Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев има нов предизвик во кариерата и во натпреварувачката 2025/2026 ќе биде дел од Рапид Букурешт од Романија. Тој по епизодата во турски Турсад се одлучи за промена на средината каде се надева на квалитетни настапи и одлични резултати. -Одлично се адаптирам во клубот и во новата средина. Се приклучив на екипата на стартот на подготовките на планина и по две седмици минати таму, сега сме во Букурешт ...
Македонската билјард елита го потврди реномето на Билјард Купот на Македонија, па 74 натпреварувачи од 13 градови со своите настапи овозможија уште едно квалитетно издание на турнирот во дисциплината „деветка“. „Гран клуб“ беше домаќин на престижното билјард натпреварување, а на крајот највисокото место на победничкиот пиедестал го обезбеди Андреј Ѓурчиновски. Во два натпреварувачки денови беа одиграни 131 меч, за на крајот Ѓурчиновски од БСК ...
Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа забележа нов напредок на ВТА листата, напредок со кој повторно е меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот. Ѓорческа имаше одлични настапи и резултати изминатиов период кои и овозможија да оди напред, па така на денешниот ранкинг е 198 на планетава со 358 поени. Ова е скок од 9 позиции од последното ранкирање, па сега Лина е само на 28 место од најдобриот пласман во кариерата кој го имаше во јуни 2017 година. ...
Составот на Струга Трим Љум оствари победа над Силекс од 3-1 во дерби средбата од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига. Во пресметката на двата поранешени македонски шампиони, поуспешни беа гостите кои сега заедно со Вардар се осамени на врвот во шампионатот. Стружани дадоа атрактивни голови во Кратово, Хамза погоди од слободен удар, Зенку реализираше мајсторски со левата нога во судиското продолжение, а погоди и Кампаоре. Единствениот ...
Македонската кошаркарска репрезентација падна едно место на ФИБА ранкингот кога станува збор за рангирањето на машките национални селекции во европската зона на Светската кошаркарска федерација. Со вкупно 198.6 бодови ние сме на 59. место на светот, односно сме на 29. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА. Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, односно претквалификациите ...
Јувентус остана на три победи во Серија А на стартот на сезоната, а првиот кикс пристигна на гостувањето кај Верона кое беше одбележано и од неколку контроверзни одлуки. Судијата Антонио Рапуано го навлече гневот кај гостите од Торино и се најде на удар уште на теренот, но жестоките поплаки кои следеа по средбата, ги натерало одговорните луѓе од италијанската судиска асоцијација да преземат првични мерки. Игор Тудор беснееше по ремито и нагласи ...
Милијана Релиќ продолжи да собира поени за летите Олимписките игри во Лос Анџелес, откако изминатиов викенд освои бронзен медал на силниит Г-1 Опен турнир во Варшава. Полската престолнина беше домаќин на најдобрите таеквондистки од целиот свет, а нашата Мила во силна конкуренција успеа да се избори за полуфинале и да освои бронзен медал. Македонската натпреварувачка го отвори турнирот со победа над Аида Митровиќ од Австрија со триумф во двете ...
Челси дојде да се надигрува на „Олд Трафорд“ и сите планови пропаднаа во вода уште во раната фаза на дербито, а причина за тоа беше црвениот картон на голманот Роберт Санчес. Чуварот на мрежата го остави тимот на цедило и Јунајтед постигна два погодоци во првото полувреме, па иако во продолжение прими еден, на крајот ја продолжи позитивната серија која трае против лондонскиот ривал на домашен терен. Јунајтед не знае за пораз од Челси на театарот ...
Серхио Скариоло стави крај на своето десетгодишно владеење како шпански селектор, а фијаското на Евробаскетот не беше главна причина за таквата негова одлука. Искусниот стручњак кој одработуваше втор мандат како шпански селектор најави заминувње уште пред стартот на турнирот, но откако Евробаскетот покажа дека нависитна е потребна позначајна промена во селекцијата, Федерацијата на оваа земја реши брзо да реагира. Шпанската кошарка денеска ја ...
Фермин Лопез го дочека на земја последниот судиски свиреж на вчерашниот натпревар против Хетафе и го вклучи алармот кај медицинскиот тим на Барселона, а поради тоа што стануваше збор за повреда на специфично место, се стравуваше и од најлошо можно сценарио. За среќа, каталонскиот великан попладнево објави дека е избегнато најлошото сценарио и дека Фермин избегал потешка мускулна повреда на препоните, па наместо три месеци, предвидувањата се да ...
„Франс Фудбал“ вечерва ќе ја додели „Златната топка“ на најдобриот играч за 2025-та година, а од пред некое време, многу важен елемент во критериумите кои се земаат во предвид е и професионалното однесување на еден фудбалер. Поради ова правило, Винисиус Жуниор минатата сезона доби негативни поени, па во пресрет на церемонијата која вечер ќе се одржи во Париз, „Лекип“ информира дека истото важи и за Ламин Јамал. Иако не мора да значи ништо и не ...
Вардар запиша тесна победа над Охрид и ја продолжи својата перфектна низа во Суперлигата, но од друга страна, тренерот Иван Чупиќ се занимава и со проблеми кои најмалку се посакувани во било кој спорт. Поради повредата на Махамаду Кеита, хрватскиот стручњак на располагање остана само со Мариот Стојановски како лево крило, а денеска Вардар потврди дека Французинот ќе мора да паузира околу два месеци. Лекарскиот тим на Вардар утврдил дека ...
Арсенал претрпе пораз од Ливерпул во дербито на „Енфилд Роуд“, а две кола подоцна, се спасуваше од пораз во нова дерби пресметка со Манчестер Сити, овојпат на домашен терен. Голот на Мартинели во самата завршница спречи „граѓанско“ славје на „Емирејтс“ и тоа му донесе малку помирни денови на Микел Артета, кој сепак се наоѓа под се поголем притисок во јавноста поради летниот трансфер период кој го режираше неговиот клуб. После големите вложувања, ...
Ханси Флик пред натпреварот со Хетафе нагласи дека мора да се покаже почит кон колегите и професионалните фудбалери со присуство на гала вечерта која денеска ќе се одржи во Париз, а бидејќи многумина оваа негова изјава ја протолкуваа како прозива за Реал Мадрид, Германецот мораше да се објаснува по победата од 3:0. Барса рутински ја заврши работата против незгодниот ривал и запиша уште една комотна победа на „Јохан Кројф“, по што германскиот ...
По скромниот старт на сезоната, Карим Адејеми фати залет и имаше свој учинок на сите три последни натпревари за Борусија Дортмунд, вклучувајќи го и оној против Волфзбург кој се одигра вчера. Крилниот напаѓач се избори за статус на херој поради мајсторскиот гол кој го постигна, а истиот им послужи на медиумите и за правење на детална анализа, бидејќи „бомбата“ која ја испорача беше предмет на посериозни студии. Адејеми го постигна својот втор гол ...
Вејн Руни нема тренерски ангажман и чека нов проект кој ќе ги задоволи неговите апетити, но во меѓувреме е целосно достапен за англиската јавност и е редовен гостин во телевизиските емисии посветени на Премиер лигата. Руни ја заврши кариерата како најдобар голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед и доста често знае да се најде во ситуација да ги анализира случувањата на „Олд Трафорд“, а бидејќи има актуелниот тим на Рубен Аморим има целосно ...
Арсенал одигра скромни 45 минути против Манчестер Сити и му дозволи на тимот на Пеп Гвардиола да дојде до предност, а откако цело второ полувреме бркаше резултат, на крајот успеа да избегне пораз со голот на Мартинели во судиското продолжение. Освоениот бод е далеку подобра опција од дерби пораз и тоа предизвика мала сатисфкација на „Емирејтс“, но веќе во раната фаза на сезоната се отвораат големи сомнежи околу шампионските амбиции на Арсенал. ...
Манчестер Јунајтед има една од најголемите фан бази во светот, но во последните неколку месеци, убедливо најпопуларен фан на англискиот великан е Франк Илет. Младото момче стана вирален хит поради предизвикот кој си го зададе уште во раната фаза на минатата сезона, а една година подоцна, истиот се уште трае и станува се поатрактивен на социјалните мрежи. Илет најави дека нема да ја крати својата коса се додека Манчестер Јунајтед не победи пет ...
После вложени повеќе од 100 милиони евра, притисокот врз Сеск Фабрегас и фудбалерите на Комо е далеку поголем, па за разлика од минатата сезона, фановите и јавноста многу почесто очекуваат победи на Комо. Тимот кој го предводи шпанскиот стручњак вчера го одигра најквалитетниот натпревар од стартот на сезона по оној со Лацио, а фактот што беше освоен „Артемио Франки“ со добра игра и резултат 1:2, го натера Фабре да даде и свој карактеристичен ...
ЏанПјеро Гасперини вчера беше дел од своето прво римско дерби во тренерската кариера, па иако беше мачно и тешко за играње, неговиот тим успеа да оствари минимална победа од 1:0. Рома профитираше од аматерската грешка на Тавареш и Пелегрини го искористи подарокот за водство од 1:0, кое на крајот се покажа и како дефинитивно за голема победа и три освоени бода. „Волчицата“ во самата завршница играше и со фудбалер повеќе на теренот поради црвениот ...
Барселона имаше уште една комотна вечер на „Јохан Кројф“ и се навикна на голеади на овој стадион, па откако ги декласираше Комо и Валенсија со 5:0 и 6:0, вчеравечер на овој стадион падна и Хетафе. Традиционално незгодниот ривал прими три гола од каталонскиот гигант и си замина за Мадрид со пораз од 3:0, па иако каталонците можат да бидат задоволни со уште едно импресивно издание, финишот од мечот донесе и една голема грижа. Веднаш по последниот ...
Лејвер Купот рано утрово го доби своето свечено затворање со голема возбуда на теренот во Сан Франциско, а како што беше еден ден претходно, херојот на тимот од светот повторно беше Тејлор Фриц. Откако Карлос Алкарас ги доби своите два меча одиграни на последниот натпреварувачки ден (во двојки и во сингл), тимот на Европа остана во игра за титулата, па на крајот решаваше последниот меч на денот резервиран за Тејлор Фриц и Александер Зверев. ...
Диего Симеоне се одлучи да направи неколку важни промени во играчкиот кадар за новата сезона, па иако е премногу рано да се извлекуваат заклучоци, стартот во најмала рака е потпросечен и најавува неочекувани проблеми за „колчонеросите“. Тимот кој во изминатата деценија се покажа како единствен кој повремено ги предизвикува Барселона и Реал Мадрид, во овој момент изгледа исклучително ранливо и неефективно, а откако вчера одигра 1:1 против ...
Барселона ја комплетираше импресивната недела со нова победа во шпанската Ла Лига, па така во период од седум дена го запиша и третиот триумф. По високиот триумф над Валенсија со резултат 6:0, Барса го победи и Њукасл во Лигата на шампиони, а изминатава вечер го скрши и традиционално цврстиот Хетафе. Добра вест за Ханси Флик и симпатизерите на Барселона беше тоа што каталонците рано го скршија отпорот на мадридскиот тим, па од тој момент, ...
Манчестер Сити рано постигна гол на дербито против Арсенал по една молскавична контра и долго одолеваше на нападите на „топчиите“, па во добар дел од натпреварот се доби впечаток дека Пеп Гвардиола има ултра дефанзивна формација и пристап, нешто што е некарактеристично за неговиот стил на игра. Шпанскиот стручњак се обиде тактички да го „затвори“ мечот и се потпре на дефанзива во самата завршница, но пред да прими гол за 1:1, пристигна и ...
Енди Мари и Новак Ѓоковиќ долго време беа ривали на тениските терени, водеа страшни, исцрпувачки битки, па токму поради тоа за многумина беше изненадувањето дека двајцата ќе соработуваат, поточно Шкотот ќе биде дел од неговиот стручен штаб. Меѓутоа таа приказна не траеше долго и по неколку месеци дојде до разделба, разделба за која Енди дури сега подетално проговори. -На почетокот уживав, но беше очигледно дека резултатите не беа онакви какви ...
Аликанте на македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски ја забележа првата победа во шпанската АСОБАЛ лигата. На гостувањето кај Гвадалахара, Дарко и колегите триумираа со 35:29. Ова славје беше најавено уште во првото полувреме во кое гостите се стекнаа со предност од 19:15, па водени од таа енергија, самодоверба рутински ги одработија вторите 30 минути во кои исто беа поуспешни од домаќините (16:15). Се истакна Егања со дури 12 погодоци од ...
Барселона без проблеми ја оправда улогата на фаворит и издвојува победа над Хетафе од 3-0 во средбата од 5.коло во шпанската Ла Лига. Хетафе знае да биде незгоден и жилав противник, но вечерва избраниците на Флик одиграа како што требаше, постигнаа голови на време и дојдоа до целта. По една фантастична акција во 15 минута, Торес го отвори резултатот на асистенција на Олмо со пета. Феран во 34 го зголеми водството овојпат по топката која ја доби ...
Италијанскиот вицешампион Интер им се врати на победите во Серија А и тоа против Сасуоло кој беше совладан на „Џузепе Меаца“ со 2-1. По поразите од Удинезе и Јувентус, „нероаѕурите“ имаат една и единствена цел, да ги освојат трите бода на вечерашниот меч, цел која беше остварена иако избранците на Киву одново покажаа некои слабости во играта. ДиМарко донесе водство на Интер во 14 минута, резултат кој беше активен се до самата завршница кога во ...
Екипата на ТФТ е победник на меморијалниот турнир „Андреј Грковски Тафта“ и тоа откако во финалето славеше над МЗТ Скопје со 74:73. Клубот од Тафталиџе кој воедно е организарот на турнирот подобро го одигра второто полувреме, направи пресврт и дојде до триумф кој е одлична најава за престојната сезона. Домаќините го имаат супер разиграниот Дејвис Џуниор со 31 поен, 8 скока и 4 асистенции, плус Гордон кој додаде 18 кошеви. Кај поразените ...