Затворената врата на долниот дел на контејнерот, каде се собира електричниот и електронски отпад, батерии и акумулатори на контејнерот поставен од страна на „Нула отпад“ е искривен, свиткан и оштетен. „Несовесни граѓани му се намерачиле и го оштетиле иако е доволно добро искористен од страна на станарите во зградата на „Вел сити мол“. Од како сме вселени во стамбениот објект целосно ја користевме неговата функција бидејќи разновидноста на ...

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени. И утре не очекува променливо облачно време по котлините со ...

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите. „Со контролите утврдено е дека 12 ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. Во соработка со Црвениот крст спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме показни вежби на кои граѓаните можат да видат какви се последици може да има ...

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека повредениот работник И.С (41) на фирма во Кавадарци, пред два дена, со тешки повреди здобиени на работно место бил донесен во Општа болница Кавадарци. Болницата го информирала Одделението за внатрешни работи во Кавадарци. Според информациите на болницата, работникот повредите ги здобил при извршување на работни задачи, за што увид на местото на коешто И.С се повредил извршила Увидна екипа од ОВР ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.З.(41) и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и Џ.Н.(32) и Л.М.(56), двајцата од Велес. -При претрес во домот на З.З. во Кавадарци, извршен со судска наредба, лицата биле затекнати како користат наркотична дрога, по што во домот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, зелена растителна материја, жолта прашкаста материја и други предмети со остатоци од дрога, ...

Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, денеска, за вас, читателите на Дума.мк, стави на распоред за читање 10 афоризми од неговото творештво: „Полтронот не личи на себе. Личи на шефот!“ „Мрзеливецот лесно се фаќа на дело. Под првата дебела сенка.“ „Кукулот си е кукол, па и со купена диплома.“ „Тој оди пред своето време, а ние нему – занесеник!“ „Често е цитиран. Преку неговите гафови.“ „Околу нас циркус до циркус и во секој само мајмуни.“ ...

Ликовите на д-р Коче, на д-р Роберт и на Ерџан, во кои голем број велешани и Македонци, започнаа секојдневно да се препознаваат откако ја проследија театарската претстава „Синиот портокал“ секако е голем успех на глумците Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски, Тие на сцената на велешки Театар, вчера вечер, ја одиграа 100 изведба на претставата пред голем број на публика. Одбележувањето на јубилејното прикажување на сцената освен ...

Центар за граѓански комуникации ги објави резултатите од истражувањето и базата на податоци за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години (2019-2023 година). Истражувањето открива дека во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од ...

Единаесет земји со кандидатски статус во 2004 година влегоа во Европска Унија. Една од нив беше и Унгарија. Годинава, кога оваа европска земја, одбележува две децениско членство во ЕУ, Н.Е. Амбасадорот на Унгарија, Андрас Клеин се наврати кон тогашното проширување на Европската Унија и сподели искуства од пристапниот процес. -Во воведниот збор на дебатата, Клеин, ги соопшти предизвиците со кои Унгарија се соочила но и бенефитот што го добила, ...

Домаќините на ангажираната работилница за одбележување на Меѓународниот ден на волонтерството осмислија и реализираа дебата и интерактивен квиз, каде студентите ги споделија своите размислувања за моќта на волонтерството и неговото глобално влијание. Младинскиот работник на Младински центар Велес, Ивана Јордева ги сподели впечатоците од настанот. Голема благодарност до сите кои учествуваа и го направија денот успешен, пати и Ирина Карапанџовска ...

Волонтери на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес, на ЗГ „Велешки акцијаши“ и ЗГ на акцијаши ветерани „Пат на младоста“, на повеќе граѓански организации од Источна Македонија заедно со над 100 средношколци и ученици од завршните години на основните училишта во Штип го одбележаа Светскиот ден на волонтерството на настан да разговараме за „МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“. Настанот се одржа во конференциската сала на ЗГ „Медиа плус“ ...

Довербата кон институциите, медиумите и политичарите е најголема жртва во ерата на пост-вистина. Сите тие треба отворено, одговорно и професионално да работат за да ја унапредат транспарентноста и отчетноста, со што ќе овозможат поголема информираност и вклученост на граѓаните во одлуките што ги засегаат. Ова беше заклучокот од конференцијата „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“, која ја организираше ...

„Се поставија 18 столбови во висина од 10 метри за осветлување, на кои се поставени по 2 лед рефлектори од по 200W на ски патеката и 1 столб со 4 лед рефлектори од 200W за осветлување на теренот. Во моментот се поставува ски лифтот како и останатата опрема, со што проектот е во завршна фаза и се очекува да биде отворен до крајот на овој месец, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на сопствениот профил на Фејсбук . Станува збор за ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино (ОВР), вчера, по превземени мерки и активности го пронашле Д.С.(55) од неготинско село Пепелиште. Со него бил извршен службен разговор во Полициска станица. Д.С се сомничи дека пред два дена, околу 17:30 часот, на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – ...

Изваден, оставен и спремен за кражба е граничникот кој ја обезбедуваше пристапноста за качување и за симнување на пешаците на Мало Мовче на источниот брег на река Вардар. Сопственици на автомобили си најдоа доволно голем простор за да се паркираат пред и до поставената скулптура со тоашто го затвораат просторот за движење на граѓаните, особено тие што во пазарните денови со торби или ранци на тркала, го преминуваат мостот кон и од Градски пазар. ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) внимателно ја следи судската постапка во која колешката, новинарката Анета Блажевска од Битола, е тужена за клевета од страна на директорката и пензиониран правник на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола. Изразуваме загриженост поради првостепената пресуда, во која проблематично е што од страна на Основниот Суд во Битола не се доволно земени во предвид дејствијата преземени од СВР Битола и ...

Времето денеска ке биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната ...

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 12:40 часот, ја лишиле од слобода Н.И.(47) од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво, за обид со туѓа лична карта да подигне парични средства. Четириесет и седум годишната жена била приведена во полициска станица каде и била одземена туѓата лична карта ѝ по документирање на настанот, против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава. Еден час ...

Дваесет песни од творештвото на македонскиот поет Љупчо Михајловски од 3 декември, годинава, се објавени на платформата „Европска поезија“. Рецензентот Фајај Ислам Фахим за поезијата со научно фантастичка тематика на Михајловски пишува: „Творештвото на Љубомир Михајловски продолжува да ги инспирира новите генерации на поети и писатели во Македонија покажувајки го неговото творечко наследство како стожерна фигура во литературната историја на ...

Целовечерен концерт насловен како „Приказна за виенскиот валцер“, во изведба на Национален музички театар од Софија, Бугарија ќе се одржи утревечер, 5 декември 2024 година во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“. Љубителите на оперската музика, ќе имаат можност да ги чујат најпознатите оперски нумери од Јохан Штраус, Франц Лехар и Имре Калман во изведба на најголемите ѕвезди на музичкиот театар од Софија. На сцената ќе блеснат и балетските ...

Бидејќи Марија (Богородица) била измолена со солзи и ветена да му служи на Бога нејзините родители кога наполнила една година сакале да ја одведат во храмот. Но се плашеле дека малото девојче може да плаче за нив па се одлучиле тој чин да го направат кога ќе наполни три години. И така кога наполнила три години останувајќи доследни на ветувањето, а и исполнувајќи го долгот кон Бога, ја повеле во храмот. Во свечената поворка што три дена патувала ...

Од портрети на жени е составена самостојната на Мартина Спасовска, ликовна уметница отворена во рамки на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ во Велес. Таа е девојка од Скопје која низ уметничкиот, ликовен израз, дава придонес во охрабрувањето на жените и девојките кои молкум трпат насилство и има за цел да ги охрабри и мотивира во настојувањето да се извлечат од оваа животна ситуација. Изложбата можат да ја погледнат ...

Постапувајки по пријава од 47-годишната кавадарчанка, дека во заеднички двор на семејните домови, Д.В (43) од Кавадарци, физички ја нападнал, вчера вечер, во 21:20 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода. Насилникот Д.В бил задржан во полициска станица. Известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот, СВР соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицијата превзема мерки за расчистување ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви. „Сите капацитети на министерството ...

Во денешно време, насилството меѓу учениците е во постојан пораст, претставувајќи сериозен предизвик за воспитно-образовниот процес и општеството во целина. Насилството се јавува во различни форми какви што се физичко, вербално, психолошко, а се почесто и дигитално – сајбер насилство. Секој вид насилство остава трајни емоционални последици врз учениците, влијаејќи на нивната самодоверба, успех во училиштето и општиот развој. Физичко насилство е ...

На автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај тунели Демир Капија, вчера попладне, во16:20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево. -При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“. Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес вчера вечер, во 19:15 часот ја лишиле од слобода З.Н.(29) од Велес, постапувајки по претходна пријава од нејзината 56-годишна мајка дека во семејниот дом физички била нападната. Исто така, и З.Н. пријавила дека по претходна расправија била физички нападната од нејзината мајка. Од СВР Велес соопштија дека за настаните бил известен Јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по ...

Регионалниот Центар за управување со кризи Велес известува дека сите регионални и магистрални патни правци во Вардарскиот регион се проодни, во зимски услови со влажни коловози. На високите делови во Општина Кавадарци, вчера, имаше врнежи од снег. Таму зимската служба на ЈП „Комуналец Кавадарци“ интензивно работи на чистење на патните правци, на високите места, од наноси на снег. На патниот правец Неготино – Штип, кај Серта, имало неколку одрони ...

Microsoft престана

46 минути - USB
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 20ᴼ
0.51
26%
1020
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.41
40%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
39%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
36%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.24
57%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
65%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
57%
1016
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74