Екипата на Аталаната овој викенд се соочува со Торино во рамките на четвртото коло во Серија А, а во пресрет на мечот во фокусот се најдоа навивачите на клубот од Бергамо. Калчолигашот мина низ една драма со Адемола Лукман во летниот преоден рок, играчот побара да си замине, клубот беше подготвен да му ја исполни желбата, но под нивни услови. Интер кој најмногу притискаше на крајот се откажа и се фокусираше на други цели, па Нигериецот се најде ...

Душан Влаховиќ има одличен старт на натпреварувачката 2025/2026 во дресот на Јувентус со 4 гола и 1 асистенција на 4 натпревари. Тој е најдобриот играч на Јуве во овој период што дефинитивно е навистина чудна ситуација затоа што „бјанконерите“ сакаа да се ослободат од него во летниот преоден рок. Имаше различни комбинации, но Душан на крајот остана и сега е лидер на напаѓачката линија што сигурно не беше во планот на „бјанконерите“ кои летово ги ...

Новак Ѓоковиќ веќе некое време не е највисоко ниво и не успева да дојде до пехарите на најважната сцена, грен слем турнирите. Србинот се обидува, меѓутоа повеќе ја нема моќта, ги нема резултатите, па со оглед на годините често се поставува прашањето за негово заминување во пензија. Патрик Муратоглу е еден од најценетите стручњаци во светот на тенисот, човек кој со големо внимание ги прати сите настани, актуелности, случувања, па во однос на ...

Шестото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе биде отворено денеска со дуелот на скопските ривали Шкупи и Македонија Ѓорче Петров. Шкупи конечно ги реши проблемите околу теренот, создадени се услови за функционирање на ВАР системот, па веруваат дека дома во Чаир ќе дојдат до првите бодови во шампионатот. -Очекувам натпревар исполнет со добра игра и спортски дух. Верувам во мојот тим, во нашата борбеност и посветеност. Сигурен сум дека ќе ...

Легендарниот ас на Манчестер Јунајтед, Брајан Робсон ја издвои причината која според него била клучна за неуспешната епизода на Пол Погба на „Олд Трафорд“. Погба се одлучи да се врати во Јунајтед во 2016 година и тоа како готов фудбалер, вистинска ѕвезда и требаше да му помогне на премиерлигашот да блесне и да се врати на победничките патеки. Меѓутоа Французинот само на моменти потсетуваше на играчот од Јувентус, па како резултати ќе останат ...

Актуелниот европски и турски кошаркаски шампион Фенербахче ги засили своите редови со плејмејкер кој има одиграно над 300 натпревари во НБА лигата. Нов член на составот од Истанбул е 24-годишниот Тален Хортон-Такер кој досега беше дел од Чикаго Булс. Тој го носеше дресот и на Јута Џез, но и на Лос Анџелес Лејкерс со кого стана шампион во 2020 година. Хортон-Такер ги покрива позициите еден и два, а неговиот просек во најсилната лига на светот е ...

Антонио Касано е еден од асовите кои играше за неколку големи клубови во Италија, а еден од нив е Милан и тоа во периодот од 2011 до 2012 година. Касано денеска е доста актуелен со своите директно коментари на интересни теми, па така тој го искажа својот став за Сантијаго Хименез. Хименез пристигна во Милан како топ засилување од Феенорд, но клубот по само неколку месеци беше спремен да се откаже од него, поточно беше на излезни врати во летниот ...

Вечерва се игра еден од дерби натпреварите во оваа рунда во Премиер лигата и тоа е оној на „Олд Трафорд“ каде силите ќе ги одмерат Манчестер Јунајтед и Челси. Јунајтед сака победа со која ќе покаже дека може да слави против големи екипи во првенството, додека пак Челси триумф кој е потврда за квалитетот и способност дека може да биде вистински кандидат за врвот на табелата. Домаќините имаат далеку повеќе време да се подготват за ова соочување со ...

Војчех Шчесни доби втор фудбалски живот во Барселона, клуб кој го извлече од пензија и во кој имаше добри изданија минатата сезона по што го прифати новиот договор и остана на „Камп Ноу“. На ветеранот му беше јасно дека нема да биде прв голман, но тука е да помогне, да го пренесе своето искуство на Жоан Гарсија кој пристигна летово и се очекува да биде решение за каталонците на долги стази. -Јас сум резерва и освен какви било изненадувања, ќе ...

Овој викенд се играта големото римско дерби меѓу Лацио и Рома, средбата закажана за утре од 12:30 часот на „Олимпико“. Овие дуели секогаш се посебни, нема фаворити, не е важна позицијата на табелата, формата или поточно мотивацијата е најголем фактор да се дојде до позитивен резултат. Во пресрет на овој фудбалски спектакл, некогашниот ас на лацијалите Луис Алберто ги нападна водечките луѓе на клубот. -Беше јасно дека нема да стигнеме никаде, ...

Македонија и Грција нема да ги одмерат силите на мечот кој денеска од 16:30 часот требаше да се одигра во Охрид во рамките на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. Грчката селекција се повлекла од турнирот, а причината за таквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките. -Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес ...

Тиџани Рајндерс од оваа сезона е дел од Манчестер Сити, тим во кој се пресели од редовите на Милан каде имаше одлични изданија во периодот од 2023 до 2025 година. Токму тие партии му овозможија да се пресели на „Итихад“ и да работи со еден од најдобрите тренери на сите времиња Пеп Гвардиола. Меѓутоа Холанѓанецот и понатаму прати што се случува во Серија А и запрашан за тоа кој е фаворит за Скудетото издвои две екипи. -Тешко бидејќи сезоната само ...

Рубен Аморим најави дека нема да го менува стилот на игра и формацијата по тешкиот пораз кој го претрпе од Манчестер Сити во градското дерби, а сега пред новата тешка пресметка која го чека неговиот тим, португалскиот стручњак остана да се држи до истата реторика. Откако им откри на англиските новинари како минал неговиот состанок со Сер Џим Ретклиф, Аморим нагласи дека нема да потпаѓа ниту на медиумските притисоци, особено поради фактот што ...

Англиската Премиер лига ни го носи петтото коло во кое во фокусот ќе бидат дуелите Манчестер Јунајтед-Челси, Арсенал-Манчестер Сити, а секако и градското соочување меѓу Ливерпул и Евертон на „Енфилд Роуд“. Сите дуелите се играат денеска и утре, а стандардно некогашниот англиски напаѓач Крис Сатон за „Би-Би-Си“ ги истипува сите натпревари со точен резултат. Сатон кој своевремено беше шампион со Блекбурн Роверс смета дека нема да има ниту една ...

Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски игра на високо ниво за Истанбулспор во Турција, тим со кој го реши лидерот Чорум со 3-1. Крстовски одигра значајна улога при првиот погодок кој беше дело на Лошај (12 минута) за да во 67 минута се најде на вистинско место и реализира за 2-1 во тој момент. До крајот домаќините погодија уште еднаш за голема победа над првопласираниот клуб во втората турска лига. Ова за Марио беше трет гол во последните ...

Членот на Барселона, Маркус Рашфорд е играчот што ја одбележа првата рунда во елитата Лига на шампиони. Маркус беше клучен фудбалер на каталонците во славјето над Њукасл на „Сент Џејмс Парк“, постигна два гола и го доби признанието за најдобар фудбалер во првото коло. Зад него остана Душан Влаховиќ кој со два гола и асистенција го спаси Јувентус од пораз во соочувањето со Борусија Дортмунд, трет пак е Маркус Тирам кој двапати реализираше за ...

Зинедин Зидан испиша историја како француски репрезентативец и ги водеше „триколорите“ до светска титула во 1998-ма година, но засега, неговите фудбалски наследници не можат да го достигнат нивото кое тој го прикажуваше. Сите синови на Зизу се занимаваат со фудбал и долго се обидуваа да стекнат сличен статус на професионално ниво, но откако стана јасно дека се далеку од квалитетот на нивниот татко, Лука Зидан сега се одлучи за еден неочекуван ...

Џанлуиџи Донарума во најавата за натпреварот со Наполи во Лигата на шампиони призна дека неговото срце е поделено на два италијански клуба, а во ситуација кога не си даде за право да направи избор, вчера се соочи и со малку непријатна сцена на „Итихад“. Иако доби огромна поддршка од навивачите на Манчестер Сити, оние од Италија го исвиркуваат и му испраќаа навредливи пораки, па во ситуација кога Џиџио остана имун на таквите прозивки, денеска со ...

По вчерашната победа над Тунис, македонската репрезентација одигра далеку полош натпревар на „Трофеј Македонија“, па така вечерва го претрпе првиот пораз во Охрид. Во еден далеку понеатрактивен натпревар од оној вчерашниот, Македонија на крајот претрпе тесен пораз со резултат 18:19, а тоа носи неповолни вести пред последната рунда во битката за првото место. Денешниот меч изобилуваше од низа технички грешки и промашувања на двете страни, па ...

Наполи во секој случај имаше тешка задача против Манчестер Сити и беше подготвен за исклучително тежок натпревар на „Итихад“, но истиот стсана уште потежок кога Џовани Ди Лоренцо поцрвене по 20-тина минути игра. Капитенот на Наполи направи непромислен старт и го собори Халанд на работ од шеснаесетникот, а бидејќи стануваше збор за ситуација во која спречува стопроцентна шанса, судијата му покажа директен црвен карто по ВАР проверката. ...

Пред секое големо римско дерби, фудбалските носталгичари се навраќаат на незаборавните времиња во кои Франческо Тоти беше капитен на Рома, па повикувајќи се на тоа, италијанските медиуми му дадоа простор на легендарниот фудбалер да го најави најновата пресметка меѓу големите ривали. Времето едноставно застанува во Рим кога на „Олимпико“ играат големите ривали од италијанската престолнина, а во ситуација кога двата тима имаат нови тренери и нова ...

Фаустино Асприлја е голема фудбалска легенда од Колумбија која најубавите денови ги мина во италијанска Парма, но во Англија има статус на голем фудбалски мајстор и поради фактот што ги бранеше боите на Њукасл. Асприлја вчера после подолго време се врати на „Ст. Џејмс парк“ и во живо го гледаше натпреварот меѓу Њукасл и Барселона, дуел кој беше реприза на мечот од пред речиси три децении на кој тој беше главна ѕвезда. Популарниот Тино и даде три ...

„Златната топка“ оваа година ќе се додели доста порано од вообичаеното, па полека цела спортска јавност се насочува кон церемонијата која ќе се одржи во Париз во понеделник на 22-ри септември. Театарот Шателе во француската престолнина ќе биде местото на кое ќе биде прогласен најдобриот светски фудбалер за 2025-та година, па откако ова стана тема на разговор во студиото на „Си-Би-Ес“, видовме доста поразлични размислувања од две легенди на овој ...

Англиската јавост остана воодушевена од изданието кое го имаа поединци од тимот на Барселона на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“, па покрај заклучоците на Антони Гордон и Пол Сколс, на социјалните мрежи со коментар се јави и Џек Грилиш. Крилниот фудбалер блеска откако го облече дресот на Евертон и почна да потсетува на најдобрата верзија од себе, а во период кога работите на профеисонално ниво изгледаат многу поповолно за него, очигледно ужива и ...

Хари Кејн е симбол за гол и тоа продолжи да го прави и во Баерн Минхен, а соиграчите од германскиот шампион до толку веруваат во него, што веќе не се заинтересирани и за пеналите кои ги изведува. Баерн го победи Челси во Лигата на шампиони во еден натпревар во кој беше далеку поефикасен од англискиот ривал, па во пресметка во која тоа ја направи и пресудната разлика, домашниот тим славеше со 3:1. Кејн беше стрелец на два од трите погодоци, а ...

Сер Џим Ретклиф одржа кризен состанок со Рубен Аморим и со своите најблиски соработници кои имаат директорски улоги во Манчестер Јунајтед, сето тоа како последица на лошиот старт на сезоната и тешкиот пораз од Сити во манчестерското дерби. Косопственикот на Јунајтед сигурно не може да биде задоволен од тоа што го нуди тимот на Аморим на теренот, но менаџерот уверува дека се уште ужива голема доверба од водечкиот човек, па дури и се пошегувал со ...

По стартниот шокантен пораз од Кремонезе, Милан врза две победи во Серија А и ја поправи атмосферата во тимот, па затоа сега владее и мала еуфорија во пресрет на незгодното гостување во Удине. Победите над Лече и Болоња им дадоа ветер во грб на „росонерите“, но Масимилијано Алегри вели дека испратил добро предупредување до играчите, бидејќи според него ова е еден од четирите клучни меча во сезоната за неговиот тим. Милан не игра во Европа и може ...

Црногорската фудбалска асоцијација оваа вечер и дефинитивно ја направи промената која се најавуваше во изминативе неколку дена, па така Мирко Вучиниќ е човекот кој ќе седне на жешкото столче кое го остава празно Роберт Просинечки. Легендарниот Хрват не успеа да забележи позитивни резултати и после неполни два циклуси беше ослободен од функцијата, а на негово место пристигнува човек кој е неизмерно сакан и ценет во Црна Гора. Прославениот напаѓач ...

Лина Ѓорческа како втора носителка на турнирот во Куршулијска Бања се издвои како прва фаворитка за трофејот по раната елиминација на Папамихаил, но сепак најдобрата македонска тенисерка не успеа да ја мине пречката која ја остави без титула и во Букурешт, па претрпе нов пораз од Лили Тагер со 2:1 во сетови. Австриската тенисерка беше помирна во финалето кое се одигра во неделата во главниот романски град, но за жал и денеска имаше повеќе нерви ...

Пеп Гвардиола ја доби битката со Антонио Конте и ја запиша првата победа во новата сезона во Лигата на шампиони, но „граѓаните“ немаат многу време за одмор и веќе во недела ги чека ново дерби во Премиер лигата. Арсенал на домашен терен ќе го пречека Сити во натпревар кој сигурно ќе привлече огромно внимание, а во првата најава за овој дуел, Пеп не пропушти да биде саркастичен за обидите на неговиот пријател Микел Артета да стигне до толку ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
77%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
81%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.8
91%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.32
96%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
82%
1014
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.26
94%
1019
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
81%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793