Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Мег Рајан слатката девојка од соседството, што не воодушеви во Sleepless In Seattle, се појави во јавност по половина година. На големо изненадување и разочарување на фановите актерката изгледаше непрепознатливо. Мег, 61 се појави во Њујорк, да му даде поддршка на својот пријател, актерот Мајкл Џ. Фокс за документарецот Still, посветен на неговата борба со Паркинсоновата болест. Рајан, која постојано негира дека користи ботокс, и не признава ...
Модната куќа Сан Лоран е последна во низата луксузни брендови што претставиле своја колекција на накит. Францускиот бренд ја креираше Saint Laurent Haute Joaillerie, колекција на префинет накит којашто е составена од прстени, обетки, алки, манжетни и ѓердан. Иако модната куќа од секогаш имала модни додатоци во своето портфолио ова е прва колекција од ваков тип на екстравагантен накит изработен од дијаманти, бело и жолто злато. Колекцијата е дел ...
Секој саем е важен и со своја убавина, но јубилеите секогаш се очекува да се во посјајно издание. 35. Меѓународен Саем на книга и официјално е отворен, а оваа година оваа омилена културна манифестација за многумина и не е изненадување што со својот старт ги исполнува сите очекувања на љубителите на пишаниот збор, - и тоа со официјално започнување на најбогатата програма во својата историја. „Оваа година, чест ни е што јубилејно ја одбележуваме ...
На денешен ден е родена Донатела Версаче, италијанска дизајнерка, претприемач и модел. Таа е сестра на основачот на модната куќа Версаче, легендарниот Џани Версаче, кој беше убиен во 1997 година. Донатела и Џани уште како деца беа многу блиски, а така беше сè до неговата смрт. Интересен е фактот што токму Џани ја убедил да ја обои косата руса, кога Донатела имала само 11 години. Иако студирала литература и јазици во Фиренца, дизајнерката од ...
Откако ќе помине официјалниот дел на Мет Гала, познатите едвај чекаат да заминат на некоја од забавите што се организираат потоа. По формалните елегантни вечерни тоалети, се преминува на секси, светкаво и заводливо издание, а сестрите Џенер се меѓу првите што го поттикна "after party" изгледот, во сиот свој сјај. Годинава некои беа повпачатливи од другите, а она што дојде до израз беше стилот на голиот фустан или "the naked dress". Марго Роби, ...
Секоја дама во својот гардеробер треба да има класична кошула, која е едно од основните парчиња за креирање на деловен стил. Ваквата кошула можеме да носиме и во опуштена варијанта доколку така ја искомбинираме. Токму французинките имаат интересно решенија за невообичаен опуштен изглед којшто вклучува класична кошула. Со ротација за 180 степени, добиваме копчиња на грбот и деколте кое никогаш не изгледа вулгарно. За го постигнеме овој шик изглед ...
Последниот моден крик, којшто по сите изгледи ќе доминира годинава, е таканаречениот devoré џинс. Станува збор за наместа транспарентен тексас, во форма на фармерки, здолниште и слично, којшто на секси начин открива дел од телото. Џинсот или тексасот сме го виделe во најразлични варијанти и бои, и сам по себе е секогаш тренд. Од нас зависи кој модел ќе го одбереме, класично сино или избледено и кропирано во некоја друга боја. Црн, розов, бел, ...
Ќерката на супермоделот Хајди Клум, веќе две години ги следи стапките на својата мајка. Лени, 18 е ќерка на Хајди и поранешниот шеф на Ф1 тимот на Рено Флавио Бриаторе. Дуото мајка и ќерка изгледаат навистина прекрасно во долната облека на Intimissimi, чијшто глобален амбасадор е Џенифер Лопез. Хајди и Лени се усогласени во начинот на позирање, се држат за рака и танцуваат заедно пред камерата. Младата Лени во 2021-ва за прв пат позираше заедно ...
Ресите можат да се најдат на облеката, на разни модни додатоци, на перници, постелнина, завеси... Како дел од стајлингот најголема популарност достигнуваат во 70-те години, а сме ги гледале, на чизми, јакни и секако на летни фустани и здолништа. Се смета дека за прв пат се носеле во древна Месопотамија, а особено се популарни кога доаѓа лето. View this post on Instagram A post shared by Alison Toby (alisontoby) Како можете да ги комбинирате? ...
Иако светот очекуваше да се појави познатата мачка на Карл Лагерфелд на Мет Гала годинава, тоа не се случи. Шупет, како што дизајнерот ја нарече, остана во својот удобен дом да ја гледа Галата посветена на нејзиниот ангел чувар. Сепак еден актер не можеше да се помири со тоа, па реши да ја "донесе" Шупет на гламурозниот настан. Така и направи, само што оваа мачка беше висока два метри и се поздравуваше и шегуваше со останатите гости. Да точно ...
Ана Винтур е препознатлива по неколку работи, темните очила, совршената фризура со шишки и беспрекорниот стил. Од 1995-та, Ана ја организира фамозната Мет Гала и ја собира шоу бизнис елитата на моден настан за кој долго време се зборува. Но, малкумина знаат дека таа започнува да работи во модната индустрија уште на 15 години и тоа во лондонскиот бутик Biba. Винтур истата година започнува да ја носи косата онака како што сите ја знаеме, навидум ...
Уредничката на Вог Ана Винтур се појави на Мет Гала заедно актерот/режисер Бил Наи потврдувајќи ги неколку месечните гласини дека се пар. Дамата која што стои зад големиот настан, пристигна насмеана и под рака со Наи, откако со месеци се шпекулираше дали се само пријатели или повеќе од тоа. Ана и Бил, 73, се прв пат се појавија заедно во декември минатата година, на премиерата на филмот Living во Њујорк, којшто го режираше токму Наи и за кој ...
Гламур во чест на генијалниот Карл Лагерфелд. Традиционално првиот понеделник во мај е посветен на „Модните оскари", односно најгламурозниот настан во светот на модата Мет Гала во организација на Институтот за костими на Музејот Метрополитен. Домаќинката на настанот, Ана Винтур, вчеравечер ѝ посака добредојде на гостинската елита која годинава на црвениот тепих чекореше во чест на Карл Лагерфелд, односно темата на годинешната Мет Гала беше ...
Кејти Ѓоргаџи е модел, инфлуенсер, и претприемач која живее во Париз заедно со својот партнер. Парот од неодамна се пресели во нов стан со поглед на Ајфеловата кула, а за уредувањето со доза на луксуз заслужна е токму Кејти. Таа ги советува своите следбеници секогаш да имаат природно, свежо цвеќе дома кое го живнува секој простор. Од она што може да се забележи, главна улога во станот има едно огледало со златни рамки, сместено во дневната соба. ...
Неонските светла отсега не се резервирани само за ударните светлечки реклами. Во потрагата по што повозбудливи и атрактивни решенија, дизајнерите на ентериери ги внесоа неонските светла во домовите и секојдневниот живот. Ако сте во потрага по детали кои ќе им дадат необичен карактер на вашата дневна, спална, детска соба или работен простор – неонските светла дефинирани во најразлични форми, зборови или цели фрази, се супер интересен избор ако ...
Со премиерната изведба на „Набуко" од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери". Оваа година фестивалот се вклопува со годишнината 2010 години од раѓањето на Џузепе Верди. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко", а на 12 мај ќе се прикажува балетот „Лебедово ...
По повод Меѓународниот ден на танцот, во саботата, 29-ти април, Скопје беше сведок на прекрасна прослава на танцот кога над 1700 танчери од целата земја се собраа во Ист Гејт Мол да изведат неверојатна танцова рутина на хит песната Everybody Dance Now. Настапот беше вистински празник за очите и ушите, бидејќи танчерите ги покажаа своите неверојатни вештини и страст за танц. Енергијата во воздухот беше електрична, а толпата не можеше да не ...
Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, вчера го прослави својот 48-ми роденден. Традиционално, неговата сопруга Викторија објави фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, на кои што Дејвид позира со неа и нивните деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер. Среќен роденден. Те сакаме најмногу. Најдобар сопруг и неверојатен татко. Ти си нашето сè, напиша дизајнерката на Инстаграм. На задоволство на сите дами, Викторија реши да објави и секси издание од ...
Ако треба да се дефинира елеганција, префинетост, грациозност и убавина со едно име, тоа би била Одри Хепберн. Не постои друга што може да ги сублимира сите овие зборови во едно. Одри беше легенда, а легендата има само датум на раѓање. Токму на денешен ден 4 мај е родена една од најголемите ѕвезди на кинематографијата, но и една од најголемите хуманитарки во светот. Одри Хепберн како дете имаше желба да стане балерина, но животот ја однесе во ...
Цитрусните бои, како жолта, портокалова и зелена во последно време се многу популарни. Тие се одлични за топлите пролетни и летни комбинации. Даваат свежина и разиграност и прават да размислувате позитивно, во боја, а ги сакаме и поради тоа што го најавуваат летото. Сепак не е лесно да се носат и многумина тешко се одлучуваат на ваква впечатливост. За да ја намалиме несигурноста, предложуваме неколку изданија во цитрусни бои. Можете да ...
Кога станува збор за внатрешно уредување на домот, долго време преовладуваат неутрални тонови, а ретко гледаме бои. Тоа помалку знае и да досади, па затоа убаво е да додадеме и малку боја. Ако разгледаме по социјалните мрежи може да забележиме дека работите полека се менуваат, и боите го "превземаат" ентериерот. Можете да почнете од спалната соба, постелнината нека биде во боја, или било кој детаљ од просторијата. Потоа поиграјте си и со другите ...
Хрватска има многу прекрасни места што вредат да се посетат, особено кога времето е топло. Истра е една од дестинациите која нуди за сите по нешто, а токму во нејзината внатрешност се наоѓа едно мало место наречено Котли, кое е вистински рај. Во последно време Котли е многу популарно за гости од целиот свет, благодарение на природно создадените базени со тиркизна вода, што многу потсетуваат на базените од Памуккале. Овие мали чуда на природата ...
Симон Порт Жакемус секогаш изненадува благодарение на неговите ексцентрични креации и вирални кампањи. Ова не ја исклучува и последната негова кампања, Jacquemus Sculptures, која што ја промовира колекцијата пролет/лето 2023. Генијалниот младич постојано го докажува својот креативен талент, но и сенсот за создавање вирална содржина на Инстаграм. Овој пат францускиот дизајнер изненади со фотосесија што на некој начин ја спојува модата со ...
Свечените комбинации се приказна сама за себе. Кога треба да купиме некое парче, на пример сатенска кошула или здолниште, размислуваме дали ќе можеме да го комбинираме и во покежуал варијанта. Сатенот е идеален за посебни прилики, но тоа не значи дека не е погоден и за секојдневно стилизирање. Доколку умешно го комбинирате заедно со соодветни модни додатоци, ќе може да го носите во една поопуштена варијанта. Покрај безвременскиот сатенски слип ...
На денешен ден се родени две прекрасни дами и познати холивудски актерки, Пенелопе Круз, 49, и Џесика Алба, 42. Покрај талентот овие две дами честопати биле на листите Најубави, Најсекси и Најпосакувани, а за тоа е одговорен нивниот шарм и позитивната енергија. И двете актерки многу пати се нашле на насловни страни и биле дел од големи блокбастери. Оскаровката Пенелопе најмногу ја паметиме по филмовите Vicky Cristina Barcelona, Vanilla Sky, ...
Сакаме секогаш да изледаме убаво и витко, но не секогаш ја одбираме вистинската боја и комбинација за тоа да го постигнеме. За да не направиме грешка еве неколку совети за парчињата и нијансите што ја издолжуваат нашата фигура. Слоеви Многумина сметаат дека ако носиме слоевита облека изгледаме покрупни, но тоа не е точно. Облеката во слоеви има сосем спротивен ефект. Освен што ја издложува фигурата, таа ги прикрива недостатоците на телото. ...
Крај на ерата на Том Форд. Легендарниот американски моден дизајнер вчера на своите официјални профили ја објави својата последна колекција со која става крај на својата дизајнерска кариера, откако минатата година својот бренд ѝ го продаде на компанијата Есте Лаудер за 2.8 милијарди долари. Колекцијата за збогум, всушност е репродукција на неговите најдраги креации од последните 13 години колку што всушност и постоеше модната куќа Том Форд. ...
Сакаме секогаш да изледаме убаво и витко, но не секогаш ја одбираме вистинската боја и комбинација за тоа да го постигнеме. За да не направиме грешка еве неколку совети за парчињата и нијансите што ја издолжуваат нашата фигура. Слоеви Многумина сметаат дека ако носиме слоевита облека изгледаме покрупни, но тоа не е точно. Облеката во слоеви има сосем спротивен ефект. Освен што ја издложува фигурата, таа ги прикрива недостатоците на телото. ...
Секоја година, организаторот на настани Раул Авила, добива голема задача: Да го трансфомира Музејот на уметностите Метрополитен во гламурозно место што ќе ги воодушеви гостите на Мет Гала. Ентериерот го менува својот изглед, следејќи ја годишната тема, умешно прилагодувајќи се на неа. Од 7,6 метарско фламинго од розови цветови, до огромен кафез со пауни, организаторите секогаш се надминувале себе си со креативноста. Не смее да се заборави и ...
Со фантастично досетливите и комични коментари и уште пофантастичните фотографии богати со колор, животно искуство и многу забава, 94-годишната популарна инстаграм бабичка Бади Винкл е инспирација за сите генерации. Животот треба да биде забавен, со оваа своја девиза таа ги освои симпатиите на милионите следбеници на Инстаграм кои во нејзините колоритни и забавни постови на оваа социјална мрежа, секојдневно наоѓаат мотивација и позитивна мисла. ...