Владата нема да се реконструира пред локалните избори - порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата, по превирањата во владината коалиција и можните ротации на министерските места за коишто се погласно се зборува во јавноста. Но, премиерот вели дека не е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори. „Владата функционира обединето и единствено.Односите во Владата се коалициски одлични“, дециден е премиерот. ...

ПремиеротХристијан Мицкоски очекува корекција на одлуката на САД, со која минатата недела беа воведени царини од 33% за Северна Македонија. „Најверојатно е направена грешка. Работиме со нашите партнери, очекувам да се коригира тоа“, изјави Мицкоски на прес-конференција. Деновиве тој најави дека очекува „убави вести за македонските граѓани и економијата“. Одговарајќи на новинарско прашање, во понеделникот (07.04) Мицкоски рече дека добрата ...

Бродови преполни со патници, ноќно пловење и управување на чамци без неопходната лиценца - се само дел од неправилностите коишто се утврдени при засилените контроли во Охридското Езеро. Од Капетанија на пристаништа информираат дека се детектирани 18 прекршоци за неисправност и непочитување на правилата за пловење. Контролите следат во пресрет на летната сезона со цел да се утврди дали се почитуваат мерките за безбедна пловидна. По извршените ...

Нов претседател на српската влада ќе биде професор д-р Ѓуро Мацут, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. На изборот на Мацут како мандатар за новата влада му претходеа повеќенеделни шпекулации околу потенцијалните кандидати. Се тврдеше дека се бира меѓу двајца кандидати, се споменуваше можноста за премиер од дијаспората, се споменуваа и имињата на некои поранешни министри, но на крајот изборот падна на лекар. Ѓуро Мацут, ...

Речиси секогаш слушам музика додека пишувам. Да пишувате колумна за „страшилото Балкан”, додека ја слушате совршената музика на Бах во „Добро темперираниот клавир”, помага појасно да согледате дека доброто и убавото е сепак посилно од злото и од грдото. Иако во стварноста, онаква каква што таа е денес во светот, сѐ почесто ни се чини дека грдоста и злото ги инфицирале сите пори на животот. Меѓутоа, чудесната музика на Бах нѐ потсетува дека ...

Реченица со експлозивна моќ – првично запишана во документ на ЦДУ/ЦСУ и СПД од сондирачките разговори за коалицирање: „Уставно ќе испитаме дали можеме да им го одземеме германското државјанство на поддржувачи на тероризмот, антисемити и екстремисти кои повикуваат на укинување на слободниот и демократски уставен поредок доколку тие имаат и друго државјанство“. И во резултатите на преговарачката група „Внатрешни работи, право, миграција и ...

Од овој чекор се стравуваше долго време. Претседателот Доналд Трамп го нареди во средата и сега првиот дел од планот е веќе спроведен: Отсега, САД ќе собираат десет отсто царини за речиси сите стоки што доаѓаат во земјата. Минималната општа стапка од 10 проценти е во сила за повеќето увозни стоки од саботата (5 април, 2025) во 12:01 часот по источно време на САД (06:01 по средноевропско време). Сепак, според соопштението на американската ...

Некои го нарекуваат „центар на светот“: облакодер на Обединетите нации на брегот на Ист ривер во Њујорк. Токму таму заминува актуелната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок . Политичарката на Зелените си обезбеди престижна меѓународна позиција - така би можело да се каже. Не на суптилен начин, туку со исклучително јасна волја за моќ – и тоа непосредно пред да ја загуби власта во Германија. Оттогаш, бројни заткулисни и ...

Стерилен болнички кревет го чека Џејми Милер во собата за преглед во полициската станица. Од осомничениот треба да се земе примерок од крв. „Џејми, те молам, ќе седнеш ли?“ прашува медицинската сестра. „Хм, не сакам баш игли...“ пелтечи момчето. Џејми има само 13 години. Татко му го брани: „Се плаши од игли“. Она што таткото на Џејми не го знае е дека неговиот син се плаши од игли, но не и од ножеви. Само неколку часа претходно, Џејми со ...

Северна Македонија сѐ уште го анализира економското значење на новите царини на САД, но за нас е исто така важно и политичкото значење на овој чекор на Белата Куќа, во услови кога нашата надворешна политика речиси сите карти ги фрли на партнерството и сојузништвото со новата администрација предводена од Доналд Трамп. Меѓутоа економските промени што ги испорача Вашингтон на глобален план, а кои ја погодија и нашата земја покажаа дека ...

По рускиот ракетен напад врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски, украинските власти известуваат за бројни загинати и повредени. Според тие информации, најмалку 18 лица загинале во нападот на станбена населба во Кривиј Рих. Меѓу жртвите има и девет деца, напиша регионалниот гувернер Серхиј Лисак на Телеграм. Според него, повредени се повеќе од 60 лица. Смртоносниот напад е уште еден доказ дека Русија „не сака прекин на огнот“, ...

Полицијата на босанските Срби во петокот (4 април,2025) протера висока функционерка на германското Министерство за надворешни работи од Република Српска (РС), српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, по состанокот со опозициските групи. Германската државна секретарка за европски прашања, Ана Лирман, изјави дека претставниците на лидерот на РС, Милорад Додик, ѝ се заканувале со „насилство“ во главниот град на ентитетот, Бања Лука. Во објава на ...

Големата депресија - така се нарекува тешката економска криза во САД, која започна на „црниот четврток“ на 24 октомври 1929 година со невиден пад на берзата. Ја парализираше целата глобална економија во текот на 1930-тите. Денот откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе невидени царини за речиси сите важни трговски партнери е исто така четврток. Долгогодишниот генерален директор на Светската трговска организација, Роберто Азевдо, ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова вчера ја посетила Универзитетската болница „Пирогов“ во Софија, каде што се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани. Во разговорот со министерот за здравство, д-р Силви Кирилов, со заменик-директорот на болницата, д-р Николај Габровски и со раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, д-р Маја Аргирова, Сиљановска била информирана дека ...

„Срцето ми се кине, луѓето не треба да се третираат на овој начин. Работевме толку напорно за ТисенКруп“, вели Хелмут Ренк за ДВ. Тој е претседател на работниот совет во фабриката ТисенКруп во Кројцтал-Ајхенау, која треба да биде затворена. Овој 62-годишник работел повеќе од 40 години во таа фирма, исто како и неговиот татко, а сега и неговиот син. Многумина се чувствуваат како Ренк, вели Улрике Холтер од синдикатот IG Metall Ruhrgebiet ...

Тонот што одекнуваше во зборовите на Карстен Бројер звучеше поалармантно од порано. Генералниот инспектор на Бундесверот пред две недели беше гостин во ток-шоуто на Сандра Мајшбергер на АРД. Водителката го праша дали Западот може да здивне по евентуалниот прекин на огнот во Украина. Бројер реагираше претпазливо согласност неговата позиција, но сепак невообичаено јасно: Не, нема одмор. За рускиот претседател Владимир Путин, тој рече дека не ...

Неколку недели по еколошката катастрофа во Крива Паланка уште се бараат одговори за хаваријата во рудникот Тораница, но и се отвора прашањето околу кривичната одговорност. „Еколошкиот инцидент во рудникот Тораница нема да остане на половина пат и целосно ќе биде расчистен и ќе има правна разрешница“, вели директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска. Според А интегрираната дозвола што ја има рудникот, не смеело да ...

Како и што се очекуваше, американскиот претседател Доналд Трамп на 2 април најави нови царини кои ќе ги погодат подеднакво и најблиските сојузници на земјата како Јужна Африка, и противниците како Кина. На церемонија во градината на розите во Белата куќа, Трамп рече дека овој ден „засекогаш ќе биде запаметен како денот кога американската индустрија се прероди“. Тој додаде дека давачките ќе донесат трилиони долари „за да се намалат даноците и ...

Мобилизација на сите напредни поединци и структури кои можат да дадат придонес на патот за развој на Северна Македонија, национален консензус за клучните прашања за државата и формирање на работни групи за реформските решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок - се главните задачи за во иднина коишто произлегоа од средбата на Илинденска, каде на заедничка маса седнаа премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и првиот ...

„Денот на Ослободувањето“ и царините кои Трамп ги наметнува на целиот свет ни даваат точна пресметка колку само економски ќе не чини промашената идеологија и популизмот на некогаш најстарата демократија, а денес авторитарна држава под новата администрација. Станува збор за своевидно цунами кое ќе допринесе за економската несигурност и кое може да ги растури постоечките сојузи, да отвори нови конфликти и да ги упропасти „Global Supply Chains" ...

Поминаа само неколку недели од изборите за Бундестагот одржани на 23 февруари, а според последната анкета на „Дојчландтренд“ на јавниот радиодифузен сервис АРД, поддршката за партиите значително се промени. Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ), кои освоија најмногу гласови на изборите, 29 отсто, сега имаат поддршка од 26 отсто. Во исто време, десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД), која го освои второто место на изборите со 21 отсто ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во седиштето на НАТО во Брисел со порака која требаше да ги смири нервозните министри за надворешни работи на земјите од Алијансата, но и со цврсти инструкции за нив: тука сме за да останеме, а сега двојно зголемете ги вашите трошоци за колективна одбрана. „САД се активни во НАТО како и секогаш“, им рече Рубио на новинарите, стоејќи до генералниот секретар на НАТО Марк Руте на почетокот на ...

Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп го брануваат светот, а несомнено ќе се одразат и на Македонија. Македонската Влада смета дека одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз домашната економија, но сепак имаат подготвен план за надминување на ситуацијата. „Станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, ...

Германија има потреба од работна сила. Најмалку 400.000 годишно, велат експертите. Една од можностите преку која овие луѓе можат да дојдат во Германија е таканареченото правило за Западен Балкан. Меѓутоа, под новата влада, ова правило може да биде значително ограничено, пишува германскиот весник Тагесцајтунг. Во моментов, преку ова правило, работници од Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија можат да дојдат во Германија за да ...

Првата средба на премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозицијата Венко Филипче, по изборот на новата Влада, резултираше со конкретен договор. Филипче вели дека е договорено да се формираат заеднички работни групи кои ќе работат на усвојувањето на реформската агенда и првичните закони кои треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, енергетиката и здравството. Тој по средбата на „Илинденска“ оцени дека разговорите поминале ...

Триесет и три отсто (33%) ќе изнесуваат новите реципрочни тарифи на САД кон Македонија, односно половина од 65-те отсто царини од Македонија кон САД. Тоа стои на табелите за „реципрочни тарифи“ кои вчера ги презентираше американскиот претседател Доналд Трамп. На нив се прикажани царините што другите земји им ги наметнуваат на САД и реципрочните тарифи што тие ќе ги воведат. Американскиот претседател претходно го прогласи втори април за „Ден ...

Многу земји се на удар од новиот пакет царини на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и членките на ЕУ. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен се огласи со критика оценувајќи го потегот на Трамп како „тежок удар за глобалната економија“. Царините според неа ќе имаат ужасни последици за милиони луѓе на планетава, оцени таа при посета на узбекистанскиот град Самарканд. Земјите-членки на ЕУ веќе работат на „нов пакет“ ...

Стратешкото партнерство со САД е зачинето со солени царини, по најновата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на нови давачки кои не ја заобоколуваат ниту Северна Македонија. Трамп одлучи на земјата да ѝ воведе царини од 33%, што според неговите пресметки е половина од 65% македонски царини за американски производи увезени во државата. На тој начин „од први во редот“, жителите на Северна Македонија се соочија со тоа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови далекусежни царини „за земјите ширум светот“, кои силно ќе ја погодат и Европската унија. Претседателот потпиша соодветен декрет. Тој предвидува нови паушални царини од десет проценти за најголемиот дел увози во САД. За многу земји ќе важат повисоки казнени давачки во зависност од нивниот трговски дефицит, порача Републиканецот во Белата куќа. Нови царини од 20 отсто се планирани и за стоки ...

Со почеток во 12.05 часот, членовите на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Синдикатите здружени во ССМ ја отворија јавната седница пред Работничкиот дом во Скопје, која продолжи пред Собранието, Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикатот пред Собранието и пред Владата на Северна Македонија упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра. Исто така, беше ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.51
90%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
78%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Калај

43.91