Карло Анчелоти пристигна во Бразил со сериозна мисија да ја спасува легендарната фудбалската репрезентација која со години наназад лута во светскиот фудбал, а негова прва голема мисија ќе биде да создаде хемија во тимот во пресрет на мундијалот кој се игра наредната година. Во воведните јунски квалификации, тимот забележа едно реми и една победа, но стартот на месец септември ни откри дека „кариоките“ полека добиваат препознатлив стил на игра ...

Лионел Меси го одигра својот последен официјален натпревар на аргентинско тло и истото го одбележа со два погодоци во мрежата на Венецуела, па во ноќ во која Аргентинците доживеаја многу емоции, сигурно не очекуваа изјава како онаа што следеше од легендарниот капитен. Меси како предводник на овој тим се погрижи со соиграчите да обезбеди нов настап на еден фудбалски мундијал, но сега самиот Лео порача дека логично е тој да не се појави на ...

Арина Сабаленка нема пропуштено финале на тврда подлога од 2022-ра година, а таквиот тренд го продолжи и на Ју-Ес Опен, грен слем турнир на кој ја брани титулата од минатата година. Белорусинката играше против Џесика Пегула во реприза на минатогодишното финале и се најде во негатива по одиграниот прв сет (4:6), но најдобрата светска тенисерка остана доволно смирена за да направи пресврт. Иако публиката не беше на нејзина страна, Арина пронајде ...

Подмладената Македонија не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство кои се одиграа во месец август и селекторот Марјан Илиевски доби јасни сигнали за тоа што може да очекува од новите кошаркари, па сега пред нашиот најсилен тим е нова ждрепка, односно извлекување кое ќе ги одреди противниците за уште едни претквалификации. Евробаскетот кој ќе се одржи во 2029-та година е турнир на кој ќе се сретнат најдобрите репрезентации од ...

Лионел Меси доживеа многу емоции на „Монументал“ и вечно ќе ја памети изминатава вечер во Буенос Аирес, не поради победата остварена против Венецуела, туку поради фактот што го одигра последниот официјален меч на аргентинско тло. За капитенот на Аргентина ова беше последен официјален натпревар пред домашните навивачи во неговата кариера, а преполнетиот „Монументал“ се погрижи атмосферата да биде сензационална и незаборавна. Меси добиваше огромна ...

Џенаро Гатузо денеска ќе дебитира на официјален натпревар како селектор на италијанската фудбалска репрезентација, чест која неверојатно многу го исполнува славниот фудбалер кој освои и светска титула како член на „аѕурите“. По турбулентната етапа во Хајдук, Рино доби шанса да го наследи Лучијано Спалети и без многу размислување ја прифати понудата од Федерацијата, па иако работата нема да му биде воопшто лесна, воведниот распоред му дава за ...

Германија продолжува да лута како фудбалска репрезентација и никако не успева да се врати на старите славни патеки, а најнов доказ за такво нешто беше вчерашниот квалификациски меч кој се одигра во Братислава. Словачка како далеку послаба селекција направи вистинска сензација и извојува победа од 2:0 против четата на Јулијан Нагелсман, па иако станува збор за прв натпревар на „панцирите“ во овој циклус, Јулијан Нагелсман го крена гласот како ...

Алкалоид доби најтежок можен противник во баражот за Европската лига на ЕХФ и загуби со десет голови разлика на гостувањето во Германија, резултат кој дефинитивно беше превисок и нереален за она што се случуваше на теренот. Хановер максимално профитираше од грешките и нереализираните зицери на избраниците на Кирил Лазаров, па затоа предводникот на Алкалоид верува дека саботниот натпревар кој се игра во Скопје ќе биде една сосема поинаква ...

Германската фудбалска репрезентација ги почна квалификациите за СП со неочекуван пораз од Словачка, а Бастијан Швајнштајгер јавно ги критикувал избраниците на Јулијан Нагелсман за случувањата на првиот натпревар. Потопот во Братислава донесе сериозни критики од поранешниот репрезентативец, кој не пропуштил да ги потенцира слабостите на националниот тим, вклучувајќи ја и ноќта за заборав на Антонио Ридигер. – Треба да бидеме среќни ако воопшто се ...

Грција ја победи Шпанија (90:86) во последното коло од групната фаза на кошаркарското европско првенство и со тоа првпат по 1977 година, ја остави „фуријата“ без пласман во втората фаза на турнирот. Шпанците вообичаено имаат резервирано место во завршницата, беа и актуелни шампиони, но со подмладената селекција на овој шампионат не успеаја да дојдат ни до почетокот на нокаут фазата. Адетокумбо со 25 и Дорси со 22 поени беа најефикасни во грчкиот ...

Белгија и Шпанија без никакви проблеми ја оправдаа улогата на фаворити во квалификациските дуели со Лихтенштајн и Бугарија, добивајќи ги натпреварите со полна мрежа на противниците. Изненадувањето на вечерта го приреди Словачка, репрезентација која ја победи Германија пред своите фанови со 2:0. Во групата во која игра Македонија, Лихтенштајн загуби од Белгија со 0:6, а головите ги постигнаа Де Кујпер, Тилеманс (2), Теате, Де Брујне и Фофана. Со ...

Диого Далот нема да биде во комбинација за претстојните натпревари на португалската репрезентација, а причина е повредата поради која бил ослободен од обврските кон националниот тим. Португалскиот дефанзивец одигра цел натпревар во драматичната победа на Јунајтед над Барнли, но сега морал да се врати во Манчестер за веднаш да почне со санирање на актуелниот проблем. Далот има мускулна повреда, што значи незгоден проблем, па допрва ќе биде јасно ...

Словенија ја заврши првата фаза на европското првенство со важна победа над Израел и сега ќе се фокусира на својот противник во осминафиналето. Лука Дончиќ и денеска беше најзаслужен за триумфот на својата репрезентација, но ги шокираше фановите со отсуството пред почетокот на средбата. Најголемата словенечка ѕвезда го пропуштила загревањето, па дури и интонирањето на химните, што предизвикало страв кај фановите дека е повреден. Сепак, Дончиќ се ...

Италијанските медиуми денеска објавија информации за платите на фудбалерите на четири италијански екипи, односно Топ 10 играчи со највисоки плати во редовите на Интер, Наполи, Милан и Јувентус. Она што беше познато и досега е дека Душан Влаховиќ со годишна плата од 12 милиони евра е најплатен играч во Серија А, но останатите членови на Топ 10 друштвото овозможуваат интересни споредби. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се врати во Наполи ...

Килијан Мбапе е дел од француската репрезентација која деновиве ќе одигра два натпревари, а на прес-конференцијата зборувал на разни теми, вклучувајќи ја и онаа традиционалната за прегустиот распоред во секоја нова сезона. Ѕвездата на Реал Мадрид уште еднаш истакнал загриженост поради големиот број натпревари, потенцирајќи дека никој не може да издржи со такво темпо. – Не сум сигурен дека некој е подготвен да игра 60 натпревари по сезона. – Не ...

Тотенхем ја изненади фудбалската јавност со соопштението за крај на долгиот претседателски мандат на Даниел Леви. Досегашниот претседател беше во клубот од 2000 година, а последниот период навивачите јасно и гласно бараа негово заминување поради незадоволството од клупската стратегија. Тотенхем последната сезона конечно стави крај на периодот без освоен трофеј со триумфот во Лига Европа, но тоа не го промени впечатокот дека нешто треба да се ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија на денешниот пријателски натпревар во Прага, но селекторот Благоја Милевски во првиот коментар ги истакна позитивните страни на оваа средба. Селекторот експериментираше со составот и формациите, па голот на Александар Трајковски не беше доволен за позитивен резултат, бидејќи противникот направи целосен пресврт и победи со 2:1. – Секако дека има моменти кои ме прават да бидат ...

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години денеска ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 2:0, н пријателскиот натпревар одигран во Радовиш. Двата гола за нашата репрезентација ги постигна Стефан Младеновски. Првиот гол Младеновски го постигна во 29. минута од средбата, додека вториот гол беше негово дело во 89. минута. Беше досуден пенал по прекршок во шеснаесетникот на БиХ, а сигурен реализатор на ударот од белата ...

Челси пред две години плати 60 милиони фунти за Кристофер Нкунку, но францускиот фудбалер не успеа да го потврди својот потенцијал во редовите на премиерлигашот. По две неубедливи сезони пропратени со повреди, Нкунку летово се пресели во Милан, а пред новинарите зборувал за својот став околу сезоните минати како член на Челси. – Мислам дека се беше перфектно кога дојдов, но за жал заработив повреда и морав подолго да паузирам. – Кога се вратив, ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Саудиска Арабија со 2:1 на пријателскиот натпревар одигран во Прага, а на кој селекторот Благоја Милевски комбинираше со составот. Македонија стартуваше со дел од играчите кои имаа помала минутажа изминатиот период, а резултатот го отвори Александар Трајковски во 40. минута со атрактивен погодок. Трајковски погоди со ножички и изнуди овации од сите присутни на стадионот на Викторија Жижков, ...

Кевин де Брујне ова лето го промени клубот по долго време, а барем засега планира да продолжи да настапува и за белгиската репрезентација. Она што во иднина ќе биде поразлично е што Де Брујне веќе нема да биде капитен на репрезентацијата, а селекторот Руди Гарсија потврдил дека решил „црвените ѓаволи“ да добијат предводник. Изборот паднал на фудбалерот на Астон Вила, Јури Тилеманс, а самиот селектор денеска им ја потврдил веста на новинарите. Де ...

Велс победи на гостувањето кај Казахстан со 0:1 и на тој начин, барем привремено, се најде на првото место во квалификациската група во која настапува и Македонија. Во пресрет на дуелот на домашен терен со Лихтенштајн, нашата репрезентација сега е на второто место, но ќе може да се врати на врвот со упех по три дена во Скопје. Мур го постигна единствениот гол за Велс на денешниот натпревар, па избраниците на Крег Белами стигнаа до посакуваниот ...

Македонската фудбалска репрезентација имаше водство на пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, а единствениот погодок за нашата селекција во првиот дел беше не дело, туку ремек дело на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец е стартер на дуелот во Прага, трпеливо ја чекаше својата шанса на дуелот со азиската селекција и ја дочека во 40. минута. Алекс доби добро нафрлување од десната страна и реализираше со ножички, постигнувајќи ...

Манчестер Јунајтед направи неколку квалитетни трансфери во последниот преоден рок, но дел од медиумите пренесуваат дека менаџерот Рубен Аморим имал и неколку неуспешни обиди за ангажирање фудбалери кои сметал дека би имале позитивен ефект врз играта на „црвените ѓаволи“. Еден од позначајните, а неуспешни обиди на премиерлигашот бил да го врати Конор Галахер на островот, за што била испратена понуда до Атлетико Мадрид. Самиот Галахер не е ...

Расмус Хојлунд стана прекуброен во нападот на Рубен Аморим и остана во сенка на Брајан Мбеумо и Бенјамин Шешко, а остако стана јасно дека нема место за него во Манчестер Јунајтед, Данецот реши да се врати во добро позната лига за него. Серија А е првентвото кое му овозможи на Расмус да направи неверојатен скок во Европа, па после две години минати во Манчестер во доста тешки услови, Хојлунд се враќа на Апенините, и тоа во тимот кој ја освои ...

Лина Ѓорческа го продолжи својот пат на турнирот кој се игра во Романија, па веќе утре ќе се бори за место во финалето во Слобозија. Најдобрата македонска тенисерка денеска одигра малку необичен и чуден меч во четвртфиналето, но и покрај почетните проблеми, ја оправда фаворитската улога и славеше со 2:1. Луција Ќириќ Багариќ од Хрватска го доби првиот сет со убедливи 6:1 и направи големо изненадување со стартното водство, меѓутоа тоа го вклучи ...

Кирил Лазаров го најави реваншот со Хановер во баражот за Европската лига на ЕХФ и побара максимално залагање од своите ракометари, но на присутните македонски новинари во прес-центарот потврди и позитивни вести за Алкалоид, но и најсилната ракометна репрезентација. Тренерот на Алкалоид кој истовремено е и македонски селектор откри дека Марко Митев ја санирал тешката повреда на коленото, па веќе неколку недели тренира со силен интензитет и ...

Џенаро Гатузо ќе дебитира на клупата на Италија како селектор на натпреварот против Естонија, но увертирата за оваа квалификациска средба донесе прва лоша вест за Рино. „Аѕурите“ ќе се обидат да излезат од фудбалската криза со Гатузо како предводник на националниот проект, а во ситуација кога ќе брка деби победа против Естонија, новиот селектор ќе мора да го прави тоа без малерозниот напаѓач. Џанлука Скамака направи две сериозни операции на ...

Тони Крос очигледно не е преголем фан на баснословните суми кои ги издвојуваат премиерлигашките клубови за нови засилувања, а најдобар доказ за тоа е изјавата која ја даде за најскапото летно засилување. Александер Исак постави британски трансфер рекорд и за сума од 145 милиони евра премина во редовите на Ливерпул, но во редовниот поткаст кој го одржува со својот брат и чиј таргет е Германија, Крос вели дека половина од слушателите не го ...

Големото дерби во групата А заврши со победа на Турција над Србија во еден крајно интересен и неизвесен натпревар, а тоа им овозможи на Турците да го освојат првото место и да имаат полесен пат во нокаут фазата. Избраниците на Ергин Атаман имаа далеку подобра завршница и во последната минута стигнаа до пет поени позитива (95:90), па иако преовладуваше тимската хемија, сепак посебна за издвојување е партијата која ја имаше Алперен Шенгун. Играчот ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
80%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
1017
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
56%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.47
88%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
82%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
55%
1015
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
7.2
90%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
67%
1019
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
68%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793