
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Британскиот премиер Кир Стармер денеска (1.08) ги повика шефовите на полицијата на итен состанок по безредијата кои се случија по нападот со нож во кој беа убиени три девојчиња во Саутпорт во северозападна Англија. Нападот врз децата ја шокираше земјата во која насилството со употреба на нож е долгогодишен проблем. Трагедијата ја искористија припадниците на екстремната десница за да предизвикаат гнев против мигрантите и муслиманите, иако ...
Пожарите коишто го зафатија источниот дел на Северна Македонија предизвикаа пустош на планините. Битката со огнената стихија сè уште трае, а опасноста од нови жаришта демне на повеќе локации. Временските услови не им даваат оддишка на пожарникарите кои веќе неколку недели водат битка со огнот. Изминатото деноноќие имаше вкупно 43 пожари, од кои девет се активни, четири се под контрола и 30 се изгаснати, информираше Центарот за управување со ...
Северна Македонија страда поради спорови со нејзините соседи, што е еден од проблемите за пристапување во ЕУ и влијае на менување на условите постојано, рекол помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан на сослушување за иднината на Европа пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот. Тој бил прашaн од демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин - што можат САД да направат повеќе за да ги охрабрат ...
Убиствата на двајца лидери на Хезболах и Хамас, милитантни групи кои уживаат поддршка од Иран, ги зголемија тензиите на Блискиот Исток. Кели Петило, истражувач за Блиски Исток при Европскиот совет за надворешни односи, вели дека двете убиства со голем интензитет ќе се одразат на целокупниот регион. „Прерано е да се каже какви ќе бидат резултатите, но ќе има повеќекратен одек на полошо“, оценува таа за ДВ. Петило објаснува дека убиствата на ...
Со кош и баскет на глава на натпреварот во кошарка 3х3 помеѓу Летонија и Литванија на Олимписките игри во Париз. Победник беше Летонија, а радоста на навивачите, како на човекот на оваа фотографија - неизмерна. Кошарката 3х3 е варијанта во која на полето се по тројца играчи од секој тим и за разлика од кошарката со по пет играчи, се игра на еден кош. Кошаркарската федерација ФИБА направи проба со овој вид натпревари во 2007 година во Азија, а во ...
Варшавското востание, кое започна на 1 август 1944 година и заврши со капитулација на востаниците по 63 дена жестоки борби, се смета за основачки мит за независната полска држава (или мит на кој почива независната полска држава). Тоа ја симболизира желбата за слобода и борбениот дух на Полјаците против окупацијата и тоталитаризмот. По Втората светска војна, германските политичари не беа добредојдени на комеморациите и на годишнините од ...
Унгарија издава „национални картички“ на апликантите од Русија и Белорусија од 9-ти јули. Тоа не се шенген визи, туку работни дозволи и дозволи за престој кои важат за Унгарија. Секоја земја-членка на ЕУ може да издава такви „национални дозволи“. Вакви „национални картички“ Унгарија издава и на граѓани од Украина, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Апликацијата може да ја поднесат луѓето од овие осум земји ...
Додека состојбата со пожарите низ Северна Македонија е алармантна и загрижувачка, партиите се препукуваат кој е виновен за ваквата состојба. Според опозициската СДСМ, лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите изминатите денови. Според партијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, покажал неспособност да ја координира активноста на ...
Според милитантната исламистичка палестинска организација, лидерот на Хамас Исмаил Ханија бил целно убиен во иранскиот главен град Техеран во средата наутро. Хамас зборува за „предавнички ционистички напад“ врз домот на Ханија во Техеран. Таа го обвини Израел за делото и оцени дека ова е „сериозна ескалација“. Со убиството на Исмаил Ханија, Хамас го загуби својот најважен лидер надвор од Појасот Газа. Ханија со децении беше дел од исламистичката ...
Хеликоптери од Србија и Чешка и ер трактори од Германија ќе се вклучат во гаснењето на пожарите коишто го зафатија источниот дел на Северна Македонија. Центарот за управување со кризи информира дека е обезбедена меѓународна помош за гасење на пожарите со помош на ЕУ механизмот на цивилна заштита. На располагање ќе бидат ставени еден хеликоптер од Србија - Agusta Bell 212, кој веќе пристигна на скопскиот аеродром и хеликоптер од Чешка (Black ...
Одамна е јасно: германскиот парламент Бундестагот е преголем, бидејќи има премногу пратеници. Германската влада сакаше да го промени тоа. Затоа таа минатата година до Бундестагот ја поднесе реформата на Изборниот закон, која потоа беше усвоена. Целта на реформата беше да се намали бројот на пратеници на Долниот дом на германскиот парламент. Во него моментално седат 733 пратеници. Сепак, целта е тие да бидат 630. Пратеничките групи на ЦДУ/ЦСУ, ...
Високите температури и силниот ветер донесоа нови стравувања од големи пожари во Северна Македонија. Во земјата се активни околу 30-тина пожари, меѓу кои и огнената стихија која што што избувна кај депонијата во Дојран. Се врши евакуација на локалното население и засега нема повредени лица. Поради ветрот, огнот брзо се шири кон околната населба. Зафатени се неколку куќи, коишто се оштетени. Топлото време и силниот ветер го отежнуваат ...
Деновиве „експлодираше“ едно интервју на некогашна обвинителска ѕвезда која се наоѓа во казнена установа. Па си замислувам како ја гледал обичен граѓанин кој чека правда. Обвинителката насмеана, радосна, спокојна, весела, не се жали на животот меѓу затворските ѕидови. Гледачот, занемен, нерасположен, со гнев кон правната држава и разочаран од незадоволената правда. Обвинителката е обврзана со изјава за доверливост која, вели, многу ја почитува и ...
Високите температури во Франција, која е домаќин на Олимписките игри, ги натераа овие полицајци, задолжени за безбедноста во текот на Олимпијадата, да побараат разладување директно покрај Басен ла Вилет во Париз. Со должина од 8000 метри и широчина од 70 метри Басен ла Вилет е најголемата вештачка водена површина во Париз, која поврзува два канала. Долж Басен ла Вилет од 6 јули до 8 септември годинава може да се ужива во анимациите на летната ...
Израелскиот кабинет за национална безбедност донесе одлука. Тој ги овласти премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант „да одлучат за начинот и времето на дејствување против терористичката организација Хезболах“, му соопшти кабинетот на израелскиот премиер во неделата доцна вечер. Нетанјаху ѝ се закани на проиранската милиција дека ќе плати „висока цена“. Со ова Израел реагираше на ракетниот напад на фудбалски терен на ...
Изгубен човечки живот и дел изгорени куќи во 12 села, е билансот од вчерашните пожари кои го зафатија целиот источен дел од земјата. Возрасно лице се задушило од чад во пожарот што го зафатил кумановското село Кокошиње, а неговата сопруга била успешно евакуирана, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. „Гореше целата Источна Македонија“, рече тој. Вчера имало вкупно 41 пожар на отворено и во шуми. ...
Децата се најчести жртви во мрежата на трговците со луѓе. И покрај тоа што децата-жртви на трговија со луѓе често остануваат неоткриени и непријавени, податоците од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, што опфаќаат две децении (2001-2021), покажуваат дека 70 отсто од жртвите во Северна Македонија се токму деца. Просечната возраст на децата жртви во земјата е 15 години. Најчесто станува збор за девојчиња ...
Германската економија во вториот квартал изненадувачки се намали, бруто домашниот производ падна за 0,1 отсто од април до јуни во однос на претходниот квартал, како што објави денеска Сојузниот завод за статистика. Особено се намалени инвестициите во опрема, како што се машини и згради. „Неочекуваниот пад на бруто домашниот производ од 0,1 отсто во вториот квартал уште еднаш покажува дека не може да стане збор за значителен економски подем во ...
Македонското Министерството за дигитална трансформација со резерва гледа на обвинувањата на Венецуела дека Македонци го хакирале системот за пренос на податоци, со што влијаеле на изборите во оваа јужноамериканска земја. Министерот Стефан Андоновски бара докази за ваквите обвинувања. „Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за ...
Поради поинакво толкување на историјата, Русија денес води војна со Украина. Поради различното толкување на историјата во регионот Македонија, Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Поради своето толкување на историјата, Грција бараше за себе речиси три децении „ексклузивно право” на името Македонија. Германскиот филозоф Карл Јасперс, поучен од горчливото искуство на двете светски војни во дваесеттиот век, сметаше ...
Резултатот од претседателските избори во Венецуела ја погоди опозицијата како шлаканица. Во понеделникот вечерта (29.07), изборната комисија ЦНЕ, контролирана од владата, го прогласи актуелниот претседател Николас Мадуро за победник на претседателските избори. Мадуро, кој е на власт од 2013 година, се наведува дека добил 51,2 отсто од гласовите на изборите во неделата, додека заедничкиот опозициски кандидат Едмундо Гонзалес добил 44,2 насто од ...
Клучната реченица беше најмалку спектакуларниот момент во невидениот спектакл. „Ги прогласувам Игрите во Париз за отворени, во чест на 33-та Олимпијада на модерната ера“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во 22:53 часот во петокот вечерта (27 јули) на Трокадеро спроти Ајфеловата кула. Вкупно 320.000 гледачи на 124 трибини ја овозможија убедливо најголемата забава во историјата на Олимписките игри - и покрај континуираниот дожд. Сè што ...
На сликите од погребот на дванаесетте убиени деца од Маџдал Шамс, може да се видат многу мажи во црни одежди и со висок бел фес на главите - ова се свештеници од верата Друзи. Нивниот водач во Израел е шеикот Мовафак Тариф. За време на еден разговор во февруари, тој зборуваше за тоа колку жртви претрпела неговата верска заедница во војната во Газа. „Во сегашната војна, повеќе од десетина наши млади луѓе беа убиени додека служеа во вооружените ...
Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска од Штип ја најави можноста за проширување на т.н. „црна листа“. Таа при посетата на касарната „Јане Сандански“ рече дека има повеќе имиња и случаи коишто се разгледуваат во моментот. „Црната листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере и да се достават на разгледување ...
Министерството за надворешни работи во првото полугодие на годинава издало повеќе од 80 илјади визи за лица кои сакаат да работат во Германија. Речиси половината од нив се стручна работна сила, како што дознава новинската агенција ДПА од извори во Министерството. За споредба, минатата година во истиот период биле издадени околу 37 илјади визи, а на ниво на цела година преку 157 илјади работни визи, од кои 79 илјади за стручна работна сила. ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека граѓаните кои имаат бугарски пасоши ќе ги искинат првиот ден откако земјата ќе стане дел од Европската Унија. Според него, бугарскиот пасош не се зема за некој да стане Бугар, туку тоа се прави од чисто економска причина, со цел полесно да се најде работа во земјите членки на ЕУ. Тој во понеделникот во Скопје (29.07) одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од македонските граѓани да се откажат од ...
Едно лице е уапсено за саботажа на брзата железница во Франција на денот на отворањето на Олимпијадата. Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, изјави дека постои сомневање дека екстремни левичари стојат зад нападот на железничката инфраструктура. Дарманен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека во неделата во Сен Маритим е уапсен ултралевичарски активист, под сомнение дека извршил саботажа на железницата. Уапсеното лице во ...
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши се најде под лупа на охридската полиција која што поднесе кривична пријава против него за попречување на правдата. Според полициското соопштение, тој на 07.05.2024, од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот ...
Коалицијата „Вреди“ од албанскиот блок ја разбранува политичката сцена со идејата за формирање на паралелна Албанска академија на науките и уметностите, која што не наиде на поддршка кај останатите коалициони партнери и кај опозицијата. Тие речиси во еден глас деновиве порачаа дека науката не треба да се поларизира и етнизира, а МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Ова е ...
СДСМ критикува дека ВМРО-ДПМНЕ го вратила процесот на ЕУ- интеграции 10 години назад, ДУИ ја повторува неопходноста од уставни измени и евроинтеграција преку почитување на Преспанскиот, Охридскиот и договорот со Бугарија, а од Вреди се уверени дека во првите 6 месеци од новата Влада ќе се најдат модалитети за решавање на уставните измени. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е дециден - не прифаќа рокови и ултиматуми. „Со рокови и ултиматуми не ...