Македонскиот фудбалски стратег, Чедомир Јаневски не е повеќе предводник на прволигашот од Кипар-Красава. Јаневски дојде на оваа функција на средината на август, но по нешто повеќе од три месеци ја завршува приказната со тимот кој е на претпоследното 13. место во домашниот шампионат. Красава нема победа веќе девет натпревари (првенство и Купот), забележа осум победи во низа по што дојде до разделба со 64-годишниот Македонец. Ова за Чеде беше ...

Одбојкарската федерација на Македонија и селекторот на женскиот А национален тим, Стефан Пауновиќ ја завршија соработката. Српскиот стратег во изминативе четири години успешно ја извршуваше оваа функција, која финишираше со квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2026. Одбојкарската федерација на Македонија му се заблагодарува на Пауновиќ за професионалниот однос, разбирањето, убавата енергија во работата и успесите кои женската репрезентација ...

Дисциплинската комисија во рамките на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја казни Шкендија Арачиново за инцидентот на дербито со Брегалница во втората македонска лига. Брегалница доби „клоци“, но ја нокаутираше Шкендија Арачиново (ВИДЕО) Службено лице на домашниот тим нападна гостински фудбалер, а за тој момент и како и уште неколку кои што се случија во последниот период во мак-фудбалот, дисциплинците ги донесоа следниве одлуки на ...

Фудбалерите на Арсими забележаа уште една голема победа во Првата македонска фудбалска лига, па така откако во минатото коло го суредија актуелниот шампион Шкендија со 3-0 денеска го решија Силекс на негов терен во Кратово со 3-1. Оваа средба се играше во навистина тешки услови, а во истите подобро се снајде составот од Чегране. Хуриќ во завршницата на првиот дел стрелаше за водство на гостите, потоа во Ајдини во 61 погоди за 2-0 и веќе стана ...

Паоло Ди Канио реализирал интервју за италијанска „Ла Република“, а во него зборувал за актуелната ситуација во Серија А, но и статусот на италијанските екипи во Лигата на шампионите. Поранешниот фудбалер смета дека Интер има најдобар ростер и најголеми шанси за освојување на ЛШ во конкуренција на екипите од „чизмата“. – Интер, Милан и Наполи ќе бидат меѓу трите најдобро пласирани екипи во Серија А, но останува да видиме по кој редослед. – Од ...

Серхио Рамос донел одлука за престојот во Мексико и нема да го продолжи договорот со актуелниот клуб Монтереј. Шпанскиот дефанзивец му се приклучи на актуелниот тим на почетокот на годината, потпишувајќи едногодишен договор, но не прифатил да ја продолжи соработката. Медиумите тврдат дека Рамос истовремено не размислува за пензија, односно ги разгледува другите опции и планира да ја продолжи кариерата во друга земја. Раководството на клубот ...

Македонската билјард и снукер сцена доживува сериозен подем и се поголема популарност меѓу младите, а вистински пример за тоа е и 15-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој неодамна освои медал на ЕП во билјард, а во меѓувреме стана и македонски шампион во сениорска категорија. Македонскиот Олимписки Комитет вчера организираше прием за претставници на двете национални федерации и младиот Ѓурчиновски, на кој претседателот Даниел Димевски ја истакнал ...

Њукасл оствари голема победа над Манчестер Сити пред своите фанови, но неколку дена подоцна дозволи нов гостински пораз сезонава и тоа во Лигата на шампионите. Олимпик Марсеј направи пресврт против премиерлигашот и освои три големи бодови, а менаџерот Еди Хау признава дека не може да го детектира проблемот за ужасниот ефект на неговата екипа на гостински терен. Њукасл сезонава во ПЛ одигра шест натпревари на гостински терен и освои само три ...

Барселона сезонава ќе се обиде да освои нови трофеи, но тренерот Ханси Флик чувствува дека неговиот тим има потреба од дополнителни засилувања за исполнување на овие амбиции. Германскиот стручњак се надева на некое освежување уште во зимскиот преоден рок, oдносно зацртан приоритет е засилување за одбраната. Примарна цел е дефанзивец кој игра со лева нога, позиција испразнета со неочекуваното заминување на Ињиго Мартинез и позиција која не е ...

Претседателот на Естудијантес, Хуан Себастијан Верон доби шестмесечна суспензија од Аргентинската фудбалска федерација поради потегот на неговиот тим на последното гостување кај Росарио, а санкции се одредени и за првотимците на „црвено-белите“. Росарио неодамна беше прогласен за аргентински шампион и доби трофеј кој досега не постоеше во аргентинскиот фудбал, а го заработи со најмногу освоени поени во календарската година. Федерацијата ...

Арне Слот ќе добие барем уште една шанса да избегне отказ во Ливерпул, но раководството на клубот веќе бара потенцијални опции за негов наследник. Англиските медиуми тврдат дека задачата не е лесна, со оглед на актуелната ангажираност на речиси сите квалитетни стручњаци, но се издвојува име како голема желба на менаџментот. Се работи за Луис Енрике, актуелниот тренер на ПСЖ, клуб кој шпанскиот стручњак го одведе до прва европска титула, па и ...

Мејсон Гринвуд одамна доби можност да настапува за Јамајка, но досега не прифати да биде дел од карипската селекција, која ќе мора да брка мундијалски пласман преку дополнителен плејоф. Јамајка не успеа да обезбеди место на СП преку квалификациите, селекторот Стив Мекларен поднесе оставка, а во пресрет на плејофот, федерацијата се обидува да го убеди фудбалерот на Олимпик Марсеј да настапува за овој национален тим. Гринвуд не е во комбинација ...

Српската кошаркарска репрезентација избегна срамен пораз од Швајцарија на домашен терен, а за таа цел мораше да неутрализира 23 поени негатива во второто полувреме. Иако новиот селектор Душан Алимпијевиќ не може да смета на најголемите ѕвезди во овој квалификациски циклус за СП, Србите имаат императив да обезбедат место во следната фаза, имајќи го предвид своето реноме и резултатите во минатото. Тоа не ги спречи Швајцарците да доминираат по ...

Ламин Јамал се претвори во голема ѕвезда на Барселона и шпанскиот фудбал, но поранешен директор на каталонскиот клуб смета дека мора да го промени однесувањето. Тони Фреиша гостувал во емисијата „Ел Чирингито“ и зборувал на тема Јамал, при што потенцирал дека крилниот напаѓач мора да биде приземјен и да работи напорно. – Ако Ламин беше мој син, ќе му кажев дека не е толку добар како што се зборува. – Нека продолжи да работи напорно и нека не ...

Резултатската криза во Ливерпул носи закана и за отказ на менаџерот Арне Слот, а актуелниот англиски шампион мора експресно да им се врати на победите за да избегне целосна ескалација на ситуацијата. Критики стигнуваат од сите страни, не се поштедени ниту фудбалерите, а актуелната форма влијае и на перспективата на дел од ростерот на Слот. Ибраим Конате беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и тоа како слободен агент по крајот на сезоната, ...

Марко Верати одреден период не е дел од европската фудбалска мапа, но зад себе има долг период на настапи во редовите на актуелниот европски шампион ПСЖ. Францускиот состав успеа да стигне до толку посакуваниот трофеј по неговото заминување и под водство на Луис Енрике, кој очигледно инсистирал на разделба со Италијанецот. Тоа го потврдил поранешниот француски репрезентативец, Кристоф Дигари, кој направил споредба со Витиња, кој игра во ...

Робин ван Перси и неговиот Феенорд вчера загубија од Селтик во Лига Европа, а натпреварот беше одбележан и со сениорското деби на синот на тренерот, Шакил ван Перси. Момчето кое во минатото беше дел од младинската академија на Манчестер Сити, стана дел од Феенорд во 2017 година, а вчера го имаше сениорското деби на 19-годишна возраст. По натпреварот, Ван Перси сениор зборувал за оваа ситуација. – Ја донесов одлуката како тренер, а не како ...

Поразот од Евертон ја прекина солидната серија на Манчестер Јунајтед, а со тоа активираше и нови критики на адреса на менаџерот Рубен Аморим. Португалецот е во многу поповолна позиција во однос на почетокот на сезоната, но секој неуспех во клуб како Јунајтед му носи и негативни коментари од дел од фановите и стручната јавност. Поранешниот напаѓач на оваа екипа, Димитар Бербатов, застанал во одбрана на актуелниот менаџер и не гледа вина кај ...

Интер доживеа пораз на гостувањето кај Атлетико Мадрид, а она што беше посебно болно за гостите беше фактот што примија гол од прекин во судиското надополнување. Тренерот Кристијан Киву мораше да се соочи со втор дерби пораз во краток период, а очигледно го налутил и Лаутаро Мартинез, кој важи за прва ѕвезда на овој состав на „нероазурите“. Клупската легенда Жулио Сезар смета дека Аргентинецот се налутил што бил повлечен од игра во 72. минута ...

Фиорентина покажа знаци на живот со ремито кое го извади со Јувентус и освои важен бод изминатиов викенд, но тоа што беше добро сработено против „старата дама“ брзо ќе биде заборавено поради тоа што се случи изминатава вечер. Тимот од Фиренца претрпе срамен пораз на домашен терен од АЕК во Конференциската лига, а по последниот судиски свиреж, играчите на Ваноли се соочија со жестоки свирежи од трибините. Поточно, фудбалерите од домашните тим ...

Иско Аларкон првпат беше стартер на официјален натпревар по пауза од шест месеци, но искусниот играч за врска издржа на теренот само десет минути. Причина за тоа е еден бизарен инцидент кој го режираше неговиот соиграч Софијан Амрабат, а за да биде работата уште потешка, и Мароканецот заработи повреда од споменатиот дуел. Дефанзивниот играч за врска реагираше доста неспретно и го шутна својот соиграч со сета сила, па откако го испрати Иско ...

Велика Британија беше пред голема победа и изненадување во соочувањето со Литванија на стартот на квалификациите за Светското првенство, но тоа што им се случи во завршните десет секунди уште долго време ќе го паметат. Домаќините влегоа во финишот со плус седум (87:80) и се водеше кон тоа дека ќе се израдуваат на триумф, но спортот, кошарката знаат да донесат нереални ситуации, па едно вакво чудо се случи во Лондон. За истото се погрижи ...

Македонија одигра извонредно добро во СРЦ „Кале“ против селекцијата на Азербејџан и покажа дека разликата во класи е на завидно ниво (87:49), а задоволен од виденото на теренот не можеше да не остане и селекторот Марјан Илиевски. Предводникот на националниот тим доби позитивен одговор од играчите кои тренираат заедно само неколку дена, нешто што посебно го апострофираше и за време на своето обраќање од прес-центарот. – Ова беше заслужена ...

Црвена Звезда со втора победа во низа се најде меѓу 24-те најдобри екипи во Лигата на Европа, а целта на српскиот првак ќе биде да остане во ова друштво и по осмата рунда. „Црвено-белите“ денеска влегоа како апсолутни фаворити во дуелот со ФСЦБ и на хартија требаше да остварат лесна победа против романскиот ривал, но избраниците на тренерот Владан Милојевиќ мораа добро да се потрудат за тоа. Тебо Учена доби директен црвен картон во 27-та ...

Шкендија не успеа да направи значаен исчекор кон местата кои гарантираат разигрување во Конференциската лига, па така со вечерашниот пораз од Дрита, македонскиот првак отиде под цртата на 24-те најдобри во третото по ранг европско натпреварување. Во дуел на два израмнети тима во Приштина, на крајот пресуди еден детаљ и едно невнимание во одбраната на Шкендија, а тоа се покажа како доволно за огромна победа за домаќинот од Косово. Дрита поведе ...

Андреј Јакимовски го одбележа кам-бекот во македонската репрезентација со брилијантна партија на паркетот во Кале, прикажувајќи квалитети кои и тоа како можат да ја зголема конкурентноста во тимот кој го предводи Марјан Илиевски. Кошаркарот на Тренто во минатото имаше повеќе проблеми да настапува за репрезентацијата поради престојот во Америка, но сега се става на располагање на националниот тим и по извонредниот настап во претквалификациите ...

Антонио Конте бара од своите фудбалери да даваат максимум во ситуација кога се соочуваат со огромни проблеми поради повреди, но како што стојат работите, на истите не им се гледа крајот. Конте веќе загуби на долг временски интервал клучни фудбалери како Ромелу Лукаку, Кевин Де Брујне и Франк Замбо Ангиса, но во последно време, посебено проблем се јави поради недостаток на опции во средниот ред. Причина за тоа е и повредата на Били Гилмор, кој ...

Арсенал ја има доведено до совршенство играта од прекин и тоа го покажа во безброј наврати и од стартот на оваа сезона, но во тоа се запознаа и играчите на Баерн Минхен. „Топчиите“ предводени од Микел Артета изгледаат перфектно кога изведуваат корнери и прекини, а во тоа се уверија и ѕвездите на германскиот шампион, а особено Мануел Нојер. Избраниците на Артета имаат разработено неколку варијанти и истите се доведени до перфекција, но бидејќи ...

Циклусот наречен Европско првенство 2029-та година започна на најдобар можен начин за македонската кошаркарска репрезентација, бидејќи претквалификациите ги отворивме со извонредна игра и убедлива победа против Азербејџан. Тимот на Марјан Илиевски сериозно си ја сфати работата вечерва во салата „Кале“ и не му даде никаква шанса на противникот, кој вечерва имаше улога на статист во најголем дел од пресметката во македонската престолнина. ...

Рома како лидер во Серија А го заврши 12-то коло во италијанската Серија А, па сега добрите изданија од домашното првенство ги продолжи и во Европа. Тимот на Џан Пјеро Гасперини изгледа навистина стабилно и ќе го пречека месец декември во навистина добро расположение, бидејќи „волчицата“ денеска го победи и тимот кој досега беше непоразен во Лига Европа. Митјиланд како првопласиран на табелата пристигна на гостување на „Олимпико“, но многу ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
91%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
82%
1008
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.28
95%
1006
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.58
97%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
72%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
87%
1008
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
89%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 3ᴼ
3.13
92%
1006
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
80%
1006
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159436.20

Бакар

11.83

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Паладиум

54077.56

Алуминиум

3.07

Сребро

2497.79

Платина

67484.42

Иридиум

215504.98

Калај

46.06