Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Манчестер Сити го победи Вест Хем и заврши со своите премиерлигашки обврски до Божиќ, а менаџерот Пеп Гвардиола најави сериозна контрола за играчите по нивното враќање од заслужениот мини одмор. Англискиот клуб ќе му гостува на Нотингем на 27. декември, а шпанскиот стручњак им најавил на новинарите дека секој фудбалер ќе биде измерен и сите оние кои добиле некој килограм повеќе, нема да патуваат на гостувањето на „Сити Граунд“. – Во моментот ...
Флоријан Вирц ја запиша втората асистенција во својот 16-ти настап во Премиер лигата, но бидејќи се уште чека на првенецот кога се головите во прашање, Германецот и натаму знае да биде честа тема за разговор во јавноста. Големото летно засилување не ги оправдува очекувањата и има огромни потешкотии при адаптацијата на англискиот фудбал, а ако тоа не се промени во наредните два-три месеци, Хаман е убден дека самиот играч ќе посака промена на ...
Ракометниот клуб Вардар ова утро информираше дека го ослободува Ален Ќосевски од обврски после низа години минати во првиот тим и Академијата, но многу брзо стана јасно дека крилниот играч веќе си имал договорено ракометен аганжман. Ракометарот кој настапува на десната крилна позиција и во иднина ќе го гледаме во најсилата ракометна лига во нашата земја, но сега како член на амбициозниот суперлигаш Охрид. Клубот попладнево соопшти дека ...
„Газета дело Спорт“ е очигледно најинформиран медиум кога е во прашање првото зимско засилување за Милан, а оваа работна недела ја отвори со информација дека Никлас Филкруг ќе биде претставен во Миланело во текот на оваа седмица. Угледниот медиум прв информираше дека Милан и Вест Хем веќе размениле документи и се договориле за заем на поранешниот германски репрезентативец, кој во најскоро можно време треба да го засили тимот на Масимилијано ...
Кевин Кампл остави своја трага во германскиот фудбал и ги бранеше боите на Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, а од 2017-та година наваму е член на Ред Бул Лајпциг. Словенечката ѕвезда се уште е под договор со „биковите“ и има важечки статус на првотимец, но реалноста е дека тој е надвор од клупските простории веќе подолго време. Кампл не тренира со првиот тим и нема одиграно официјален натпревар од крајот на месец септември, а во последно ...
Ектор Форт реши да замине на позајмица во потрага по поголема минутажа, а такво нешто навистина доби со трансферот во Елче, тим кој игра офанзивен и допадлив фудбал од стартот на сезоната. Повратникот во елитата е во првата половина од табелата и вчера го победи Рајо Валјекано со убедливи 4:0, голеада која беше најавена токму од Форт. Десниот бек на Барселона покажа завидна техника и постигна извонреден гол за водство од 1:0, но за негова ...
Во ден кога главен фокус беше фудбалската Федерација на Македонија и именувањето на новиот селектор, ракометната Федерација на нашата земја сподели една тажна вест, а со истата пренесе дека денеска јавноста се збогува со еден познат ракометен работник. Човекот кој беше тренер во повеќе женски клубови доби шанса да ја води и кадетската репрезентација на Македонија, а ракометната Федерација денеска го подвлече неговото значење за женскиот ...
Немања Матиќ не успеа да оствари ниту еден позначаен успех за време на петте години кои ги мина на „Олд Трафорд“, но во ерата во која се сменија неколку менаџери, Србинот беше еден од најстандардните играчи во тимот. Матиќ беше доведен по инцијатива на Жозе Мурињо и имаше гарантирано место во стартниот тим на Португалецот, а истото продолжи и во ерата на Оле Гунар Солскјер кој тој ја смета за една од најдобрите во поновата историја на клубот. ...
Управниот одбор на македонската фудбалска Федерација ова попладне го потврди Гоце Седлоски како нов селектор на најсилната фудбалска репрезентација, сето тоа како комплетирање на најавите кои траеја некое време. Актуелниот тренер на Вардар беше прв избор на Федерацијата откако беше завршена соработката со Благоја Милевски, па иако се чинеше дека може да дојде до мали компликации поради изјавата на Миленко Неделковски, на крајот сепак испадна ...
Ламин Јамал беше клучен фактор во победата која ја оствари Барселона на „Ла Керамика“, не само поради голот кој го постигна за 0:2, туку и поради фактот што изнуди црвен картон за Ренато Веига. Крилниот фудбалер на Барса се најде на мета на ривалот и беше жестоко соборен со агресивен старт, а во таа фаза од првиот дел, Барселона остана со играч повеќе на теренот во ситуација кога веќе имаше водство. Од тој момент, па се до крајот на мечот, ...
Бруно Фернандеш е убедливо најдобар играч на Манчестер Јунајтед и оваа сезона, а вчера тимот за првпат после долго време остана без него на теренот. Капитенот на Јунајтед заработи повреда пред крајот на првиот дел и смогна сили да остане на теренот до паузата, но играчот за врска не се врати во вториот дел и стана јасно дека тимот ќе мора да се снаоѓа без него. Јунајтед загуби со 2:1 на „Вила парк“ и прикажа солидни перформанси и без ...
Вардар прави проекции за вториот дел од сезоната, но дури и планови околу засилувањата за следната натпреварувачка сезона, а денеска стана јасно дека дел од нив не е Ален Ќосевки. Лидерот на табелата во Суперлигата рано утрово ја информираше јавноста дека клубот решил да ја прекине соработката со десното крило, сето тоа како резултат на слабата минутажа, но и фактот што не се најде во плановите на новиот тренер Иван Чупиќ. Ќосевски е дете од ...
Вејн Руни редовно дава свои видувања за случувањата во Премиер лигата преку поткастот на „Би-Би-Си“, а оваа специјална улога му налага да прави анализи за сите натпревари, а не само за оние кои ги игра Манчестер Јунајтед. Најдобриот голгетер во историјата на Јунајтед нема многу причина за радост кога е тимот на Рубен Аморим во прашање, но како искрен фан на англискиот фудбал, призна дека е вџашен од квалитетот кој го нуди Деклан Рајс веќе ...
Барселона ја заврши 2025-та година со нова победа и замина на двонеделна пауза во добро расположение, а овој период ќе дојде навистина добро за каталонците во ситуација кога Ханси Флик остана без многу избор во одбраната. Пред дербито со Вилјареал, германскиот стручњак остана без Педри кој има полесна повреда, но навистина лоша вест беше тешката повреда на Кристенсен која уште толку ја крати скромната ротација на Флик во одбраната. Тешката ...
Манчестер Јунајтед одигра добар натпревар и на моменти се чинеше дека е поконкретен тим од Астон Вила, но сепак избраниците на Рубен Аморим потфрлија во клучните моменти и дозволија простор за две ремек-дела на Морган Роџерс. Англискиот репрезентативец погоди двапати од слична ситуација и го искористи просторот кој му го оставија дефанзивците на Јунајтед, па по поразот на „ѓаволите“ со резултат 2:1, легендите на клубот вперија и со прст кон ...
Винисиус Жуниор доживеа значителен пад во формата откако не ја освои „Златната топка“ минатата година, а 14 месеци подоцна, Бразилецот се најде во ситуација првпат да биде и посериозно исвиркан од страна на навивачите на Реал Мадрид. Лошата форма и проблематичното однесување му донесоа многу критики во јавноста, па сето ова дава една лоша слика за него во пресрет на клучните преговори кои треба да ги води. Винисиус е под договор со Реал до ...
Сакраменто и Хјустон го одиграа највозбудливиот натпревар рано утрово во НБА лигата, а на крајот победникот беше решен по дополнителни пет минути игра со продолжение. Рокетси се чинеше дека имаат обезбедено победа кога поведоа со 86:100 во последната четвртина, но „кралевите“ не се откажаа и успеаја да се вратат во игра, а на крајот да дојдат и до израмнување. Вестбрук погоди тројка и израмни на 112:112, а во последниот напад во регуларниот ...
Манчестер Јунајтед одигра во најмала рака рамноправен натпревар против Астон Вила и не ги користеше своите шанси, но во ситуација кога видовме два еврогола на Морган Роџерс, на крајот победата остана на „Вила парк“ во Бирмингем. Астон Вила ја продолжи страшната серија и врза десетта победа во низа, но од друга страна, Јунајтед продолжи со непосакуваните резултати дури и на натпревар на кој изгледаше максимално рамноправно. Рубен Аморим не го ...
Џан Пјеро Гасперини искажува директно незадоволство од стартот на сезоната со играта на своите напаѓачи, но како што се ближи стартот на зимскиот преоден рок, искусниот стручњак е така се погласен во својот обид да добие нов голгетер. Еван Фергусон не го подобри ефектот на Артем Довбик и двајцата имаат навистина лоши бројки во првиот дел од сезоната, па јасно е дека Гасперини ќе направи се што е во негова моќ во обидот да го убеди ...
Голем дел од медиумите гледаа нелогичности во одлуката на Барселона да ангажира нов голман во летниот преоден рок, но после само неколку месеци, стана јасно дека Ханси Флик доби вистинска гаранција на голот. Иако и претходно сметаше на два извонредни голмани како Тер Штеген и Војчех Шчесни, германскиот стручњак доби огромно засилување од Еспањол, а тоа може да се заклучи од коло во коло во шпанската Ла Лига. Ханси нагласи дека Гарсија ќе биде ...
Унаи Емери пишува своја историја како менаџер на Астон Вила и успева да го води тимот до извонредни резултати во последно време, а залетаниот состав од Бирмингем вчера најде решение и за Манчестер Јунајтед. Морган Роџерс со две мајстории ги урна надежите на Јунајтед дека може да оствари победа на „Вила парк“, па победата од 2:1 значеше дека Астон Вила стигна до десетти триумф во низа во сите натпреварувања. Клубот од Бирмингем го прослави ...
Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Гери Невил даде прогноза околу трката за титулата во Премиер лигата. Уште не сме на средина на сезоната, меѓутоа се одиграни доволен број на натпревари да се донесат одредени заклучоци особено за самиот врв на табелата каде во моментов се издвоија три екипи, Арсенал, Манчестер Сити и Астон Вила. Тимот од „Вила Парк“ дефинитивно е изнанадувањето во оваа конкуренција особено по ...
Барселона ја продолжи одличната серија на резултати и славеше над Вилјареал со 2-0 во дерби средбата од 17. коло во шпанската Примера. Ова беше меч во кој Рафиња го отвори резултатот со удар од белата точка, а во вториот дел Ламин Јамал ги потврди трите бода за актуелниот првак. Токму талентираниот Јамал беше најдобар играч на теренот, незадржлив за ривалите и сосема заслужено негова мајсторија се најде во фокусот на Ла Лига. При една ...
Атлетико Мадрид го положи последниот испит во 2025 година и славеше над Џирона со 3-0. Капитенот Коке, Галагер и Гризман беа автори на погодоците за клубот од Мадрид, но прашање е дали Атлетико ќе дојдеше до овој резултат ако на голот го немаше неверојатниот Јан Облак. Словенецот имаше две одлични интервенции, но онаа први водство на Атлетико од 1-0 беше неверојатна, одбрана за ТВ шпици. Домашните играчи и навивачи буквално ја видоа топката ...
Составот на Вардар успешно го одработи првиот дел од домашниот шампионат и со учинок од 13 победи и 3 нерешени го зазема првото место на табелата. По освениот трофеј во Купот на Македонија во минатата сезона, „црвено-црните“ имаат уште поголеми амбиции во тековнава кампања и тоа го покажуваат со резултатите, игрите од кои дефинитивно задоволен е тренерот Гоце Седлоски. -Можам да кажам дека сум презадоволен од она што Вардар како тим го одигра ...
Мартин Томовски имаше добар настап против Потсдам, но и ова не беше доволно за поволен резултат на неговиот Битигхајм во средбата од 16. коло во втората германска лига. Македонскиот голман забележа 12 одбрани во пресметката со клубот во кој настапуваше минатата сезона, но домаќините имаа повеќе расположени играчи и ја однесоа победата со 28:21. Томовски имаше идентичен број на интервенции како колегата од спротивната страна (Фредерик Холер) ...
Репрезентацијата на Мароко ја потврди фаворитската улога и славеше над Комори со 2-0 во првиот натпревар на Африканскиот Куп на Нации. Домаќините промашија пенал во првиот дел, но во вторите 45 минути се погрижија да дојдат до посакуваните три бода. Брахим Диаз во 55 минута го отвори резултатот, а во 74 минута можеби го видовме и голот на турнирот благодарение на Ајуб Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос изведе спектакуларни ножички за ...
Тренто на Андреј Јакимовски доживеа неочекуван пораз од Реџана во Лега А, тим кој немаше забележано победа во италијанскиот шампионат од 19 октомври. Реџана одигра цврст, борбен натпревар во кој успеа да го спушти Тренто на само 68 поени што беше клучно да забележи триумф на ова соочување (77:68). Јакимовски по долго време беше сведен на едноцифрен учинок од 6 поени и 4 скока или поточно ова беше најлошиот меч за нашиот репрезентативец од 6 ...
Башкими имаше солидни резултати во првиот дел од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига, ранг во кој клубот се врати по подолга пауза. Меѓутоа 22 освоени бодови и шестото место на табелата не ги задоволува апетитите на раководството, па ќе се прави огромна реконструкција на тимот и потврда за тоа е официјалната информација на клубот дека си заминуваат дури девет фудбалери. Дресот на Башкими нема повеќе да го носат Марко Симоновски, ...
Македонските кошаркари ја добија битката со светот на Ол-стар мечот кој оваа вечер се одигра во СРЦ „Кале“. Ова беше главниот настан во кој домашните асови ги надиграа колегите кои го преставуваа светот со резултат 119:115. На полувремето беа реализирани и натпреварите во шутирање тројки и забивање. Виктор Ефремовски важеше како едне голем фаворит кога станува збор за реализација на обидите вредни три поени, улога која во целост ја оправда. ...