Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Атлетико Мадрид ја оправда фаворитската улога и славеше над Севилја со 3-0 во вториот натпревар од денешната програма во првата шпанска лига. На домаќините им беше потребно едно моќно полувреме за да дојдат до посакувата цел и да ја прослават третата победа во низа. Избраниците на Чоло Симеоне го скришија отпрот на противникот во 64 минута и тоа преку успешниот пенал изведен од страна на Алварез. Потоа се беше многу полесно, па нововлезениот ...
Арсенал ја продолжи одличната серија на резултати и без никакви проблеми се справи со Барнли на „Турф Мур“. Актуелниот лидер на табелата славеше со 2-0 и тоа со два погодоци постигнати во првото полувреме. Швеѓанецот Ѓокереш беше автор на првиот гол во 14 минута, додека Рајс во 35 минута го зголеми водството што на крајот се покажа и како конечен резултат. „Топчиите“ со 25 бода се убедливо први во Премиер лигата со плус седум бода повеќе од ...
Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз од Јапонија од 32:31 на пријателскиот меч што се одигра во Куманово во рамките на ЕХФ неделата. Во еден динамичен, израмнет дуел гостите од Азија излегоа како победници на оваа втора контролка на двете селекции со тоа што првата беше затворена за јавноста и истата им припадна на избраниците на Кире Лазаров. Двете репрезентации имаа свои моменти, минути на пресметката со Куманово, ние успеавме ...
Наполи-Комо е еден од дуелите кој дефинитивно привлекува внимание во оваа рунда во италијанската Серија А, соочување на актуелниот шампион и амбициозниот состав што го предводи Сеск Фабрегас. Фабрегас успеа да го направи Комо да биде тим со своја игра, печат, тим кој и тоа како е конкурентен и најдобра потврда за тоа е позицијата на табелата и само едниот доживеан пораз во деветте натпревари во тековнава кампања. -Не го познавам Фабрегас лично, ...
Нема повеќе непоразени екипи во Серија А, а за ова се погрижи составот на Удинезе кој и зема мерка на Аталанта. Аталанта допатува во Удине со учинок од 2 победи и 7 нерешени и со надеж дека ќе продолжи серијата на непобедливост, меѓутоа домаќините имаа друг план и на крајот славеа со 1-0. Клучниот момент се случи во 40 минута кога Николо Ѕаниоло потврди дека е во одлична форма и ја смести топката во мрежата на противникот. Николо на последните ...
Наполи-Комо е еден од дуелите кој дефинитивно привлекува внимание во оваа рунда во италијанската Серија А, соочување на актуелниот шампион и амбициозниот состав што го предводи Сеск Фабрегас. Фабрегас успеа да го направи Комо да биде тим со своја игра, печат, тим кој и тоа како е конкурентен и најдобра потврда за тоа е позицијата на табелата и само едниот доживеан пораз во деветте натпревари во тековнава кампања. -Не го познавам Фабрегас лично, ...
Mладинската ракометна репрезентација на Македонија го доби и вториот тест натпревар со Словачка што се одигра во спортската сала Јане Сандански во Скопје. Вчера избраниците на Наум Танески триумфираа со 31:28, додека денеска бевме за нијанса поубедливи и славевме со 32:28. Нашите ракометари уште во првиот дел се стекнаа со убедлива предност, отидоа со плус шест на пауза (20:14) за да потоа рутински ја заокружат оваа партија. Јаневски со седум ...
Лучијано Спалети е човекот што ќе го предводи калчолигашот Јувентус во преостанатиот дел од оваа сезона со основна цел да му донесе топ 4 пласман во Серија А и со тоа место во Лигата на шампионите. Спалети не се прослави како селектор на Италија, ама затоа пак претходно направи „чудо“ и му донесе Скудето на Наполи, прво од ерата на Марадона. Антонио Ди Натале добро го познава Лучијано и верува дека соработката ќе биде полн погодок. -Спалети не ...
Екипата на Шкендија од Арачиново продолжува со одличните партии во Втората македонска лига каде денеска дојде до нова победа и тоа со соочувањето со Победа. Избраниците на Љупчо Марковски успеаа да го освојат Прилеп и тоа со атрактивниот погодок кој во првото полувреме го постигна Фикрет Љиварека. Со ова скопскиот тим сега е осамен на врвот на табелата, но Брегалница допрва треба да го одигра својот меч од 10. рунда против Детонит Пљачковица. ...
Баерн Минхен е домаќин на Баер Леверкузен во дерби натпреварот од 9. коло во Бундеслигата, меч на кој домаќините ќе се обидат да ја продолжат импресивната серија, додека пак гостите ќе пробаат да ги запрат залетаните „баварци“ и тоа на „Алијанц Арена“. Баерн е фаворит, но Леверкузен има играчи кои можат да им направат проблеми и еден од нив дефинитивно е Алехандро Грималдо. Шпанскиот репрезентативец е специјалист за слободни удари, прекини и ...
Ерлинг Халанд беше поштеден од менаџерот Пеп Гвардиола за дуелот со Свонси во Лига Купот, но треба да биде максимално фит и подготвен за утрешниот меч против Борнмут во Премиер лигата каде домаќините имаат една и единствена цел, да се вратат на победнички патеки. Овој простор, мал одмор Норвежанецот го искористи малку да се забавува, па за ноќта на вештерките се трансформираше во Џокер и да излезе на улиците во Манчестер. Некои од луѓето го ...
Вејн Руни своите најдобри денови од играчката кариера ги мина во Манчестер Јунајтед, клуб на кој му служеше повеќе од една деценија од 2004 до 2017 година. Откако блесна за Евертон тој беше доведен на „Олд Трафорд“ од страна на Сер Алекс Фергусон и имаше супер значајна улога за сите успеси на екипата во тој период. Во тој временски интервал Руни имаше можност да соработува со многу играчи, напаѓачи во офанзивната линија како Роналдо, Бербатов, ...
Десет натпревари ќе се одиграат во елитната англиска фудбалска конкуренција, десет натпревари од 10. коло кое дефинитивно нуди пресметки кои се атрактивни и кои треба да донесат возбудувања за навивачите на стадионите, но кај оние кои ќе ги испратат преку тв екраните и другите електорнски уреди. „Скај Спортс“ и за оваа рунда има свои типови преку Џон Ноус, прогнози кои ако се остварат тоа ќе значи дека ќе имаме неколку неочекувани резултати и ...
Музика, спорт и пријателство на едно место — така изгледаше 33-тото издание на оваа традиционална спортска ревија, кое и оваа година ја обедини регионалната јавност во вистинска спортско-забавна атмосфера. Традицијата на одржување на една од најстарите спортски манифестации во Скопје и Македонија, „Турнирот во мал фудбал на медиумите“ во организација на Спортското радио 90.3 фм продолжи и оваа година. Вчера и официјално заврши најновото, 33-то ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Јован Манев го избегна најцрното сценарио по повредата која ја заработи на дуелот со Нафтагас Елемир во Купот на Србија. Нови Пазар го доби овој меч со 1-0, но победата остана во сенка на повредата на Манев за кого се стравуваше дека има заработено потешка повреда и дека долго време ќе отсуствува од терените. Сепак деталните медицински прегледи донесоа позитивни вести за стоперот, сите витални структури на ...
Борусија Дортмунд ја забележа шестата победа во германската Бундеслига и тоа на гостувањето кај Аугзбург со 1-0. „Милионерите“ второ коло по ред ја сочуваа својата мрежа и забележаа минимален триумф со истиот резултат со тоа што овојпат херој беше напаѓачот Гираси кој погоди во првото полувреме. -Знаевме каква ситуација нè очекува во Аугзбург, па знаевме и дека нема да биде убав натпревар, туку интензивен. Бевме само малку подобри благодарение ...
Лошата резултатска серија од почетокот на сезоната донесе големи промени во Џенова, па по разделбата со спортскиот директор, денеска е ставен крај на соработката и со тренерот Патрик Виеира. Подолг период се шпекуралише со отказ за францускиот стручњак, очекувањата беа дека тоа ќе се случи по неколку дена, но двете страни решиле да се разделат уште денеска. Џенова официјално информираше дека Виеира веќе не е тренер на Џенова, а привремен стручен ...
Џон Тери е клупска легенда на Челси и на интересен начин изреагирал откако го слушнал коментарот на поранешен фудбалер на градскиот ривал Тотенхем. Џејми О’Хара изјавил дека Тотенхем е поголем клуб од Челси во светски рамки, а Тери се активирал со голема доза сарказам упатен на сметка на клубот од Северен Лондон. – Не ми е јасно што зборува О’Хара, кога Тотенхем не може да се поврзе во иста реченица со „светски рамки“. – Тие уште одат на ...
Лучијано Спалети во неколку дена беше ангажиран и претставен како нов тренер на Јувентус, а вечерва ќе дебитира на клупата на „бјанконерите“ на гостувањето кај Кремонезе. И оваа сезона донесе послаби резултати и неуспеси за торинскиот клуб, па фановите се надеваат дека доаѓањето на Спалети ќе значи и стабилизација и приближување до во моментов водечките екипи во Серија А. Флавио Бриаторе е дел од менаџментот на Формула 1 тимот Алпин, но како ...
Фудбалските фанови се разочараа од фактот што Премиер лигата ја наруши традицијата за богата фудбалска понуда на „Боксинг деј“, променувајќи ја празничната програма за крајот на оваа календарска година. За разлика од поголемиот број натпревари кои вообичаено се играа на 26. декември, годинава ќе има само еден дуел и тоа дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл. Со официјално соопштение, Премиер лигата го објасни овој потег, лоцирајќи ја вината ...
Турската фудбалска федерација објави список со 149 судии кои се суспендирани поради тоа што имале свои профили на интернет страници за обложување и типувале на фудбалски натпревари. Фудбалската јавност во земјата е шокирана од информацијата дека голем број главни судии и судии асистенти се обложувале на фудбалски натпревари и голем дел од нив веројатно и ќе мора да ја завршат судиската кариера порано од посакуваното. Донесените суспензии се од 8 ...
Арон Рамзи брзо ја заврши авантурата во Мексико и се вратил во својот Велс, од каде ќе размислува за евентуалната следна етапа во фудбалската кариера. Велшанецот и неговото семејство доживеаја голем удар откако мистериозно исчезна нивното куче Хало и тоа од ранч за чување миленици, каде миленикот бил оставен на одреден период. Дел од медиумите пренесуваат дека одлуката за разделба е донесена и поради мускулната повреда поради која Рамзи ...
Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс повторно се воодушевија од Лука Дончиќ, кој ја прекина паузата поради повреда и го водеше тимот до гостинска победа над Мемфис. Словенечката ѕвезда го заврши натпреварот со 44 поени и буквално ги излуде противниците кои немаа решение за него, но и за Ривс и останатите, кои го надополнија ефектот на Дончиќ. Социјалните мрежи се полни со извадоци од потезите и тешките тројки на Лука, но еден момент посебно се ...
Рубен Аморим може да биде задоволен од последната резултатска серија на Манчестер Јунајтед, а тоа му овозможува и да го подготвува својот тим за следните натпревари во далеку порелаксирана атмосфера. На последната прес-конференција, Португалецот зборувал и за јануарскиот преоден рок, признавајќи дека очекува барања за заминување од неговиот тим од фудбалерите кои не добиваат солидна минутажа. Во прв план се Коби Мејну и Џошуа Зиркзе кои ...
Килијан Мбапе игра извонредно добро на стартот на втората сезона како играч на Реал Мадрид, а веќе се доби впечаток дека Французинот извонредно се адаптираше на новата методологија и новиот систем кој го практикува Чаби Алонсо. Со десетката на својот грб, Мбапе игра со уште поголема самодоверба и прерасна во вистински лидер на Реал, па откако ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец, Французинот даде кратка изјава и за натпреварувачките ...
Лука Дончиќ се врати во редовите на Лос Анџелес Лејкерс и испорача уште една феноменална партија, помагајќи му на неговиот тим да стигне до гостинска победа против Мемфис. Словенецот пропушти неколку натпревари поради повреда, но утринава со ефект од 44 поени, 12 скокови и 6 асистенции, имаше клучна улога во триумфот на неговиот тим против Гризлис. Дончиќ стана и само трет играч кој на првите три настапи имал барем 125 поени, нешто што претходно ...
Баерн Минхен има најдобар учинок кога се во прашање најдобрите лиги и натпреварувања во Европа, екипа која не знае за ништо друго освен за победа. „Баварците“ газат во Бундеслигата каде имаат осум од осум, во Купот успешно минаа две пречки, го освоиja Супер Купот на Германија, додека во Лигата на шампионите имаат „три од три“ што едноставно говори, покажува во каква форма и залет се избраниците на Венсан Компани. Нареден ривал им е Баер ...
Јаник Синер обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз и во него ќе се сретне со Александер Зверев, кој го доби драматичното четвртфинале со Данил Медведев. Првиот фаворит Синер го победи Бен Шелтон со 6:3/6:3, односно без загубен сет си обезбеди место во слендата рунда, додека многу понеизвесно беше во последното четвртфинале. За разлика од мечот во кој Синер славеше за 70 минути, Медведев и Зверев беа на теренот двојно подолго, а на крајот ...
Сен Ламенс е освежување на голманската позиција во Манчестер Јунајтед, а Белгиецот полека станува и миленик на фановите. Тие почнаа да скандираат на натпреварите, споредувајќи го со клупската легенда Петер Шмајхел, нешто што скромниот Ламенс не сака да го прифати како реалност. – Не слушам многу што се скандира за време на натпреварите, но дознавам по нивното завршување. – Не сум маскиран Шмајхел како што велат, јас сум само Сен Ламенс кој се ...
Партизан и Барселона одиграа евролигашки натпревар со драматичен финиш во Белград, а домашните фанови останаа разочарани поради фактот што гостите од Шпанија на крајот стигнаа до победа (76:78). Двете екипи влегоа во егал ситуација во последниот период, „црно-белите“ водеа со 74:71, но до крајот постигнаа само еден кош, а Барселона одговори со подобар финиш и тешка тројка на Вил Клајбурн. Гостинската ѕвезда погоди на триесетина секунди до ...