Дваесет и четири годишниот Н.Ц од Радовиш, вчера, во 22:25 часот, на улица „Димитар Влахов“ во Велес бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата. Н.Ц управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола а при прегледот од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана. Од СВР Велес додаваат дека бил ...

Деветнаесет годишниот Б.Л од Белгија, вчера, на 24 јуни, во 22:50 часот бил лишен од полициски службеници од СВР Велес по претходна пријава од 44 годишната Ф.С од село Бузалково која објаснила дека во близина на продавница во селото Б.Л му се закнувал на нејзиниот малолетен син. -Б.Л. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, пишува во дневниот билтен на СВР Велес. Денеска, на 25 јуни, ...

Под влијание на исклучително нестабила воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град, соопшти УХМР. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време. УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични ...

Делата кои беа дел од тематскиот стрип на национално ниво беа изложени во просториите на уметничката Галерија Тетово како дел од грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE”. На изложбата биле доделени дипломи и сертификати за учениците, менторите и училиштата од Тетово коишто биле вклучени во грантот. -масовноста прокламирана на конкурсот(263 пријавени ученици) како и посетата на изложбата во Тетово е доказ за исправноста на заложбата ...

Зелениот Договор на Европската Унија е во центарот на вниманието како важен стратегиски план за борба против климатските промени и заштита на животната средина. Но додека владите и институциите играат клучна улога во имплементацијата на овие стратегии, граѓанските активисти допринесуваат во осигурувањето на нивната успешност. Граѓанските активисти се срцето и душата на промената кон зелено општество. Тие се посветени на промена, работејќи со ...

Триесет и три годишниот Ѓ.Д се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто се случила вчера, во 17:50 часот, во село Иванковци на улица „Партизанска“. Поточно, сообраќајната незгода била помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управуван од малолетник и мотоцикл којшто бил управуван од повредениот маж, двајцата од село Иванковци. Ѓ.Д после 18:00 часот бил пренесен во Општа болница Велес кадешто ...

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, во 17:50 часот, во Градско, во близина на локалитет Стоби ги лишеле од слобода четириесет годишниот Е.С и осум години помладиот Н.А двајцата од Прилеп. Тие од викендица којашто се наоѓала во близина на локалитет Стоби, во сопственост на шеесет и едно годишниот С.С од Скопје одзеле повеќе предмети кои подоцна биле пронајдени и вратени на сопственикот. -При извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и ...

Со многубројни награди осовени во нашата држава но и надвор од нејзините граници, аплаузи, насмевки и дружење се стекнаа културните амбасадорки на Велес, членовите од балетско студио Анабела. Затоа успешната година решија да ја заокружат и со годишен концерт во својот град. Сто и десет анабелки од три до 17 годишна возраст, на сцената на велешкиот театар го одржаа својот годишен концерт и приредија дво часовно уживање за секој присутен. Тие ги ...

По иницијатива на Полициска станица од Општа надлежност Велес и Отсек за превенција при СВР Велес, вчера, во просториите на секторот била реализирана работна средба за превентивно делување и спречување на пожари коишто во изминатиот период се чести и во поширокиот велешки регион. На средбата биле присутни преставници од Територијалната противпожарна единица Велес, Регионален центар за управување со кризи Велес, Дирекција за заштита и спасување ...

Автор: Убавка Јаневска Во Велес, последниот таков обид беше поврзан со десетиците партиски активисти на СДСМ, на чии лажно искреирани профили се објави веста за смртта на кандидатот за пратеник на СДСМ, доктор Зоран Арсовски, и тоа во време на официјалната кампања на парламентарните избори. Педесет лажни профили, за пет години, со личните податоци на Горан Стојановски, актуелен градоначалник на Општина Чашка, го преплавуваа Фејсбук. На нив се ...

Велешанецот Атанас Крлевски до Дума.мк испрати нова фотографија на којашто е прикажана една зграда која се наоѓа на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес. Тој за фотографијата вели: – Велес има, во архитектонски поглед, многу убави згради. За Дума.мк една од повеќето на најубавата велешка улица ,,Благој Ѓорев“, додава Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил ...

Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ во текот на вчерашниот ден, на својата фејсбук страна соопшти дека поради технички причини на системот за електронски упис сите заинтересирани ученици кои не успеале да се пријават преку системот, тоа да го направат лично во училиштето. Проблем со функционирањето на аплиакцијата school.mk на МОН, во четвртокот, на првиот уписен ден, имаа и ССОУ „Димитрија Чуповски’ како и СОУ „Јовче Тесличков“ ...

Во просториите на Министерство за култура и туризам, денеска во 10 часот, беше извршено примопредавањето на должноста министер за култура помеѓу досегашната министерка Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков. Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни ...

Пеколните температури коишто деновиве достигнаа и до 40 степени се причина за зголемената потрошувачка на вода. Резервоарите во градот се постојано полни со вода, но во ударен термин, поточно од 19:00 до 23:00 часот се случува најголемото испумпување на количини вода што се трошат. Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ велат дека поторшувачката на вода од водоводниот систем е покачена до тој степен што доаѓа до нагло празнење на резервоарите ...

Пеколно жешкото време и сушата ги извадија змиите надвор од лежиштата во земјата. Овој јуни, забележано е зголемено присуство на змии не само на територијата на општината туку и во државата. Граѓаните треба да се внимателни како при прошетки во природа така и при движење во населени места или во град. Нема потреба од паника кога се забележува змија туку од претпазливост бидејќи змиите касаат доколку бидат нагазени, наседнати или вознемирени. ...

Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, за вчерашниот ден, недела, регистрирани се два пријавени случаи. Првиот случај бил пријавен во 21:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода шеесет и едно годишниот велешанец В.М. по претходна пријава од неговата 57 годишна невенчана сопруга. Жената пријавила дека во семејниот дом по кратка расправија велешанецот физички ја нападнал. Од СВР Велес додаваат дека тој ...

Кои се заканите по здравјето на граѓаните и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како Велес со НВО-ии од Зелената Коалиција ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дејствуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? Дали имаме политичко лидерство, знаење и концепт за хумани зелени општини како и уште многу пикантни теми и информации ...

Понеделнички започнете го денот со насмeвка. Нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Уживајте!X -Туристичката сезона штотуку започна: многуте НУДИСТИ ќе летуваат на море, а ГОЛИТЕ ќе останат дома. -Можеби по завршените избори некои политичари очекуваат да им симнам капа, но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав. -Додека некои луѓе бараат „место под сонце“, други се задоволуваат со ладовина. -Откако беше присилена ...

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес извести за пожар на отворен простор во атарот на село Уланци, во Општина Градско. Интервенира Територијалната противпожарна единица Велес со четири пожарникари и едно противпожарно возило. Зафатена е површина со сува трева и жито. Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од четири пожарникари и едно противпожарно возило. Вкупно на терен интервенираат осум ...

Велешани и туристите кои доаѓаат или транзитно минуваат покрај езеро „Младост“ безбедно можат да се капат во водата на прва плажа. Центар за јавно здравје Велес ги соопшти резултатите од лабораториските испитувања за здравствена безбедност на водата во езерото. Резултатите се од земени примероци на површинска вода на прва плажа на 30 мај и завршени лабораториски испитувања на 5 јуни, годинава. Според резултатите, кои ги содржат констатираните ...

Дваесет и девет годишниот К.Г и две години помладиот Б.Е од Велес, вчера, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода којашто се случила кај „Црн Камен“ во Велес и за која имало спасителска комбинирана акција, ограничена со време, за извлекување на двете момчиња како и возилото од пругата. Со возило на Итна медицинска помош накратко по 15:00 часот, двајцата велешани биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Велес каде веднаш им била ...

Шеесет годишниот Д.С од Велес, се здобил со тешки телесни повреди откако неговото возило коешто го стартувал за да го препаркира во гаража се придвижило и го удрило додека тој ја отворал вратата од гаражата во дворот од викенд куќа во населба Отовица. -Во Ургентен центар Велес беше донесен Д.С по што веднаш му беше направен ренген и компјутерска томографија на цело тело. Констатирани се скршеница на повеќе ребра од лева страна на граден кош како ...

„Десеттина технички неисправни автомобили брзо возат и закана се по нашата и безбедноста на нашите деца. Нив ги возат и малолетници. Тоа се автомобили кои не се регистрирани бидејќи им недостасуваат ветробрански или стакла на прозори а и гуми. Пред извесен период возило се спушти по удолницата на оваа улица на бандажи и остави траги на бехатон плочките,“ се жалат жители на улица „Прохор Пчински“ во Велес. Овие граѓани, исто така, информираа за ...

Граѓани кои што живеат на улица „Тодор Јанев“ или се движат по неа за да стигнат до домовите на соседните „Васил Главинов“, „Игманска“ и „Сараевска“ се жалат дека не можат да пешачат од автомобили паркирани на тротоарите и наноси од земја на асфалтот. Тие зборуваат дека особено изразена ваква состојба е на почетокот на улицата, најдолу, поточно на спојот со улица „Васил Главинов“ и околу угостителски парк како и место за одмор каде целиот асфалт ...

Смртта кај велешанецот настапила вчера, на пладне, кога и во Сектор за внатрешни работи Велес било пријавено дека во сала за вежбање во Велес, додека В.Ј.(51) од Велес, вежбал му се слошило, по што паднал и починал. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,“ соопшти СВР Велес. Увид на лице место извршила екипа од СВР Велес. ...

Андреј Петровски од основоното општинско училиште „Даме Груев“ од Градско, денеска, го доби првото место на општинкиот натпревар „Млади библиотекари 2024“ којшто се одржа во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“. Тој заедно со својата менторка Лидија Катулкова изминатиот временски период вежбал и добро се подготвил за натпреварот. Сега, со наградата се здоби со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библитекари 2024“ ...

По дво месечна обука и едно месечна пракса, дваесетмина велешани, се стекнаа со Сертификат за негување на стари и изнемоштени лица во Велес. Во рамки на теоретската настава за негување и помош на лицата нив ги обучуваше Олгица Пепелашева, дипломирана медицинска сестра на ЈЗУ Општа болница Велес и лиценцирани обучувачи додека праксата ја изведуваа во семејства кои се членови на Ресурсен центар и на Здружение на лица болни од церебрална парализа и ...

Долг и бесконечен процес на легализација на дивоградби, комплицирано добивање на градежни дозволи, проблеми со сопственост и упис на нов имот во Катастар, бесправно отуѓен имот, неможност за откуп на земјиште под колективен објект за домување, несоодветно димензионирани улици, неправилно поставени раскрсници, градови без атмосферска канализација од една и од друга страна дотрајани канализациони и водоводни мрежи. Вака одговорија најголем број од ...

Дваесет и четири годишниот Стефан Савев од Велес, веќе една година, рачно изработува свеќи во различни форми и големини за своите сограѓани но и за граѓаните од цела држава. Неговите рачни изработки по повод годинешните Велигденски празници имаат фотми на зајчиња, велигденски јајца, букети од цветови и слично. Сите овие производи се изработени од парафин и соин восок. Савев беше еден од ракотворците изложувачи на Велигденски базар. Со него се ...

Нов начин на исполнување на слободното време си пронајде велешанката Ленче Здравкин откако таа се стекна со приматот на хумана личност уште од времето на бегалската криза. Жената што го прослави градот надвор од границите на Република Македонија со својата хуманост кон бегалците од Блискиот Исток и несебично им помагаше на рутата кон Европа, сега наоѓа време да изработува сакции за цвеќе. Добитничката на бројни државни и национални признанија за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
59%
1013
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
1.61
70%
1011
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
63%
1010
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
76%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.39
64%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
77%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
74%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
82%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
60%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
48%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52