Територијалната противпожарна единица Велес, попладнево, во 15:22 примила дојава за запален трактор во блоковите над село Уланци. Четири пожарникари со две протипожарни возила се упатиле кон локацијата на пожарот и интервенирале во гаснењето. Пожарот бил изгаснат. Но, противпожарните возила едвај успеале да се пробијат низ сообраќајниот метеж на велешките улици. На возилата не им била дадена предност од голем број на возачи во Велес. Затоа од ...

Декемвриско утро во кавадаречко Возарци. Чадот од оџаците на куќите единствено навестува дека во селото има живот. Гласови од луѓе слушнавме дури кога се приближивме до селската продавница. Таму затекнавме неколкумина жители кои дошле да пазаруваат. Ги прашавме како живеат во близина на „Еуроникел индустри“ и загаден ли е воздухот што го дишат? Дел од нив не сакаа да одговорат. Двајца без проблем застанаа пред камерата. „Најчесто загадување е ...

Автор: Убавка Јаневска Според д-р Бошко Ников, експерт за заштита на животната средина, топилничарската депонија со троска е трета на листата на 14 жешки еколошки точки во Македонија, според големината и составот на остатоците од тешки метали што ги содржи во себе. За првпат јавно, д-р Ников соопшти дека не смеело да се третира како депонија на техногена суровина, туку на опасен отпад. Неколку поголеми ископани дупки на јужната страна на ...

На годинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition, кој се одржа во рамките на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во саботата на 23 ноември, околу 20 часот, на улица „8-ми Септември“ во Велес, го привеле Џ.У.(20) од Штип поради утврдување на идентитет. -По извршените проверки и кординација со Казнено поправна установа „Затвор-Куманово“ било утврдено дека Џ.У. издржувал казна затвор и бил пуштен на викенд, но истиот не се вратил во предвиденото време, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...

Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година, испечатена е стихозбирката „Бели Мугри“ на македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност Кочо Солев Рацин. Првиот примерок на стихозбирката испечатен е во хрватскиот град Самобор, во печатницата на Драгутин Шпулер заедно со уште 3999 примероци. „Бели Мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори ...

Петнаесеттото издание на овој најмасовен регионален стрип настан се одржи во саботата, на 23 ноември, годинава со учество на 123 претежно млади стрип автори на поранешните Ју простори од кои 14 беа од Македонија. Сите твореа на годинешната тема „Сон-Сонување“. Организаторот, точно на пладне, ја зададе темата додека авторите покажаа дека умеат од дома да создадат респектабилно творештво. Од Македонија, од дома, на настанот се вклучија и цртаа ...

Понеделничниот афористички поздрав на Никола Бошковски Коки до читателите на Дума.мк гласи: „За да си ја сочува својата, понекогаш човекот е присилен да мисли со туѓа глава.“ „Штом на собраниската седница ќе се отвори некоја РАСПРАВА, политичките опоненти започнуваат да се препукуваат, недолично да се однесуваат, беспоштедно и бесрамно…да се РАСПРАВААТ.“ „Паметна жена никогаш не го прашува својот маж каде оди, туку кога се враќа.“ „Многуте ...

Дали некогаш сте се запрашале навистина колку сте во право за работите за кои сте убедени? Дали вредностите по кои живеете се правилни? Дали стилот на живот ви е „во граници на нормала“? А што воопшто е нормaлно денес? Во светот во кој живееме, преполн со секакви предизвици насекаде, ,,фејк,, содржини и површни личности, големи апетити за лесна заработка, желби за престиж, внимание и доминација често си поставуваме вакви прашања. Исто, знаеме ...

Јакиот ветер којшто попладнево дуваше во Велес е причина од покривот на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ да открне дел од лимениот покрив што преставувал опасност за учениците. Од училиштето во 16:45 часот се јавиле во Територијална противпожарна единица Велес и побарале помош. Тројца пожарникари и едно возило веднаш заминале на лице место. Пожарникарите се качиле на покривот на училиштето и го откачиле од конструкцијата а потоа и го симнале на ...

Во Одделението за внатрешни работи Неготино, вчера, во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Неготино, бил извршен службен разговор со двајца малолетници од село Долни Дисан, неготинско, откако претходно била пријавена тепачка во која тие тепале други двајца малолетници. Тепачката се случила во селото Долни Дисан. -ОВР Неготино постапило по претходна пријава дека околу 15.30 часот во село Долни Дисан физички нападнале ...

Деветоодделениците на ООУ “Васил Главинов” денеска се едуцираа за борбата против болести на зависност. Нив ги едуцираа сертифицирани врскички едукатори на Општинска организација на Црвен Крст Велес. Целта на едукацијата беше учениците да стекнат знаења за сите последици и негативни влијанија од употребата на цигарите, алкохолот и дрогата. Тоа се пороци кои особено се интересни за оваа возраст на деца и тие доста често се изложени на овој вид на ...

Со настан „До вас, за вас“ како дел од Концептот за “Полицијата – поблиску до граѓаните Министерството за внатрешни работи денеска во Младински парк во Велес ја зајакнува довербата кај граѓаните за да постигне побезбедна држава што е во интерес како на граѓаните така и на државната институција надлежна за обезбедување на јавниот мир и ред, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Велес присуствуваше и директорот на ...

Одржани вкупно 27 велосипедски настани на територијата на Македонија со учество на над 5000 велосипедисти преку којшто се промовираа алтернативниот велосипедизам, туризам и природните убавини на сите плански региони. Овие се само дел од постигнатите резултати, годинава, што можеа да се слушнат на последната седница на Македонската Асоцијација на аматерски велосипедски здруженија и клубови во која членува и ЗГ„Велес бајкинг“, чиј претседател е ...

Триесет граѓани на Градско денеска беа прегледани од лекар со кого, исто така, имаа можност да се консултираат и советуваат за хронични болести од кои боледуваат и какви што се дијабетесот и крвниот притисок. Прегледите се реализираа во просторија на Здружение на пензионери по повод Недела за грижа на стари лица, која што, ја одбележува Општинската организација на Црвен Крст Велес. Во реализацијата на денешната активност беа вклучени еден лекар ...

По долго и тешко боледување, во 63 година од животот, почина велешанецот Ване Михајловски пасиониран вљубеник во фотографскиот апарат, познат фотограф, добар познавач на музиката, сопственик на локалната радио станица „ЦД“ и голем поддржувач на граѓанските организации во јакнење на свеста на граѓаните за борба против канцерот. Михајловски беше фотографски хроничар на Велес. Како урбан лик, тој низ фотографии ги овековечи сите знаменитости, ...

Четвртото, репризно прикажување на претставата „Кавадаречки пастуви“ по текст на Ентони Мекартен и Стивен Синклер, актерите на Театар при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе ја одиграат во понеделник на 25 ноември, со почеток во 19:00 часот. Претставата е комедија за возрасни и за необични случки во секојдневната борба за живот. Во претставата играат: Видан Станоев, Диме Боцев, Александар Видиков, Сашко Орешков, Цветанка ...

Под слоганот „Вкуси го мометот, искуси ја авантурата“, во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, се одржа петнаесетото издание на Фествалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската култура со кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги доживуваат оние кои го уживаат. И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се ...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера, во 12:50 часот го лишиле од слобода К.Р.(54) од Велес. -При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на ...

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота, на 23.11.2024, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски. „Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот, и во Македонија до ...

Афористичарот Никола Бошковски Коки за оваа седмица на читателите на Дума.мк напиша седум нови афоризми. Ги пренесуваме, читајте ги и добредојден е секој коментар: „Секој заб има своја функција, за жал, и секоја функција има свои заби.“ „Мошне стресно и ризично по вашето здравје е ако без уреден кардиограм се обидувате на ТВ ,во живо, да следите некоја наша возбудлива-инфаркт собраниска седница.“ „На сопругата и купив нов миксер, но попусто- таа ...

Шел со задоволство го најавува отворањето на нова бензинска станица на влезот во Кавадарци, лоцирана на улица „Методија Андонов Ченто“ бр. 27. Ова ја означува четвртата малопродажна локација под брендот Шел во Северна Македонија и ја зајакнува посветеноста на компанијата да го прошири своето влијание во регионот. По отворањето на бензинската станица на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија пред две години и успешното работење на двете ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2024 година (петок), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на ...

Четириесет и пет годишниот Р.Т. од село Клуковец додека работел со земјоделска машина, во сопствениот двор, се повредил и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Интервенирале и пожарникарите од Територијална противпожарна единица Велес при одглавувањето на ногата на човекот од земјоделската машина во неговиот двор. -Според пријавеното во СВР Велес,во саботата, на 16 ноември, во 16:20 часот, машината му го фатила ...

ЕВН Македонија, вчера, во 10:45 часот, пријавила кражба на електрична енергија на улица „Клинска“ во Кавадарци и побарала од Одделението за внатрешни работи во Кавадарци полициска асистенција. Полициски службеници од увидна екипа заедно екипа на ЕВН биле на лице место и констатирале дека од страна на непознати лица со повеќе кабли директно од бетонски столб на електричната мрежа, без мерен уред, биле поврзани неколку куќи. Три дена претходно, ...

Ефективната комуникација е основа за успешна интеракција во различни животни области, како што се професионалниот, академскиот, личниот и интеркултурниот контекст. Способноста да се пренесат пораки на јасен и разбирлив начин, прилагодувањето на стилот според соговорникот, ситуацијата и вештината за слушање се клучни за постигнување на ефективна комуникација. Во личните односи, комуникацијата е основа за меѓусебно разбирање и доверба. Активното ...

„Цветен пат за Рацин“ беше мотото на годинешното дефиле во кое чекореа сите ученици кои се учесници на годинешните Детски Рацинови средби. Домаќините од основните училишта во Општина Велес како и гостите од повеќе градови во Македонија. Тие во чест на поетот и основоположник на современата македонска литература чекореа од споменикот во парк пред Гимназија Кочо Рацин до споменик во центар на градот кај Градски паркинг откако децата од Градинката ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, околу 23:25 часот, го привеле М.И.(20) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на Х.Ј.(22) од Кавадарци агресивно се однесувал кон неа и кон другите присутни гости и се обидел и физички да ги нападне. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Девет ипол часа претходно, 34 ...

Прочитајте ги десетте афоризми коишто денеска за Вас, читателите на Дума.мк, ги објавуваме и чии автор е афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски. „И судот на историја секогаш не е праведен.“ „Пожар од две вжештени глави, тешко се гаси.“ „Си измислува непријатели… за оправдување на грешките.“ „Пеењето во кафез е сокривање на вистинската расположба на птицата.“ „И лошите имаат најдобар.“ „Да не бев интелектуалец ќе верував барем некогаш. Вака, ...

Microsoft престана

55 минути - USB
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 20ᴼ
0.51
26%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.41
40%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
36%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
57%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1016
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74