Макс Ферстапен полека се приближува до водечката двојка и слободно може да се каже дека се вклучува во шампионската трка, не само поради подобрите перформанси на Ред Бул во последно време, туку и поради резултатот од денешниот спринт во Америка. Откако се избори за најдобра стартна позиција вчеравечер, Макс дочека најдобрар можна вест уште во првиот свиок, во кој Нико Хулкенберг иницираше судир меѓу Оскар Пјастри, односно Ландо Норис. Пјастри ...

Холгер Руне во последно време го подигна нивото и се врати во топ 10 на АТП листата, но за жал, данскиот тенисер сега ќе мора да ја направи првата голема пауза во својата кариера. Турнирот во Стокхолм имаше најлош можен крај на првото полуфинале, бидејќи Руне при водство од 1:0 во сетови мораше да го предаде мечот против Иго Имбер. При еден навидум обичен форхенд, Руне остана без сила во својата нога и брзо стана јасно дека станува збор за нешто ...

Манчестер Сити низ годините стана еден од најдобрите светски клубови, клуб за кој сакаат, посакуваат да играат најдобрите светски играчи. Конкуренцијата е жестока, за секое место се борат двајца, можеби и тројца играчи што е сериозен предизвик за играчите, но секако е разбирливо за екипата која е конкурентна и ги посакува трофеите во сите конкуренции. Пеп Гвардиола низ тренерската кариера морал да донесе и тешки одлуки кога се во прашање ...

Ханси Флик поради протест кон судијата Хил Мансано заработи црвен картон во самата завршница од мечот, но иако беше исклучен, Германецот остана блиску до теренот и го догледа финишот од мечот. Германскиот стручњак не остана рамнодушен по голот за 2:1 кој го постигна Араухо во 93-та минута и се исклучи како никогаш досега во својата кариера, па како одговор за исклучувањето кое го доби од Мансано, одговори со невкусни гестикулации кои се сфаќаат ...

Македонскиот интернационалец, Кристијан Трапановски постигна гол за Данди Јунајтед на денешното гостување кај Ренџерс во првата шкотска лига. Офанзивецот влезе во игра во вториот дел и експресно се запиша во листата на стрелци во 66 минута, погодок со кој во тие моменти донесе израмнување на 1-1. Потоа гостите дојдоа и до втор погодок за комплетен пресврт на „Ајброкс“, но домаќините во финишот се спасија од пораз преку Таверние за конечни 2-2. ...

Екипата на Барселона оствари драматична победа над Џирона (2-1) во каталонското дерби во 9. коло во Ла Лига. Многуте повреди дефинитивно влијаат врз играта на актуелниот шпански шампион, но овојпат експериментот на Флик даде резултат и дефанзивецот Араухо кој влезе да игра како напаѓач во 82 минута успеа да даде гол во судиското продолжение за три големи бода. ARAUJO DE 9, MASTERCLASS DE FLICK NI ROBANDO NOS VAN A PARAR ...

Манчестер Сити ја потврди улогата на фаворит и забележа триумф над Евертон од 2-0 во средбата од осмото коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ не успеаа да го скршат отпорот на „карамелите“ во првиот дел, но затоа во второто полувреме му беа потребни пет минути да го нокаутираа противникот. Во периодот од 58 до 63 минута избраниците на Гвардиола ги постигнаа двата гола, а автор на истите беше Халанд кој со ова само ја продолжии својата неверојатна ...

Тимот на Баер Леверкузен ја запиша третата победа во низа во Бундеслигата и тоа на гостувањето кај Мајнц 05. Поранешниот германски првак триумфираше со 4-3 и со тоа покажа дека е во добар ритам во шампионатот. Грималдо постигна два гола, а во листата на стрелци се запишаа уште Кофане и Терие. На другата страна пак реализираа Ли, Амири и Зиеб. РБ Лајпциг пак дојде до петтиот триумф во седмиот натпревар, а нова жртва беше Хамбургер (2-1). ...

Утре се игра големото англиско дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед и тоа во терминот од 17:30 часот. Ова е меч кој секогаш предизвикува големо внимание без разлика на тоа дали екипите се во форма, на која позиција се наоѓаат, дали некој е послаб, затоа што дерби е дерби и секогаш има посебен мотив. Ливерпул на хартија е фаворит, меѓутоа трите порази во низа (сите конкуренции) доволно говорат дека имаат слабости кои Јунајтед може да проба да ...

Јаник Синер вечерва ќе ги одмери силите со Карлос Алкарас во финалето на „Слемот на шесте кралеви“ што се игра во Саудиска Арабија. Ова ќе биде уште една битка меѓу двајцата најдобри светски тенисери, а пред истата Италијанецот стана вирален по еден коментар, одговор за што доби реакција. Синер беше запрашан за тоа кој холивудски актер би сакал да го глуми ако еден ден се направи филм за него, а тој го избра Вил Смит. Not who I was expecting you ...

Нотингем Форест доживеа пораз од Челси (0-3) на денешниот натпревар во Премиер лигата, пораз кој донесе реакција на управата на клубот која одлучи да му врачи отказ на Анге Постекоглу. „Шумарите“ заборавија да постигнуваат голови, Челси со фуриозно второ полувреме го освои „Сити Граунд“ (ВИДЕО) Постекоглу пред само 39 дена ја презема оваа функција како наследник на Нуно Еспирито Санто, период во кој клубот одигра осум натпревари во сите ...

Кристијано Роналдо дел од својата кариера мина во Италија во редовите на Јувентус и тоа во периодот од 2018 до 2021 година. Тој не успеа да му донесе титула на Јувентус во Лигата на шампионите, но му помогна да освои два пехари во Серија А, Куп и Супер Куп на Италија. Во тоа време во „старата дама“ се сменија неколку тренери, а еден од нив беше Маурицио Сари кој успеал од Кристијано да извлече, извади една неверојатна реакција, потег, а тоа е да ...

Екипата на Челси издвојува убедлива победа над Нотингем Форест (3-0) на отварањето на осмото коло во англиската Премиер лига. Ако се погледне самиот резултат може да се заклучи дека „сините“ биле доминантни и рутински ги освоиле трите бода, но ситуацијата не беше таква на теренот и разликата беше во тоа што гостите ги користеа своите шанси. Домаќините не искористија две добри шанси преку Гибс-Вајт да го отворат резултатот во првиот дел, потоа во ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 во првиот меч од денешната програма во Суперлигата. Актуелниот првак доби силен отпор од „помалиот брат“ во првиот дел кој заврши со реми од 18:18. Помладите пелистерци добро се држеа и во првата половина на втората половина, но потоа избраниците на Гарабаја додадоа гас, се одлепија и потоа рутински ја одработија задачата до самиот крај. Хекбарт со седум погодоци беше ...

Се поблиску сме до првото сезонско Ел Класико во Примера, битката меѓу Реал Мадрид и Барселона закажана за 26 октомври од 16:15 часот на „Бернабеу“. До тогаш двата тима ќе имаат по уште еден предизвик во Ла Лига, но и во Лигата на шампионите, но во овој момент „кралевите“ се апсолутини фаворити за пехарот во Примера. Ова го тврди „Опта“ која му дава преку 50 проценти на Реал дека ќе биде прв во Шпанија или поточно 53,6 отсто, додека за Барса тој ...

Баерн Минхен има одличен почеток на натпреварувачката 2025/2026 во која реди победи во сите конкуренции, но во исто време клубот се обидува да реши одредени прашања кои се многу важни. Едно од нив е статусот на дефанзивецот Дајо Упамекано на кого договорот му завршува следното лето, а засега тешко одат преговорите за продолжување на соработката. Останува да се види во кој правец ќе се движат работите, а легендарниот Лотар Матеус смета дека ...

Душан Влаховиќ е дел од Јувентус од 2022 година, но оваа натпреварувачка 2025/2026 треба да биде негова последна во дресот на италијанскиот великан. Калчолигашот сакаше да се ослободи од Србинот во текот на летото, имаше цел преоден тоа да го направи, меѓутоа не успеа и на крајот Душан остана и може да се каже дека се уште најдобра напаѓачка опција за „бјанконерите“ и покрај трансферите на Дејвид и Опенда. Сепак повеќе од јасно е дека Јуве не се ...

Нејмар Жуниор веќе неколку месеци е дел од составот на Сантош, тим во кој се врати по лошата епизода во Ал-Хилал. Меѓутоа тој има договор со бразилскиот прволигаш до крајот на 2025 година и постои голема неизвесност, прашање дали ќе остане во оваа средина. Се говори за негов кам-бек во Европа, а меѓу екипите кои се споменуваат како потенцијални дестинации е и Интер. Околу оваа гласина свој коментар даде спортскиот директор на „нероаѕурите“, ...

Од денеска до понеделник се игра осмото коло во англиската Премиер лигата, а од десетте натпревари кои се на програмата еден од нив е големото дерби меѓу вечните ривали Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Ова е средба која се игра в недела од 17:30 часот, соочување кое ќе даде одговори на доста прашања, дали „црвените“ навистина се во криза, но и дали Јунајтед може да се носи со тимови кои реално се пред него во овој момент, екипи кои ја бркаат ...

Килијан Мбапе веќе ја игра втората сезона во дресот на Реал Мадрид, а веќе импресионира со познавањето на шпанскиот јазик. Французинот пристигна во Мадрид во летото во 2024 година и експресно потврди дека одлично го владее јазикот на земјата во која реши да настапува по претходниот престој во својата земја. – Шпанскиот има сличности со францускиот јазик, двата јазика имаат слично потекло. – Но, јас учев брзо, веќе зборував малку шпански кога ...

Кристал Палас успеа да го задржи капитенот Марк Геи барем до крајот на актуелната сезона, но веќе е јасно дека по сите случувања, дефанзивецот дефинитивно ќе се раздели со лондонскиот клуб. Англискиот репрезентативец имаше договорен трансфер во Ливерпул, пред неговиот клуб во последен момент да се откаже од неговата продажба, најмногу поради фактот што не обезбеди соодветна замена за својата одбрана. Геи очекувано бил лут поради ова сценарио, но ...

Новото коло од белгиското првенство вчера беше отворено со дуелот меѓу Стандард и Антверпен, но истиот не го доживеа својот крај. При водство на домаќините од 1:0, неодговорен навивач го погоди главниот судија со пластична чаша со пијалок, па арбитарот експресно ги испрати фудбалерите во соблекувалната. Главниот судија Лотар Д’онд не размислуваше премногу за да донесе ваква одлука, па сега според правилата на белгиската лига, овој натпревар ќе ...

Арон Рамзи не успеа да се врати во велшката репрезентација во неодамнешниот октомвриски мини циклус, а покрај соочувањето со нова повреда, поминува тежок период и поради неочекуваната разделба со своето милениче. Кучето од расата бигл исчезнало во близина на хотел за миленици во Мексико и неколку дена Рамзи и членовите на неговото семејство споделуваат фотографии во обид да го лоцираат своето милениче со помош на локалните жители. Рамзи во ...

Пол Сколс е познат по своите брутални коментари и критики на сметка на актуелниот состав на Манчестер Јунајтед, па не е изненадување и неговиот најнов став поврзан со фудбалерите со кои располага Рубен Аморим. Клупската легенда на Јунајтед смета дека тројца играчи не можат физички да се носат со стандардите кои ги наметнува современата Премиер лига. Хари Мегваер, Лук Шо и Касемиро се фудбалерите кои според Сколс имаат надолна линија во својата ...

Фулам ќе има сериозен предизвик на денешното градско дерби со Арсенал и ќе се обиде со помош на своите фанови да освои некој во дуелот со еден од најсериозните кандидати за титулата во Премиер лигата. Менаџерот Марко Силва изминатиот период не го криеше разочарувањето од начинот на кој раководството го изменаџирало последниот преоден рок, нешто што не може да се каже за денешниот противник. Арсенал донесе сериозни и скапи засилувања, па дури и ...

Јувентус утре му гостува на Комо, натпревар кој со оглед на формата на противникот, ќе биде сериозен предизвик за избраниците на Игор Тудор во новата рунда од Серија А. „Тутоспорт“ го искористил соочувањето на двете екипи да направи интервју со легендарниот Марко Тардели, кој во својата кариера одигра една сезона за Комо, а потоа беше еден од лидерите на моќна генерација на Јувентус. Меѓу другото, Тардели се обидел да даде одговор на прашањето ...

Манчестер Сити денеска ќе ги продолжи настапите во Премиер лигата со дуел со Евертон, а добра вест за Пеп Гвардиола е што противникот нема да смета на Џек Грилиш. Повремениот англиски репрезентативец нема право на настап против матичниот клуб и тоа е олеснување за Сити ако се има предвид формата на Грилиш, форма која може да му гарантира и враќање во екипата за која настапуваше до минатата сезона. – Најважно е што тој се врати, има сериозно ...

Пол Гаскоњ имаше неколку непријатни епизоди во изминатите неколку години поради непрекинато пиење на алкохол, па иако во повеќе наврати се обидуваше да се стабилизира со професионала помош и терапии, популарниот Газа вели дека и ден денеска не може да се оддалечи од порокот кој го прогонува од играчките денови. Легенданиот англиски фудбалер во најновото обраќање во јавноста нагласи дека никогаш нема да престане да пие алкохол, бидејќи колку и да ...

Новак Ѓоковиќ брзо ја заврши својата авантура на „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад, но пред да си замине, српскиот тенисер беше подоложен и на интересен тест, на кој одговори без многу размислување. Ноле доби шанса да состави прототип на идеален тенисер со неколку елементи од најдобри играчи, а во дадената ситуација, реши да се исклучи себе од конкуренција. Србинот го избра сервисот на Џон Изнер како најдобар на сите времиња, форхендот на ...

Формула 1 викендот во САД донесе први конкретни возбудувања со квалификациите за спринт трката, а во нив Макс Ферстапен успеа да ги „надмудри“ ривалите од Мекларен. Ландо Норис беше блиску до пол-позиција, но Ферстапен успеа да го потисне на второто место со последниот круг и предност од 0,071 секунди, по што актуелниот светски шампион ќе има најдобра стартна позиција на првиот натпревар во Остин. Оскар Пјастри од Мекларен ја комплетираше ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
79%
1018
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
67%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.79
84%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
90%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
80%
1016
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
66%
1015
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
87%
1022
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
93%
1018
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.58675

Платина

67491.55

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Паладиум

56360.26

Кобалт

58.42

Злато

141766.89

Калај

43.92

Бакар

11.13

Алуминиум

2.93

Иридиум

145787.60

Сребро

2219.66