Екипата на Фиорентина конечно ја забележа првата сезонска победа во Серија А и тоа во 16. коло каде го разби Удинезе со 5-1. „Виолетовите“ се мачеа изминативе месеци, никако не успеваа да проработат во домашниот шампионат се до вечерва каде уште од самиот старт почнаа да им се местат коцките затоа што голманот на гостите Окоје беше исклучен во 8 минута. Ова беше ситуација која тимот од Фиренца мораше да ја искористи, па така Мандрагора го ...

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски постигна уште еден гол за екипата на Истанбулспор во втората лига на Турција. Офанзивецот беше автор на едниствениот погодок за својот тим во дуелот со Ванспор кој заврши со резултат 3-1. Марио стрелаше во 38 минута за 1-1, но во вториот дел гостите преку херојот Иван Седрик реализираа уште двапати со шо ги освоија трите бода од ова соочување. Марио во 14 средби во лигата ...

Астон Вила продолжува да гази се пред себе во Премиер лигата, а седмата победа во низа ја забележа над Манчестер Јунајтед. Клубот од Бирмингем славеше со 2-1, а главен виновник за тоа е одличниот Морган Роџерс. Англискиот репрезентативец беше автор на двата гола за домаќините, два прекрасни погодоци кои ги постигна во 45 и 57 минута од натпреварот. Единствениот гол за Јунајтед беше дело на Куња и тоа по грешката на дефанзиевцот Кеш. Инаку ...

Баерн Минхен без никакви проблеми со суреди Хајденхајм во последниот натпревар за оваа календарска 2025 година во Бундеслигата. Баварците беа огромни фаворити пред овој меч, статус кој го потврдија на теренот каде со 4-0 го потврдија овој дел од кампањата кој беше скоро перфектен за нив во шампионатот. Четири гола, четворица различни стрелци, се тргна од Станишиќ, потоа реализираше Олисе, додека во вториот дел погодија уште Диаз и Кејн со тоа ...

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски по подолго време доби шанса одново да застане на голот на Борац Бања Лука и тоа на дербито со Зрињски, меч на кој нашиот голман се прикажа во добро светло, но и покрај тоа изостана добар резултат за неговиот тим. Имено популарниот Шишко дури и одбрани пенал во 52 минута, но Шакота најбрзо дојде до одбиената топка и ја смести во мрежата за 1-0, водство кое на крајот се покажа како пресудно за ...

Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) ни донесе нови возбудувања, топ потези, мајстории кои ги одушевија фановите. Стандардно по секој ден, НБА ги бира најдобрите моменти на денот, па така ја имаме новата топ листа, топ 10 одбројување на кое на самиот врв е лудата завршница во „Делта Центарот“ во Солт Лејк Сити. Мечот меѓу Јута Џез и Орландо Меџик беше решен по дополнителните минути во кои екипите се менуваа во водство и во еден момент ...

Крајот на сезоната во бразилското првенство донесе можност за посериозна рехабилитација и за Нејмар, кој настапуваше во завршницата на првенството со повреда, обидувајќи се да му помогне на Сантош да обезбеди опстанок во најквалитетната лига. Нејмар и Сантош ја исполнија мисијата, но големата ѕвезда и натаму не може да биде сигурен дека селекторот Карло Анчелоти ќе го реактивира и во националниот тим. И покрај тоа што досега не добил повик од ...

Фудбалерите на Барселона не погрешија на гостувањето на Вилјареал (0:2) и со по еден погодок во двете полувремиња ги потврдија трите бода на денешниот натпревар во рамките на шпанска Ла Лига. Рафиња изнуди пенал и истиот го реализираше во 12. минута, носејќи важна предност за Каталонците во моментите кога Вилјареал се закануваше опасно на спротивната страна, а шампионот доби добра вест и со црвениот картон на Ренато Вејга. Португалскиот ...

Македонскиот кошаркарски Ол стар денеска беше отворен со соочување на екипите на светот и Македонија во женска конкуренција, а „гостинската селекција“ победи во интересен натпревар со резултат 91:79. Најдоброто од македонската кошаркарска сцена приреди шоу за гледачите во СРЦ „Кале“ во Скопје, а Алексис Пул се издвои со својот ефект и на крајот заслужено го доби МВП трофејот. Членот на Крива Паланка постигна 27 поени и забележа 6 скокови, со ...

Кошаркарите на Чаир одиграа добар прв период и на кратката пауза заминаа со предност од 19:16, но во продолжение не можеа да му парираат на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје. „Аеродромци“ уште до крајот на полувремето ја потврдија разликата во квалитет, а во таков стил продолжија и во следните две четвртини, во кои противникот не можеше да избегне убедлив пораз. На крајот, МЗТ Скопје стигна до десеттата победа сезонава, односно ефект ...

Александер Исак плати скапа цена за постигнатиот погодок на вчерашниот дуел со Тотенхем, бидејќи откако испрати удар кон противничкиот гол, настрада од стартот на Мики ван де Вен и мораше да го напушти теренот. Според англиските медиуми, во Ливерпул стравуваат дека шведскиот репрезентативец заработил сериозна повреда на долниот дел на ногата и ќе отсуствува подолг период. Денешните детални прегледи треба да дефинираат со каков проблем се ...

Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) и наредните четири години ќе биде раководена од Хасан Мустафа, претседателот кој доби нов мандат по денешното гласање на конгресот во Каиро. Мустафа на домашен терен издоминирал во гласањето во кое освоил 73,3 проценти од гласовите (129 гласови), оставајќи ги далеку зад себе противкандидатите. Меѓу нив најдобро поминал Словенецот Франц Бобинац со 24 гласови, а зад нив биле Герд Буцек од Германија и ...

ФИБА го искористи денешниот интернационален ден на кошарката за да ги објави имињата на новите членови на кошаркарската Куќа на славни. Дирк Новицки и Хедо Туркоглу ја предводат листата на прославени играчи кои ќе бидат примени како класа 2026 и тоа на церемонија која ќе се одржи во април во Берлин. Покрај Новицки и Туркоглу, на списокот се најдоа и легендарната Американка, Сју Бирд, како и Ванг Жижи, кој беше прв кинески играч кој стигна до ...

Африканската фудбалска конфедерација донесе официјална одлука според која во иднина, Африканскиот куп на нации ќе се одржува на секои четири години. Најквалитетното натпреварување за националните тимови на африканскиот континент долго има проблеми поради невообичаениот термин на одржување, а им создаваше проблеми на клубовите и поради фактот што се одржуваше на секои две години. По изданието кое започнува денеска во Мароко, следното ќе го ...

Арсенал вчера успеа да го победи Евертон и се врати на првото место на премиерлигашката табела, но таму веќе нема предност каква што имаше пред одреден период. Манчестер Сити е на само два бода заостанување и потврдува дека е главен ривал за титулата на „топчиите“, а избраниците на Пеп Гвардиола со својата одлична серија го зголемуваат притисокот врз Микел Артета и членовите на Арсенал. Артета барем јавно се обидува да го неутрализира тој ...

Владан Милојевиќ нема да биде тренер на Црвена Звезда во вториот дел од актуелната сезона, а тоа денеска е потврдено и од страна на актуелниот српски шампион. Белградскиот клуб со официјално соопштение ја информираше јавноста дека договорот со Милојевиќ е раскинат, притоа заблагодарувајќи му се на досегашниот предводник за посветеноста и постигнатите резултати. Истовремено, медиумите се убедени дека негов наследник ќе биде Дејан Станковиќ, ...

Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски го постигна единствениот гол на денешниот дуел меѓу ОФК Београд и ТСЦ Бачка Топола (0:1) и донесе важна победа за гостите на овој натпревар. Нашиот интернационалец се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник во 35. минута и како прав фудбалски мајстор успеа да го совлада противничкиот гол. Голот на Тодороски се покажа како клучен момент и ТСЦ ја заврши полусезоната со одлична мини серија во ...

Чави Симонс вчера заработи црвен картон на дуелот на Тотенхем со Ливерпул, а нецели 24 часа подоцна реши да се извини поради својот потег и фактот што го остави својот тим во тешка позиција на теренот. Холандскиот репрезентативец им се извини на соиграчите и на фановите на Тотенхем, но и на колегата од националниот тим, Вирџил ван Дајк, кој беше „жртва“ на неговиот невнимателен старт. – Секој може да направи грешка. – Вирџ е мој капитен и ...

Барселона не успеа достојно да го замени отсуството на Ињиго Мартинез и не донесе вистинска замена за клучниот стопер од минатата сезона, а низата проблеми кои се случија во последно време, сега ја тераат управата на клубот да размислува на ангажман во јануарскиот преоден рок. Поради психолошки проблеми и пронаоѓање на душвениот мир, Роналд Араухо веќе некое време е надвор од стројот на Барселона, па затоа посебно лоша е денешната вест која ...

Реал Мадрид не брилјираше на последниот натпревар во 2025-та година, но сепак успеа да ја оствари целта и запиша победа против Севилја со резултат 2:0. Средбата меѓу Реал и Севилја очигледно се покажа како добра прилика за Серхио Рамос да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а во дуелот на неговите две омилени екипи, славниот капитен на „кралевите“ гледаше победа на тимот на Чаби Алонсо. Иако се мачеше, Реал ја потврди победата со гол од пенал ...

Фреди Гуарин беше дел од Интер во етапата во која великанот од Милано не освојуваше титули, но во периодот од 2012-та до 2016-та година, Колумбиецот дефинитивно беше еден од најдобрите во таборот на „нераѕурите“. Гуарин воглавно го привлече вниманието како ѕвезда на Порто која освои десет важни трофеи со португалскиот великан, но откако ја заврши етапата во Интер, неговиот фудбалски пат почна да оди надолу до тој степен, што на крајот бараше ...

Масар Омерагиќ во текот на вчерашниот ден пречека високот претставник на ФИФА во просториите на македонската Фудбалска Федерација, а посетата не ЕЛкан Мамадов нема да биде последна од страна на висок функционер на светската организација. Првиот човек на ФФМ оствари работна средба со Мамадов кој важи за близок соработник на Џани Инфатино, при што Омерагиќ најави дека наскоро се очекува и средба со претседателот на ФИФА во нашата земја. – ...

Тимот на Чаби Алонсо уште еднаш не ги задоволи апетитите на фановите на Реал Мадрид, па иако „кралевите“ победија против Севилја со 2:0, во добар дел од натпреварот имаше свирежи од трибините. Реал врза трета победа во низа и Алонсо си „купи време“ во обидот да го стабилизира тимот, но и самиот е свесен дека актуелното ниво не е доволно добро за очекувањата кои се имаат во клубот. – Сега ќе имаме малку повеќе време за анализа и извлекување ...

Тиаго Силва имаше важечки договор со Флуминенсе уште шест месеци, но искусниот стопер реши да ја менува средината по крајот на сезоната во Бразил, а вчера стана јасно дека се враќа во Европа. Иако се говореше и за сензационален кам-бек во Челси или Милан, Силва на крајот потпиша договор со Порто и ќе биде дел од тимот кој го води Франческо Фариоли, но бидејќи неговото заминување од Флуминенсе предизвика и мала бура во Бразил, Тиаго мораше да ...

ПСВ денеска треба да го одигра последниот натпревар во 2025-та година против екипата на Утрехт, но во пресрет на дербито во Ередивизијата, крајно популарно стана едно видео од дуелот со Хераклес. Натпреварот од минатата рунда меѓу Хераклес и ПСВ заврши со резултат 4:3 за фаворитот, а во холандската јавност се уште популарна е пенал техниката која ја изведе Јиз Хорнкамп. Напаѓачот на Хераклес презентираше луда „кенгур-техника“ и успеа да го ...

Кевин Принс Боатенг и Жером Боатенг станаа првите браќа кои играа еден против друг на едно Светско првенство, а иако двајцата ги завршија кариерите и остварија позначајни успеси, вистината е дека двајцата немаат добар однос. Во најновото обраќање кое го имаше при едно поткаст гостување, Кевин Принс обелоденува дека во голем дел од кариерата љубоморел на успесите кои ги остварил Жером, па иако му се извинил, се уште смета дека одредени ...

Македонскиот интеранционалец, Мартин Карапалевски одигра уште еден квалитетен меч во АСОБАЛ лигата, партија која беше заокружена со победа на неговиот Атлетико Валјадолид над Нава од 30:29. Ова беше возбудлив натпревар во кој двете екипи добија по едно полувреме со таа разлика што избраниците на Писонеро првите 30 минути ги реализираа со плус три (18:15). Карапалевски беше на висина на задачата и имаше реализација три од три. Најефикасен ...

Хјустон ја прекина серијата од порази од Денвер и после четири неуспеси конечно славеше над Нагетси, и тоа во нивен дом пред домашната публика. Рокетси одиграа извонреден натпревар од почеток до крај и го искористија просечното издание на Никола Јокиќ, па на крајот сосема заслужено славеа со 101:115. Исходот на мечот беше извесен во најголем дел и беше само прашање со колку поени ќе загуби Денвер, а во таква ситуација, видовме и една бесна ...

Некогашниот репрезентативец на Уругвај, Даниел Фонсека Гарис има идеално засилување за Јувентус за 2026 година. Фонсека четири години од својата играчка кариера мина во Торино и му значи овој клуб, па според него фокусот треба да биде ангажман на нов напаѓач, а како предлог го даде Роберт Левандовски кој ќе биде слободен играч по крајот на тековнава кампања. -Сè уште би го поддржал Локатели. Тој е капитен и има квалитет. Наместо тоа, би барал ...

Реал Мадрид одново не брилјираше на домашен терен и играчите добија свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“, но дури и во такви услови, „кралевите“ си ја завршија задачата и запишаа дерби победа против Севилја. Во последниот натпревар за 2025-та година, Реал славеше со 2:0 против андалузискиот ривал, а сите прашање околу победникот ги реши Килијан Мбапе со пеналот кој го реализираше во 86-та минута. Овој погодокот беше специјален ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.64
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
82%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Калај

46.91

Бакар

11.69

Иридиум

221848.72

Платина

67162.91