Англија во добар дел од мечот беше надиграна од Норвешка и успеа да профитира од големата грешка која ја направи голманот Ниланд, но и од умешноста и снаодливоста на Џуд Белингам кој успеа да постигне два гола за победа. „Гордиот Албион“ ја оправда улогата на фаворит на далеку потежок начин од очекуваното, меѓутоа сепак успеа да ја оствари зацртаната цел и да се пласира во полуфинале на Светско првенство. Овој успех донесе големи насмевки на ...

Англија ја оправда улогата на фаворит и излезе како победник од битката со Норвешка во четвртфиналната рунда на Светското првенство. Англичаните имаа проблеми, среќа во некои ситуации, но конечниот резултат е во нивна полза, победа од 2-1 по продолженијата и место во полуфиналето во кое ќе ги одмерат силите со Аргентина. Селекторот Томас Тухел воопшто не беше задоволен и покрај пласманот во следната фаза, испрати критики кои не поминаа добро ...