Рио Фердинанд побара од челниците на Манчестер Јунајтед да ја преиспитаат одлуката и да размислат околу втора шанса за Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“, но во најновата епизода на својот јутјуб канал, легендарниот стопер воглавно се задржа на случувањата во англискиот тим. Англија отвори со посакувана победа на мундијалот и прикажа игра која ветува добри нешта, а иако во пресметката со „коцкестите“ одлична работа завршија неколку првотимци, ...

Кристијано Роналдо забележа настап на шесто Светско фудбалско првенство, но тој како и неговата Португалија не се прослави на соочувањето со ДР Конго каде беше освоен само бод. Можеби ремито од 1-1 е најмал проблем од натпреварот од проста причина што Португалија изгледаше навистина лошо на теренот, испрати само еден удар во рамките на голот за 90+ минути и тоа оној на стрелецот Жоао Невеш што е прескромно за селекција која е ставена на ...

Романскиот фудбалски стратег, Кристијан Киву доби нов договор од италијанскиот прволигаш Интер. Киву во својата прва сезона на кормилото на клубот од Милано успеа да му донесе двојна круна, пехар во Серија А и во Купот на Италија. Со ова се потврди дека управата направи вистински избор и му ја даде довербата на Романецот како наследник на Симоне Инѕаги кој замина во Саудиска Арабија. Според новиот договор Киву останува предводник на ...

Пред секој викенд турнир во Европската лига, селекторот Јошко Миленкоски прави мал пресек, а сега последна одлука е да отпатува со 13 репрезентативци во Косово. Македонската репрезентација ја започна новата сезона во Европската лига со два половични учиноци на турнирите во Скопје и Атина, па сега ќе бара подобрување на тој скор во Косово. Македонија забележа по една победа и еден пораз на воведните два турнири, а сениорската репрезентација со ...

Комо направи сензација со Топ 4 пласман во Серија А и обезбедено место во Лигата на шампионите, а останува да се види со каков ростер ќе располага Сеск Фабрегас за следната, покомплицирана сезона. Денеска стана јасно дека шпанскиот контигент во редовите на Комо дефинитивно ќе биде намален поради заминувањето на Серхи Роберто, ветеранот кој не успеал да се договори со италијанскиот тим за продолжување на договорот. Шпанецот имаше договор за ...

Швајцарија доминираше цел натпревар против Босна и Херцеговина, но мораше да чека до финишот за да го скрши отпорот на балканската репрезентација и да победи убедливо со резултат 4:1. Резервистот Манзаби постигна гол три минути откако влезе во игра, односно во 74. минута и конечно го донесе толку посакуваното водство за избраниците на селекторот Мурат Јакин. Во меѓувреме Мухаремовиќ заработи директен црвен картон по стартот над Емболо на ...

Светската фудбалска федерација реагираше експресно и ја прифати забелешката на англискиот селектор Томас Тухел, што ќе влијае на позицијата на фоторепортерите на актуелното светско првенство. Англискиот селектор по триумфот над Хрватска се пожали дека она што му го расипало впечатокот од победата против незгодниот противник, бил делот со интонирањето на химните, кога тој бил опкружен со фоторепортери и не можел да ги гледа своите фудбалери. – ...

Раководството на Милан веќе го промовираше Рубен Аморим за нов тренер и наследник на Макс Алегри, а денеска клубот потврди и еден трансфер, односно прво засилување во ерата на португалскиот стручњак. Се работи за враќање на напаѓачот Франческо Камарда, за кого Милан ја активираше клаузулата за откупување на договорот и враќање во своите редови која беше вметната во договорот со Лече. Но, италијанските медиуми истакнуваат дека Лече и Милан ...

Чешка и Јужна Африка стигнаа до својот прв бод на СП 2026, а епилогот од натпреварот од второто коло на овој мундијал повеќе оди во прилог на африканската селекција. Чесите имаа водство од 6. минута, па иако овојпат не дозволија целосен пресврт, не издржаа до крајот и дозволија противникот да израмни со гол од пенал. Садилек е фудбалерот кој постигна гол по воведните шест минути, Чесите не успеаја да постигнат гол за сигурна победа, а откако ...

Нејмар и натаму не е во конкуренција за настап за бразилската репрезентација, а федерацијата денеска потврдила дека тој воопшто нема ни да патува со колегите за дуелот од второто коло. Бразилците ќе бидат големи фаворити на дуелот со Хаити, но и под притисок откако освоија само бод со Мароко и мора да одат на победа против аутсајдерот. Селекторот Карло Анчелоти ќе се надева дека ќе може да смета на џокерот Нејмар во нокаут фазата, а тоа ...

Лионел Меси направи фудбалско шоу на првиот настап на Аргентина на актуелното СП 2026, но не можеше да ги сокрие солзите кои беа најава дека има одредени проблеми во приватниот живот. Меси по натпреварот признал дека причина за солзите е нефудбалска работа, по што аргентинските медиуми објавија дека неговиот татко и агент, Хорхе Меси има здравствени проблеми и се наоѓа во болница, па таквата ситуација очекувано го загрижува Лео, кој и покрај ...

Во организација на Македонскиот олимписки комитет и Амбасадата на Италија во Скопје, денеска во кафулето Espresso ST Café во East Gate Mall беше отворена изложбата насловена „Where Mediterranean Waves Unite – XX Mediterranean Games Taranto 2026“, посветена на претстојните XX Медитерански игри кои оваа година ќе се одржат во Таранто, Италија. Изложбата преку внимателно избрани фотографии ја претставува богатата историја на Медитеранските игри, ...

Раководството на Јувентус не планира да го промени ставот во преговорите со Душан Влаховиќ и наскоро ќе биде потврдено дека српскиот напаѓач заминува од Торино. Доаѓањето на Џовани Карневали на местото на Демиен Комоли на позицијата генерален директор донесе дилема дали „бјанконерите“ ќе ги реактивираат преговорите со напаѓачот, но и самиот Карневали сметал дека Јувентус не може и нема да ја зголеми својата понуда во обид да го премислува ...

Рафаел ван дер Варт има улога на стручен коментатор за холандската национална телевизија, а успеа да предизвика скандал уште на првиот натпревар на „портокаловите“. Ван дер Варт е познат по своите брутални коментари, но овојпат претера, навредувајќи го противникот, односно јапонските репрезентативци кои освоија бод на дуелот со Холандија. Детектирајќи ја причината или грешката поради која Јапонија израмни на 2:2, Ван дер Варт истакнал дека ...

Хари Кејн го отвори светското првенство со два гола на дуелот со Хрватска, а за Гери Линекер тоа е уште еден доказ дека англиските фанови во моментов имаат привилегија да го гледаат најдобриот напаѓач во историјата на островската земја. Линекер е активен со својот подкаст за време на мундијалот, а неговиот коментар е резултат и на фактот што Кејн го израмни неговиот ефект од десет постигнати голови на светските првенства, инаку рекорд на ...

Брегот на Слоновата Коска во второто мундијалско коло ќе се соочи со Германија, а на овој натпревар нема да може да смета на еден од своите стартери. Ели Ваи не добил виза од канадските власти и нема да може да влезе во земјата каде неговата репрезентација ќе игра во второто коло од СП 2026 и ќе се обиде да му парира на европскиот ривал. Ваи беше стартер во победата над Еквадор во првата рунда, но сега добил непријатна информација од ...

Премиер лигата може да биде следниот предизвик за Андреа Камбијасо, а клубот кој е најзаинтересиран за неговите услуги е Челси. Лондонскиот состав посакува да ги засили своите редови со италијанскиот репрезентативец, веќе се направени и првите контакти со Јувентус, но двата клуба се оддалечени во однос на сумата која треба да биде издвоена за трансферот. Јувентус е под притисок да продаде еден фудбалер до крајот на јуни за да не ги прекрши ...

Барселона не го искористи правото да ги откупи правата на Маркус Рашфорд за сума од 30 милиони евра, па иако каталонскиот гигант не е целосно откажан од него, има јасна намера да се „ценка“ и да ја намали цената доколку тоа е возможно. Каталонскиот гигант не го испочитува договореното и ќе видиме како ќе се одвиваат разговорите за можно намалување на цената, особено кога Манчестер Јунајтед за други клубови го вреднува Рашфорд како играч кој ...

Томас Тухел доби голем број пофалби од англиските фудбалери за начинот на кој ги мотивирал на паузата меѓу двете полувремиња од натпреварот со Хрватска, па иако голем дел од победата му се препишува нему, Германецот не беше целосно задоволен од комплетната слика на првиот мундијалски меч. Ова беше прво мундијалско искуство за Тухел како селектор и јасно е дека истото долго ќе му остане во сеќавање, не само поради атрактивниот меч и шесте ...

Лионел Меси испиша нова историја на фудаблските мундијали и стана најдобар голгетер во друштво на Мирослав Клосе, учинок до кој стигна благодарение на страшното издание против Алжир. На стартот на својот шести мундијал во кариерата, Меси уште еднаш потврди дека е еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, но неколку легендарни имиња веќе немаат дилеми и го искачуваат Аргентинецот на врвот на пиедесталот. Бразилецот Роналдо јасно ...

На Ајуб Буади доволни му беа 90 минути за да се претстави на најдобар можен начин на светската спортска јавност, иако онаа од Франција и од претходно беше запознаена во квалитетите на талентираниот играч за врска. Фудбалерот кој до пред неполни три месеци настапуваше за француската селекција до 21 година, во април направи избор да ги брани боите на Мароко во ситуација кога беше игнориран од Дидие Дешамп, а уште на дебито на мундијалите покажа ...

Хари Кејн одигра капитенски против Хрватска и со два гола во првото полувреме во два наврати носеше предност за Англија, па иако неговите голови не го одлучија победникот, јасно е дека одигра важна улога во победата од 4:2. Тимот на Томас Тухел одигра извонредно во вториот дел во фазата на пресинг и не им дозволи на Хрватите да излезат од својата половина во првите 20-тина минути во продолжението, а откако брзо погоди Џуд Белингам, на крајот ...

Јоан Виса испиша фудбалска историја и стана првиот играч на ДР Конго кој постигна гол на еден мундијал, а истиот беше доволен и за прв историски бод на Светските првенства. Фудбалерот на Њукасл одлично го испрати центаршутот и постигна одличен гол со глава против Португалија, па иако тоа се случи пред крајот на првиот дел, резултатот до крајот не се менуваше. Играчите на ДР Конго за вторпат во својата историја се дел од еден најважен ...

Лука Модиќ одигра еден од најслабите мундијалски натпревари во својата кариера и беше изваден од игра во 58-та минута, но како капитен на Хрватска, тој мораше да покаже лице пред новинарите по поразот од 4:2. Хрватска парираше во првиот дел и двапати се враќаше во игра, но силното темпо на Англија уште толку стана забележително во вториот дел, по што следеа уште два гола во мрежата на Ливаковиќ. Модриќ немаше препознатливи решенија во ...

МВР во координирана акција со Јавното Обвинителство го приведе Муамед Сејдини пред два месеци, а денеска пристигна информација дека уапсен е уште еден поранешен претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски. Обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден спроведува повеќе акции на разни локации во земјата во координација со МВР и Финансиската полиција, а дел од целата истрага е и Ѓорѓиоски. Екс ...

Англија ја победи Хрватска со 4:2 и ја надигра во второто полувреме во Тексас, натпревар на кој видовме и потпросечно издание на Лука Модриќ, играчот кој обично ги влече конците во играта на „коцкестите“. Капитенот одигра некарактеристично лош натпревар и беше повлечен од игра во 58-та минута, па тоа им даде за право на Англичаните да заклучуваат дека Модриќ бил надигран од агресивните и физички подготвени фудбалери на Томас Тухел. Во тој ...

Јоан Виса испиша фудбалска историја и стана првиот играч на ДР Конго кој постигна гол на еден мундијал, а истиот беше доволен и за прв историски бод на Светските првенства. Фудбалерот на Њукасл одлично го испрати центаршутот и постигна одличен гол со глава против Португалија, па иако тоа се случи пред крајот на првиот дел, резултатот до крајот не се менуваше. Играчите на ДР Конго за вторпат во својата историја се дел од еден најважен ...

Реал Мадрид зад себе остави втора разочарувачка сезона без ниту еден освоен трофеј и тоа го вклучи црвениот аларм во шпанската престолнина, па откако во клубот беа свикани претседателски избори, пристигнаа и низа возбудливи најави во вид на промени на играчкиот кадар. Флорентино Перез го исполни тоа што го најави по победата на изборите, па по официјалната потврда на Жозе Мурињо, почна да ги носи и играчите кои ги најави за време на ...

Англија и Хрватска го понудија најдобриот натпревар на Светското првенство и режираа спектакл со шест постигна гола, од кои четири завршија во мрежата на Ливаковиќ. По извонредниот прв дел во кој видовме по два гола на двете страни, посреќни на пауза заминаа Хрватите кои израмнија непосредно пред крајот на првиот дел, па во такви ситуации, многу често знаело психолошката предност да се префрли кон тимот кој е во налет. Вчера не беше таков ...

Лионел Меси запиша хет-трик против Алжир и се избори за историски бројки на Светските првенства, но по првиот погодок кој го реализираше, покажа и емоции кои погрешно беа протолкувани во јавноста. Медиумите почнаа да заклучуваат дека аргентинскиот капитен покажува емоции поради фудбалска причина на стартот на својот шести мундијал, но самиот капитен по натпреварот откри дека се работи за нешто сосема друго, односно за личен проблем кој му ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42