Џејсон Кид и во иднина ќе биде предводник на екипата на Далас Маверикс, објавија американските медиуми. Кид од 2021 е на клупата на клубот од Тексас и ќе остане тука и во наредните години затоа што прифатил нов повеќегодишен договор. Инаку Џејсон беше интересен за Њујорк Никс минатово лето, но Далас не даде дозвола за преговори и со тоа можност за заминување. Пред две години некогашниот плејмејкер беше мета и на Лос Анџелес Лејкерс, но Маверикс ...

Хулен Лопетеги ја презема селекцијата на Катар на 1-ви мај, а неполни шест месеци подоцна, шпанскиот стручњак оствари голем успех и го одведе националниот тим на ново Светско првенство, второ во низа по она на кое беа домаќини. Во директната пресметка за пласман на мундијалот во САД, Мексико и Канада, Катар беше подобар од Обединетите Арапски Емирати со 2:1, натпревар кој ќе се памети по големата мешаница на крајот, како и по бизарниот момент со ...

Црвена Звезда ја запиша и втората победа по заминувањето на Јанис Сферопулос, но првата остварена под водство на новиот перманентен тренер, Саша Обрадовиќ. Српскиот великан го отпушти Сферопулос поради ужасниот старт на сезоната, па активирањето на легендарниот Саша донесе позитивни вибрации во клубот, а истите се пренесоа и на теренот. Црвена Звезда денеска запиша нова победа во Евролигата, и тоа над литванскиот великан Жалгирис кој падна во ...

Џенаро Гатузо постави историски рекорд како селектор на италијанската фудбалска репрезентација, а добрата низа на резултати ја продолжи и денеска во новата пресметка против Израел. Рино стана првиот италијански селектор кој на првите три меча се погрижил неговиот тим да постигне повеќе од 10 гола, па оваа серија беше подобрена со ново сигурно издание. По вкупно 13 постигнати гола на првите три средби, Италија денеска постигна уште три, од кои ...

Македонската јавност веќе се информираше за големиот ракометен спектакл кој ќе се случи во Скопје на крајот на месец октомври, а денеска пристигна информација дека уште две легенди ќе бидат дел од случувањето кое ќе побуди многу емоции и спомени во „Јане Сандански“. Спортското радио 90,3 фм со организацијата на овој настан го прославува својот 20-ти роденден, па после низата звучни имиња кои потврдија учество, сега пристигна информација за уште ...

Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди и во петтата деценија од животот, а родениот голгетер денеска постави нов како најдобар стрелец во квалификациите на светските првенства. Португалија прими гол од Унгарија во раната фаза и бркаше резултат на домашен терен, но фаворитот ги сврте работите во своја корист до крајот на полувремето. Најзаслужен за тоа е капитенот кој не престанува да ги полни противничките мрежи и на 40-годишна возраст, ...

Понудената оставка од Драган Стојковиќ ја остави Србија со еден единствен избор на клупата, па така денеска српскиот национален тим во Андора го води Зоран Мирковиќ. Со видно изменет состав против аутсајдерот, Србија почна да доминира од самиот старт, но сепак изненадувачки првиот гол го видовме во мрежата на Ѓорѓе Петровиќ. Една грешка и лошо додавање од младиот Станковиќ заврши со пресечена топка на средината, по што следеше изнеандувачки шут ...

Карло Анчелоти денеска го доживеа вториот пораз како бразилски селектор, и тоа на натпревар кој воопшто не изгледаше како некој на кој може да има проблеми. По сигурната победа над Јужна Кореја со резултат 5:0, Бразил денеска добро отвори и против Јапонија во првиот дел, но водството од 2:0 не се покажа како доволна за победа, но ниту за реми. Јапонците направија неверојатен пресврт во вториот дел и со три погодоци испишаа историја, односно за ...

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Европско првенство, а новиот пораз во балканското дерби со Црна Гора се должи на црните 16 минути кои ги имаа нашите надежи. Тимот на Горан Станиќ подобро го отвори мечот во Тузи и поведе со голот на Мелиќи, погодок кој беше доволен за да се замине на пауза со минимална предност. Добрата еуфорија од мечот со Ерменија даваше знаци дека нашиот ...

Вардар тргна со лесен и сигурен триумф на отворањето на новата натпреварувачка сезона во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва во „Јане Сандански“ од почеток до крај издоминира против Сесвете. Иван Чупиќ успеа да го надмудри својот поранешен соиграч и колега Игор Вори, па во натпревар кои сите случувања на теренот ги контролираше Вардар, незабележително минаа и неколку мали падови во играта на „црвено-црните“. Вардар водеше во текот на целиот ...

Хенрик Мхитаријан во изминатата недела стана доста популарен со својата автобиографија и низата анегдотите кои ги откри за дел од својата кариера, но никој не можеше да претпостави дека тоа можеби претставува и најава за крај на кариерата. Искусниот Ерменец успеа да се избори за стартерски статус и кај новиот тренер Кристијан Киву и доказ за тоа се последните натпревари на Интер, но без оглед на тоа што се чувствува добро на теренот, Хенрик ...

Пол Сколс редовно дава свои мислења и видувања за случувањата во Манчестер Јунајтед, а како легенда на клубот, заклучува дека водечките директори на клубот не ги учат лекциите од минатото. Според него, најдобар пример за тоа е последниот голем трансфер кој го реализираше Јунајтед во летниот преоден рок, односно ангажманот на Бенјамин Шешко како директна замена за Расмус Хојлунд. Сколс гледа многу нелогичности во потезите на својот сакан клуб, ...

Шведска има две големи ѕвезди во нападот како Александер Исак и Виктор Ѓокереш, но двете премиерлигашки ѕвезди очигледно не можат да ги решат проблемите кои настанаа во селекцијата во изминатите неколку месеци. Поразот на гостувањето во Косово беше доволно сериозен аларм дека нешто не е најдобро во националниот тим, но откако Шведска вчера претрпе пораз на домашен терен од истата селекција, водечките луѓе на Федерацијата му врачија отказ на ...

Македонската фудбалска селекција до 17 години на крајот ја оствари целта на претквалификацискиот турнир кој се одигра во Струмица, па со денешната висока победа изразена со резултат 9:0, обезбеди пласман во елитната фаза од квалификации за Европско првенство. На крајот, главен фактор беше гол разликата која заврши во корист на Македонија, пред се благодарение на денешниот триумф изразен со резултат 9:0 против селекцијата на Гибралтар. ...

Елиф Елмас доживеа разочарување поради ремито против Казахстан на вчерашниот натпревар кој се одигра на „Тодор Проески“, но македонската фудбалска ѕвезда доби далеку полоша вест рано денеска. Информацијата за смртта на Владимир Блажев – Панчо ја потресе цела македонска јавност, бидејќи фронтменот на познатата група ДНК потклекна на повредите седум месеци по големата трагедија во Кочани. Популарниот Панчо седум месеци водеше борба за својот живот ...

Марк Клатенбург беше убедливо најдобар англиски судија во завршната етапа која ја имаше како професионален арбитар, но пред да добие статуст на елитен судија, тој мораше да мине и низ еден турбулентен период кога е во прашање Мерсисајд дербито. Поради катастрофално донесени одлуки на штета на Евертон во 2007-ма година, Клатенбург доби забрана да им суди на „карамелите“ во период од шест години, сето тоа како последица на победата која ја ...

Жерард Пике освои се што можеше да се освои како стопер на Барселона и со години беше лидер во одбраната на каталонскиот гигант, а како фудбалер кој има многу убави и лоши спомени, реши да избере еден негативен момент кој посебно му останал врежан во сеќавањето. Пике не мисли на ниту еден болен момент од елиминациите во Лигата на шампиони, туку на едно индивидуално издание во кое се почувствувал максимално инфериорно, и тоа на гостување во ...

Валенсија веќе години наназад не ги исполнува очекувањата и не игра фудбал кој оди во иста реченица со реномето на клубот, а свесен за таквиот неочекуван развој на настаните е и Висенте Родригез, актуелниот амбасадор на „лилјаците“. Висенте остана близок со својот сакан клуб по крајот на играчката кариера и во овој момент е дел од структурата на клубот која се занимава со промоција на Валенсија надвор од Шпанија, но како легенда која остави свој ...

Бразил го искористи октомврискиот ФИФА прозорец за две пресметки со азиски селекции, а по победата остварена над Јужна Кореја, Карло Анчелоти денеска дозна дека не смее да се потцени ниту еден противник. Иако почна со силен состав и неговиот Бразил поведе со 2:0 против Јапонија, оваа азиска селекција на крајот се избори за пресврт, но и за историска победа. За првпат во историјата, Јапонија оствари победа над петкратниот светски шампион, а тоа ...

Селекцијата на Франција не ја оправда улогата на фаворит и освои само бод во пресметката со Исланд во Рејкјавик. „Триколорите“ успеаа да направат пресврт во второто полувреме и да дојдат до 2-1, но таа радост траеше само два минути затоа што домаќините реализираа за 2-2 што на крајот се покажа како конечен резултат. Гостинскиот селектор, Дидие Дешамп не сакаше да го впери прстот кон судии, ама беше незадоволен од одлуката на Гринфелд за кого ...

Италија вечерва има нов натпревар од квалификациите за Светското првенство, соочување со Израел кое мора да го добие и со тоа а се приближи до водечката Норвешка во И групата. Останува да се види за каква формација и потег ќе се реши предводникот на „аѕурите“ Џенаро Гатузо и дали одново ќе му даде шанса да младиот Франческо Пио Еспозито кој за кратко време отиде напред неколку чекори во кариерата како на клупски така и на репрезентативен план. ...

Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ги издвои највозбудивите играчи во денешниот фудбал, асовите кои обожава да ги гледа. Зидан своевремено беше магионичар, човек од потег, играч кој знаеше да направи разлика на теренот, да асистира, постигне гол, беше вистинско ужување да се гледа. Денеска пак е се потешко да се најде играч не од негов туку од сличен калибар, фокусот е ставен на физичката подготвеност и едноставно фали добир, ...

Предводникот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони даде свој коментар во однос на гласините дека „гаучосите“ можат да останат без еден од најдобрите играчи на Рома, Матијас Соуле. Офанзивецот расте, напредува од сезонава во сезона, во тековнава веќе има 3 гола и 2 асистенции на 8 средби, но засега нема дебитирано за А репрезентацијата на Аргентина, па агентот на фудбалерот се обиде да направи одреден притисок и порача дека ...

Томас Тухел полека почнува да фаќа залет со Англија, а тоа го говорат последните натпревари во кои „гордиот албион“ си поигра со Србија во Белград со 5-0, а пред неколку дена за само едно полувреме или поточно 20 минути си поигра со Велс (3-0) во пријателскиот меч. Сега за Англичаните следи нов предизвик, гостување во Рига кај Летонија, натпревар пред кој Тухел проговори искрено и директно за асот кој сезонава се буди во Барселона, Маркус ...

Шпанскиот шампион Барселона доби уште една лоша вест кога е во прашање играчкиот кадар или слободно може да се каже дека секој ден носи нова повреда и нова главоболка за тренерот Ханси Флик. Каталонците уште неко време нема да можат да сметаат на голманите Жоан Гарсија и Марк Андре Тер Штеген, Дани Олмо ќе биде аут неколку седмици, Гави ќе се врати дури во 2026 година, а во фаза на закрепкување се Фермин Лопез, Рафиња и Ламин Јамал, а одреден ...

Македонскиот репрезентативец, Томислав Јагуриновски не е повеќе член на германскиот тим Десау. Јагуриновски се одлучи за нов интернационалец предизвик откако ја заврши приказната со Вардар, но епизодата во Десау траеше само три месеци. Поради проблеми со грбот тој воопшто не запиша официјално деби со клубот со кој имаше договор до 30 јуни 2027. -Агентот на Томислав ни се обрати со барање да го раскинеме договорот. Откако го разгледавме ...

Рој Кин веќе некое време е активен како стручен аналитичар со што некако се заборави дека може да помогне и како тренер со оглед на тоа што тој низ кариерата имаше неколку искуства како предводник на Сандерленд, Ипсвич, а беше асистент во Ирска и Астон Вила. Кин е познат по својот карактер, цврстина, ставови кои се секогаш директни, а според Вес Браун тоа сега и е потребна на Република Ирска, селекција која веќе некое време се мачи, го има ...

Марио Балотели веќе подолго време е во втор, трет план кога се во прашање неговите настапи, односно последното разочарување го имаше во Џенова каде скоро и да не играше во претходната кампања. Сега тој е без клуб иако сме на средината на октомври, па се оглед на се што му се има случено низ кариерата почна да се појавува прашањето дали е време напаѓачот да замине во пензија. Тој засега не размилува за ваква опција и првата желба, цел му е да ...

Младата македонска репрезентација до 21 година денеска ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство, а ривал ни е селекцијата на Црна Гора. Тоа е состав кој исто има учинок 1-2 (победи-порази) како нас, репрезентација која загуби од Полска и Италија и славеше над Шведска, додека ние останавме со празни раце против истите Италијанците и Полјаците, додека ја добивме Ерменија со 2-1. Натпреварот стартува од ...

Албанија излезе како победник од балканското дерби со Србија (1-0) и направи исчекор кон пласман во баражот за Светското првенство во 2026 година. Албанците триумфираа во Лесковац со 1-0 и сега се имаат во свои раце, односно од нив зависи дали ќе ја задржат сегашната позиција на табелата во групата К во која Англија не би требало да има проблеми да остане на врвот. Стрелец на единисвениот гол за нашите западни соседи беше Реј Манај кој погоди во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
77%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
68%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.72
91%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.45
91%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.14
79%
1016
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
87%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
95%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
93%
1018
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.58675

Сребро

2219.66

Кобалт

58.42

Злато

141766.89

Иридиум

145787.60

Паладиум

56360.26

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Калај

43.92

Платина

67491.55

Цинк

3.04

Алуминиум

2.93

Бакар

11.13