Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Последното шпанско „Ел Класико“ дерби заврши со победа на Реал Мадрид, па домашните фанови имаа можност да прослават голем триумф над Барселона на „Бернабеу“. Сепак, ова победничко издание за Реал на „Ел Класико“ било надополнето и со еден трагичен момент, односно смртта на голем фан на шпанскиот клуб од Израел. 50-годишниот Игал Бродкин го следел натпреварот на стадион и доживеал срцев удар во специфичен момент, односно во моментите кога Шчесни ...
Формата на Ливерпул и неговите ѕвезди и натаму се топ тема на англиската фудбалска сцена, па и сите поранешни играчи или стручни коментатори имаат што да кажат за актуелната ситуација. Емил Хески како поранешен напаѓач на Ливерпул одвреме навреме излегува во јавноста со став за настапите на „црвените“, а овојпат се фокусирал и на Мохамед Салах. Хески има интересен став, според кој Салах е специфичен играч од кого било кој менаџер тешко би се ...
Вардар излезе како победник на прволигашкото дерби со Силекс одиграно денеска, а судиската комисија на ФФМ експресно ги анализираше одлуките на главниот судија и неговите асистенти, вклучувајќи го и влијанието на ВАР проверките во клучните моменти. Гостите останаа со фудбалер помалку во финишот, кога беше исклучен голманот Џеков, а најдраматичниот момент беше досудениот пенал за Вардар длабооко во судиското надополнување. Мато погоди од пенал, ...
Премиер лигата денеска ги потврди термините за одигрување на натпреварите кои ќе бидат на програмата во празничниот период на крајот на декември, со што е потврдено дека ќе се одигра само еден натпревар на популарниот „Боксинг деј“. За разлика од популарната традиција да се играат голем број натпревари на 26. декември, Премиер лигата и носителите на тв правата се договорија годинава да има само еден дуел и тоа дерби пресметка во вечерен термин. ...
Лучијано Спалети денеска ја одработи промотивната прес-конференција во Јувентус, а истата ќе му биде и единствена пред викенд натпреварот со Кремонезе. Јувентус гостува на дебито на новиот тренер, а вечерва стана јасно дека тој се соочил со сериозен проблем уште за првата средба на клупата на „бјанконерите“. Торинскиот клуб го објави составот за незгодното гостување и во него не се вклучени Кенан Јилдиз и Лојд Кели, двајца фудбалери кои добиваа ...
Уго Екитике одлично ја почна сезоната во својот нов клуб Ливерпул и покажа дека ќе биде големо засилување за „црвените“, кои во моментов се во резултатска криза и се обидуваат да најдат излез од неа. Токму Французинот е еден од најважните адути на Арне Слот, а во меѓувреме открил и кој му фудбалер му е идол и инспирација. – Израснав гледајќи го и воодушевувајќи му се на Карим Бензема. – Тој е најдобар напаѓач на сите времиња, – рекол Екитике. ...
Ламин Јамал е загрижен за повредата на препоните и веќе започнал консултации и со надворешни експерти, односно доктори специјалисти од кои бара решение за својот проблем. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е загрижена поради фактот што проблемот со препоните се покажале како хроничен проблем на новата голема клупска ѕвезда и тоа му ги отежнува настапите во дресот на Каталонците. Докторите биле консултирани и за евентуално решение со ...
Вардар победи на првенственото дерби со Силекс (2:1) со гол од пенал, постигнат во единаесеттата минута од судиското надополнување на натпреварот во Скопје. Двете екипи влегоа во овој дуел свесни за важноста на бодовите, а „црвено-црните“ први поведоа, за на крајот да ги обезбедат трите бода со погодокот на Мато во 101. минута од средбата. Омерагиќ донесе предност за домашниот состав уште во 9. минута и ги израдува фановите на Вардар, но тој ...
Килијан Мбапе денеска го доби престижното признание „Златна копачка“, до кое дојде благодарение на головите кои ги постигна за Реал Мадрид во минатата сезона од шпанското првенство. Французинот првпат се закити со оваа награда, освојувајќи со 31 постигнат гол во дресот на Реал и со повеќе освоени поени од Виктор Ѓокереш, кој пак во дресот на Спортинг успеа да даде 39 голови. Мбапе го доби признанието во Мадрид, а говор одржал и претседателот на ...
Адриен Рабио во моментов не му е достапен на тренерот Макс Алегри и неговото отсуство се чувствува во редовите на Милан, а италијанскиот клуб не брза со процесот на рехабилитација. Дел од медиумите тврдат дека Рабио самиот најавил дека е подготвен да се врати, но Милан е многу внимателен со состојбата на искусниот играч и тој нема да биде во комбинација и за дербито со Рома овој викенд. Во најоптимистичка варијанта, Рабио ќе биде дел од составот ...
Раководството на Барселона денеска официјално потврди дека екипата повторно ќе го отвори матичниот стадион за фановите и тоа со отворен тренинг на првиот тим. Актуелниот шпански шампион се враќа на реновираниот „Камп Ноу“ на 7. ноември, односно на петочен утрински тренинг, на кој ќе има ограничен капацитет во однос на присутните фанови, кој не смее да надмине 23.000 присутни. Каталонците ќе наплаќаат 5 евра за клупските членови и 10 евра за сите ...
Македонската машка ракометна репрезентација за играчи до 18 години стартуваше со победа на квалификацискиот турнир за ЕП, кој се игра во Луксембург. Нашите надежи денеска ја победија Финска со 36:29, во натпревар на кој имаа добар финиш и ја обезбедија посакуваната победа. Финците дури имаа предност на полувреме од 15:13, се бореа жестоко и во продолжението, но на крајот Македонија ги освои првите бодови со убедлива победа. Петрески со 10 и ...
Манчестер Сити во недела го дочекува Борнмут, премиерлигашки ривал кој игра во одлична форма и сигурно ќе биде голем предизвик за избраниците на Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак одржал прес-конференција во пресрет на овој дуел, а споделил информации и за статусот на дел од ѕвездите, кои изминатиот период имаа проблеми со повреди. – Халанд е подготвен да настапи, додека Родри ќе може да ни помогне. – Не знам дали ќе игра од почеток, но се ...
Лучијано Спалети денеска беше промовиран како нов тренер на Јувентус, а новинарите имале многу прашања за поранешниот италијански селектор. Искусниот стручњак ќе го замени Игор Тудор во клубот во кој досега нема работено, а во кој ќе се обиде и да ги обезбеди посакуваните резултати од страна на раководстото и фановите. Болна точка и сезонава е слабата форма на дел од засилувањата, посебно на Теун Копмајнерс, за кого Јувентус плати голема сума, ...
Актуелниот македонски шампион Шкендија успеа да слави над АП Брера (2:3) во денешниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига, но ги освои бодовите на потежок начин од посакуваното. Адеми и Крстевски до 26. минута донесоа водство од 0:2 за гостите и тоа беше најава за мирно продолжение од мечот, но домаќините имаа малку поинаков план. Амбициозната Брера намали преку Ндзенгуе и ја врати неизвесноста, а Красниќи само шест минути подоцна ја ...
Ливерпул е пред нов тест во домашниот шампионат, меч против Астон Вила кој мора да го добие и да ја прекине лошата серија на резултати. Првакот забележа четири порази во низа и од првото падн на седмото место во Премиер лигата или поточно уште во оваа фаза има седум бода помалку од лидерот Арсенал. Токму поради ова неопходна им е победа на „црвените“, меѓутоа постојат проблеми, не е само формата, има играчи кои се важни и ќе бидат отсутни како ...
Ендрик пристигна во Реал Мадрид како еден од најталентираниот бразилски фудбалери, но засега неговиот живот, приказна на „Бернабеу“ е далеку од онаа што ја посакуваше. Напаѓачот е невидлив во оваа сезона, нема добиено ниту една минута од тренерот Чаби Алонсо иако веќе некое време е подготвен за настап, меѓутоа останува на клупата за резерви. Конкуренцијата во Реал е жестока и тој во моментов е дури зад Гонзало Гарсија Торес кој блесна на ...
Од утре па до понеделник ќе имаме натпревари во Премиер лигата и тоа битки од десеттото коло. Оваа рунда не ни носи некое „тешко дерби“, ама затоа имаме натпревари кои ветуваат и се очекува да бидат драматично до последната секунда. Нотингем Форест-Манчестер Јунајтед, Тотенхем-Челси, Ливерпул-Астон Вила, па и Манчестер Сити-Борнмут ако се погледне табелата со мечеви кои ветуваат, а нив како и сите останати ги истипува најдобриот стрелец во ...
Челси доживеа неочекуван пораз од Сандерленд во минатото коло во Премиер лигата и сега ќе мора да се „вади“ на големото лондонско дерби со Тотенхем. „Сините“ ја имаат улогата на гости и дефинитивно нема воопшто да биде лесно да се дојде до поволен резултат против составот кој е пред нив на табелата. „Петлите“ се ривал кој традиционално му лежи на Челси и тоа добро го знае Џо Кол кој издвои тројца играчи кои според него утре можат да ја направат ...
Француската фудбалска легенда, Патрик Виера е блиску до отказ во калчолигашот Џенова, пренесуваат италијанските медиуми. Поранешниот тим на Горан Пандев е закован на дното на табелата со само три освоени бода по девет одиграни кола, резултати кои ја тераат управата на клубот да направи промена во обид да се подобрат резултатите. Постои можност Виера воопшто да не го дочека мечот со Сасуоло закажан за в понеделник, а како потенцијални замени се ...
Премиер лигата донесе доста интересен фудбал и резултати во досегашниот тек на кампањата, односно засега само Арсенал ги оправда очекувањата кога се во прашање екипите кои важеа за топ фаворити за пехарот. Овие девет рунди донесоа и изненадувања, а најголемото дефинитивно е Борнмут, тим кој во летниот преоден рок остана без многу играчи, меѓутоа тоа воопшто не се чувствува и потврда за тоа е второто место на табелата. Во прв план е фантастичниот ...
Поранешниот португалски репрезентативец, Луиш Нани е оптимист околу потенцијалнот, капацитетот на Манчестер Јунајтед во однос на Премиер лигата. Нани верува дека ако „црвените ѓаволи“ продолжат со овој ритам, ја задржат сегашната форма можат да бидат дури и кандидати за пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција. -Зошто да не? Тие градат силен тим и се обидуваат да се вратат во вистинска конкуренција со тимовите кои секогаш се на ...
Валенсија е наредниот ривал на Реал Мадрид во шпанската Примера, ривал кој не е за потценување, но јасно е кој е фаворит и зошто некои други работи беа во фокусот на денешната пресконференција. Темата Винисиус Жуниор беше неизбежна со оглед на испадот на Бразилецот на „Ел Класико“ и потоа неговото извинување, епизода која за Чаби Алонсо е веќе завршена, решена прашање кое е затворено. Во однос на соблекувалната и колку е тешко да се задржи ...
Вардар го доби големото дерби со Шкендија и во одлична атмосфера го дочекува новиот предизвик, сериозен тест, соочувањето со Силекс. Тоа е меч кој вечерва од 17 часот се игра националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и на кој „црвено-црните“ влегуваат со една цел, да ги освојат трите бода. -Ние веруваме во нашата способност да одиме на победа на секој меч. Тоа значи и за овој против Силекс. Респект за противникот, одлично ја стартуваше ...
Новак Ѓоковиќ веќе некое време едноставно ги бира турнирите на кои ќе настапува или поточно едноставно повеќе не форсира и се обидува да дојде до што повеќе титули. Грен слем турнирите секогаш се во игра и се предизвик за Србинот, додека се останатото е знак прашалник и потврда за тоа е Мастерсот во Париз каде Ѓоковиќ не се појави, поточно одлучи да го скокне, а од друга страна пак ќе се појави во Атина. Ноле има место на завршниот турнир во ...
Вардар и Силекс ќе ги одмерат силите во дерби средбата од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, две екипи со високи амбиции, два тима со историја, традиција, клубови кои добро знаат што значи да си шампион на нашата земја. „Црвено-црните“ ќе влезат во ова соочување со три бода повеќе во однос на кратовчани кои пак од друга страна се мотивирани по победите над Тиквеш и Пелистер да остварат нов позитивен резултат. -Ние на овој натпревар ...
Баерн Минхен обезбеди пласман во осминафиналето на Купот на Германија и тоа откако со 4-1 славеше над Келн. Фаворитот прв прими гол и тоа во 31 минута, но набрзо се врати во игра преку Луис Диаз во 36, погодок за кој може да се каже дека беше пресуден на овој меч. Имено во оваа фаза на Купот нема употреба на ВАР технологија, а снимките покажаа дека токму при оваа ситуација постоеше офсајд што значи дека перфектно им се поколпи на баварците кои ...
Реал Мадрид остана без услугите на Бруно Фернандо кој се пресели во Партизан и стана јасно дека ќе биде доведен нов играч во борбата под обрачите. Изборот падна врз некогашниот петти пик на драфтот од 2013 година, 32-годишниот Алекс Лен. Лен повеќе од една деценија играше во најсилната кошаркарска лига, одигра преку 700 натпревари за повеќе екипи како Лејкерс, Сакраменто, Вашингтон, Торонто, Атланта и Феникс. Тој сигурно ќе донесе цврстина под ...
Деклан Рајс и Моисес Каиседо се двајца играчи за кои доста се зборува кога е во прашање Премиер лигата, првиот донесе стабилност на средината на теренот за Арсенал по преселбата од Вест Хем, вториот пак е импресивен пред се во оваа сезона и многумина сметаат дека во моменто е најдобар на неговата позиција во шампионатот. Меѓутоа легендарниот Пол Сколс иако ги почитува овие двајца сепак не ги става при врвот на неговата листа на играчи од ...
Оклахома Сити Тандер и Сан Антонио Спарс продолжуваат да играат без грешка во новата сезона во НБА лигата, забележаа нови победи и тоа против Вашингтон Визардс и Мајами Хит. Шампионот Оклахома без проблеми се справи со Визардс со 127:108 за шест од шест. Домаќините одиграа колку што им беше потребно, петмина играчи беа двоцифрени од кои двајца резервисти Мичел и Џо кои уфрлија по 20 поени. Сан Антонио пак го реши Мајами со 107:101 и дојде до ...