
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Стотици граѓани од рано утринава се упатија кон гробиштата на двете цркви во Велес, „Свети Великомаченик Пантелејмон“ и „Свети Спас“ како и на новите гробишта во Раштани за да ги запалат кандилата и свеќите во чест на упокоените членови на семејствата. Ни топлото време ниту пеколната горештина не ги поколебаа на Духовден да ја испочитуваат традицијата според која се чекаат свештениците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ...
Во организација на Железничарскиот борачки клуб „Борец“ во спортската сала “Гемиџии” во Велес се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил “Љубомир Коцев Листон“. За најдобар борач е прогласен Ердин Зејнелов преставник на „Борец“ во категоријата до 66 кг додека за најдобар техничар,неговиот брат Полат Зејнелов во категорија до 46 кг. Игор Мицевски тренерот во ЖБК „Борец“ е задоволен од целиот настан. -Одличен турнир, ...
Радовиш беше домаќин на државното кадетско првенство во борење слободен стил, кое се одржува турнирски, а ќе ги има неколку во текот на сезоната. Борачите на Боречки клуб „Борец“ имаа солиден настап. Од 14 екипи го освоија шестото место додека во поединечна конкуренција освоени се три бронзени медали. Ангел Мицев, легендата на велешкото боерење, беше во Радовиш и за Дума. мк изјави дека успехот е добар, се работи вредно и резултатите ...
Во Кичево на езерото Осломеј во организација на Македонската риболовна федерација се одржа третото коло од државната крапска лига. Настапија 15 екипи од државата. Во еден од натпреварите со висок улов, како најдобра се покажа екипата на „Елит карп тим“ од Штип со уловени 80 риби со тежина од 204.030 килограми. Втора е екипата на „Костреж“ од Богданци со 65 риби и тежина од 148.730 кг. Трета е екипата на „Мак дам“ од Куманово чии играчи уловија ...
На патеката на река Вардар во центарот на Велес се одржа државното јуниорско првенство во кајак на диви води во организација на Кајакарската федерација на Македонија а како технички домакин беше КК „Бабуна“. Во ц-1 најдобар беше Ангел Петрушев од ККК „Вардар“ Велес пред Коце Игнатов од КК „Бабуна“ и трет е Стефан Рибарски од ККК „Вардар“. Две девојки настапија во оваа дисциплина. Победи Олгица Мелова од КК „Просек“ од Демир Капија пред Ангела ...
Во Велес, на патеката на река Вардар, вчера се одржа Државното првенство во кајак на диви води за пионери во организација на Кајакарската федерација и Кајак клубот „Гемиџии 903“ од Велес. Во дисциплината К-1 државен првак е Полат Зејнелов од ККК „Вардар“ од Велес, пред Кристијан Смилев од КК „Бабуна“ од Велес и третопласираниот Христијан Петровски од екипата на КК „Илинден“ од Скопје. Полат Зејнелов е повторно најдобар во дисциплината С-1 пред ...
И покрај неповолните временски услови, повеќе од 250 велосипедисти, планинари и посетители беа дел од деветтиот по ред „Outdoor festival AЗОТ МТВ Предизвик“, којшто се одржа во регионот АЗОТ во село Богомила. Претседателот на велосипедското здружение „Велес Бајкин“ кој воедно е и организатор на настанот, Зоран Јаневски, рече дека според реакцијата на учесниците оваа година фестивалот ги надминал сите очекувања. -Целокупниот настан беше опфатен ...
Во најновиот документ за политики, издаден годинава од Фондацијата за слобода Фридрих Науман, во соработка со Софискиот безбедносен форум, а изведен од мрежа на национални експерти во Југоисточна Европа (ЈИЕ), се вели дека и покрај сè, македонските граѓани и натаму имаат поволно мислење за Кина, не поради „материјалното влијание на соработката, но поради чувството за можности што Кина знае да го инспирира“. Пишува: Мери Јордановска Имиџот на ...
Особено ми смета кога ќе видам дека картонот се пали. Тоа е суровина, која вреди пари и затоа треба да ја заштитиме и правилно да ја употребиме. Во мојата работа не гледам само профит, сакам да го видат Куманово исчистено од хартија. На периферијата на Куманово, во Северноисточниот регион во Македонија, навидум мал и скромен производен капацитет прави пионерски чекори за заштита на животната средина и развој на циркуларната економија преку ...
Повеќе од 2.200 домаќинства, регистрирани во над 15 населени места, во Општина Чашка од месец мај, годинава, сметките за вода и смет наместо во банка ќе можат да ги плаќаат преку интернет. Банкарската провизија ќе биде на товар на јавното комунално претпријатие „Тополка“. Он лајн плаќањето пак ќе му донесе заштеда на комуналното претпријатие и во делот на човечки ресурси. Дигитализацијата, исто така, ќе се почувствува и во делот на помала ...
Десет семејства-домаќини од Лозово, во период од 28.09.2024 до 06.12.2024, во своите домови ќе сместат волонтери од Америка кои ќе посетуваат обуки а потоа ќе заминат во градовите и селата низ државата кадешто ќе живеат и работат во наредните две години. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски ги известува сите заинтересирани граѓани дека пријавувањата и аплицирањата за вдомување на волонтери од Америка е во тек. -Во период од 11 ...
Повеќе од две недели езерската површина на велешко „Младост“ е прекриена со непозната материја која има боја на песок. На прв поглед материјата наликува на пена но доколку се доближите до неа се забележува дека тоа не е така. Оваа материја како да започнала да ја покрива езерската површина од јужниот крај на езерото, во близина на село Отовица. Потоа се шири долж западниот крајбрежен езерски брег. Во помали парчиња ја има на сите плажи од влезот ...
Полициски службеници, рано утрово, во 3:20 часот го привеле П.М.(21) од Росоман затоа што агресивно се однесувал кон нивни колеги додека извршувале службени задачи. Приведениот бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Секторот за внатрешни работи Вечес, исто така, информираше дека вчера, на 20 јуни, во попладневните часови, поточно во 16:30 часот, била пронајдена ...
Со доделување на Почесното Рациново признание за 2024 година на Анамарија Цинеге Панзова од Будимпешта, Унгарија за значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите на државата вчера вечер во Амфитеатар на Младински пар во Велес започна свеченоста на затворање на 61 Рацинови средби. Признанието на Цинеге Панзова и го додели градоначалникот на Велес, Марко Колев. Годинешната добитничка на преодното признание се обрати и ...
Од денеска до вторник, 25 јуни, до 15 часот, започна да се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Според објавениот Конкурс на Министерството за образование и наука во четирите велешки средни училишта има слободни места за упис на 828 ученици. Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во прва година ...
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, на 19 јуни, биле пријавени два случаи за физички напад. Четириесет и шест годишна жена пријавила дека во семејниот дом нејзиниот дваесет и седум годишен син А.К физички ја нападнал и се обидел да ја нападне и со остар предмет. Полициски службеници го лишеле од слобода и го задржале во полициска станица а за настанот бил известен јавен обвинител. Од СВР Велес соопштија дека по документирање ...
Во рамките на 61 Рацинови средби, денеска, во Јуроп хаус Велес се одржа и трибина на Владимир Илиевски насловена „Книжевниот превод – прозорец кон светот“ на која истакнати соговорници го дадоа своето мислење за состојбите во издавачката дејност и можноста за повеќе книжевни дела кои се од различни жанрови да бидат преведени и достапни до читателите надвор од Македонија. На поставените прашања свое мислење и одговори даваа добитничката на ...
Љубителите на театарската уметност вечерва на сцената на Дом на култура во Кавадарци ќе имаат можност да ја проследат претставата „Буба у уху“ работена според текст на францускиот комедиограф Жорж Фејдо,во изведба на Аматерски театар на Центар за култура од Ковин. Почетокот е во 20:00 часот. Аматерскиот театар Ковин постои и успешно работи веќе 70 години и дава голем придонес во развојот и афирмацијата на драмското творештво во Јужен Банат, ...
„Рацин – неговото творештво, оној комплет од пет дела којшто го имавме во семејниот дом ми е едно од првите македонски четива но и со сигурност едно од малкуте македонски четива, оние најзначајни за мене на коишто редовно се навраќам низ годините, бидејќи Рацин не се надраснува“, со овие зборови го започна својот говор Фросина Прамаковска добитничка на годинешното „Рациново признание“ откако градоначалникот Марко Колев и го врачи признанието на ...
Бремените жени и лицата над 60 години од утре (19 јуни) до 23 јуни да бидат ослободени од работа, а децата во градинките да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, се дел од препораките кои ги донесе Владата барање на Министерството за здравство, поради топлотниот бран што се очекува од утре да ја зафати целата држава. Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите ...
Досегашниот советник Даниел Јаневски е именуван на денешната седница на Совет на Општина Велес за нов Претседател. Јаневски е советник на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Даниел Јаневски има 41 година и е дипломиран економист на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ , на насока Надворешна трговија. Тој е оженет и е татко на две деца. Со именувањето на Јаневски, завршува мандатот на функцијата на досегашниот претседател Зоран Љутков, кој актерската ...
Четириесет и пет годишна годишна жена од Кавадарци, вчера во Полициска станица на ОВР Кавадарци, пријавила дека во четврток, 6 јуни 2024 нејзината седумнаесет годишна ќерка Д.З. се одјавила од средношколскиот интернат и заминала кај две години постарото момче К.Ѓ кое живеело во Битола. Загрижената мајка неколку пати стапила во контакт со малолетната ќерка која потоа престанала да и одговара на телефонските повици. До пријавувањето на овој случај ...
По реализираниот Планинарски марш во чест на Рацин, посета на планината Лопушник од делегација на Општина Велес и одржаниот симпозиум на тема „Од белите мугри до современите текстови на јазикот и книжевноста“ на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик и Театар Џинот Велес утре,среда 19 јуни и четврток,20 јуни, продолжуваат предвидените активности на годинешните 61 Рацинови средби. Според програмата на ...
Само кај еден ветеринар, деновиве, од страна на граѓани на Кавадарци се однесени шест болни бездомни кучиња од болеста „штенечек“. Станува збор за заразна болест која се препознава по гноен исцедок од носот на болното куче, по гурелки во очите и по уште неколку други видливи со око манифестирања меѓу кои се и гнојни кесички по телото на животното. Последново е кога болеста во поодмината фаза ги напаѓа и внатрешните органи на кучето. На ...
Велешанец Благој Ламњов кој на трети јуни, годинава, го одржа својот прв солистички концерт пред своите сограѓани во родниот град, ја објави првата песна со којашто го започна концертот за која вели „првите ноти се секогаш најтешки“. Тој на сцената во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ пред своите сограѓани на самиот почеток проговори „Доме слатки доме“ по што сам, без ниту една придружба од други инструменти започна да ја свири „Налеј налеј“ ...
Откако ги направија со менторска поддршка на своите наставници, утрово, на плато на Спомен костурница дојдоа и учеа како да летаат учутми. Педесеттина ученици на четирите основни училишта „Кирил и Методиј“, „Панко Брашнаров“, „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“ раскажаа како е да се направи и да се лета учутма. Сите беа помалку или повеќе вештии во разлетувањето на учутмите. Целта на иницијативата „Време на летала“ потекна од советничката група ...
Велешанецот Атанас Крлевски викендов го следел Светскиот куп во кајак спуст којшто се организираше во Велес. Овој настан бил повод тој со својот мобилен телефон да фотографира повеќе фотографии кои во форма на колаж ги испрати до редакцијата на Дума.мк за категоријата „Граѓански фото објектив“. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата ...
-Занимавањето со политика за многумина денес претставува мошне корисен бизнис: почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува. -Во работата треба да се биде внимателен на почетокот, а во љубовта…на крајот. -Самобендисани Дами, ако по улиците нема огледала, не гледајте попусто во матната вода од вировите, таа не одвраќа слики. -Ако честопати ви се случува да „излегувате“ од кожа, потрудете се барем, гаќите да ви останат на себе. -Воопшто не е ...
Вкупно 30 од три класа матуранти на генерацијата трговци – продавачи кои го завршиле своето образование во учебната 1973/74 следејќи ја наставата во тогашниот Работнички универзитет „Благој Страчковски“ и средно економско училиште „Јовче Тесличков“ вчеравечер одбележаа 50 години од матурирањето. Велешани ќе се сетат на нив затоа што ги услужувале при пазарењето во градската трговска мрежа тогаш составена од продавници и деликатес на ...
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера претпладне, во присуство на старател, бил извршен службен разговор со малолетник од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разлицни апоени и мобилен телефон за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. Убавка ...