Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов со одличен настап ја одбележа победата на Кочаелиспор во Купот на Турција. Кочаелиспор ја оправда фаворитската улога и славеше над Ерзурумспор со 3-1 во меч во кој Дарко учествуваше во сите три гола на домаќините. Чурлинов го матираше противникот во 18 и 45 минута, а во вториот дел забележа асистенција при погодокот на Нонге. GOL | 🟢⚫️ Kocaelispor 1-0 Erzurumspor 🔵⚪️ ⚽️ 18′ Churlinov#ZTK ...
Арсенал и Кристал Палас режираа вистинска драма во последното четвртфинале во Карабао Купот, а на крајот победникот мораше да се решава по подобро изведување пенали во кое славеа избраниците на Микел Артета. Последниот патник во полуфиналето на Лига Купот го добивме од лондонска пресметка, но во следната фаза ќе гледаме уште едно големо градско дерби во Лондон, и тоа меѓу екипите на Арсенал и Челси. Арсенал беше подобар ривал во најголем дел ...
Џенаро Гатузо ги дочекува божиќните празници како италијански селектор, нешто што е целосен контраст од она што му се случуваше пред една година во Сплит. Популарниот Рино беше лидер на табелата и имаше реални шанси да го прекине проклеството на Хајдук кога е во прашање титулата во домашното првенство, но откако не успеа во таа намера, доби неочекувана шанса да стане наследник на Лучијано Спалети. Гатузо без размислување го прифати ...
Денешната програма во Евролигата беше затворена со натпревар меѓу Париз и Црвена Звезда, а оваа пресметка само потврди дека тимот на Саша Обрадовиќ е во резултатска криза. Париз успеа да направи изненадување и целосно ја разоружа Звезда на денешниот натпревар, па конечните 102:92 може да бидат далеку поубедливи ако немаше опуштање во финишот. Францускиот тим доминираше од почеток до последните неколку минути од мечот, а победата ја осигура на ...
Васил Рингов останува македонска и југословенска легенда и по својата смрт, а во ситуација кога цела јавност е трогната од смртта на саканиот Васе, со свое проштално соопштение се јави и најпознатата навивачка група на Вардар. Како вардарова легенда која остави посебна трага во најтрофејниот македонски клуб, Рингов беше неизмерно сакан и ценет од сите навивачи, а во моменти на голема неизвесност за клубот, Васил дури и се расплака за Вардар ...
Англиските медиуми во текот на денешниот ден пренесоа дека дури пет големи клубови се „тепаат“ за потписот на Антоин Семењо, но вечерва пристигна нова ексклузива на оваа тема и истата носи позитивни вести за навивачите на Манчестер Сити. Иако за извонредниот крилен напаѓач исконтактираа Челси, Ливерпул и Тотенхем, во последните 12 часа изборот бил сведен на двата клуба од Манчестер, а според „Атлетик“, Семењо му дал предност на подобро ...
Пиза обезбеди промоција во Серија А со Филипо Инѕаги како тренер на тимот, но откако Пипо реши да си замине, повратникот во елитата го ангажираше Алберто Џилардино. Популарниот Џила брзо се најде под притисок и стравува за својата судбина веќе неколку кола, но како што јавуваат италијанските медиуми, поранешниот напаѓач сега е многу блиску до отказ. Трите порази и двата реми исходи на последните пет натпревари ја одведоа Пиза до ...
Педри го пропушти последниот натпревар во 2025-та година поради ситна повреда и доби малку повеќе време за одмор, а предбожиќното расположение го искористи за да одработи опширно интервју за магазинот „Esquire“. Извонредниот играч за врска на Барселона опфати повеќе теми и говореше за најголемите успеси кои ги оствари во својата досегашната етапа во Барселона, но проговори и за сонот кој се надева дека еден ден ќе го направи реалност. По две ...
Тажната вест за смртта на Васил Рингов после кратко боледување ја зави во црно цела македонска спортска јавност, но и воопшто на Балканот поради сето она што го прикажа легендарниот Васе како играч кој блескаше во поранешна Југославија. Струмичанецот остави длабок печат во Вардар и ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи кои го носеле дресот на скопската гордост, но дури и по крајот на играчката кариера, Рингов шармираше и ...
Македонија го продолжи континуитетот со настапи на големи натпреварувања и ќе биде дел од Европското првенство кое се игра во јануари, турнир на кој нашиот национален тим ќе има тешка задача во групата во која се уште Данска, Португалија и Романија. Кирил Лазаров ги селектираше патниците за континенталниот собир и вчера испорача први очекувања за турнирот кој следи, а најава за Европското првенество направи и ЕХФ со еден македонски играч. По ...
Реал Мадрид ја победи Севилја на домашен терен со 2:0, но избраниците на Чаби Алонсо не ги задоволија апетитите на фановите на трибината, особено не со прикажаниот фудбал. Навивачите на „кралскиот клуб“ во повеќе наврати испратија свирежи и посебно му се нафрлија на Винисиус Жуниор, но дел од специјализираните шпански емисии открија дека незадоволство искажал и еден соиграч. Во една ситуација се гледа како Камавинга има забелешки за движењата ...
Дивок Ориги пристигна во Милан како слободен агент и тогаш се чинеше дека „росонерите“ прават извонредна зделка, но три ипол години подоцна, италијанскиот великан едвај го дочека моментот да се ослободи од него. Белгискиот напаѓач одигра само една натпреварувачка сезона во Милан и потоа беше испратен на позајмица во Нотингем Форест, па иако Златан Ибрахимовиќ јасно му нагласи дека не е во плановите на клубот уште пред 18 месеци, тој се задржа ...
Рене Игита се појави на прошталниот натпревар во чест на Марио Јепес и беше дел од двата тима кои одиграа ревијален натпревар, а во ситуација кога резултатот беше во втор план (5:5), славниот голман пронајде инспирација за да го режира фамозниот „скорпион“. Одбраната на Игита важи за една од најлегендарните во историјата на фудбалот, а 30 години подоцна, Рене одлучи да ја рекреира со 30 килограми повеќе. 59-годишниот Игита е далеку од ...
Бразилецот Ендрик имаше тешка прва сезона во Реал Мадрид и добиваше симболична минутажа од Карло Анчелоти, но ситуацијата дополнително му се компликуваше по тренерската смена која настана во шпанската престолнина. Талентираниот Бразилец страна трета или четврта опција и гледаше како младинецот Гонсало Гарсија добива шанса пред него, па тоа беше јасен сигнал дека Ендрик ќе мора да бара излез во зимскиот преоден рок. За време на оваа двенеделна ...
Англиските клубови полека се подготвуваат за зимскиот преоден рок кој претстои, а англискта јавност смета дека најголема „мамка“ во јануари ќе биде играчот кој воодушеви од стартот на сезоната. Антоин Семењо е главна ѕвезда на Борнумт и е трет најдобар стрелец во Премиер лигата иако игра како крило, а неговите добри изданија го привлекоа вниманието на добар дел од најдобрите и најмоќните клубови во Англија. Како што јавува „Дејли мејл“, Челси ...
Франк ЛЕбеф ужива големо внимание во Франција поради тоа што беше дел од златниот тим на „триколорите“ кој ја освои првата светска титула, но некогашниот дефанзивец има посебен статус и во Лондон поради етапата која ја имаше во Челси. Мислењата на Лебеф секогаш привлекуваат доста голем интерес, а во пресрет на јануарскиот преоден рок, Французинот уште еднаш ја нагласи позицијата која тој ја смета за дефицитарна во тимот на Енцо Мареска. Лебеф ...
Неколку часа по назначувањето на Гоце Седлоски како нов селектор на македонската репрезентација, Игор Ангеловски реши да се јави со експлозивно соопштение на социјалните мрежи, односно преку својот Фејсбук профил испорача жестока порака која во продолжение брзо реши да ја избрише. Поранешниот селектор кој испиша историја со пласман на Европско првенство очигледно не е задоволен од изборот на ФФМ и специјализираната комисија, па испорача и ...
Бразилецот Ендрик имаше тешка прва сезона во Реал Мадрид и добиваше симболична минутажа од Карло Анчелоти, но ситуацијата дополнително му се компликуваше по тренерската смена која настана во шпанската престолнина. Талентираниот Бразилец страна трета или четврта опција и гледаше како младинецот Гонсало Гарсија добива шанса пред него, па тоа беше јасен сигнал дека Ендрик ќе мора да бара излез во зимскиот преоден рок. За време на оваа двенеделна ...
Македонскиот фудбал денеска го доби новиот селектор во името на Гоце Седлоски, но неколку часа по промоцијата на актуелниот тренер на Вардар, во јавноста се пренесе вест која ја зави во црно цела спортска сфера во нашата земја. Васил Рингов секогаш ќе важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, но за жал, популарниот Васе денеска замина во вечноста. Информацијата за неговата смрт на 70-годишна возраст го погоди ...
Масар Омерагиќ беше дел од специјалната комисија која се создаде во потрагата по нов национален селектор, а првиот човек на ФФМ секако имаше свој збор во објаснување на детали од договорот на Гоце Седлоски. Прилепчанецот денеска официјално беше претставен како наследник на Благоја Милевски и ќе има голема одговорност во иднината, со тоа што негова прва голема мисија ќе биде баражот за Светско првенство. Македонија ќе брка историја во месец ...
Седум натпревари се одиграа во НБА лигата, натпревари кои минаа во доминација на домашните екипи кои остварија дури шест победи. Ниту еден од дуелите не донесе дополнителни минути, продолженија, но и тоа што го видовме во основниот дел беше доволно за топ моменти на задоволство на публиката во арените и преку екраните ширум светот. Од НБА излегоа со најновата топ листа на која заслужено на врвот е Џејлен Вилијамс од Оклахома Сити Тандер со ...
Џејми Карагер целата своја играчка кариера ја мина во редовите на англискиот великан Ливерпул, клуб во кој преку школата стигна до првиот тим каде беше активен од 1996 до 2013 година. Тој има статус на легенда на „Енфилд Роуд“ и повеќе од јасно е дека сака да гледа како клубот е успешен, освојува титули, но кога има работи кои не му се допаѓаат директно ги посочува без влакна на јазикот. Познато е дека Џејми има „посебен однос“ за Мохамед ...
Италијанската фудбалска легенда, Фабио Капело гледа дури пет екипи во трката за пехарот во Калчо лигата. Капело освојуваше титули како играч и како тренер, па многу добро знае што е потребно да си на врвот и да триумфираш во Серија А. Дон Фабио има став дека ниту еден тим не се издвојува, односно токму поради тоа смета дека шанса за пехарот имаат Јувентус, Рома и Милан исто како Наполи и Интер, два тима кои на хартија имаат најсилни, ...
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас на свој начин и во свој стил ги искоментира потезите кои Реал Мадрид почна да ги влезе во континутет. „Кралевите“ веќе некое време водат војна со Ла Лига, се жалат на судењето, постојано ја прозивраат Барселона се случајот Негреира, а во целата таа акција сега збор сега и Флорентино Перез кој испрати отровни стрели кон ривалот за што доби соодветен одговор од Жоан Лапорта. Ако на ова се додаде и клупската ...
Повеќе нема никакви дилеми и Гоце Седлоски е новиот предводник на македонската сениорска фудбалска репрезентација. Прилепчанецот денеска ја имаше официјалната промоција на новата функција и притоа тој откри кој е неговиот план, визија за националниот тим. Седлоски откри која е неговата визија за македонската репрезентација: Сакам тим кој ќе се бори… Воедно беа обелоденети детали од договорот на Гоце кој до месец јуни останува да го води и ...
Гоце Седлоски и официјално беше претставен како селектор на македонската А фудбалска репрезентација, стратег кој доаѓа на местото на Благоја Милевски. Македонската фудбалска легенда добива шанса да го води националниот тим, состав кого еднаш го има предводено како в.д. селектор против Литванија (2012 година) со тоа што сега има чист мандат, чиста ситуација без дополнителни точки и запирки. Тој на денешниот прес веќе и најави како ќе игра ...
Гоце Седлоски и официјално беше претставен како селектор на македонската А фудбалска репрезентација, стратег кој доаѓа на местото на Благоја Милевски. Македонската фудбалска легенда добива шанса да го води националниот тим, состав кого еднаш го има предводено како в.д. селектор против Литванија (2012 година) со тоа што сега има чист мандат, чиста ситуација без дополнителни точки и запирки. Тој на денешниот прес веќе и најави како ќе игра ...
Маркос Багдатис своевремено беше еден од најдобрите светски тенисери, рекет на кого најдобриот пласман му беше осмото место на АТП листата и кариерата ја заврши со четири освоени титули. Тој денеска е во „пензија“, па и од друг агол може да ги гледа тениските случувања, па така Маркос кој остана на нула во битките со Новак Ѓоковиќ (осум порази во осум натпревари) го советува Србинот да продолжи да игра без разлика на тоа што Јаник Синер и ...
Наполи дојде до пехарот во италијанскиот Супер Куп и тоа откако во финалето во Ријад ја совлада Болоња со 2-0 со головите на Давид Нерес. За дел од играчите ова беше прв трофејот во дресот во Наполи, а еден од нив е Расмус Хојлунд кој пристигна во летниот преоден рок. Данецот овојпат немаше конкретен придонес како во полуфиналето (гол и асистенција против Милан), ама го одигра целиот натпревар и на крајот со широка насмевка го дочека ...
Винисиус Жуниор од 2018 година е дел од шпанскиот великан Реал Мадрид, тим во кој со годините се наметна, напредуваше и денеска има статус на еден од најважните играчи. Тој има договор со „кралевите“ до 2027 година и засега преговорите за продолжување на истиот не се движат во посакуваниот правец, па ова е сосема доволен материјал, основа за медиумите да говорат за негово потенцијалноо заминување од Мадрид. Бразилецот си има свои барања, ама ...