Деклан Рајс и Моисес Каиседо се двајца играчи за кои доста се зборува кога е во прашање Премиер лигата, првиот донесе стабилност на средината на теренот за Арсенал по преселбата од Вест Хем, вториот пак е импресивен пред се во оваа сезона и многумина сметаат дека во моменто е најдобар на неговата позиција во шампионатот. Меѓутоа легендарниот Пол Сколс иако ги почитува овие двајца сепак не ги става при врвот на неговата листа на играчи од ...

Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс продолжуваат да играат без грешка во новата сезона во НБА лигата, забележаа нови победи и тоа против Вашингтон Визардс и Мајами Хит. Шампионот Оклахома без проблеми се справи со Визардс со 127:108 за шест од шест. Домаќините одиграа колку што им беше потребно, петмина играчи беа двоцифрени од кои двајца резервисти Мичел и Џо кои уфрлија по 20 поени. Сан Антонио пак го реши Мајами со 107:101 и дојде до ...

Лацио никако не успева да врзе две победи во Серија А и вчера освои само бод со Пиза откако претходно го доби дербито со Јувентус. Клубот од Рим има доста проблеми, а еден од нив е нападот, неефикасноста во оваа сезона. Лацијалите имаат постигнато 11 гола на 9 натпревари и ако се погледне конкуренцијата од првиот дел на табелата и не е толку лоши, но дури 10 од нив ги даде на три меча (Верона, Џенова и Торино). -Постои проблем во нападот, а не ...

До новата репрезентативна пауза има уште две кола во англиската Премиер лига, две кола кои носат интересни пресметки и кои според Пол Мерсон можат да дадат јасна слика околу тој кој ќе ја освои титулата. Иако би стигнале само до 11. рунда и до крајот би имале уште 27. натпревари за секој тим, Мерсон тврди дека ако Арсенал ги добие наредниве два противници Барнли и Сандерленд приказната може да биде завршена уште во оваа фаза. -Сè зависи од тоа ...

Мохамед Салах игра во непрепознатлива форма за свои стандарди и не делува воопшто добро на теренот, па иако ја прекината серијата без постигнат гол на натпреварот против Брентфорд, јасно е дека напаѓачот не делува свежо и опасно како што тоа беше случај изминатите сезони. Всушност, целиот тим на Ливерпул падна во голема криза и шампионот има само една победа на последните седум натпревари, а шесте порази го натераа Џон Оби Микел да излезе со ...

Дитмар Хаман е еден од поранешните фудбалски асови кој секогаш има интересни ставови на различни теми и прашања, ставови и коментари со кои добива на публицитет и се наоѓа во фокусот на јавноста. Хаман пред се зборува за германскиот пазар, фудбал, фудбалери, па така овојпат излезе со теза дека големото летно засилување на Ливерпул, Флоријан Вирц би можеле да го видиме во Реал Мадрид во 2026 година. Офанзивецот засега се мачи да остави свој ...

Луис Карлос Алмеида Да Куња или попознат како Нани е ас кој најдобрите години од кариерата ги мина во редовите на Манчестер Јунајтед, клуб со кој ги освои сите најважни титули во периодот од 2007 до 2015. Манчестер Јунајтед и денеска е клубот кој Нани го поддржува, сака да успее, па се обиде да даде еден совет до клубот и сонародникот Рубен Аморим кога се во прашање засилувањата. Тимот од „Олд Трафорд“ бара фудбалер на позицијата играч за врска ...

Димитар Бербатов во подкастот на Рио Фердинанд воглавно говореше за проблематиките во нападот кои ги има Манчестер Јунајтед, но на неговото мени во разговорот се најде и фудбалер кој многу брзо почна да трпи сеир во Англија. Флоријан Вирц го чувствува притисокот од големиот трансфер вреден 125 милиони евра и брзо почна да добива непосакувани епитети на Островот, меѓутоа Бербатов е еден од оние кои сметаат дека медиумите и експертите многу брзо ...

Црвена Звезда влезе во страшен ритам со новиот тренер Саша Обрадовиќ, па во период кога се изгледа позитивно во редовите на српскиот великан, пристигна и шестата победа во низа во Евролигата. Од тим кој се мачеше да оствари прва победа, Звезда сега изгледа речиси непобедливо во најелитното европско натпреварување, а круцијална улога во тоа одигра тренерот кој целосно го препороди тимот. „Црвено-белите“ денеска запишаа победа и на натперварот ...

Пол Сколс ја започна сезоната како редовен аналитичар за „ТНТ Спортс“, но уште во раната фаза на месец септември, стана јасно дека легендата на Манчестер Јунајтед нецелосно ги извршува обврските. После речиси два месеци неизвесност, денеска стана познато дека Сколс целосно се повлекол од телевизиските проекти, а причина за тоа е неговиот син. Сколс има 20-годишен син кој е аутистичен, а поради тоа што тој бара посебна нега и внимание, Пол решил ...

Јувентус денеска објави специјално видео со кое претстави како минал првиот работен ден на Лучијано Спалети во Континаса тренинг центарот, но истовремено, Италијанците пренесоа информација која открива и еден интересен рекорд. Спалети прифати да го води Јуве до крајот на сезоната со цел да избори пласман во Лигата на шампиони и нов повеќегодишен договор, но всушност, Лучијано постави рекорд во истиот момент кога стави потпис на договорот. Како ...

На Јаник Синер му се отвори голема шанса да се врати на првото место на АТП листата, а повеќе од јасно е дека Италијанецот ќе даде се од себе да дојде до такво нешто. Карлос Алкарас со шокантната елиминација во воведната рунда остави простор за Синер да атакува на првата позиција, па сега Јаник лесно измаршира и до четвртфиналето откако победи и на меч на кој не изгледаше баш свежо. Аргентинецот Франсиско Серундоло се обидуваше да парира и даде ...

Новата сезона од Кингс лигата на Жерард Пике е во полн ек и привлекува големо внимание на стриминг платформите, од едноставна причина што легендарниот стопер на Барселона се обидува да привлече и многу познати имиња и фудбалски ѕвезди на натпреварите. Поранешниот професионални фудбалери веќе во неколку наврати беа дел од Лигата на Пике, а последен во листата е Марсело кој уште на првиот настап се најде во центарот на вниманието. Легендарниот лев ...

Македонија ја искористи ЕХФ неделата за да закаже два контролни натпревари против селекцијата на Јапонија, а на првиот кој беше од затворен карактер, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да слават победа од 29:27. Сосема очекувано за ваков тип натпревари, селекторот Кирил Лазаров тестираше и им даде анса на голем број играчи, што секако е еден вид на проценка за тоа во каква форма се наоѓаат репрезентативците во раната фаза од сезоната. ...

Лука Модриќ делува импознантно и неверојатно на 40-годишна возраст, па иако имаше такви кои со скептицизам гледаа на неговиот трансфер во Милан, Хрватот многу брзо ги стави во втор план таквите најави. Модриќ игра извонреден фудбал во петтата деценија од животот и импресионира со својата техника и фудбалска интелигенција, но Италијанците се далеку повоодушевени од неговата дисциплина и истрајност, како и желбата да се жртвува за тимот во оваа ...

Хари Кејн е еден од најдобрите голгетери во светот и тоа го докажува со години наназад, но се чини дека достигна уште повисоко ниво на фудбал како член на Баерн Минхен. Англичанецот урна неколку голгетерски рекорди во Баерн и Бундеслигата и германскиот шампион не може да го замисли својот стартерн тим без Хари на теренот, па иако има уште многу сезони за игра пред него, Кејн открива дека би сакал да се испроба и во друг спорт. Капитенот на ...

Хенрик Мхитаријан е доста актуелен поради промовираната автобиографија во која опишува интересни моменти од играчката кариера, а во делото е опфатена и ситуацијата која предизвика потрес во тимот во 2023-та година. Интер направи прво поголемо реновирање летото 2023-та година, па иако првичниот план се темелеше на Ромелу Лукаку, Белгицот на крајот го изневери клубот од Милано и почна да преговара со Јувентус. Поради ова предавство, Интер ...

Александер Бублик го привлече вниманието со изјавата која ја даде за Корентан Муте по вчерашната победа која ја оствари во Париз, но казахстанскиот тенисер се најде во центарот на вниманието и денеска, и тоа поради победата на светски рекет број 5. Бублик го победи Тејлор Фриц во два сета и беше далеку подобар ривал на теренот, па со триумфот од 7:6 и 6:2 си осигура пласман во четвртфиналето на турнирот во Париз за првпат во кариерата. ...

Јувентус оваа вечер го потврди Лучијано Спалети како човек кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, откако клубот реши да се раздели со Игор Тудор кој влезе во ужасна серија на резултати. На првиот меч без хрватскиот стручњак, Јуве победи вчера на домашен терен, а авантурата на Лучијано во Торино започнува од денеска и негова цел ќе биде да го внесе тимот во Лигата на шампиони. Доколку оствари таков успех, Спалети по автоматизам ќе добие ...

Реал Мадрид направи серија чудесни пресврти во 2022-ра година на патот до титулата во Лигата на шампионите, а една од надминатите пречки беше и силниот тим на ПСЖ. „Светците“ победија на првиот меч со 1:0 и имаа водство од 0:1 на „Сантијаго Бернабеу“, но кога по еден час игра се доби впечаток дека францускиот првак е пред голема победа, следеше „кралско“ шоу во неполни 20 минути. Реал Мадрид постигна три погодоци и се пласираше во ...

Ако не беше Војчех Шчесни на голот, Барселона ќе претрпеше доста поубедлив пораз на последното „Ел Класико“ дерби, а неговото добро издание беше повод да биде иницирано интеврју во кое ја открива и својата тајна за пеналите. Искусниот чувар на мрежата имаше извонредни интервенции на „Бернабеу“ и ја одржа Барса во игра до самиот финиш, но хајлајт на дербито беше извонредната проценка и одбраната која ја режираше во дуелот со Килијан Мбапе. Шчесни ...

Уникатниот хепенинг кој го организираше „Спортско радио 90,3 фм“ побуди многу емоции и спомени меѓу присутните фанови во „Јане Сандански“, но и меѓу самите актери кои беа на теренот и кој можеа да уживаат во спектаклот за кој ќе се зборува уште долго. Македонските ракометни легенди и европските ѕвезди режираа ол-стар доживување какво што не се памети, а во ситуација кога резултатот беше во втор план, се беше сведено на забава, многу голови, ...

Фудбалската федерација на Македонија или поточно дисциплинската комисија изрече уште една казна за фудбалер на ФК Беса Слупчане за инцидентот против ФК Аеродром 2018 на средбата од осмото коло од третата лига-Север. Вчера беше донесена одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи, а по новите докази санкциониран на овој начин е и Бехар Демири. -Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информира дека по обезбедувањето ...

Лучијано Спалети е еден од најценетите италијански стручњаци, човек кој му се враќа на клупскиот фудбал и тоа како предводник на Јувентус. Спалети не успеа да направи некој позначаен успех како селектор на Италија и сега ќе започне нова приказна во клупските води. Тој со Наполи стана првак, своевремено со Зенит беше најдобар во Русија, плус во кариерата има освоено неколку Супер Куп и Куп трофеи. Лучијано долго време е активен како тренер, има ...

Фудбалската федерација на Србија го пронајде наследникот на Драган Стојковиќ Пикси кој си замина од селекторската позиција по поразот од Албанија во квалификациите за Светското првенство. Во изминатиов период се споменуваа неколку имиња и на крајот се реализираше едно од тие сценарија, па така северните соседи ќе бидат предводени од Вељко Пауновиќ. Пауновиќ е стратег кој до неодамна го предводеше шпанскиот прволигаш Овиедо, а интересно е тоа што ...

Ливерпул беше надигран и претрпе заслужен пораз од Кристал Палас во осминафиналето на англискиот Лига Куп. Домаќините беа поразени со 3-0 во мечот во кој упатија само еден удар во рамките на голот на противникот. Менаџерот Арне Слот се одлучи да излезе со комбиниран тим, тим во кој имаше многу млади играчи како на теренот така и на клупата и многумина изненади со таа одлука. Еден од нив беше Џејми Реднап кој пред мечот порача дека е шокиран од ...

Некогашиот репрезентативец на Нигерија и екс ѕвезда на Челси, Џон Оби Микел верува дека Арсенал може да има перфектна сезона и да ги освоите двете најважни титули, Премиер лигата и Лигата на шампионите. „Топчиите“ по три кампањи во кои беа втори во домашниот шампионат, сега се лидери и делуваат навистина сигурно по деветт одиграни кола, а засега се најдобро функционира и во елитното натпреварување со три од три и гол разлика 8-0. -Ова е сезона ...

Мастерсот во Париз не е толку интересен како во некои други времиња кога играа Надал, Ѓоковиќ, Федерер, Мари…но се уште се работи за голем настан кој знае да привлече внимание кај фановите. Синер останува главен фаворит по елиминацијата на Алкарас, но во меѓувреме видовме неколку интересни ситуации пред се каде настапуват домашни играчи. Тие ја имаат максималната поддршка од фановите, ама не и оди и притоа едноставно се „поздравени“ од ривалите ...

Минесота Тимбервулвс не ја оправда улогата на фаворит и загуби од ослабениот Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен. „Езерџиите“ играа без Дончиќ, Џејмс, Смарт, Винсент…но тренерот Редик успеа да извади максимум од останатите момци и да слави во Минеаполис со 116:115. На крајот херој беше Остин Ривс кој погоди со звукот на сирената, меѓутоа еден друг член од стартната петорка го привлече вниманието-тоа е Џејк ЛаРавија. Тој погоди пет тројки од ...

Пари Сен Жермен почна да прави доста киксови во домашниот шампионат, но и покрај сите тие „минуси“ останува лидер на табелата поради лошите резултати и неконстатноста на конкурентите за врвот. „Светците“ вчера не успеаа да го добија Лориент, тим кој е на 16. место на табелата. Двата гола за ремито од 1-1 паднаа во вториот дел во периодот од 49 до 51 минута, а тренерот Луис Енрике не криеше дека и тоа како е разочаран од изданието на неговите ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
80%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
86%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
2.57
87%
1022
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.71
90%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1015
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
51%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1016
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.12
95%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
94%
1017
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Кобалт

58.42

Злато

141766.89

Паладиум

56360.26

Иридиум

145787.60

Платина

67491.55

Бакар

11.13

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Алуминиум

2.93

Родиум

258813.51

Калај

43.92

Сребро

2219.66