Со програмата којашто е распоредена во седум фестивалски денови, поточно од 29 септември до 27 октомври, годинава, здружението на граѓани „Арт Генератор“ го организира фестивалот на џез, светска и современа музика. Фестивалот е основан и финансиран од Општина Велес, годинава со 500.000 денари. Општината се стреми кон поддршка на културни иницијативи на граѓаните со континуирано зголемување на финансиските средства за потребите од културни ...

Деца без родители или родителска грижа коишто имаат наполнето 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства како и деца без родители, но исто така и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, потоа лица припадници на Ромската заедница коишто се социјално загрозени и самохрани родители со малолетни ...

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. -Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за ...

Во дневните билтени на Сектор за внатрешни работи Велес многу честа е појавата на пријави од страна на граѓанки кои се жалат на насилства не само од мажи туку и од деца. Скоро секојдневни се пријавувања на физички пресметки во кои поголемиот број на учесници се млади дури и адолесценти но има и случаи кога и полнолетни како и граѓани во средни години најверојатно во состојби на афект ги користат своите тупаници. Она што може да се прочита и што ...

Четириесет и две годишниот Д.Д од село Криволак, неготинско, во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавил дека во селото Б.М со неговото возило „џип“ удрил во неговата кола „фолксваген голф“ а потоа пред неговиот дом, Б.М со истото возило удрил и во него. Д.Д случајот го пријавил вчера, во 09:40 часот а објаснил дека се случил вечерта околу три часот по полноќ. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека увид извршила увидна екипа ...

Температурите се пониски но тоа не придонесува да се намалат интервенциите за гаснење на пожари од страна на пожарникарите на Територијалната противпожарна единица во Велес. Според Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, вчера, повторно ТППЕ Велес гаснела пожар во атар на село Иванковци. Таму горела опожарена површина на три хектари со деградирана шума и два хектари сува трева. Тројца пожарникари и едно противпожарно возило ...

На ракометното игралиште во градскиот парк ќе се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК „Горски“ со што ќе одбележат 102 години од постоење на клубот. По одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на клубот во 2022 година, ветераните веќе трета година се собираат и играат фудбалски натпревар меѓу себе. -Секоја година ветераните играат натпревар помеѓу себе а потоа сите заедно се дружат. Ова одбележување започнавме активно да го ...

Како што и веќе е информирана јавноста, градоначалникот Митко Јанчев од стапувањето на функцијата градоначалник на општина Кавадарци, а тоа се веќе цели седум години, не само што јавно се откажа од месечниот надомест – плата и користење на службено возило, туку и истиот надомест е пренаменет во хуманитарни цели. Но најважно од се е, што во прилог можете да погледнете табела на која можете да забележите дека градоначалникот Митко Јанчев преку ...

Велешанецот Атанас Крлевски испрати нова фотографија за категоријата граѓански фото објектив. На оваа фотографија којашто ја има направено од куќата на семејството Мишковски панорамски се гледа Велес. -Од повеќето куќи во старите велешки маала се пружа глетка за уживање, вели Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук ...

Понеделнички нови седум афоризми за читателите на Дума.мк од афористичарот Никола Бошков Коки. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана. -Ластовиците веќе одамна одлетаа на југ, ама …гугуткиве и чавкиве ни останаа дома. -На денешниве политичари им е мошне лесно да критикуваат, пронаоѓаат грешки и поставуваат прашања ,одошто да анализираат, изнаоѓаат и нудат решенија, и да одговараат на прашањата. -Ако цениме според алиментацијата, тогаш: секоја ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера вечер, околу 23:25 часот, ги лишиле од слобода Л.Д.(53), А.Д.(25) и М.Д.(21), сите од Кавадарци. -По претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Д. и А.Д., при преземање на службени дејствија од страна на полициски службеници, двајца од пријавените поточно Л.Д., А.Д. и М.Д. ги нападнале полициските службеници. Лицата биле приведени во полициска станица, соопшти ...

Се реконструираат двата објекти за социјално домување во Чашка во кои осум семејства ќе добијат поубав и потопол дом. Проектот „Социјално Домување во Чашка„ којшто го спроведува локалната самоуправа со поддршка на Хабитат Македонија и фондација Saint Gobain интензивно се спроведува а вчера во рамки на проектот беше организиран и волонтерски ден во општината. Градоначалникот Горан Стојановски објасни дека проектот има за цел да ги подобри ...

Седумдесет и три жртви на семејно насилство евидентирани се во минатата година во општините Велес, Чашка, Градско и Лозово. Од вкупниот број 52 се жени и 21 се мажи а има и деца чии број изнесува 11. Најголен број од жртвите се Македонци поточно 61 а по нив според националноста следат Роми и Бошњаци како и еден Албанец. Сите насилници во овие евидентирани случаи завршиле пред лицето на правдата и на 68 од нив сим биле изречени мерки. Овие ...

Како што соопшти на прес-конференција министерот за економија Бесар Дурмиши, на листата на основни прехранбени производи во таканаречената есенска кошница се вклучени 73 производи кои се најзастапени во потрошувачката кошница на граѓаните. Ваквата одлука ја донесовме врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за индекс на трошоците за живот, кои покажуваат дека споредено на август 2024 со декември 2023, евидентирано е зголемување ...

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување на стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во Македонија, за академската 2024-2025 година. Вкупно 50 стипендии за постдипломски и 20 стипендии за докторски студии ќе бидат доделени на македонски граѓани кои ќе се запишат на некоја од домашните високообразовни установи на програми од следните научни подрачја: природно- математичките науки ...

На автопатот Скопје – Неготино, пред исклучувањето кон Велес кај село Башино село, патничко возило „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(30) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Незгодата се случила вчера попладне околу 15:20 часот. Во неа со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Д.Т. (61) и В.Т.(66), двајцата од Кавадарци, констатирани во Општа болница. -Трите лица повредени во сообраќајната ...

Тринаесет годишен малолетник се здобил со тешка повреда на глава и фрактура на нос по физички напад со друг малолетник во атар на село Бузалково. Малолетникот бил примен на Оддел за хирушки болести и упатен кон Одделението за радиодијагностика каде му била направена компјутерска томографија на глава. -По укажаната медицинска помош, пациентот поради тежината на повредите е испратен во Ургентен центар Скопје, информира Марина Андова портпаролка во ...

Афористичарот Атанас Крлевски и за овој петок издвои дел од сопственото творештво за читателите на Дума.мк. Ги објавуваме неговите 15 афоризми. -Јас го држам прстот на челото, а жена ми мисли. Секоја работа си ја делиме. -Модерни времиња: многу диети, а уште повеќе тајни вечери!? -Јас сум експерт за машко – женските односи… на пуст остров! -Внимателно со доблестите. Некои цел живот се нивни жртви. -Во некои средини, луѓе е збирна именка од ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите, откако Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и ...

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информираше дека починатиот пациент од Западно-нилската треска од кочанско, при епидемиолошката анкета, дал податок дека не патувал никаде. -Лицето изјавило дека имало вознемиреност, омалаксаност, губење на свест и температура. Кај Западно-нилската треска, 80% не дава симптоми, 20% се со благи симтоми на грип, а кај помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен ...

Борбата со тешката болест, канцерот, во најтешкиот дел или моменот кога е дијагностициран и кога е донесена одлука да биде отстранет дел од нејзиното тело како и пост оперативниот третман ја мотивирале оваа млада жена да го опише во автобиографски роман. Прозниот текст е силно моќно писмо кое што промоторката професор Соња Карбева пред присутните го нарече уште и женска храброст. Професорката Карбева се осврна на повеќе моменти од животната ...

До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи). Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на ...

Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците. Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни. Тој најави дека покрај ...

Шеесет и пет годишната С.Ѓ од Чашка, вчера, пријавила дека во дворот од семејната куќа настанал пожар на возилото коешто е во сопственот на нејзиниот сопруг, по што таа го изгаснала пожарот. -На 17.09.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Чашка, С.Ѓ.(65) од Чашка пријавила дека во дворот од семејната куќа настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на нејзиниот сопруг З.Ѓ., кое било паркирано во дворот, пишува во билтенот на СВР ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај во последното деноноќие имало вкупно 1.620 повици на Единствениот број за итни случаи 112. – Од нив „реални“ повици биле 56 отсто, а 44 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 64 отсто, кон Итната медицинска помош 27 отсто, кон пожарникарите шест отсто, а кон АМСМ 0,42 отсто од реалните повици кон 112, соопшти ЦУК. Во последното ...

Циклонската активност со центар над Средна и над Источна Европа останува да влијае на времето во Македонија, и таа постојано кружи над споменатите области од континентот, како и над Македонија, но и над целиот Балкански Полуостров, условувајќи чести врнежи и потпросечни температури за месец септември. -Во ваква ситуација, во нашата Македонија, ни следуваат нови пообилни врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи, како и со засилување ...

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет. Според информациите од УКИМ, на Архитектонскиот факултет во првиот уписен рок се пополнети сите слободни места, додека на Градежен факултет се слободни 233, од ...

Трета година по ред во Општина Лозово се организира Атлетска трка насловена Маратон „11-ти Октомври“ којашто се организира во чест празникот, Ден на народното востание на Македонскиот народ. Ќе бидат организирани четири различни трки на кои учество покрај возрасните можат да земат и деца од 7 до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15км ќе изнесува 120 минути од стартот на трката. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски, ...

Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новата одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, Еуросупер БС-98 за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,5 денари за литар, а дизелот по цена од 67 денари за литар. ...

Велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник до редакцијата на Дума.мк испрати фотографии од плоштадот Панко Брашнаров. Фотографиите се направени до различни агли и на нив покрај споменикот се гледаат и високо катниците кои се специфични за тој дел од градот. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница. Дума.мк Сподели: ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
33%
1013
weather icon

Белград

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
29%
1013
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
45%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
23%
1015
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.38
22%
1014
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
67%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
23%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
21%
1016
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
3.6
26%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
41%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.69
100%
1016
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74