Ерлинг Халанд не престанува да постигнува голови и тоа продолжува да го прави од натпревар во натпревар, па вчера стигна до својот 13-ти погодок на десеттиот меч во Премиер лигата. Норвешката гол машина има вкупно 17 погодоци на 13 одиграни натпревари за Сити во сите натпреварувања, а ако се придодат и оние девет погодоци на три натпревари за Норвешка, Халанд е во серија од 26 постигнати погодоци на вкупно 16 средби. Овие бројки изгледаа ...

Пауло Дибала го заврши дербито со Милан како вистински трагичар, не само поради нереализираниот пенал во самата завршница, туку и поради пропуштената шанса која ја имаше при резултат 0:0 во првото полувреме. Аргентинската ѕвезда немаше своја вечер и мораше да гледа како ги губи дуелите со Мајк Мењан, но Џан Пјеро Гасперини по дерби поразот од 1:0 откри дека тоа не е најлоша вест за Дибала. Тренерот на Рома ги извлече најпозитивните работи од ...

Манчестер Сити посакуваше четврта победа во низа во Премиер лигата, но мораше да се задоволи само со бод од гостувањето кај Нотингем Форест. „Црвените ѓаволи водеа, па губеа на „Сити Граунд“ за да во самата завршница Амад Диало мајсторски реализира за конечни 2-2. Со ова Јунајтед останува во првиот дел на табелата, многу блиску дури и до второто место (два бода) што доволно говори дека екипата е во добра позиција и напредува под водство на Рубен ...

Астон Вила по подолго време доживеа пораз во Премиер лигата и тоа против актуелниот шампион Ливерпул кој славеше на „Енфилд Роуд“ со 2-0. Гостите од Бирмингем имаа свои можности при резултат 0-0, а откако истите не ги искористија длабоко во судиското продолжение голманот Емилијано Мартинез направи катастрофална грешка и му подари гол на Салах. Tämän maalin Emiliano Martinez haluaa varmasti unohtaa nopeasti. 🫣#Valioliiga ...

Брзо по најавата на „Комити“ дека навивачката група на Вардар ќе биде дел од големото македонско дерби кое ќе се одигра во среда во Битола, официјално соопштение до јавноста испрати и Пелистер, клуб кој ги повика своите фанови во што поголем број на стадионот „Петар Милошевски“. Играњето под рефлектори со присуство на две навивачки групи треба да биде доволно добра препорака за да се гледа дербито во живо, но Пелистер вели дека навивачите ќе ...

Антони влезе во позитивна голгетерска форма во последно време, па така по двата погодоци кои ги постигна на дербито против Вилјареал, денеска одново имаше блесок во победата која ја оствари Бетис. Бразилскиот фудбалер беше играч на натпреварот на денешната пресметка против Мајорка, тим кој одблиску се запозна со најдоброто издание на доскорешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед. Антони буквално сам најде решение за одбраната на Мајорка со својот ...

Марсело се врати на фудбалскиот терен и режираше вистинска дриблинг лудорија на првиот натпревар кој го одигра во Кингс лигата, но како што стојат работите, Бразилецот нема по добро да го памети враќањето во Барселона и дебито во натпреварувањето на Жерард Пике. Неговиот тим Скул претрпе два порази во изминатите неколку дена, но овој вечерва до толку го изнервира Бразилецот, што левиот бек бараше и измена во финишот. Марсело остана шокиран од ...

Рома може да жали поради тоа што ќе се врати во Рим со празни раце, не само поради иницијативата која ја имаше во првото полувреме од дербито со Милан, туку и поради нереализираните шанси. „Волчицата“ на Гасперини далеку подобро го отвори мечот и повеќе од половина час изгледаше дека „виси“ голот на Мењан, но сепак Милан успеа да се одбрани, а во прилог му одеа и лошите реакции на Дибала, Кристанте и Соуле. Како што налага фудаблската пракса, ...

По четири драматични порази во Првата лига, екипата на Маџари конечно ја дочека првата победа во најсилниот кошаркарски шампионат, што воедно е и историска победа за тимот од излезот на Скопје. Во дуелот со Тиквеш, играчите на Маџари повторно беа дел од инфарк завршница и решаваа нијанси, но овојпат среќата и нервите беа на нивна страна и победија со поените на Амар Хот во самата завршница. При резултат 74:74, Хот успеа да ја надмудри ...

Турнирот во Атина започна со пресметките во првото коло, а како главен носител и фаворит за титулата, Новак Ѓоковиќ беше слободен во оваа фаза. Најдобриот српски тенисер како специјален гостин треба да се погрижи за што подобра промоција на турнирот во Грција, а оваа вечер дозна и против кого ќе отвори на турнирот од серијата 250. Ѓоковиќ во второто коло за противник ќе има тенисер против кого нема забележано ниту една победа, или поточно, ...

Градот на конзулите ќе биде домаќин на најновот вечно дерби кое ќе го одиграат Пелистер и Вардар, екипи чии сили ќе бидат одмерени во среда на фудбалскиот стадион во Битола. Иако станува збор за непопуларен и работен ден, „Комити“ денеска најавија дека ќе има мобилизација од нивна страна, што значи дека ќе гледаме спектакл под рефлектори со двете навивачки групи. „Чкембари“ како домаќини сигурно ќе бидат голема поддршка за својот тим, но сега и ...

Ханси Флик се врати на клупата на Барселона по суспензијата која ја одлежа на „Ел Класико“ против Реал Мадрид, па сосема очекувано ги искажа и своите импресии по победата која ја оствари тимот над Елче. Каталонскиот великан славеше со 3:1 и се врати на победничките патеки, но германскиот стручњак е посебно задоволен од начинот на кој беа постигнати првите два гола. Барса ја украде топката на противничката половина со висок пресинг и успеа да ја ...

Ерлинг Халанд постигна два погодоци во победата која ја оствари Манчестер Сити над Борнмут, но поради првиот привлече доста внимание во јавноста и на социјалните мрежи. Норвешкиот напаѓач ископира една легендарна прослава на Питер Крауч, па со своите движиња многу брзо стана вирален хит. Халанд ја повтори славната „робот“ прослава на некогашниот англиски репрезентативец, по што и самиот излезе со коментар на официјалниот профил: – Претпоставувам ...

„Ел Класико“ поразот на „Сантијаго Бернабеу“ донесе и лоша вест поради потешка мускулна повреда на Педри, па иако Барселона немаше баш добар подготовка за следниот предизвик во Ла Лига, избраниците на Ханси Флик професионално си ја завршија работата. Амбициозниот Елче пристигна на „Монжуик“ со цел да се надигрува со Барселона, но тоа се покажа како доста погрешна опција во првиот дел, во кој домашните добија многу простор за игра. Ламин Јамал ...

Во директната битка за второто место на табелата, Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека нема преголеми проблеми кога игра против Борнмут, бидејќи неговиот Манчестер Сити запиша нова победа против премиерлигашот кој знае да биде незагоден за големите фаворити. Тимот на Андони Ираола обично не наоѓа решение за „граѓаните“, а таков беше случајов и вечерва на „Итихад“ во натпревар во кој најрасположени за игра беа Рајан Шерки и Ерлинг Халанд. Во ...

Интер со многу мака ја скрши Верона и победи благодарение на автогол во 94-та минута, а поразот од 1:2 посебно тешко им падна на домашните навивачи и фудбалери, пред се и поради една спорна ситуација во вториот дел. При резултат 1:1, дисциплинираните играчи на Верона се обидуваа да дочекаат шанса преку контра, па иако дојде до такво нешто, акцијата беше прекината од Бисек. Дефанзивецот на Интер со остар старт го собори Џиоване и режираше старт ...

Вејн Руни како редовен аналитичар на Премиер лигата е доста актуелен во јавноста, а во последно време, последно на тапет му се најде актуелниот шампион Ливерпул. Четирите порази во низа во Премиер лигата донесоа низа критики за Арне Слот и неговите најдобри фудбалери, но поискусните премиерлигашки легенди решија вината да ја бараат кај најискусните играчи во тимот, а не кај новајлиите. Руни го доведе во прашање лидерскиот капацитет на капитенот ...

Голден Стејт Вориорс доживеа пораз од Индијана Пејсерс од 114:109, пораз кој беше втор во низа, вкупно трети во седмиот сезонски натпревар во НБА лигата. „Воините“ се доста искусна екипа, но покажуваат некои слабости кои мора да бидат елиминирани ако сакаат да се борат за висок пласман. Негативниот резултат против ослабената Индијана за која ова пак беше прва победа во натпреварувачката 2025/2026, донесе коментари од тренерот Стив Кер кој посочи ...

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер го оправда статусот на голем фаворит и славеше над Фелик Оже-Алијасим во финалето на АТП Мастерсот во Париз. Синер ја потврди одличната форма и со 2-0 во сетови дојде до победа над Канаѓанецот. Средбата траеше скоро два часа, а резултатот на крајот беше 6-4, 7-6(4). The moment Jannik Sinner was crowned the Rolex Paris Masters champion 🇮🇹🏆#RolexParisMasters pic.twitter.com/CscidfkfzV — ROLEX PARIS MASTERS ...

Машката кадетска репрезентација на Македонија издвојува победа над Луксембург и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во соседна Србија. На нашата репрезентација и беше потребен триумф над аутсајдерот за да дојде до посакуваната цел, победа која беше обезбедена со резултат 25:17. Со ова избраниците на Горан Кузманоски патуваат на континенталниот собир како првопласирани во групата во која беа уште ...

Вест Хем игра очајно во оваа сезона во Премиер лигата, но попладнево се поправи и конечно дојде до првата домашна победа и тоа против Њукасл (3-1). „Чеканите“ беа преслушани во претходните четири средби кои ги играа во својот дом, а и денеска не тргнаа добро затоа што Њукасл поведе на самиот старт преки Марфи во 4 минута. Меѓутоа дојде одговорот од избраниците на Санто, прво Пакета израмни на 1-1, додека Ботман во судиското продолжение си ...

Составот на Пелистер без проблеми издвојува победа над Ангели од 100:76 во денешниот натпревар од петтото коло во кошаркарскиот шампионат. Битолскиот суперлигаш имаше плус пет по првите десет минути за да вториот период го добие со 32:12 и на пауза да замине со 54:29. Преостанатиот дел беше чиста рутина, „зелено-белите“ ја довршија работата во мечот во кој Прајс беше најистакнат поединец со 18 поени следен од Малешевиќ со 15 кошеви. Во екипата ...

Интер на драматичен начин дојде до победата над Верона во Серија А, триумф со кој одново му се залепи на шампионот Наполи кој вчера освои само бод во соочувањето со Комо. „Нероаѕурите“ триумфираа со 2-1 со автогол во судиското продолжение, победа со која е наградено ремек-делото на Чалханоглу и Зиелински во првото полувреме, гол кој сигурно ќе конкурира, можеби и ќе биде најдобар во оваа сезона. Меѓутоа тренерот Кристијан Киву признава дека бил ...

Арсенал е тимот што одигра најдобро во првите десет кола во Премиер лигата, сигурни изданија со кои најави ова е сезоната во која конечно може да го освои трофејот кого го чека две децении. „Топчиите“ имаат освоено 25 од вкупно 30 бода и се убедливо први на табелата, партии со кои го стекнаа статусот на први фаворити. Се почесто се поставува прашањето дали има клуб кој ќе може да ги предизвика, а според Гери Невил може да се остави простор за ...

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Оваа рунда носи неколку интересни соочувања, а едно од нив е големото македонско дерби, соочувањето на вечните ривали Пелистер и Вардар во Битола. Правдата на овој натпревар ќе ја дели искусниот Александар Грујоски, ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески, додека четврти судија ќе биде Пларент Салихи. ФК АРСИМИ 1973 – ФК ...

Манчестер Јунајтед не успеа да ја продолжи победничката серија на „Сити Граунд“, но остана и непоразен што секако е позитивна работа пред наредниот меч кој исто е на гостински терен против Тотенхем во Лондон. „Црвените ѓаволи“ го добија првиот дел, но во второто полувреме Нотингем Форест го сврти резултатот од 48 до 50 минута. Последниот збор сепак го имаа гостите кои преку мајсторијата на Диало дојдоа до 2-2 за второ сезонско реми во Премиер ...

Мечот меѓу Победа и Шкендија Арачиново во втората македонска лига заврши со победа на гостинскиот тим од 1-0, меѓутоа резултатот падна во втор план поради „третото полувреме“ и инцидентот/инцидентите што се случија по натпреварот. Двете страни имаат свои верзии на приказната, но она што е документирано и со видео е како еден домашн фан со нозе го пробива заштитниот дел од соблекувалната каде се сместени гостинските навивачи. Токму овој човек е ...

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас доби шанса на дуелот со Комо, меч на кој одигра 60 минути ако се земат предвид и судиските продолженија во двете полувремиња. Елмас влезе во игра во 37 минута на местото на повредениот Гилмор и остави позитивен впечаток, издание кое го пофали и тренерот Антонио Конте. -Елмас беше навистина важен адут. Каде и да го ставите добро се снаоѓа. Мигуел исто…во тешка ситуација најдовме уште два ресурси, -истакна ...

Интер со многу мака ја оправда фаворитската улога во мечот со Верона со кој се отвори денешната програма во италијанската Серија А. Актуелниот вицешампион успеа да слави со 2-1 и тоа со автоголот на Фресе во 94 минута. Ова за избраниците на Чиву беше седмо сезонско славје и со тоа се при самиот врв на табелата зад Наполи кој е лидер со бод повеќе (22). Што се однесува со останатите значајни моменти на „Марк’Антонио Бентегоди“, гостите поведоа со ...

Љупче Дориев продолжува да игра во одлична форма и ритам во дресот на Согдиана, тим за кој денеска одигра клучна улога во победата во првенството на Узбекистан. Согдиана го одбрани домашниот терен и славеше со 3-0 во пресметката со Кизилкум, средба во која Дориев погоди во 14 минута, а потоа и го намести вториот гол кој беше дело на Хебај во 34 минута. Офанзивецот во тековнава сезона има 15 гола и 6 асистенции во шампионатот, Согдиана е на 8. ...

Кроасани

46 минути - Курир
weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
4.63
81%
1020
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.34
91%
1022
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1020
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.92
77%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
54%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
87%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
95%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Иридиум

145787.60

Бакар

11.02

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Паладиум

54591.97

Калај

43.93

Злато

139515.92

Цинк

3.04

Кобалт

58.42

Сребро

2159.30

Платина

64478.87

Рутениум

29192.88