Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев одигра уште еден меч во кој постигна гол за Согдиана во првенството на Узбекистан. Поранешниот македонски репрезентативец овојпат стрелаше во пресметката со Термез Сурхон и тоа во победата од 2-1. Дориев го постигна вториот гол за домашната екипа и тоа во 10 минута. Согдиана ги имаше овие 2-0 се до 93 минута кога гостите дојдоа до почесниот погодок. Нашиот ас сега е на бројката од 14 гола и е на второто место ...
Ханси Флик застанал во одбрана на Роберт Левандовски, демантирајќи дека полскиот фудбалер форсирал на последниот настап на националниот тим, на кој заработи и посериозна повреда. Искусниот напаѓач ќе отсуствува околу еден месец, што секако е хендикеп за Барселона, а Флик ги негирал информациите на медиумите дека Левандовски продолжил да игра иако чувствувал болка на спорниот дел на ногата. – Роберт ми го кажа истото што и полскиот селектор, се ...
Ракометарите на Вардар ја продолжи позитивната серија со победа над Куманово (25:32) во македонската машка Супер лига. „Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога, иако Куманово парираше во првиот дел од средбата, а на крајот отиде на пауза со негатива од три погодоци. Во продолжението, Вардар ја осигура осмата победа сезонава и продолжува со перфектен скор по досегашните осум рунди во првенството. Кумановци остануваат со само една победа и ...
Актуелниот француски шампион ПСЖ втор натпревар по ред не успеа да оствари победа во домашното првенство, а вечерва спасуваше бод на дуелот со Стразбур (3:3). Натпреварот започна добро за домаќините, бидејќи Баркола донесе предност, но тоа не ги откажа амбициозните гости. Паникели и Мореира за петнаесет минути направија целосен пресврт и Стразбур имаше позитива на полувреме, а Луис Енрике доживеа уште еден удар откако Паникели со вториот гол ...
Зинедин Зидан ретко се појавува со медиумите, па затоа и секоја негова изјава се проследува со посебно внимание, а фудбалски авторитет како Французинот бил еден од најважните гости на последниот фудбалски фестивал во Тренто. Зидан таму говорел на многу теми, а за „Газета дело Спорт“ направил избор на најдобар фудбалер според одредена категорија. Французинот направил комбинација меѓу играчи кои беа дел од неговата генерација и оние кои ги ...
Јан Дал Томасон доби отказ поради лошите настапи на шведската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП, а станува се појасно кој ќе биде и негов наследник. Медиумите од скандинавската земја пренесуваат дека федерацијата ги забрзала преговорите со Греем Потер, англиски стручњак кој има искуство на шведската фудбалска сцена, а сега ќе се обиде да му помогне на националниот тим. Потер последно беше менаџер на Вест Хем, каде доби отказ ...
Англискиот клуб Салфорд е познат по своите славни сопственици, поранешни легенди на Манчестер Јунајтед, а тие се обидуваат да ги реализираат амбициите на клубот со зголемување на квалитетот на ростерот. Денеска стана јасно дека краткорочен договор со четвртолигашот потпишал Фабио Борини, италијанскиот фудбалер кој во кариерата настапуваше за клубови како Ливерпул, Челси и Милан. 34-годишниот напаѓач беше дел од голем број италијански, но и ...
Кошаркарите на Црвена Звезда врзаа трета победа по ред во Евролигата, на домашен терен совладувајќи го Реал Мадрид (90:75) во натпревар на кој избраниците на Саша Обрадовиќ постојано го диктираа темпото на теренот. Српскиот евролигаш имаше плус четири на полувреме, а по фуриозниот трет период, влегоа во последната четвртина со предност од четиринаесет поени, кои се покажаа како недостижна негатива за шпанскиот противник. И во моментите кога Реал ...
Премиерлигашките возбудувања се враќаат на сцената, а Манчестер Јунајтед има тешко гостување кај актуелниот шампион Ливерпул. Менаџерот Рубен Аморим е под притисок, но доби јавна поддршка од косопственикот на клубот Џим Ретклиф, а сега и од капитенот Бруно Фернандеш. – Мислам дека приоритет за клубот е да добие стабилност и мислам дека тоа беше и суштината на пораката на Ретклиф. – Понекогаш треба да се гледа поголемата слика, а ние како група и ...
Глазгов Ренџерс не успеа да најде наследник за досегашниот менаџер Расел Мартин за време на паузата во која настапуваа репрезентациите, па тимот на нашиот Бојан Миовски и претстојниот викенд ќе користи привремена опција. Медиумите во Шкотска веќе потврдија дека Стивен Џерард и Марк Рол ја одбиле понудата на великанот, но Ренџерс успеал да најде соодветна замена во Кевин Мускат. Австралискиот тренер во моментов е тренер на Шангај, екипа која се ...
Анге Постекоглу доби шанса во Нотингем Форест, но серијата без победа откако ги презема „шумарите“ го приближија до нов премиерлигашки отказ. Откако денеска се соочил со новинарите кои побарале мислење од него дали очекува да биде отпуштен, австралискиот стручњак имал петминутен монолог во кој објаснил како гледа на ситуацијата, но и причините за отказот во Тотенхем. – Кога го преземав Тотенхем, претседателот ми порача дека клубот мора да стигне ...
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на најновата ФИФА ранкинг листа и следното рангирање ќе го дочека од 65. позиција. Избраниците на Благоја Милевски во октомврискиот мини циклус одигра две средби кои завршија без победник, од кои првата беше против фаворитот Белгија на гостински терен. Од друга страна, Казахстан со ремито во Скопје и победата над Лихтенштајн напредуваше три места и сега е на 115-то место, додека Белгијците останаа ...
Скот МекТоминеј минатата сезона беше еден од најважните фактори што Наполи стигна до титулата во Серија А, а сезонава ќе се обиде да му помогне на Антонио Конте да стане прв тренер кој одбранил титула на клупата на овој италијански клуб. Сепак, шкотскиот интернационалец нема ист ефект од почетокот на сезоната, иако Наполи е на делба на првото место по досегашните шест рунди. – Причината за промената е многу едноставна, неговиот статус во лигата ...
Франческо Тоти предизвикува сериозно внимание со секоја изјава дадена за медиумите, но денеска е топ тема во својата земја поради искрениот разговор со поранешниот колега Лука Тони. Тоти му гостувал на Тони во интервју во кое открил многу познати, но и непознати детали, а испратил и жестоко обвинување на сметка на Лучијано Спалети, кој според него, во Рома имал мисија да го откаже од фудбалската кариера. – Спалети дојде во Рома во 2016 година со ...
Угледниот магазин „Форбс“ го објави новото рангирање на најплатени фудбалери на глобално ниво, а Кристијано Роналдо е далеку пред конкуренцијата и се одвојува со предвидената заработка за сезоната 2025/26. Во калкулацијата се вклучени платата и очекуваните бонуси, како и договорите за продажба на одредени права поврзани со сопствениот бренд. Роналдо кој го продолжи договорот со Ал Наср, треба да заработи околу 280 милиони долари, од кои дури 230 ...
Рома од одлична позиција на табелата го пречекува Интер во дерби натпреварот од претстојното коло во Серија А, а тренерот Џан Пјеро Гасперини смета дека неговиот тим работи на остварување на клупскиот приоритет и ќе се обиде да дојде до позитивен резултат и со една од најквалитетните екипи на „чизмата“. Гасперини потенцирал дека тој најмногу размислува за место кое води во Лигата на шампионите, што е главна задача на римскиот клуб сезонава. – ...
Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, неодамна излезе со јавна поддршка за актуелниот менаџер Рубен Аморим, но Португалецот вели дека не планира да се потпира на став кој може да се промени за краток период. Аморим е под голем притисок бидејќи „црвените ѓаволи“ не испорачуваат посакувани резултати и на почетокот на новата сезона, а Ретклиф во интервјуто за „Тајмс“ потенцирал дека ќе му бидат потребни три години за да се видат ефекти ...
Македонскиот стратег Жарко Ристоски и неговиот тим Ал Хилал имаат одлично загревање за сезоната во Саудиска Арабија, откако го освоија Сaуди Националниот куп. Во финалето со 3:0 го победија тимот на Ал Ахли и ја одбранија титулата. Најдобрите осум екипи учествуваат во Националниот куп, а тимот на Ристоски на патот до трофејот уште го совлада и Ал Насер со 3:1 во четвртфиналето, а потоа во полуфиналето со 3:0 беше подобар од Ал Итихад. Ова е ...
Градот Софија и арената „Софија“ ќе бидат локацијата на која ќе се играат натпреварите од групната фаза, како и осмина и четвртфиналните дуели од Европското првенство 2026 во машка конкуренција. Тоа значи дека домаќинот Бугарија, репрезентацијата на Македонија, како и Полска, Украина, Португалија и Израел, кои се дел од групата Б на ЕвроВолеј 2026 ќе играат во Софија. Бугарската одбојкарска федерација првично ја имаше пријавено Варна како ...
Маркус Рашфорд од оваа сезона го гледаме во нова средина во нова земја и тоа во актуелниот шпански шампион Барселона. Тој за каталонците одигра десет натпревари во досегашниот тек и постигна три гола со пет асистенции и остави одличен впечаток. Ова е сосема некој друг Рашфорд од оној што го гледавме во Манчестер Јунајтед во последните години, верзија која му носи самодоверба, па и испрати некоја „отровна стрела“ кон поранешниот клуб. Напаѓачот ...
Дефанзивецот Ињиго Мартинез ја напушти Барселона и се пресели во Саудиска Арабија каде сега е дел од Ал Наср, тим во кој најголема ѕвезда е Кристијано Роналдо. Мартинез беше импресивен во претходната кампања и се очекуваше да биде лидер и во оваа, но богатата понуда од Ал Наср ги смени работите и тој го прифати новиот предизвик во кариерата, предизвик кој првпат го однесе надвор од татковината. Клубот од Ријад е доста сериозен, амбициозен, а и ...
Флоријан Вирц е едно од клучните засилувања за Ливерпул во оваа сезона, но досега Германецот не се прослави и не успеа да го испорача она што се очекуваше. Иако е рано за заклучоци, силни зборови, дел од англиската јавност почна да говори за него како промашување со оглед на тоа што нема ниту една асистенција, ниту погодок на натпреварите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но работите во фудбалот можат за брзо време да се променат и тоа ...
Илкај Гундоган е еден од играчите кој може да се пофали дека соработувал и играл под водство на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп, двајца тренери кои ја одбележаа оваа модерна ера во фудбалот. Сигурно има уште некои имиња кои можат да се споменат, но Пеп и Јирген оставија силен белег и тоа со повеќе клубови, Шпанецот со Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, додека Германецот со Борусија Дортмунд и Ливерпул. Двајцата имаат своја филозофија, свој ...
Челси овој викенд го отвара новото коло во Премиер лигата и тоа со гостување на „Сити Граунд“ кај Нотингем Форест, „Шумарите“ се тим кој е непропознатлив во оваа сезона, тим кој има многу лоши резултати, па сигурно ќе биде мотивиран таа серија да биде прекината против Челси кој пак има свои грижи, проблеми околу играчкиот кадар. Некои играчи се неизвесни, а дефинитивно недостапен ќе биде Кол Палмер за кого се сметаше дека ќе биде фит и ќе може ...
Атракцијата во режија на членовите на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски и Дејан Манасков е прогласена за најдобра во петтото коло во Лигата на шампионите. Цепелинот со кој беше крената на нозе публиката во Битола доби признание и од ЕХФ, па голот на Манасков против Барселона е број еден за оваа рунда. Оваа мајсторија на двајцата искусни македонски интернационалци ја засени и магијата на Матијас Гидсел од Фуксе Берлин кој остана на втората ...
Барселона веќе доста време ги игра своите домашни натпревари надвор од својот дом „Камп Ноу“ кој се реновира и кога ќе биде завршен ќе прима преку 100.000 гледачи. Шпанскиот првак очекуваше многу порано да се врати, но кам-бекот беше одложуван неколку фати затоа што не беа исполнети потребни услови, но сега и тој проблем е надминат и Барса може да игра во својата арена. Имено повеќе медиуми пренесуваат дека клубот ја добил потребната дозвола од ...
Актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија ги одреди цените за првиот домашен натпревар во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Шелбурн од Република Ирска е ривалот со кој „црвено-црните“ ќе ги одмерат силите на 23 октомври (18:45 часот) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Од денеска сите навивачи на Шкендија, фудбалски фанови ќе можат да дојдат до билети и тоа преку продажната мрежа на „МкТикетс“, а физички ќе бидат ...
Хари Кејн име 32 години што значи има поминато низ многу предизвици во досегашниот дел на кариерата, позитивни и негативни работи. Кејн важи за еден од најдобрите светски напаѓачи, играч кој „испорачува“ како на клупски така и на репрезентативен план, меѓутоа понекогаш има работи кои се случуваат и мора да ги прифатите. Англискиот голгетер го издвои најлошиот момент во досегашното „патување“, а тоа е промашениот пенал против Франција на ...
Карлос Алкарас и Јаник Синер се двајца асови кои доминираат во тенисот, двајца асови кои беа најдобрите на најважните турнири во 2025 година, асови кои ќе играат во финалето на „Слемот на шесте кралеви“. Шпанецот и Италијанецот веќе некое време се далеку пред конкурентите иако на другата страна има имиња кои се поискусни од нив и кои успевале да триумфираа на најголемата сцена. Александер Зверев е еден од играчите од кого се очекува многу ...
Тиаго Силва од минатата година повторно настапува во својата татковина и тоа во клубот во кој го направи првиот значаен исчекор во кариерата-Флуминенсе. Сега тука и ќе ја заврши истата, но додека се реши за тоа максимално ќе ги брани боите на Флуминенсе, тим за кој рано утрово даде атрактивен погодок за славје над Жувентуде во домашниот шампионат. Фаворитот триумфираше со 1-0 и тоа со погодок постигнат во 98 минута, гол на 41-годишниот Тиаго и ...