Излезе како голем победник од својата животна борба и вчеравечер со широка и искрена насмевка на лицето, го прими признанието на роденденот на УиЗ за „Најинспиративна приказна" – затоа што нејзината приказна е навистина таква, моќна и мотивирачка за сите што водат своја животна борба. "Битката е во главата, со мислите, не е со болеста" – емотивно изјави оваа жена која беше храбра и доблесна јавно да проговори за своето патешествие од кое излезе ...

Во пресрет на летните одмори секогаш се актуелизира прашањето во однос на здрав и атрактивен физички изглед, за што поголема самодоверба на плажа. Секако дека постигнувањето на задоволителни резултати и тело со кое ќе бидеме задоволни и со поголема самодоверба, е во релација со бројни фактори како: редовна физичка активност преку целата година, соодветна и здрава исхрана, воопшто и здрав начин на живот, а влијание има и генетиката. Но, што кога ...

Зендаја, Лиса, Ен Хатавеј, Пријанка Чопра секоја посебна на свој начин, прекрасна и успешна, се обединија заедно за колекцијата Diamonds and Gowns на Bulgari. Четирите грации се собраа во Венеција во чест на брендот, опсипани со дел од скапоцениот накит и елегантни вечерни тоалети. Лиса од Блекпинк и Зендаја се одлучија за класичната црна тоалета со голи рамена и впечатлив ѓердан. Хатавеј пак одбра дизајн на Версаче со златни елементи од глава ...

Модната куќа Гучи го одбра Сеул, како дестинација за своето последно шоу Resort Collection 2024, пред креативната палка да ја превземе новиот директор Сабато де Сарно. Јужнокорејскиот град има симболика за брендот којшто пред точно 25 години го отвори својот прв бутик токму таму. Палатата Ѓеонгбокгунг, која е изградена уште во 1395 и е едно од најзначајните зданија во Сеул, беше одбрана како сетинг за шоуто. Она што може да се каже за ...

Нашиот врвен топ модел Елена Реи од месец Февруари престојува и работи во Азија , па така неодамна се случи повторно да биде ангажирана во новата кампања и модниот каталог на познатата дизајнерка Дајан Вон Фустенберг. „Навистина ретко се случува еден модел повторно да работи за светски признаен дизајнер тоа само докажува колку е исклучително професионален моделот за повторно да го ангажираат. Елена Реи имаше по неколку соработки и со Calvin ...

Џинсот го сакаме и го комбинираме многу често, без разлика дали станува збор за дневен или вечерен аутфит. Фармерките се безвременска класика која што секогаш ќе биде во тренд. Без нив едноставно не можеме да си го замислиме гардероберот и постојано сакаме уште еден пар плус. Како микро тренд што ќе биде актуелен оваа сезона се фармерките со широк крој и висок струк. Удобно и шик парче што можеме да го споиме речиси со сè, а освен тоа ја ...

Вчера официјално започна Канскиот филмски фестивал кој што секоја година им оддава почит на најдобрите интернационални филмови. Ѕвездите со сиот свој гламур се вратија на Француската ревиера во серија екстравагантни изданија што дефинираат како всушност треба да се изгледа на еден ваков престижен настан. Фестивалот ќе трае сè до 27 мај, а низ црвениот тепих се очекува да продефилираат луксузни стајлинзи, без разлика дали ќе бидат custom-made, ...

И додека со големо нетрпение чекаме температурите да се искачат над 30-от степен, размислуваме во боја. Овој пат ќе споиме два навидум неспоиви тонови – впечатливо портокалова и зелена. Зеленета боја беше во мода и за да ја задржиме уште малку во тренди тенденциите ја комбинираме со колоритната портокалова. На оние кои го практикуваат минимилизмот и претпочитаат пастелни бои, ќе им биде невообичаено да испробаат ваков стајлинг, затоа им го ...

Акциониот херој Џејсон Статам и супермоделот Роузи Хатингтон Вајтли се моќна, убава и стилски услогласена двојка, која што кога и да се појави ја воодушевува јавноста. Сопружниците, кои се родители на две дечиња, на неодамнешната премиера на Fast X во Рим, повторно ја дефинираа софистицираноста која што секогаш е дел од нивниот јавен стајлинг. Роузи изгледаше сензационално на црвениот тепих, во фустан на Dolce & Gabbana, која што е дел од ...

Иако беше планиран да биде изграден уште во 2017 година, хотелот на Карл Лагерфелд конечно ќе биде отворен за гости следниот месец. Karl Lagerfeld Macau Hotel, е импресивно издание со пет ѕвезди кое е дизајнирано од покојниот дизајнер, како дел од резортот The Grand Lisboa Palace во Макао. Ова е единствениот хотел во светот што во целост е креација на Лагерфелд. Хотелот се состои од 271 соба, ресторани чиешто мени е дело на наградуваниот готвач ...

Вечерва започнува 76-то издание на еден од најпрестижните филмски фестивали, Канскиот. Ѕвездите веќе пристигнуваат на аеродромот во Ница и уште оттаму диктираат возбудлива мода, содржина по која Канскиот фестивал е препознатлив. Меѓу првите, пристигна оскаровката Хелен Мирен, инаку една од дамите која без преседан секогаш носи најекстравагантна мода на црвениот тепих, особено кога е во прашање Кан. Таа пристигна во вибрантен кул стајлинг, во ...

Марта Стујарт позираше во костими за капење за насловната на Sports Illustrated Swimsuit. Токму така, 81. годишната претприемачка стана најстарата дама што се појавила на насловната на ова престижно списание. Стујарт, која денес важи за глобален феномен, стана мега популарна во 80-те благодарение на книгите за готвење што ги напиша, откако се прослави како готвач. Таа е најпродаваниот автор на книги за готвење во светот, а нејзиното портфолио ...

Сако фустаните веќе подолго време гравитираат на модната сцена. Ова парче добива популарност во 1966 и оттогаш е сеприсутно. Во него женската силуета изгледа силно, а поголемиот дел на сако фустаните се над колена, што придонесува за свежина и доза на сексапил. Можат да се носат на работа, а обично ги стилизираме со високи чизми или сандали на врзување со висока потпетица. Доколку ги споите со рамни сандали или облека што ја носите во лето ...

Најголемата туристичка платформа TripAdvisor и годинава ги одбра најдобрите дестинации во светот, меѓу кои и најдобрите плажи. А со оглед на тоа што за кратко доаѓа и јуни, а со него е летните одмори, ќе ставиме акцент на убавите песочни плажи. Овие мали парчиња рај се одбрани според оценки и рецензии на светските патници, а ние ги издвојуваме најдобрите 10. Baia do Sancho Фернандо де Нороња, Бразил Eagle Beach Аруба Cable Beach Брум, ...

Создавање на елегантни комбинации коишто во исто време ќе бидат и удодбни не е секогаш едноставно. Сепак за некои модни блогерки тоа е омилена и лесна задача. Една од нив е и Петра, 52, која на Инстаграм ја пронајдовме под името @petradieners. Оваа дама по долгогодишна, успешна работа во економскиот сектор, се пронаоѓа и како модна инфлуенсерка, секојдневно создавајќи стилски и тренди комбинации на социјалните мрежи. Петра умешно креира ...

Утре започнува 76-то издание на Канскиот филмски фестивал (16 мај - 27 мај), една од најзначајните филмски манифестации со реноме од 1946 година. Истовремено, ова е фестивал со едно од најреномираните модни дефилеа кој низ годините наназад одржува лекција како треба да изгледа мода на ваков престижен настан. Во очекување на новото издание на фестивалот и модните изненадувања што допрва ќе ни ги приреди, се присетуваме на некои од највпечатливите ...

Ако сакате да вложите во безвременско парче облека што често ќе можете да го комбинирате белата кошула е полн погодок. Иако порано се сметаше за составен дел на машката гардероба, денес белата кошула е речиси неизоставен дел од стајлингот на дамите. Тоа се должи на нејзината прилагодливост, односно на можноста да се спои со сè. Почнувајќи од деловните комбинации каде, кошулата е дел од пропишаниот дрес код, па сè до дневни кежуал варијанти. ...

Уште една Евровизија помина и донесе нов победник. Лорен од Шведска ги освои симпатиите на сите и ја понесе статуетката што многумина ја посакуваа. Но, тоа не беше единственото што таа понесе со себе од евровизиската сцена. Темнокосата Лорен стана првата жена која два пати победила на Евровизија. Сè уште ја паметиме нејзината маестрална изведба во 2012, кога прв пат победи на овој натпревар, во Баку Азербејџан, со песната Euphoria. Лорин Зинеб ...

Вчеравечер Скопје танцуваше во ритамот на виенскиот валцер, на 22-то издание на Виенскиот бал што традиционално се одржува во хотелот Александар палас. Вечерта ја обоија екстравагантните звуци на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. На присутните гости, најголем дел од дипломатскиот кор, општествениот и културниот живот, како и од деловниот свет, добредојде им посака домaќинката и водителка ...

Нашата позната водителка Ирена Спировска, која секогаш изгледа беспрекорно, воодушеви во креација на ЕЛЕНА ЛУКА на Виенскиот бал кој се одржа вчера вечер во хотелот Александар Палас. Ирена носеше елегантна, нежна тоалета во светло сива нијанса, која што совршено одговараше на нејзината тонизирана фигура. Горниот дел ги откриваше рамената и суптилното деколте, додека долниот дел од фустанот беше пораскошен со лелеави слоеви од тул, што даваа ...

Модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА, како долгогодишен пријател и поддржувач, му даде ексклузивност на овогодинешниот Виенски бал, не само преку модниот избор на голем број присутни дами кои на себе носеа величествени тоалети од брендот, туку и со екстравагантна модна изложба која беше во фокусот на вниманието. На изложбата пред присутните гости беа презентирани десетина ексклузивни авангардни модни дизајни со потписот на ЕЛЕНА ЛУКА, вклучително и ...

Модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА вчеравечер донсесе вистински гламур и сјај на Виенскиот бал кој по 22. пат се одржа во Скопје, во хотелот Александар Палас. Водителката на манифестацијата, Вера Мештеровиќ и оваа како и претходните години блесна во две ексклузивни креации на етаблираниот бренд, дизајни кои се олицетворение на гламур и величественост какви што и доликуваат на настан од ваков калибар. Тематски синхорнизирани, а сепак секој толку посебен и ...

Во потрага по уште една успешна приказна од градот, наидовме на инстаграм профилот на Марјан Стојановски. Секогаш се воодушевуваме од уникатни рачни изработки од вешти луѓе, па затоа го одбравме токму него. Што Марјан прави и како сето тоа изгледа дознајте во разговорот подолу. Од каде ви се појави желбата за ваков тип на занаетчиство? Целата приказна околу дизајнот на модни аксесоари за мене, активно започнува пред околу десет години, кога ...

Пред само два дена на барање на модната агенција Елит од Милано нашиот интернационален модел замина за Милано за да го потпише ексклузивниот договор. Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции во светот. Нашиот Андреј секако имаше успешна година позади себе каде изработи голем број кампањи и едиторијали помеѓу кои беа за Дона Матоши ( Косово ), Спорт Вижн ( Србија ), Replay ( Косово ) како и последната кампања ...

Направете место за ѕвездата... Џенифер Лопез донесе вистинска модна магија на црвениот тепих (кој технички беше црн) на вчерашната премиера во Лос Анџелес на нејзиниот нов филм „The Mother", кој од денеска почнува да се емитува на Нетфликс. Италијанскиот луксузен Брунело Кучинели се погрижи за нејзиниот фантастичен изглед, кој вклучуваше сет од краток топ, карго панталони и макси мантил во бело со дискретен сјај – и завршил одлична работа со ...

Свечените прилики не се случуваат често, па токму затоа се совршен момент да бидете малку поинакви, гламурозни, да излезете од зоната на комфорот и да заблескате во едно магично светло. Тантела, свила, тул, бисери и останати детали што го носат елементот на софистицираност и грациозност се неизоставен дел од посебните прилики. Летото е време кога можеме да бидеме смели, да ја прегрнеме модата со широко отворени раце и да кажеме да на раскошот и ...

Шоуто Victoria’s Secret, кое пред да биде откажано во 2019-та, се одржуваше секоја година од 1995-та, а од 2001-ва беше емитувано и на телевизија, оваа есен ќе има камбек. Сепак тоа нема да биде во форматот којшто јавноста го знае, туку ќе го гледаме во форма на документарен филм насловен Victoria's Secret World Tour. Она што ќе недостасува со сигурност, ќе бидат моделите кои носеа крилја - Ангелите. Според организаторите во филмот ќе бидат ...

Уште една евровизиска сцена вчера блесна со полн сјај, а од вкупно 16 претставници кои надежно очекуваа пласман, само 10 обезбедија учество на финалето во сабота. По возбудливите настапи на талентираните музичари публиката гласаше, а одбрани беа следниве земји: Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Тие ќе им се придружат на финалистите од првата полуфиналната вечер во утрешното големо ...

Уште една евровизиска сцена вчера блесна со полн сјај, а од вкупно 16 претставници кои надежно очекуваа пласман, само 10 обезбедија учество на финалето во сабота. По возбудливите настапи на талентираните музичари публиката гласаше, а одбрани беа следниве земји: Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Тие ќе им се придружат на финалистите од првата полуфиналната вечер во утрешното големо ...

Бијонсе ја започна долгоочекуваната светска турнеја Renaissance во Шведска, како вистинска дива во гламурозен стил. Мега ѕвездата на сцената се појави во неколку уникатни стајлинзи. Првиот аутфит беше со потпис на Courrèges, а се состоеше од сребрено боди со кружен исечок на средината. По него следуваше светкав костум од Alexander McQueen што елегантно ги истакна колковите, како и креација на Balmain извезена со мрежа од бисери. Сепак она што ...

МВР Билтен

49 минути - МИА
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
87%
1014
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
86%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
69%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
1.83
62%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.61
92%
1016
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.47
83%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
8.23
92%
1016
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 2ᴼ
0.25
79%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
68%
1018
Currency

61.5137

Currency

53.0854

Currency

69.8779

Currency

34.4261

Currency

37.7302

Currency

66.6082

Currency

7.46044

Currency

0.6526

Currency

0.34161

Currency

0.52439

Currency

1.2541

Currency

0.59877