Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Вулверхемптон е убедливо најслабата екипа во досегашниот тек во Премиер лигата, десет натпревар на кои не беше забележана ниту една победа, освоени само 2 од вкупно 30 бода, учинок кој дефинитивно му пресуди на тренерот Витор Переира. Португалецот од денеска е минато за „волците“ кои одлучија да се ослободат од стратегот кој минатата сезона ја сврти ситуацијата и ги остави во лигата, но оваа година ситуацијата беше поинаква, Переира не успеваше ...
Иако се уште сме во раната фаза асовите на Интер, Хакан Чалханоглу и Пјотр Зиелински испорачаа кандидатура за гол на сезоната во Серија А и тоа на пресметката со Верона. Турчинот и Полјакот изведоа страшно ремек дело на „Марк Антонио Бентегоди“, прекин или корнер кој донесе погодок по акција во два потези. Хакан перфектно го пронајде Пјотр кој од прва ја затресе мрежата на домаќините. TAKE A BOW ZIELINSKI 🫡 pic.twitter.com/Mc8HM7O4yb — Nima ...
Кристијано Роналдо вчера постигна гол од пенал во 104. минута, со што Ал Наср успеа да стигне до победа во дуелот со Ал Фејха, но епилогот од натпреварот предизвика многу реакции во Саудиска Арабија. Главниот судија досуди контроверзен пенал во дуел во кој се чини немаше удар на каков се жалеше соиграчот на Роналдо, а тоа донесе потсмевање од фудбалерите на ривалските екипи на Ал Наср. This is the penalty Al Nassr got. They really want Ronaldo ...
Хари Кејн има поволна клаузула во својот договор и може да се претвори во најатрактивно име во следниот летен преоден рок. Каталонски „Спорт“ тврди дека агентите на англискиот напаѓач веќе ја сондираат ситуацијата и добиваат први понуди од различни страни, при што е јасно дека Кејн повторно ќе очекува голема плата, каква што има во актуелниот клуб Баерн Минхен. Искусниот напаѓач има одлична сезона, игра во врвна форма, а во 2026 година може да ...
Гостувањето на Јувентус кај Кремонезе предизвика голем интерес кај италијанската фудбалска јавност, а најважната причина е што сите кои го следат калчото сакаа да видат каков ефект ќе има доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на „бјанконерите“. Поранешниот италијански селектор направи неколку експерименти во составот, на крајот Јувентус победи, а генерален впечаток на фановите и стручните коментатори е дека екипата изгледала подобро од ...
Ендрик одамна е соочен со фактот дека нема да добие сериозна минутажа во актуелниот тим на Реал Мадрид, па неговиот агент се обидува да му обезбеди заем во екипа каде ќе игра стандардно во вториот дел од сезоната. Бразилецот посакува да остане во комбинација за мундијалски настап претстојното лето, а за него се заинтересирани неколку клубови, кои би сакале да го видат во своите редови од јануари. Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој влегол ...
Нејмар се врати во редовите на Сантош, но не успеа да постигне гол во ремито на неговата екипа со Форталеза во рамките на бразилското фудбалско првенство. Големата бразилска ѕвезда влегла во игра во 67. минута, а на социјалните мрежи вирално стана видеото од неговиот обид да погоди директно од слободен удар. Нејмар со уникатна финта реши да ги измами противничките играчи кои беа дел од живиот ѕид, успеа во својата намера, но голманот на ...
Нотингем Форест вчера направи пресврт на дуелот со Манчестер Јунајтед, но на крајот мораше да се задоволи и со бод во дуелот со „црвените ѓаволи“ кои пристигнаа на „Сити Граунд“ со одлична резултатска серија зад себе. И овој натпревар донесе контроверзи од аспект на судиските одлуки, бидејќи домашниот менаџер Шон Дајч реагирал за првиот погодок на гостите, односно реализацијата на Касемиро по изведен корнер. Менаџерот на „шумарите“ смета дека ...
ПСЖ вчера долго се мачеше да го скрши отпорот на одбраната на Ница и тоа успеа да го направи во последната минута од судиското надополнување. Францускиот шампион на тежок начин освои три бода, а најмалку еуфоричен за успехот беше Усман Дембеле. Последниот освојувач на „Златната топка“ добива помала минутажа по паузата поради повреда, но во моментите кога тој и соиграчите им отпоздравуваа на фановите, им се пожали на своите клупски колеги дека ...
Јувентус вчера победи на денот на кој го прославуваше својот 128. роденден, а триумфот против Кремонезе имаше посебно значење и поради дебито на новиот тренер Лучијано Спалети. Гостите од Торино имаа два гола позитива, но во дел од средбата повторно играа подефанзивно, а на крајот трепереа за трите бода бидејќи Варди ја врати неизвесноста со гол во финишот. Тренерот Спалети истакнал дека неговиот тим треба да коригира уште многу сегменти од ...
Интер Мајами ќе мора да игра трет натпревар во серијата со Нешвил, во обидот да избори место во следната рунда на МЛС плејофот. По триумфот на домашен терен, избраниците на Хавиер Маскерано загубија на гостувањето, на кое домаќините до крајот на полувремето имаа водство од 2:0. Нешвил во голем дел од средбата го неутрализираше и Лионел Меси, иако не спречи негов гол во завршницата од средбата. Аргентинецот погоди атрактивно, но не можеше да ...
Реал Мадрид рутински ја совлада Валенсија и продолжи со добрата серија на резултати, но Чаби Алонсо нема многу време за анализа и одмор, бидејќи веќе од утре треба да го подготвува тимот за нов предизвик во Лигата на шампиони. Шпанскиот стручњак во вторник го чека специјално враќање на „Енфилд Роуд“, но овојпат како противнички тренер кој ќе се обиде да го води својот тим до нова важна и гостинска победа во најелитното европско натпреварување. ...
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски се претстави во добро светло против Виртус Болоња во 5. коло во италијанскиот шампионат. Јакимовски беше еден од најдобрите поединци во редовите на Тренто, втор стрелец со 12 поени на кои придодаде 6 скока (исто втор на листата) и 2 асистенции. Сепак домашниот тим не успеа да му се спротистави на актуелниот првак и во меч кој беше надигран во сите четири четвртини претрпе пораз од 102:83. Морган со ...
Тотенхем се прикажа во навистина лошо светло и претрпе заслужен пораз од Челси во големото лондонско дерби, трет од стартот на сезоната за шампионот во Лига Европа. Со оглед на прикажаното, Тотенхем го одигра убедливо најлошиот натпревар во ерата на Томас Франк, а менаџерот по натпреварот доби дополнителна причина за незадоволство, и тоа поради рекации на двајца фудбалери. Мики Ван де Вен и Џед Спенс го „оладија“ својот менаџер и не се ...
Македонскиот репрезентативец, Eлмин Растодер врза две кола со погодок во швајцарскиот шампионат, па така откако стрелаше против Винтертур тоа го направи и против Сион. Меѓутоа голот против Сион беше позначаен затоа што со истиот донесе славје на својата екипа од 2-1. Ова севкупно за Растодер е трет гол во гол во првенство, плус има уште две асистенции. Тун пак е убедлив лидер на табелата со 28 бода, седум повеќе од второпласирниот Сент Гален. ...
Деклан Рајс е еден од најстандардните и најконстанти играчи на Арсенал од стартот на сезоната, па тоа го потврди и денеска на незгодното гостување на „Турф Мор“. Играчот за врска го постигна голот за 0:2 кој го донесе потребниот мир и стабилност кај гостинскиот тим, кој на крајот доста рутински стигна до нова победа и нови три бода. Рајс го прослави погодокот на доста емотивен начин и со поглед кон небото, па во своето соочување со новинарите, ...
Мо Салах не игра во најдобра форма од стартот на сезоната, но денеска испиша историја на „Енфилд Роуд“ откако знаеше како да го искористи подарокот од Дибу Мартинез. Аргентинскиот чувар на мрежата кумуваше во поразот кој го претрпе Астон Вила во Ливерпул, бидејќи домашниот тим постигна два гола по две негови лоши додавање. Мартинез најпрво му асистираше на Салах за предност на Ливерпул од 1:0, но овој погодок беше историски, бидејќи беше ...
Јувентус ја започна со победата ерата со новиот тренер Лучијано Спалети, а натперварот во Кремона не можеше да започне подобро за гостите од Торино. Филип Костиќ се најде на вистинско место во вистинско време и го отвори резултатот уште во 2-та минута, нешто што направи гостите да имаат поголема слобода во играта, но и поголема самодоверба при креирањето на акциите. За вториот гол на натпреварот се чекаше доста долго, но истиот повторно заврши ...
Реал Мадрид ја продолжи победничката серија и покажа дека игра во извонредна форма, па така по „Ел Класико“ триумфот минатата недела, вечерва оствари сигурна победа и против Валенсија. Некогашното дерби од Ла Лига веќе некое време нема натпреварувачки карактер како во минатото, а денеска победникот беше решен уште во првите 45 минути во кои Реал постигна три гола, а можеше и четири или пет. Килијан Мбапе го отвори резултатот со гол од пенал, ...
Победата на Шкендија Арачиново во Прилеп мина во сенка на тоа што се случи по последниот судиски свиреж, односно метежот и инцидентот кој настан меѓу домашните навивачи и гостинските фудбалери. Видеото кое беше објавено во јавноста ни откри како еден фан на Победа се обидел насилно да влезе во соблекувалната на Шкендија Арачиново, но претходно, на теренот имало и голем хаос поради кој морало да интервенира обезбедувањето, но и полицијата. ...
Првиот ден во новиот месец донесе набиена агенда на македонската ракометна сцена, бидејќи после натпреварот кој го одигравме со Македонија, вечерта беше резервирана за изборот на РФМ. Федерацијата ги избра најдобрите ракометари за сезоната 2024/25, а денешното издание значеше враќање на настан кој беше подзаборавен околу 15-тина години. Врвот на македонскиот ракомет додели 14 признанија, а посебна награда беше додела и за легендарниот Илија ...
Управниот одбор на Македонскиот Олимписки комитет ја одржа својата редовна седница на која едногласно беа донесени низа клучни одлуки за успешното работење и идниот развој на олимпизмот. Во главните точки спаѓаа усвојувањето на извештајот за ЕМОФ, именувањето на нов менаџерски тим и одобрувањето на новите олимписки стипендии за ОИ Лос Анџелес 2028, по што беа свечено потпишани и договорите со стипендистите. Во фокусот на седницата беше ...
Баерн Минхен игра атомски фудбал од стартот на новата натпреварувачка сезона, а неверојатна низа на резултати направи клубот да го награди Венсан Компани со нов договор. По 14-те победи до дербито со Баер Леверкузен, гостите се заканија дека пристигнуваат во Минхен со цел да му ја расипат забавата на тимот на Компани, но баварската машинерија уште во првото полувреме јасно стави до знаење дека ќе нема простор за израмнување. Тоа се случи и во ...
Саботната програмта во Втората македонска фудбалска лига ги понуди сите осум натпервари од 10-та рунда, а на еден од нив за жал повеќе се зборува за немилите сцени, отколку за фудбалските случувања. Шкендија Арачиново со резултат 0:1 славела над Победа, но натпреварот во Прилеп ќе биде предмет за детална анализа на дисциплинската комисија на ФФМ, а причина за тоа се срамните сцени и дивеењето на неколку навивачи. Гостите се пожалија на ...
Челси дефинитивно се издвојува како тим кој игра подобро и постабилно на гостински терен, нешто за кое потврда добивме и вечерва во големото дерби со Тотенхем во Северен Лондон. Тимот на Енцо Мареска беше подобар во секој фудбалски сегмент и заслужено освои три бода, иако мора да се признае дека можеше да си замине и со далеку поубедлив триумф од тој што го оствари. Челси имаше три или четири стопроцентни шанси, но на крајот славеше со минимални ...
Со исклучок на службено загубениот меч со Ангели, МЗТ Скопје продолжува со максимален ефект во најсилната кошаркарска лига, а денеска имаше за предизвик да победи тим кој влезе без пораз во петтото коло. Тимот на Куманово првпат ја почуствува горчината на поразот оваа сезона, а за да дојде до такво нешто, мораше да се соочи со актуелниот шампион. Амбициозниот гостин парираше во првото полувреме и имаше резултатски приклучок на натперварот, но ...
Вања Милинковиќ-Савиќ две години наназад важи за најдобар пеналџија меѓу голманите во Серија А, статус кој сега реши да го потврди во период од само неколку дена. Откако одбрани најстрога казна во победата на Наполи над Лече, српскиот чувар на мрежата беше поспешен во соочување од 11 метри и денеска, но за жал, Елиф Елмас и соиграчите не профитираа од тоа. Вања го прочита Алваро Мората во првото полувреме и дојде до неверојатен ефект кога се ...
Микел Артета беше презадоволен од изданието на Арсенал во првото полувреме на „Турф Мор“ против Барнли, но севкупно гледано, не може да биде воодушевен од целокупниот резултат кога ќе се земат и повредите во прашање. Менаџерот на Арсенал одново ќе мора да чека медицински тестови од играчи кои се клучни во неговата ротација, бидејќи денеска натпреварот поради повреди не го довршија Мартин Ѓокереш, но и Мартин Зубименди. – Првото полувреме на ...
Јаник Синер не изгледаше најсвежо во осминафиналниот дуел со Франсиско Серундоло, но наредните два дена, Италијанецот покажа ниво со кое си дава големи шанси да се врати на првото место на АТП листата. Раната елиминација на Карлос Алкарас во Париз му го отвори патот на Синер кон враќање на врвот во машкиот тенис, а по денешното брутално издание во полуфиналето, сега е на само еден чекор од такво нешто. Синер со трофеј на Мастерсот во Париз ќе се ...
Богата беше петочната програма во НБА лигата, а од многуте натпревари не беше едноставно да се извлечат, селектираат најдобрите потези на денот. Десет мајстории се најдоа во фокусот, одбројување кое започнува со Инграм од Торонто и тешкиот кош против Кливленд, а завршува со поените за победа кои Ленард ги постигна против Пеликас. Асот на Клиперс ја презема одговорноста и со звукот на сирената реализираше за ерупција на навивачите во Лос Анџелес. ...