Пристигнато е писмо со намери од унгарскиот оператор 4iG Групација, ја информирал Владата министерот за транспорт Александар Николоски, во однос на владиниот став за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија. Оваа информација што ја објави владината прес -служба по вчерашната седница на Владата - не е изненадувачка. Николоски уште на почетокот oд јули во објава на Фејсбук најави дека ...

Најголемиот предизвик на Христијан Мицкоски секако не е СДСМ. Не се ни ВЛЕН и притаените груевистички Јунис Брутуси со раце зад грб во Белата Палата. Тој би сакал да не убеди во спротивното, но предизвикот не се ни ДУИ, ни Грците, Бугарите. Неговиот најголем предизвик и сабјата врз глава е неговата предвидливост која го следи уште од дипломатското предупредување „навистина би купиле половен автомобил од овој?!” Елем, што воопшто има кажано, кој ...

На крајот на јули германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги посети Хаваите. Далеку од сѐ поинтензивната ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток. Во Пацификот два германски воени брода, меѓу кои и фрегатата Баден-Виртемберг, учествуваа во воен маневар. Иако беше многу далеку од конфликтот во медитеранскиот регион, влошувањето на ситуацијата меѓу Израел, Палестинците и Иран го преокупираше министерот за одбрана и на Хаваите. Во ...

Откако голем број земји ги повикаа своите граѓани итно да го напуштат Либан, или како што соопшти американската амбасада во Бејрут - да се купи „секој достапен билет“, се зголемија гужвите на меѓународниот аеродром Рафик Харири, единствениот оперативен комерцијален аеродром во земјата. Тој се наоѓа во јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут. Шведска, Велика Британија, Германија, Франција, Јордан и Саудиска Арабија објавија слични ...

Смртта на една од двете слоници во скопската зоолошка градина предизвика голем интерес во јавноста. Граѓаните и партиите бараат одговори од надлежните што се случува во Скопје ЗОО, особено откако за случајот се дозна од видео коешто кружеше на социјалните мрежи од транспортот на починатата азиска слоница Дуња до депонијата Дрисла. Во недостиг на официјални информации, тоа предизвика бројни реакции во јавноста и ги подгреа шпекулациите дека се ...

Радикалната исламска организација Хамас има нов политички лидер. На таа функција е поставен Јахjа Синвар, потврдија од палестинската организација. Тој на чело на политбирото на Хамас ќе го наследи Исмаил Ханија, кој беше убиен во минатонеделниот израелски напад во Техеран. Синвар се смета за организатор на терористичките напади кои Хамас ги изврши на 7 октомври минатата година во јужен Израел. Таа операција беше причина за почетокот на војната ...

Како медиумска бомба детонираше изјавата на премиерот—подоцна поткрепена со потврда од страна на министерот за внатрешни работи—дека политичка партија во Македонија, во случајов ДУИ, подготвува безбедносна дестабилизација. Сериозни обвинувања, изнесени од најупатените извори. Во било кои други околности, тоа би било нуклеарен потрес на политичката сцена: наводи за рушење на уставниот поредок на државата, се, по правило, повод за подигање на ...

Најновите статистички податоци укажуваат на нов скок на трошоците за живот во Северна Македонија, што влијае и на инфлацијата. Во екот на летото, изгор цените во рестораните и хотелите, високите трошоци за транспорт, лекување и домување само го одржуваат високото ниво на инфлација. Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3.0 %, а цените на мало за 3.9 %, соопшти Државниот завод за статистика. ...

Северна Македонија веќе месец и половина се соочува со големи огнени стихии коишто ги пеплосаа планините. Последните десетина дена беа особено тешки за пожарникарите, коишто се соочуваа со повеќе жаришта на непристапни терени, а ветрот и топлото време им ја отежнуваа битката со огнот. Само во јули се регистрирани дури 620 пожари, а изминатите десет дена избувнаа 66 нови пожари. Гори на неколку локации Вкупно 41 пожар на отворен простор низ ...

Во моментов Камала Харис сѐ уште е потпретседателка. Но, откако претседателот Џо Бајден ја повлече својата кандидатура за изборите на 5 ноември, таа е и демократска претседателска кандидатка. А тоа значи дека и самата има потреба од партнер за трка. Во вторникот (6.08) американските медиуми објавија дека оваа задача ќе ја преземе Тим Волц, демократскиот гувернер на Минесота. Малку подоцна, Харис на платформата Х напиша дека е горда што може да ...

Битка против мајоризација, кревање политичка врева за да не падне „работната температура" во ДУИ или реална опасност од дестабилизација? Прашањето се реактуелизраше по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, оти има информации добиени по повеќе канали дека раководството на ДУИ, во обид да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години, ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата оваа есен. На оваа изјава ...

Никој не знае што се зборувало зад затворени врати во Мала Речица вечерта меѓу 6 и 7 јуни кога требаше да се донесат измените на Законот за организација и работа на органите на државна управа предложен од Мицкоски, но епилогот беше добро познат: ДУИ му обезбеди на ВМРО-ДПМНЕ двотретинско мнозинство овозможувајќи глатко да поминат тие измени и што е уште поважно да не се обрука новата власт на стартот на владеењето со немање сила да го протне ...

Камала Харис е кандидатка на Демократската партија за американски претседател во ноември годинава и ривал на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Веројатно бидејќи таа е мета на можеби најголемото количество лаги и клевети против некој претседателски кандидат досега забележани во Соединетите Американски Држави. Меѓу другото, се тврди дека работела како проститутка, односно дека ги нудела своите „услуги“ на политичарите за да напредува во ...

По големите загуби во понеделникот (5 август) и берзанскиот шок во Азија, но и во други делови на светот, негативниот тренд не продолжи во вторник во првите утрински часови од тргувањето со хартии од вредност на европските берзи. Најзначајните берзи на почетокот на денешното работење забележаа благо закрепнување по „црниот понеделник“. Во Лондон индексот ФТСЕ 100 порасна за 0,5% на 8050,58 поени. Во еврозоната парискиот индекс CAC 40 порасна за ...

Припадник на македонската полиција е уапсен во рамките на меѓународна акција за сузбивање на фалсификатори на пари. Станува збор за 34-годишен ресенчанец, вработен во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, којшто бил уапсен во Косово во понеделникот (05.08) во заедничка акција на македонската и косовската полиција. Како што соопшти Еуроправда, тој е осомничен дека изработил околу 2 милиони лажни монети од 2 евра, кои требало да ...

Најавите за постоење на опасност од план за дестабилизација на земјата наесен ја разбрануваа политичката сцена. Темата ја наметна деновиве премиерот Христијан Мицкоски кој во интервју за „Фокус“ викендов рече дека „ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава“. Повикувајќи се на информации добиени од повеќе канали, тој на прес-конференција во Владата во понеделникот ...

Опозициските партии бараат политичка одговорност од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот којшто се случи на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а во којшто учествувал и припадник од обезбедувањето на Гаши. Откако полицијата поднесе пријава и покрена дисциплинска постапка против началникот задолжен за обезбедување на собранискиот спикер, СДСМ порача дека мора да има одговорност и за Африм Гаши. ...

Полицијата со дронови и со термални камери ќе ги открива подметнувачите на огнените стихии, коишто веќе неколку недели дивеат во Северна Македонија, предизвикувајќи огромни штети. Пожарите ги пеплосаа шумите на повеќе локации, а огнот зафати и десетици домови во планинските села. Според сознанијата на надлежните, дел од пожарите се намерно предизвикани, поради што се преземаат мерки за откривање на пироманите. Полицијата започна акција „Пожар ...

Во Велика Британија повторно дојде до безредија предизвикани од радикални групи. Во насилните безредија на десни екстремисти во градот Плимут повредени се повеќе полицајци. „Преземаме мерки против лица кои имаат криминални намери“, соопшти полицијата. Во Плимут се уапсени шест лица, а неколку полицајци, како што е сооппштено, се здобиле со полесни повреди. Би-Би-Си јави дека е демолиран полициски автомобил. На демонстрантите им се спротивставија ...

Инцидентот на скопскиот аеродром, поврзан со косовската претседателка Вјоса Османи нема да ги наруши дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Косово. Напротив, премиерите на двете земји - Христијан Мицкоски и Албин Курти денеска (05.08) во Скопје порачаа дека очекуваат односите да добијат нов импулс во иднина. „Да оставиме да се обелодени целата ситуација. Јас сум голем оптимист за иднината“, рече Курти на прес-конференција во Владата. ...

Премиерката Шеик Хасина (76) наводно имала само 45 минути да се спакува и да го напушти Бангладеш. Ова го пренесува индиската ТВ станица НДТВ. Нејзиното 15-годишно владеење заврши ненадејно и драматично. Се вели дека војската ѝ дала ултиматум - по неколкунеделни масовни студентски протести и ескалација на насилство. Кога се дозна за заминувањето на Хасина во соседна Индија, на улиците на главниот град Дака и другите поголеми градови владееше ...

Секогаш кога новата власт ќе направи грешка или ќе се соочи со сериозен проблем, кои се случуваат секој ден во кусото владеење со катастрофален старт, премиерот Христијан Мицкоски ќе фрли една медиумска бомба да го одвлече вниманието на друга страна. Што поголема грешка, толку поголема лажна експлозија. Последниот обид да се прикријат катастрофалните потези на владата во низа, додека гори од пожари цел месец државата, е дека ДУИ подготвува ...

Кучето Расти е концентрирано на целта – овој пат тоа не е сладок залак или некоја играчка, туку џуџестиот пинчер јава на бран на Светското првенство за кучиња во сурфање. Да, постои и такво нешто – првенството во сурфање за кучиња се одржа во калифорнискиот град Пацифика. Кучињата таму се оценуваат според стилот, умешноста и упорноста, односно колку долго можат да се задржат на штицата. Настанот служи и за собирање на донации за локалните домови ...

Сонцето пече на стариот воен аеродром Ѓадер. Температурата е над 30 степени. На ридот во близина тлее шумски пожар, облаци од чад го заматуваат инаку синото небо. Градилиштето во италијанскиот камп за азиланти што се гради во албански Ѓадер е во мирување поради жештините, како што налага италијанскиот закон за работни односи. И тоа важи и овде, бидејќи Албанија ѝ ја даде воената област на Италија. За кампот со контејнери не е потребна дури ниту ...

Онаму каде што е политиката, тука е и храната, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, објаснувајќи дека негова авторка оди по стапките на политичарите и пробува јадења кои тие ги јаделе за време на нивните посети на одредени земји. Во најновиот текст од оваа серија авторката Фридерике фон Хаупт пишува за посетата на Скопје и баклавата која ја јадела во Старата чаршија, онаму каде пред нецели две години седеа германскиот ...

„Новак Ѓоковиќ е мајстор за совладување на противниците. Но, оваа недела во пет часот попладне дојде време кога и самиот српски тениски професионалец беше совладан - од силата на моментот“, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Ѓоковиќ клечеше на теренот на комплексот Филип Шатрије, телото му се тресеше, очите му беа полни со солзи. Откако стана, прво грабна пешкир за да си го избрише лицето, а потоа го зеде државното знаме и му покажа на ...

Премиерот, Христијан Мицкоски смета дека Демократската унија за интеграција на Али Ахмети претставува закана за мирот и безбедноста на државата. Повикувајќи се на информации добиени од повеќе канали, тој на прес-конференција во Владата рече дека раководството на ДУИ, во обид да го заштити капиталот што го создавале во изминатите дваесетина години, ќе преземело чекори за дестабилизација на државата. „Ние како влада имаме право да го браниме ...

Премиерот на Косово, Албин Курти, придружуван од министри денеска доаѓа во официјална посета на Северна Македонија на средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. На дневен ред во разговорите ќе бидат билатералните односи на двете земји, регионалната соработка и инфраструктурните проекти од интерес на двете држави. Оваа посета не е поврзана со минатонеделниот инцидент со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, бидејќи ...

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сопре солзите кога падна на колена на црвената глина и потоа на трибината ја прегрна ќерка си Тара и останатите од неговата фамилија. Две децении Србинот се трудеше да дојде до титулата олимписки победник, единствениот успех кој му недостигаше во импресивниот животен пат. „Мојата сложувалка во кариерата сега е комплетна“, рече Ѓоковиќ по успехот во финалето. „Преблагодарен сум за благословот што го освоив ова ...

По некодневна битка со огнените стихии во околината на Охрид, пожарот кај Косел, Расино, Опеница и Вапила е ставен под контрола, но хеликоптери и понатаму ги облетуваат опожарените подрачја северно од Охрид, црпејќи вода од езерото и гасејќи го огнот којшто ја опустоши шумата. Градот со денови е обвиткан во облаци со прашина, а тешка миризба на чад се чувствува и во текот на денот и во вечерните часови. Пожарите се гаснат и на земја и од воздух ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 16ᴼ
2.06
70%
1021
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
1.54
70%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
68%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.52
63%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
89%
1024
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
56%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
34%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.66
36%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
68%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
9.77
56%
1013
Currency

61.525

Currency

52.5197

Currency

72.0328

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75