Екипата на Вардар избори победа над Работнички од 3-1 во последниот натпревар од денешната програма во Првата македонска лига. „Црвено-црните“ потврдија, покажаа дека се подобар тим од градскиот ривал во овој момент, односно дојдоа до шестото славје во седмиот првенствен натпревар иако истиот не започна најдобро за нив. „Романтичарите“ поведоа во 7 минута преку Имери што секако ги натера домаќините да се впуштат во посериозна акција за да не ...

Тимот на Борусија Дортмунд влезе во ритам во германскиот шампионат, а потврда за тоа е третата победа во низа. Избраниците на Нико Ковач оваа вечер беа подобри од Волфзбург со минимални 1-0, но доволни за да се оствари зацртаната цел. Најважниот момент се случи во 20 минута кога Адејеми испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на гостите. (ОВДЕ погледнете ја мајсторијата) Со вкупно 10 бода „милионерите“ се на второто место на табелата зад Баерн ...

Повеќе македонски интернационалци имаа важна улога и значен придонес за своите екипи на денешните натпревари во шампионатите на Србија, Грција и Данска. Андреј Тодороски намести два гола за ТСЦ против Чукарички, но и ова не беше за клубот од Бачка Топола да оствари позитивен резултат на ова гостување (4-2). Јани Атанасов пак со АЕЛ Лариса освои голем бод против фаворизираниот АЕК во Грција. Јани беше асистентот на погодокот во 75 минута со кои ...

Македонскиот голман, Мартин Томовски со неговиот Битигхајм дојде до третата победа во четвртиот натпревар во втората лига на Германија. Овојпат беше совладан составот на Кобург 2000 со 34:33, меч во кој Томовски повторно одигра важна улога за позитивниот резултат. Нашиот репрезентативец имаше двоцифрено издание со вкупно 11 одбрани и заедно со Волф кој даде 8 гола беа клучот за триумфот. Нареден ривал на Битигхајм е Нордхорн-Линген. Кога се во ...

Ракометарите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер одиграа без победик 33:33 во драматичното дерби од третото коло во Суперлигата. Клубот од Автокоманда имаше голема можност да дојде до триумф, во самата завршница водеше со 33:31 и можност да го докрајчи противникот, меѓутоа во ракометот кој е динамичен спорт работите брзо се менуваат и откако избраниците на Алкалоид не ставија „печат“ стигна казната на клубот од Битола кој прво преку Тајник ...

Екипите на Арсенал и Манчестер Сити ги поделија бодовите играјќи 1-1 во последниот натпревар од петтото коло во англиската Премиер лига. Ова е исход и резултат кој дефинитивно најмногу му одговара на Ливерпул кој сега има плус пет во однос на „топчиите“ и осум од „граѓаните“. Гостите од Манчестер долго време водеа на „Емирејтс“ од 9 минута се до судиското продолжение кога Мартинели на асистенција на Езе го постави конечниот резултат или поточно ...

Виктор Давидовски ја искористи шансата која му ја понуди тимот BRC Hyundai и имаше успешен кам бек во трките од ТЦР шампионатот, при што овој пат возеше во новата серија наречена TCR Endurance. Негов тимски колега овој пат беше славниот Нестор Џиролами, постар брат на досегашниот колега Франко Џиролами, кој настапува за фабричкиот тим на Хјундаи во светското првенство. Уште на тренинзите возени на патеката Валелунга крај Рим се виде дека ...

Интер Мајами не дозволи изненадување и славеше над Ди-Си Јунајтед со 3-2 во средбата во МЛС лигата, меч во кој во главна улога беше Лионел Меси. Лео постигна два гола, забележа асистенција, а и направи еден интересен потег во второто полувреме. Домаќините добија пенал во 72 минута и се очекуваше стандардно Меси да го изведе, но ветеранот одлучи топката да му ја отстапи на младиот Матео Силвети кој се враќа во ритам по паузата поради повреда. ...

Ансу Фати долго време чекаше да добие шанса во Монако или поточно клубот не сакаше да брза со неговиот кам-бек се додека не е максимално фит и подготвен. Напаѓачот првиот меч го одигра против Бриж во Лигата на шампионите и веднаш се запиша во листата на стрелци, додека пак вечерва доби шанса да одигра едно полувреме против Мец и одигра клучна улога во триумфот на домаќините. Фати влезе на стартот на вториот дел и веднаш погоди за 2-1. Потоа во ...

Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев продолжува со квалитетните изданија во шампионатот на Узбекистан во дресот на Согдиана. Дориев денеска постигна мајсторски погодок во соочувањето со Андијан во 88 минута. Тој прво со финта се ослободи од еден противнички фудбалер, па стрелаше за водство од 2-1 во тие моменти. Сепак до крајот гостите примија гол во 96 минута и мораа да се задоволат само со реми од 2-2. Љупче со 13 гола е на врвот на листата на ...

Атлетико Мадрид вложи големи финансиски средства во летниот преоден рок и се очекуваше вистински да ги предизвика Барселона и Реал Мадрид во тековнава сезона во шпанската Примера, но избраниците на Чоло Симеоне имаат очаен старт на натпреварувачката 2025/2026. Клубот од шпанската престолнина не успеа да победи ниту денес и по пет натпревари има само еден триумф и 6 од вкупно 15 можни бода колку што воедно има нивниот градски ривал Реал. ...

Олимпик Марсеј и Пари Сен Жермен вечерва требаше да ги одмерат силите во големото француско дерби, но денеска нема да има фудбал на „Велодром“. Имено поради безбедности причини кои се поврзани со лошите временски услови, натпреварот е одложен. Веќе дуелот доби и нов термин тоа е утре од 20 часот со што ќе се поклопи со церемонијата за доделување на „Златната топка“. Le Classique @OM_Officiel – @PSG_inside reporté au lundi 22 septembre à 20h00. ...

Фудбалерите на Шкендија ја запишаа четвртата победа во шестиот меч во Првата македонска лига и тоа во соочувањето со Тиквеш. Домаќините го оправдаа статусот на фаворити и се изборија за три бода со резултат 1-0. Клучниот момент на средбата во Тетово се случи во 36 минута кога Латифи го пронајде Спахиу на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата на Стевковски. „Црвено-црните“ со четиринаесет бода се на четвртото место на табелата, ...

Ливерпул стигна до перфектни „пет од пет“ со победата над Евертон во градското дерби и продолжи со совршениот старт на сезоната, учинок кој „црвените“ лесно го остваруваат и без своето најскапо засилување ова лето. Александер Исак се уште е во фаза на адаптација и добива скромна минутажа од Арне Слот, а бидејќи тоа е очекуван процес после долгото лето во кое тренираше и индивидуално, останува да се види какви ќе бидат неговите перформанси откако ...

Жозе Мурињо стартуваше со висока победа од 0:3 на натпреварот кој означи почеток на неговиот втор мандат во Бенфика, а како тренер кој има статус на жива легенда во Порто, искусниот стручњак експресно брзо се најде во центарот на вниманието. Триумфот над АФС го прослави во свој карактеристичен стил и во еден момент шутна и шише на трибината, но по крајот на мечот, Жозе ја смири тензијата која ја создаваат медиумите и најави дека не се вратил во ...

Бојан Миовски го отвори контото во Ренџерс и вчера се запиша во листата на стрелците, а со тоа му донесе победа на менаџерот Расел Мартин кој се најде под огромен притисок. Македонскиот напаѓач се најде на вистинско место и погоди за 2:0 пред самиот крај на првиот дел, па тоа се покажа како преголем удар за Хибернијанс кој не успеа да одговори во продолжение. Ренџерс вчера стави крај на серијата од пет меча без триумф и се врати во победнички ...

Манчестер Сити запиша две победи на натперварите кои доби нов голман меѓу стативите, па иако е премногу рано да се извлекуваат заклучоци, соиграчите се максимално задоволни од самото присуство на Џанлуиџи Донарума. Италијанецот дебитираше на дербито против Манчестер Јунајтед, остана без примен гол и на пресметката со Наполи во Лигата на шампиони, па денеска ќе брка трет натпревар на кој ќе се обиде да сочува „чиста мрежа“. Сити го чека ново ...

Макс Ферстапен беше задоволен од значајниот напредок во болидот на Ред Бул за време на трката која ја возеше во Италија, а позитивните промени во нагорна линија беа потврдени и на трката за Големата награда на Азербејџан. Холанѓанецот изоминира од почеток до крај низ улиците во Баку и покажа дека е незадржлив за конкуренцијата уште во петочниот тренинг, а тоа го надополни со доминација и во саботните квалификации и денешната трка. Ферстапен ...

Големото римско дерби секогаш носи огромна возбуда и беспоштедна битка за секоја топка, а таков беше случајот и денеска во ситуација кога Лацио на крајот напаѓаше и покрај тоа што доби црвен картон. Најновото „Дерби дела капитале“ на крајот го одлучи една аматерска грешка на левиот бек Тавареш, кој со својот непотребен дриблинг го отвори патот кон победа на Рома. Лацио подобро го отвори овој натпревар и неколку пати се закани кон голот на ...

Штафетата 4х400 на Светското првенство во атлетика привлече огромно внимание во изминатите 24 часа, па така последниот натпреварувачки ден на случувањето во Токио мина во знакот на оваа атлетска дисциплина. Поради неразјаснети причини, Американците добија втора шанса да се најдат во финалето откако завршија како 12-ти во полуфиналињата, па иако овој преседан заврши со нивна очекувана победа над Кенија во баражот кој се одржа рано утрово, подоцна ...

Масимилијано Алегри пристигна со мисија да го „гаси пожарот“ на „Сан Сиро“, па иако првиот официјален натпревар во новата сезона во Серија А тргна катастрофално, следните три покажаа дека новиот тим на Милан добива идентитет каков што има замислено трофејниот стручњак. Милан вчера ја запиша третата победа во низа и истата беше најубедлива досега, но педантните италијански аналитичари веднаш почнаа да се занимаваат со статистика и утврдија нешто ...

Стартот на сезоната носи две дијаметрално спротивни ситуации за двата скопски ривали, па така Вардар денеска ќе напаѓа за прво место на табелата, а Работнички за избегнување на опасната зона . Големото скопско дерби ќе се игра во ударен вечерен термин на националната арена „Тодор Проески“ и за очекување е голема битка на теренот, особено поради фактот што Работнички пред неколку дена ја прекина црната серија и ја запиша првата победа во новата ...

Ливерпул продолжи со максималниот учинок и остана перфектен по пет рунди во Премиер лигата, славејќи победа во градското дерби со Евертон. Тимот на Арне Слот во вториот дел почувствува акумулиран замор од настапот во Лигата на шампиони, но сепак го задржа водството и запиша петти триумф во низа во домашното првенство. Играч на натпреварот беше Рајан Гравенберх, а бидејќи Холанѓанецот веќе втора сезона е клучен играч во системот на Арне Слот, во ...

Дани Карвахал повторно се најде во стартната постава на Реал Мадрид, неколку дена по моментот на помрачување кој го имаше во Лигата на шампиони. Искусниот дефанзивец кој инаку е и капитен на Реал Мадрид го остави тимот на цедило против Марсеј, но и во такви услови, Реал се избори за победа и остана перфектен. Извонредниот учинок вчера беше продолжен со нова победа против Еспањол во Ла Лига, а по победата од 2:0, Карвахал искористи шанса да им се ...

Навивачите на Манчестер Јунајтед му приредија „топол пречека“ на Алехандро Гарначо и му посветија навредлива песна за првиот натпревар како ривал на „Олд Трафорд“, а сатисфкацијта беше двојно поголема за домашните фанови откако Аргентинецот си замина како поразен од ова дерби. Јунајтед ја доби пресметката со Челси и извојува победа со резултат 2:1, а финишот од мечот донесе и една средба на двајца фудбалери кои до неодамна ја делеа ...

Чаби Алонсо ги дозира своите најголемите ѕвезди и уште на самиот старт на сезоната најави дека ќе има доста ротации во неговиот тим, но после комплетирани пет рунди и едно коло во Лигата на шампионите, полека се извлекуваат заклучоци за извонредниот почеток на „кралевите“. Реал започна перфектно и има максимални шест победи на исто толку одиграни натпревари, а статистиката покажува дека тренерот посебно им верува само на неколку играчи кои можат ...

Андре Онана блескаше на дебито за Трабзонспор и режираше неверојатни одбрани со кои спречи потоп на неговиот тим во дербито со Фенербахче, а неговиот втор натпрервар ја потврдува теоријата дека добро му дојде промената на средината. Камерунецот се најде во трет план на „Олд Трафорд“ и беше ослободен од Јунајтед, а ако се суди според стартот, заемот во Турција ќе донесе навистина добри вести за Андре. Трабзонспор вчера се спасуваше од пораз и ...

Лука Модриќ е голем фудбалски мајстори и реши на залезот од кариерата да се испроба и во Серија А, па иако пред извесно време наполни 40 години, Хрватот од коло во коло покажува дека се уште е во врвна форма. Легендарниот играч кој испиша историја во Реал Мадрид реши да ја продолжи кариерата откако не доби нов договор од „кралевите“, а откако потпиша за Милан, „росонерите“ едноставно се заљубени во класата и понизноста на големиот фудбалски ...

Вчера се одигра 177-то вечно српско дерби меѓу големите ривали Партизан и Црвена Звезда, а фактот што до израз повторно дојде сувиот квалитет и искуството на „црвено-белите“, направи да има и големо разочарување на Хумска. Навивачите на Партизан веќе подолго време мора да ја трпат доминацијата на соседскиот ривал од Белград, па иако клубот фати добра насока по големата финансиска криза, дел од фановите веќе немаат трпение за големата ...

Лионел Меси ја напушти ЕВропа за да има доста помирен живот на теренот и надвор од него, но не може да се каже дека Аргентинецот не се залага максимално на секој натпревар кој го игра за Интер Мајами. Големата фудбалска ѕвезда значително влијаеше врз публицитетот на МЛС лигата во изминатите две години и прерасна во најголема ѕвезда, а како играч со таков статус, се најде во центарот на вниманието и рано утрово. Интер Мајами го победи Ди-Си ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
86%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
81%
1018
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.8
92%
1020
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.32
95%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
82%
1015
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.26
94%
1019
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
81%
1020
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793