Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Д.Ј.(21) од село Сливник. -Полициските службеници, во содејство со преставници од Шумска полиција Велес, а по претходно одобрение од Д.Ј., влегле во дворот од неговиот дом, каде што пронашле огревни дрва без документација. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат помеѓу селата Извор и Јасеново, во општина Чашка, вчера, во 13:30 часот. Таму се судриле мопед марка „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје. -Примени се две малолетни лица повредени во сообраќајна несреќа, Б.Т (14) која е прегледана од специјалист по ...

Мечалов својата кариера во Министерството за Внатрешни работи ја започнал во 2008 година како полициски службеник во Полициската Станица од Општа Надлежност-Велес како помлад полицаец. Од 2014 до 2020 година е распореден во Полициската Станица за Безбедност на Патниот Сообраќај Велес движејќи се во службата од Полицаец за БПС, и Полицаец за вршење на увиди на сообраќајни незгоди, до раководител на групата за увиди на сообраќајни незгоди. Во ...

Сто и шест ученици од основните и средни училишта во Велес заедно со 58 ментори – наставници, денеска од страна на градоначалникот Марко Колев беа наградени со признанија. Сите тие општинската награда ја добија по повод 9 Ноември, денот на ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор, за своите освоени први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2023/24 година. „Општината одлучи да ги награди овие ученици за да ...

Државата е подготвена за претстојната зимска сезона и врнежите од снег, а граѓаните да користат зимска опрема на своите возила и доколку немаат неопходна потреба да не патуваат при најави за обилни врнежи, истакна директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференција по состанокот со претставници на координативното тело. Тој упати апел до граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења на социјалните мрежи ...

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во четврток на 14 ноември, премиерно ќе ја изведе претставата за деца “Доживувањата на Пинокио“ работена според текстот на Карло Колоди. Актерите преку игра ќе ја раскажат добро познатата сказна за Мајсторот Џузепе кој што пронашол парче дрво што плаче и се смее како бебе. Тој му го подарил дрвото на мајсторот Ѓепето, кој сакал од дрвото да направи кукла, која ја нарекол Пинокио. ...

На малата сцена на велешки Театар , вчера вечер, дипломираната актерка Ангелина Стојановска од Куманово ја раскажа на свој начин приказната којашто оптоварува многу жени на денешницата а тоа е срамот од сопствената тежина. Стојановска, во авторски проект поточно монадрама ,,Срам – Погледни се во огледалото” на иновативен начин, пред импровизирана работна маса на кујна и подготвувајќи „Касато торта“, раскажа приказна во која централен лик беше ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува непрофесионалното и недолично однесување на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој денеска ја попречувал новинарката од онлајн медиумот СакамДаКажам.мк, Соња Делевска, додека ја вршела нејзината професионална работа во Собранието. Новинарката Делевска, како што известува во дописот до ЗНМ, ја извршувала својата професионална должност и поставувала легитимни прашања до директорот на ...

Сообраќајната несреќа се случила, вчера вечер, околу 19:00 часот кога на регионалниот пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес,излетало надвор од коловозот, патничко возило марка „рено“ со велешки регистарски ознаки. Возилото го управувал Р.Т.(71) од Велес. Во несреќата била отребна асистенција на пожарникарите на Територијалната против пожарна единица. Пет пожарникари спасители го извлекувале повредениот маж од излетаното возило од патот „ ...

Сообраќајната несреќа се случила вчера, доцна попладне, околу 18.40 часот, на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија. Во сообраќајката учествувало товарно возило марка „ман“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско. Возилото удрило во заштитната ограда на автопатот и на местото на настанот починал возачот. -Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта на ...

Пријавите за учество се отворени од 24 октомври до 21 ноември до 12:00 часот . Пријавувањето е преку сајтот www.24satnocrtanjestripa.com/prijava/ . На овој сајт сите заинтересирани можат да се информираат за техничките услови поврзани со поднесување на авторски стрипови. Томе Трајков, програмски координатор на Стрип центар на Македонија потсетува дека, на светско ниво, настанот го подготвува реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во ...

Крадците завршиле во полициска станица а дрвата, тракторот и моторна пила кај Шумска полиција. Кражбата на огревно дрво се случила вчера, напладне, во атар на село Мелница, во општина Чашка. Таму полициските службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница. На лице место била и екипа на Шумска полиција Велес. Тоа се случило откако бил запрен трактор марка ...

Седумте афоризми на афористичарот Никола Бошковски Коки за оваа седмица гласат: „Една лага, е една лага, но повеќе лаги се систем.“ „Се стекнува впечаток дека на нашата политичка трпеза менито е се посиромашно, можеби затоа политичарите започнаа секојдневно, меѓусебе да се “јадат”. „Додека некои жени читаат книги до доцна во ноќта: други…бројат.“ „Понекогаш посакувам да се поистоветам со Дон Кихот, но наместо кон ветерниците, своето „копје” да ...

Дваесет и шест годишната поранешна сопруга на Ш.И (34) го пријава во Полициска станица Велес затоа што кога ја пресретнал на улица „Ангел Мишев“ во Велес тој и се заканувал, физички ја нападнал и го скршил мобилниот телефон. -Полициски службеници на станицата во Велес, вчера вечер, во 21:30 часот во Сектор за внатрешни работи извршиле службен разговор со Ш.И.(34) од Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен ...

Сочуваните и обработени архивски материјали како што се фотографии, значајни и помалку значајни документи од локалниот живот, од институциите, како и белешки од страна на Одделението во Велес на Архив на Македонија заедно со архивата од примероци на поранешниот локален весник „Вардарски глас“ во Градска библиотека „Гоце Делчев“ овозможија на 80 роденден, Велес, да го добие првиот јубилеен документарен филм. Во него е прикажан животниот пат на ...

Одделението за внатрешни работи Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, денеска поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „демнење“ од Кривичниот законик. По преземените мерки и активности од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино било утврдено дека пријавениот подолг период го следел и прогонувал, се мешал во личниот и приватниот ...

Афоризмите на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за неделата гласат: „Маѓу плитките, мисли длабоко!“ „ Модерни времиња: инфериорните се супериорни!“ „ Бумерангот е направен да ти се врати, но тоа не е доволно.“ „ Вечен талент – чиста загуба!“ „Афоризам? Пет збора – рој мисли!“ „Богаството со пари не се купува – рече крадецот.“ „Крајно непромислена е одлуката на мајмунот да стане човек.“ „Сончогледи, секој ден не е сончев!“ „Вештачка ...

Православние верници денес одбележуваат празник Митровден, посветен на Св. великомаченик Димитриј. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за ...

Во својот долг и плоден творечки живот Димитар Андонов Папрадишки насликал 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и во Србија со што се смета за еден од најпродуктивните македонски зографи. Смртта го затекнала на 95 годишна возраст додека во неговото атеље во Скопје , во 1954 година, останале недовршени дела со профана и религиозна содржина. Вчера вечер, во предвечерјето на одбележувањето на јубилејниот 80 роденден на градот Велес, 9 ...

Сектор за внатрешни работи Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои ...

Одделението за внатрешни работи Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.В.(41), Н.В.(43) и Р.В.24) сите од Кавадарци кои краделе и против З.К.(64) од Кавадарци за поттикнување на крадците да крадат. -Сите осомничени кражбата ја извршиле на 14 септември годинава кога полициски службеници од ОВР Кавадарци ги затекнале С.В., Н.В. и Р.В. како берат грозје од лозов насад во атар на село Возарци, ...

Патничкото моторно возило се запалило на автопатот Велес – Скопје, вчера попладне, за коешто во Територијалната против пожарна единица Велес дојава стигнала во 17:05 часот. Четворица пожарникари со едно против пожарно возило веднаш се упатиле на местото на пожарот. Брзото пристигнување и брзата интервенција овозможиле пожарот во возилото да биде изгаснат. Исто така пожарникарите спречиле огнот да се префрли на сувата трева и блиската шума покрај ...

Доколку станува збор за било какви други приноси остварени од Конти мрежата, исто така физичките лица имаат обврска до УЈП да поднесат електронска пресметка преку e – [email protected] најдоцна до 10 – месецот по месецот во кој е остварен доходот и да го платат данокот најдоцна до 15 – ти во месецот за претходниот месец. Ова се однесува на физичките лица, кои остваруваат капитална добивка од продажба на крипто валути, кои, како што одговорија од ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 ноември 2024 ...

Велес го превзема приматот на водечки град во Македонија по број на заболени жени од канцер на дојка. На годишно ниво бројот на заболени пациентки се зголемил на 1000 новозаболени. Се симнува и старосната граница на заболените. Таа сега паднала на 40 годишна возраст иако најмладата велешанка која е оперирана од канцер на дојка има само 21 година додека во Македонија канцер на генитални органи е откриен кај 17 годишна девојка. Овие загрижувачки ...

Љубителите на ликовната уметност неделава имаат можност во Јуроп Хаус да ја разгледаат изложбата „Визуелни таписерии“ на авторката Славица Купенкова. Секое уметничко дело е единствена нишка во поголема наративност, што ја одразува повеќеслојната природа на урбаните средини, рече Купенкова која за прв пат излага во Велес. Талентираната уметница, иако е аматер, сега преку цртежите мотивира историчар на уметност да создава приказни, констатира ...

Афористичкиот поздрав на Никола Бошковски Коки за читателите на Дума.мк, за оваа седмица, ги содржи следниве афоризми: „Недостигот на бесплатни вакцини против појавата на сезонскиот грип, ги присили луѓето да прибегнуваат кон алтернативни средства: многумина започнаа да се „имунизираат”со варено вино и ракија.“ „Беше тоа љубов на прв поглед, кога се венчаа веќе беше доцна подобро да се загледаат.“ „Политичките води мируваат се дотогаш, додека ...

Се запалил оџак, вчера попладне, во Велес на улица „Наце Димов“. Сопствениците на куќата веднаш побарале помош од пожарникарите на Територијалната Против Пожарна Единица Велес. Двајца пожарникари со едно противпожарно возило излегле за да интервенираат. По пристигнување на лице место извршиле само контрола и утврдиле дека нема настанато штета. Оваа дојава во Територијалната противпожарна единица Велес причина е за апелот до граѓаните, особено ...

Со кореографија на најпознатото македонско оро „Тешкото“ во изведба на играорци на Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ започна вториот јубилеен концерт, вчера вечер, на велешки „Керамичар“. Значајниот љубилеј ги собра сите играорци, членови на оркестарот, кореографи, составите на управувачкото тело на ансамблот низ изминатите седум децении, од ветерани до актуелни. Седум децениското одбележување беше подготвувано подолг временски период. ...

Ансамбл „Керамичар“, вчера вечер, започна да го одбележува 70 годишниот јубилеј. Вчера вечер се одржа првиот двочасовен концерт додека вториот ќе се одржи вечерва. Десетици играорци од Велес, кои низ седум децениското постоење на поранешното Културно уметничко друштво а сега Ансамбл, на публиката и ги прикажаа најубавите велешки и македонски ора и потврдија дека се генерации кои ја негуваат традицијата и во исто време ја пренесуваат на млади, ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
26%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
29%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
6.69
41%
1013
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
17%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
2.38
18%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
67%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
6.17
21%
1015
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
33%
1017
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
20%
1017
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
25%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
7.2
40%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
10.29
100%
1014
Currency

61.53

Currency

52.6621

Currency

71.2029

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74