Некогашниот англиски репрезентативец и сегашен стручен аналитичар, Џејми Карагер го состави идеалниот тим за досегашниот дел од оваа сезона во Премиер лигата. Зад нас се 17. кола што значи сме многу блиску до средина на актуелнава кампања, па има доволно материјал за анализи, заклучоци. Во тимот на Карагер немаше место за ниту еден играч на Ливерпул и Челси, две екипи кои имаат доста променливо годинава, ама не се премногу далеку и од врвот, ...

Арсенал го дочекува Божиќ на првото место на табелата што секако е позитивна вест за клубот од северен Лондон, но ако во одреден моменти имаше солидна предност во однос на конкурентите, сега истата е само два бода и тоа од Манчестер Сити. Засега „топчиите“ тврдат дека нема никаква паника и покрај тоа што Сити влезе во одличен ритам и бележи победи, но Рио Фердинанд премногу не им верува и имаше што да каже за ставот на Букајо Сака дека тие ...

Милан е на добар пат да ја затвори зделката со Вест Хем за ангажман на напаѓачот Никлас Филкруг кој веќе е во Милано, но тоа не е единствената позитивна вест за „црвено-црните“ кои по се изгледа конечно ќе се ослободат од едно од најлошите засилувања во историјата. Се работи за Дивок Ориги, играч кој нема одиграно ниту еден меч за калчолигашот од мај 2023 година, меѓутоа не сакаше да си замине и да се откаже од претходно договореното. Милан ...

Екипата на Партизан официјално го потврди името на новиот тренер, наследникот на Жељко Обрадовиќ. Во изминатиов период таа функција привремено ја извршуваше Мирко Оцоколиќ за да денеска клубот од Белград ја информира јавноста дека е постигнат договор со шпанскиот стручњак Жоан Пењароја. Пењароја до пред некое време ја водеше Барселона каде заработи отказ поради лошите резултати, меѓутоа коцките се наместија и по кратката пауза се враќа со нов ...

Наполи успеа да го освои Супер Купот на Италија и тоа откако во финалето ја соби Болоња со 2-0. Наполитанците забележаа две чисти победи на турнирот во Саудиска Арабија, две победи без примен гол (претходно го совладаа Милан со 2-0) што секако е одличен начин да се дојде до пехарот во оваа конкуренција. -Момците заслужуваат честитки за беспрекорниот турнир, и против Милан и против Болоња. Тие покажаа колку го посакуваат овој трофеј за ...

Барселона врза три натпревари без примен гол во својата мрежа што е одлична вест за тимот предводен од Ханси Флик кој во тековнава сезона има доста проблеми во дефанзивата, одбранбената линија. При последниот триумф на каталонците против Вилјареал (2-0) одличен на голот на шпанскиот шампион беше Жоан Гарсија кој имаше неколку квалитетни интервенции. Со некои од нив ги импресионираше и соиграчите, а потврда за тоа се нивните реакции на ...

Актуелниот МВП на НБА лигата, Шеј Гилџес-Александер одигра уште еден одличен меч во дресот на Оклахома Сити Тандер и го одведе својот тим до победа над Мемфис Гризлис од 119:103. Плејмејкерот уфрли 31 поен, плус собра 10 скока, испорача 8 асистенции со 4 украдени топки и 1 блокада, партија со која го испиша своето име во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот. Ова за Шеј беше 100. натпревар во низа со 20+ поени со што стана втор ...

Марк-Андре Тер Штеген повеќе од една деценија е дел од Барселона, тим во кој го има статусот на капитен, но од оваа сезона повеќе не е прв голман на каталонците. Неколкуте повреди во изминативе сезони донесе реакција од Барселона која во летниот преоден рок го доведе Жоан Гарсија, голман кој беше најдобар во претходната кампања, а дека тоа не е случајот потврдува и во натпреварувачката 2025/2026 во дресот на шпанскиот првак. Тер Штеген веќе ...

Зад нас е уште една рунда во англиската Премиер лига, коло во кое нови победи забележа водечката тројка Арсенал, Манчестер Сити и Астон Вила. „Топчиите“ имаа предност од два и три бода во однос на најбиските ривали на точно две кола до средина на натпреварувачката 2025/2026. Има уште многу да се игра и ќе биде интересно да се види кој ќе го добие овој фудбалски маратон на островот со тоа што многумина експерти аналитичари ја отпишуваат Астон ...

Стивен Џерард е едно од најголемите имиња во историјата на Ливерпул и тоа во она поновата во 21 век каде како лидер, борец, капитен му донесе успеси на тимот во европските натпреварувања, но и куповите во Англија. „Црвените“ немаа моќен состав како овој денешниот, да имаат моќ, сила да се расфрлаат со толку пари, ама тоа беше еден компактен состав во кој Стиви-Џи беше на врвот и секогаш го давата максумумот, па затоа денеска е миленик на ...

„Газета дело спорт“ во изминативе два дена на големо пишуваше дека Милан го има договорено Никлас Филкруг од Вест Хем, а откако најави дека клубот сака да го претстави пред Божиќ, поранешниот германски репрезентативец веќе пристигна во градот на модата. Искусниот напаѓач пристигнува како освежување за подзапаниот напад на Масимилијано Алегри и се очекува да донесе квалитети кои не можат да се пронајдат во актуелниот тим на Милан, а тоа ...

Манчестер Јунајтед го претрпе петтиот сезонски пораз во Премиер лигата и тоа на гостувањето во Бирмингем на „Вила Парк“. Астон Вила беше подобра со 2-1 со погодоците на Морган Роџерс, но овој негативен резултат не е најлошата вест за Јунајтед затоа што се повреди капитенот Бруно Фернандеш. Тој беше заменет на полувремето и како што стојат работите некое време ќе го нема на терените што дефинитивно е удар за Јунајтед затоа што се работи за ...

Седум месеци по крајот на последниот ангажман, Рафиња Алкантара денеска соопшти дека официјално ја завршува својата професионална кариера. Шпанскиот фудбалер потекнува од младинската академија на Барселона, а со првиот тим ја освои европската титула во сезоната 2014/15 и уште неколку важни трофеи, за потоа да стане француски шампион и со ПСЖ. Во кариерата освои и златен олимписки медал со Шпанија и тоа во 2016 година, а во кратки етапи го ...

Македонскиот репрезентативец, Милан Лазаревски и во иднина ќе го носи дресот на двокраниот европски шампион Вардар. Кружниот напаѓач и скопскиот клуб си подадоа рака за новата соработка која е со важност до 2028 година. Лазаревски од 2022 година е дел од „црвени-црните“ и во изминативе сезони се наметна како еден од лидерите, столбовите на екипата. -Клубот гради тим на подолг рок, а токму играчи како Милан, кои во целост ги прифатиле ...

Раководството на ПСЖ не бира начин за да обезбеди што подолг престој на тренерот Луис Енрике во Париз, па дел од медиумите тврдат дека ќе му понуди уникатен договор на шпанскиот стручњак. „АС“ пренесе дека ПСЖ наводно му понудил доживотен договор на Луис Енрике, нешто што досега се нема случено на фудбалската сцена и ќе биде преседан посебно за елитните европски клубови. Истовремено, Шпанецот би станал и тренер со најголема плата во светски ...

Египетската репрезентација мораше да прави пресврт, но успеа да победи против Зимбабве (2:1) и спречи сензација на првиот настап на Африканскиот куп на нации. Зимбабве имаше предност од 20. минута кога Дубе ги шокираше „фараоните“, а Египет долго не можеше да ја претвори доминацијата на теренот во погодок. Тоа му успеа на Омар Мармуш во 64. минута, а по голот на ѕвездата на Сити долго се чекаше на толку посакуваниот втор гол за египетските ...

Александер Исак заработил фрактура на ногата и повредата морала да биде санирана со оперативен зафат, објави вечерва Ливерпул. Актуелниот англиски шампион го потврди најлошото сценарио со проблемот на шведскиот репрезентативец, кој заработи незгоден удар од Мики ван де Вен на дуелот со Тотенхем. Исак постигна гол, па настрада од стартот на холандскиот дефанзивец и мораше принудно да го напушти натпреварот, додека противничкиот играч не доби ...

Ендрик остана во втор план кај Чаби Алонсо и очекувано ќе биде испратен на заем во друг клуб, при што целата операција е веќе договорена и треба да биде потврдена наредниве денови. Бразилецот привремено го напушта Реал Мадрид и до крајот на сезоната ќе биде член на Лион, екипа во која се надева дека ќе дојде до поголема минутажа и ќе може да го потврди својот фудбалски потенцијал. Не постојат никакви пречки за реализација на заемот, самиот ...

Наполи не дозволи изненадување во финалето на Суперкуп турнирот во Ријад и стигна до посакуваниот трофејот на мини турнирот кој се одржуваше изминатите неколку дена во Саудиска Арабија. Избраниците на Антонио Конте ја победија Болоња со 2:0, што значи нов трофеј за актуелниот италијански шампион, а и за нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кој сезонава е повратник во составот од Неапол. Елмас ја имаше првата голема шанса на натпреварот, но не ...

Тео Ернандес беше еден од клучните играчи на Милан во текот на неколку сезони и посебно во таа во која „росонерите“ го освоија скудетото, па затоа и начинот на кој замина од италијанскиот клуб беше изненадување за голем број фанови. Францускиот репрезентативец вели дека заминал под притисок на менаџментот, кој му порачал дека ќе биде отстранет од тимот ако не пронајде нов клуб. – Заслужив подобар третман и не очекував таков крај. – Дел од ...

Дани Алвеш беше ослободен од обвинението за силување, а периодот кој го мина зад решетки и во очекување на пресудата му оневозможи да ја заврши фудбалската кариера на посакуван начин. Сега веќе 42-годишниот Бразилец во меѓувреме почнал да работи како агент, но од деновиве станал сопственик и на португалски клуб, во кој фановите можеби ќе бидат сведоци и на негови настапи. Алвеш го купил третолигашот Спортинг Клуб де Сао Жоао де Вер, а дури ...

Повредата на Бруно Фернандеш ги загрижи фановите на Манчестер Јунајтед многу повеќе од вчерашниот пораз од Астон Вила, а менаџерот Рубен Аморим по средбата не сакал многу да зборува и да соопштува детали за проблемите на сонародникот. Сепак, многу поотворен со медиумите бил друг Португалец, односно Диого Далот, кој по поразот од Вила потврдил дека Бруно има сериозен проблем. – Ова е сериозен проблем. Не знаеме точно за што се работи, но кога ...

Последниот ФИФА ранкинг во календарската 2025 година очекувано не донесе поместувања меѓу репрезентациите кои се во Топ 10 друштвото, но дел од селекциите ги искористија своите настапи за подобар пласман во пресрет на отворањето на 2026 година. Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место и ќе ја заврши календарската година на 66. место, нешто што се случи благодарение на настапот на Јордан во Арапскиот куп, кој се игра ...

Екипата на Монако сезонава настапува во Лигата на шампионите, а не може да се пофали со посакуваните резултати во домашното првенство, но во наредните месеци ќе мора да се снаоѓа и без еден од своите најважни фудбалери. Такуми Минамино заработи повреда на соочувањето со Оксер во францускиот Куп, а денеска клубот од кнежевството потврди дека се работи за најлошото сценарио. Јапонскиот репрезентативец ги скинал предните вкрстени лигаменти и оди ...

Партизан славеше на гостински терен против Крка (92:99) во натпревар од АБА лигата, кој ќе биде запаметен по неверојатниот настап на Двејн Вашингтон. Американецот во редовите на гостинската екипа го заврши дуелот со дури 48 поени со висок процент на реализација и постави АБА рекорд во однос на постигнатите поени на еден натпревар. Вашингтон имал уште и 3 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки за 46 индексни поени и јасна МВП улога во триумфот ...

Раководството на ФК Работнички денеска официјализираше разделба со досегашниот тренер Ален Тупајиќ, со што продолжува серијата тренерски смени во редовите на скопскиот прволигаш. „Романтичарите“ одамна немале толку тешка сезона исполнета со негативни резултати, а тоа донесе и до неколку тренерски смени, меѓу кои најновата поврзана со српскиот стручњак. Тупајиќ пред околу еден месец го наследи Ердем Арпаслан, кој исто така не успеа да ги ...

Македонската машка ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир, со кој е означен почетокот на подготовките за претстојното Европско првенство. Избраниците на Кирил Лазаров се најдоа во тешка група, односно во првата фаза ќе играат против Данска, Португалија и Романија, но нашата селекција ги започнува подготовките во позитивна атмосфера и оптимизам дека може да се постигне солиден резултат на уште едно големо натпреварување. На ...

Екипата на ГРК Охрид и сезонава се наметна како сериозен претендент за највисок пласман во македонското ракометно првенство, а тренерот Борис Ројевиќ не крие дека е задоволен од првиот дел од сезоната. Во интервјуто за „Моцарт Спорт“, српскиот стручњак зборувал за резултатите и настапите постигнати сезонава, но и неговите очекувања во однос на битката за шампионската титула, каде како главен фаворит го гледа Вардар. – Многу сум задоволен од ...

Челниците на Серија А беа решени да го организираат првенствениот натпревар меѓу Милан и Комо во Австралија, но денеска потврдија дека мисијата се претворила во неуспешен проект. Опцијата отпаѓа, па Милан и Комо ќе мора да најдат друга солуција за локацијата, а фановите во Перт ќе чекаат некоја следна шанса за Серија А возбудување на стадионот во својот град. Стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен со церемонијата на свечено отворање на Зимската ...

Трофејниот српски стручњак, Светислав Пешиќ, денеска е промовиран како нов тренер на евролигашот Баерн Минхен и таа функција ќе ја извршува барем до крајот на сезоната. Доскорешниот српски селектор неодамна беше во Скопје и ја промовираше својата книга, на присутните им најави дека ќе патува за Германија за да направи промоција и во земјата каде има постигнато сериозни успеси, но веројатно веќе размислувал и за опцијата да и се врати на ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.64
97%
1001
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
96%
1000
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
83%
1003
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
82%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1000
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
94%
998
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Калај

46.91

Иридиум

221848.72