Група граѓани и изутрината ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци” во Скопје, како продолжение на протестите што се организираат секојдневно во изминатите недели со цел решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште. Протестот се најавуваат и во наредните денови – секое утро од 7.30 до 8.30 и попладне во 18 часот. „Немаме политичка, партиска агенда. Сакаме да живееме во здрава средина”, порачаа учесниците на собирот. Граѓанскиот ...

Ако во рок од пет дена од испраќањето на барањата не се добие одговор со конкретни мерки што ќе се преземаат во однос на депонијата Вардариште, протестите ќе бидат проширени со истовремени блокади и на други крстосници. Се бара затворање на Вардариште веднаш, 24 часовно обезбедување на депонијата, оградување, забрана за одложување на отпад, дислокација на тие 200 луѓе кои живеат таму и нивно соодветно згрижување на друго место. Започнување со ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ветува дека по изборите ќе ги отстрани депониите од населени места и нема да дозволи отпад да останува во блиските населени точки. Тој нагласи дека нема да прифаќа изговори за лиценци или одговорност на други институции — одговорноста, рече, ќе биде на локалната власт и на оние што управуваат со отпадот. Георгиевски објасни дека постојат јасни локации каде треба да се сместува отпадот — ...