театар во Битола работи (1973 – 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола. ...
ЕЛЕНА ЛУКА НОВА КОЛЕКЦИЈА ВЕНЧАНИЦИ Секоја невеста заслужува луксуз... Постпандемиската мода нѐ враќа кон рафинираната убавина. На светската дизајнерска сцена се случува модна ренесанса, изразена преку свежа визија која го слави животот. Конечно излегуваме надвор – таму каде што се случува животот, каде што се слават убавите моменти и каде што ја уживаме слободата. Време е за рестартирање, а модната сфера тоа знае да го интерпретира на ...
ЕЛЕНА ЛУКА НОВА КОЛЕКЦИЈА ВЕНЧАНИЦИ Секоја невеста заслужува луксуз... Постпандемиската мода нѐ враќа кон рафинираната убавина. На светската дизајнерска сцена се случува модна ренесанса, изразена преку свежа визија која го слави животот. Конечно излегуваме надвор – таму каде што се случува животот, каде што се слават убавите моменти и каде што ја уживаме слободата. Време е за рестартирање, а модната сфера тоа знае да го интерпретира на ...
Доколку досеага не ви беа доволни сите предлози кои ви го понудивме за посета на Хрватска ова лето, денес ви приредуваме уште еден. Дали знаевте дека во близина на Дубровник се наоѓа природниот феномен Мртво море кое е омилено место за капење на многу посетители. View this post on Instagram A post shared by Fabio Anello (@fabio_prince93) Всушност, станува збор за езеро кое е поврзано со подземен канал со морето. Сега исполнето со солена вода, ...
Како поранешен припадник на британската армија, 27-годишната Меган Фишер ретко посветувала поголемо внимание на шминка, а вештачки трепки биле незамисливи во нејзината рутина за убавина. Но, сѐ се сменило во 2018 година, кога после породувањето преживеала сериозна инфекција на матката. Тогаш комплетно се променил нејзиниот живот и се соочила со доживотни последици предизвикани од инфекцијата, меѓу другото и епилепсија и гастропареза. Дијагнозата ...
Синоќа, во споменикот „Илинден", познат и како „Македониум", во Крушево, беше отворена изложбата на еден од најпознатите македонски графички дизајнери и ликовен уметник, Зоран Кардула. Фото: Facebook | НКС „Десет дена Крушевска Република“ Изложбата именувана „Star Makedonium Wars", која беше проследена од повеќе од 500 посетители, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески" од Скопје. На изложбата беа претставени ...
Дваесет филмови ќе имаат светски премиери во натпреварувачките секции на 28. Сараевски филмски фестивал ќе се одржи во периодот од 12 до 19 август, додека пак вкупно 51 филмски наслови ќе се натпреваруваат за наградите „Срцето на Сараево", во четири натпреварувачки секции: игран филм, документарен филм, краток филм и студентски филм. Осум од филмовите се меѓународни премиери, со едно европско деби, 21 регионална премиера и една национална ...
Иако љубителите на модата се чини дека се поделени во однос на ставовите околу ова парче облека, џинс корсетите упорно го пробиваат својот пат од модните писти кон рафовите во бутиците и вашите гардеробери. Џинсот веќе стана неверојатен хит откако големите модни дизајнерски имиња како Diesel, Acne, Act n°1, Balenciaga, го најавија во сите можни варијанти за есен и зима, од фармерки, здолништа, чизми, јакни, кошули, па сè до минималистички ...
TikTok несомнено допринесе да се популаризира силуетата позната како „мал тесен топ - големи пантолони", но опсесијата со широките карго пантолони со големи џебови се покажува како тренд кој неколкупати до сега си оди и се враќа. Иако инспирацијата зад изгледот на карго пантолоните потекнува директно од работничката облека која првенствено има практична намена, во моментот кога го преминува прагот помеѓу работната атмосфера и модата, намената ...
Чизмите на високи платформи кои ги обележаа 70-тите и 90-тите години на минатиот век, преку панк естетиката која ја наметна Вивиен Вествуд и препознатливиот имиџ на огромните музички ѕвезди како Kiss, ABBA, Елтон Џон и Spice Girls, се чини дека се враќаат на модната сцена со полна пареа. Без разлика на дизајнот и бојата во која ќе ги видите, црни, пастелни, електрично зелени или неонско розови, лаковани, кожни или платнени, чизмите на платформи ...
Ќерката на Бјорк сака да биде запаметена како многу повеќе од само „ќерката на Бјорк". Со нејзиното скорешно зачекорување во светот на модата, таа дава до знаење дека нејзиното име, Исадора Бјаркардотир Барни, ќе се слуша многу почесто. Миуча Прада одлучи да ја направи 19-годишната девојка дел од најновата кампања на Миу Миу, заедно со големите имиња како Сиднеј Свини, Емили Ратајковски, Ема Корин и Деми Синглтон. Додека останатите ја ...
Современото домување бара компатибилност меѓу функционалноста, квалитетот и естетиката. Етаблираната градежна компанија Elena Luka Home токму преку примената на овие постулати во своите објекти, на своите клиенти им обезбедува врвно искуство во домувањето. Како пример ќе ја посочиме предлог идејата за ентериерно уредување на стан од 50м2 во рамки на новиот атрактивен станбено-деловен објект „Melody". Со цел да се постигне безвременски, а сепак ...
Првите компании кои понудиле патики на пазарот, биле Конверс (со моделот All Star) и Кедс, во далечната 1916 година. Основно, биле дизајнирани за спортски активности. Целиот американски кошаркарски тим носел Конверс патики на Олимпијадата во Берлин во 1936 година. Но, патиките брзо ќе стекнат популарност надвор од спортскиот терен. За нивната популаризација се заслужни поп иконите како Марлон Брандо и Мерилин Монро, кои од патиките направиле ...