Во раните утрински часови во Македонија имаме ведро и ладно време насекаде а во дел од котлините има појава на магла и на зголемена ниска облачност, пишува Метеоачарм. -Претежно е тивко и без некој изразен ветер. Во поголем дел од Македонија имаме минусни температури и појава на мраз и на слана, додава метеорологот Славчо Попоски. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури во Македонија рано утрово до 3 часот. Сподели: ...
Во земјава утрово се измерени ниски минимални температури, при што најстудено било во Скопје–Петровец, Битола и Берово со минус 6 степени. Температура од минус 5 степени е регистрирана во Струмица и Демир Капија, додека во Штип, Велес, Куманово и Тетово биле измерени минус 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид, како и во Кавадарци, Гевгелија и Прилеп минималната температура изнесувала минус 3 степени. Во Крива Паланка биле измерени минус 2, во ...

