Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Кристал Палас го стави Марк Геи во незгодна ситуација, откако неговиот договорен трансфер во Ливерпул пропадна во последен момент, па дефанзивецот ќе остане во лондонскиот клуб најмалку до јануари. Медиумите пренесоа дека Геи очекувано бил бесен по ваквиот епилог и се заканил дека ќе се откаже од капитенската лента, но менаџерот Оливер Гласнер вели дека соработува со неверојатна личност која никогаш нема да му го сврти грбот на актуелниот клуб. ...
Штутгарт вчера ја победи Селта со 2:1 во еден од поинтересните натпревари од првата рунда во новата сезона на Лига Европа, а еден од најзаслужните за триумфот беше голманот Александер Нибел. Германскиот голман ја најави победата на неговиот тим со идеална асистенција за првиот гол, кој беше дело на Буанани и целата акција во два потега заработи многу комплименти од фудбалските фанови. Нибел идеално го проигра соиграчот на противничката половина, ...
Ливерпул летово го доведе Џовани Леони како засилување за одбраната и долгорочно решение за дефанзивната линија, но 18-годишниот Италијанец имаше кошмарно деби во дресот на англискиот првак. Леони доби шанса да дебитира на дуелот од Карабао купот меѓу Ливерпул и Саутемптон, а во завршницата на мечот заработи сериозна повреда поради која беше веднаш и принудно заменет. Денеска, менаџерот Арне Слот го потврдил најлошото сценарио и долгата пауза на ...
Кошаркарскиот тим на Партизан ќе располага со променет ростер за новата сезона, а еден од играчите кои заминуваат е Френк Ниликина. Французинот помина само една сезона во Белград, не успеа целосно да се наметне и да го потврди потенцијалот, за денеска да стане јасно дека продолжува во редовите на Олимпијакос. Грчкиот тим има проблеми со повредени играчи и итно бараше солуција и за поцијата на која игра Ниликина, па денеска официјално го потврди ...
Фабио Капело истакнал едно засилување на Милан како позитивно изненадување и во својот коментар не штедел комплименти за играчот од кого и се очекуваше да донесе сериозен квалитет во средниот ред на „росонерите“. Иако стручните коментатори и поранешните фудбалери досега беа концентрирани на делење позитивни реакции за настапите на Лука Модриќ, Капело е презадоволен и од настапите на Адриен Рабио. Французинот дојде во последен момент од редовите ...
Меди Бенатија е актуелен директор во редовите на Олимпик Марсеј, а во последното интервју за „Кориере дело Спорт“ открил што мисли за актуелната ситуација на италијанската фудбалска сцена. Поранешниот дефанзивец своевремено беше и капитен на мароканската репрезентација, a во Италија настапуваше за Удинезе, Рома и Јувентус. Бенатија е разочаран од неверојатниот дефицит на фудбалски таленти на „чизмата“, а тоа го претставил со една сурова ...
Барселона не беше задоволна од начинот на кој шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го третираше Ламин Јамал на последните настапи на репрезентацијата, а тоа јасно го потенцираше и тренерот Ханси Флик. Ѕвездата на Каталонците се врати во клубот со повреда по сериозната минутажа која ја доби на дуелите со Бугарија и Турција, па Флик сметаше дека Де ла Фуенте ги исфорсирал Јамал, посебно што шпанската репрезентација располага со многу квалитетни ...
Трагичната смрт на Диого Жота иницираше повеќе важни потези повлечени од раководството на неговиот последен клуб Ливерпул, а „црвените“ ја реализираа и најавата за поддршка за семејството на Португалецот. Менаџерот Арне Слот вчера потврдил дека Ливерпул веќе ги исплатил сите пари предвидени со договорот на Жота на неговата сопруга, со што семејството на фудбалерот ќе добие сериозна финансиска поддршка за наредниот период. Жота имаше уште две ...
Англиските клубови ревносно ги следат случувањата на јужноамериканската фудбалска сцена, па во иднина се очекува и поголем број талентирани играчи да ја отворат својата европска етапа токму преку Премиер лигата. Еден од таквите случаи ќе биде Кристијан Ороско, голем талент на колумбискиот фудбал, кој веќе договорил трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед. Скаутите и спортскиот менаџмент на „црвените ѓаволи“ успеале да го обезбедат потписот на ...
Хари Кејн игра во одлична форма на почетокот на новата сезона, а постигнатите голови во дресот на Баерн Минхен го доведоа во ситуација да поставува и нови рекорди. Еден од нив може да падне вечерва, односно на дуелот на Баерн со Вердер и тоа ако англискиот репрезентативец постигне најмалку два гола. Кејн може да стане фудбалер кој најбрзо стигнал до 100 постигнати голови за еден клуб од Топ 5 лигите во овој век, подобрувајќи го досегашниот ...
Серхио Бускетс веќе донел конечна одлука за крај на професионалната фудбалска кариера и сега и јавно потврди каков му е планот за наредниот период. Прославениот поранешен шпански репрезентативец и некогашна ѕвезда на Барселона најави дека ја игра последната сезона во кариерата и ќе се повлече од активното играње по крајот на актуелното издание на МЛС шампионатот. Бускетс е член на Интер Мајами, екипа чии амбиции се да стигне и до првата титула ...
Барселона одново се најде во ситуација да брка резултат и како во безброј наврати минатата сезона успеа во намерата да стигне до три бода, а тоа вчеравечер го направи против повратникот во елитното друштво, екипата на Овиедо. Аутсајдерот поведе со сензационален гол од далечина по големата грешка која ја направи голманот Гарсија, меѓутоа Барселона имаше подготвено одговор во второто полувреме, и тоа пред се благодарение на фудбалерите кои влегоа ...
Англиските таблоиди во текот на изминатава ноќ пренесоа една тажна и трагична вест поврзана за поранешен младинец на Арсенал, а неколку часа по објавата на медиумите, со официјално соопштение се јави и великанот од Северен Лондон. Имено, 21-годишниот Били Вигар починал во текот на вчерашниот ден после тешка операција која му била направена на главата, откако претходно неколку дена бил во индуцирана кома со цел да му се намали отокот на мозокот. ...
Вејн Руни беше еден од играчите кој остави голема трага во англискиот фудбал како на клупско така и на репрезентативно. Со својата борбеност, пргавост, знаење да дава голови, да асистира, да се стави комплетно во функција на тимот, Руни е исклучително ценет и до ден денеска, но ако тој се прашува еден играч е пред него кога е во прашање позицијата „девет“ -тоа е сегашниот ас на Баерн Минхен, Хари Кејн. -Тој го разви тоа во последните неколку ...
Бранителот на титулата во шпанскиот шампионат Барселона против Овиедо ја забележа петтата победа во шестиот сезонски натпревар во Примера. Каталонците имаат проблеми со повратникот во елитната конкуренција, но на крајот дојдоа до посакуваната цел и славеа со 3-1 и тоа со пресврт во второто полувреме. Барса го загуби првиот дел благодарение на огромниот кикс на голманот Гарсија во 33 минута, ситуација при која го напушти голот и потоа имаше ...
Шкоткиот великан Ренџерс игра многу лошо во оваа сезона, а таквите резултати продолжија и на отварањето на групната фаза во Лига Европа каде на домашен терен доживеа пораз од 1-0. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски изненадувачки не беше стартер и доби шанса дури во 80 минута кога екипата беше во негатива, па и тој не успеа да помогне да се дојде барем до реми. Домаќините во 41 минута останаа со играч помалку, ситуација која Белгиците ја ...
Челси имаше добра завршница на минатата сезона која донесе трофеј во Конференциската лига на УЕФА, а потоа беше освоен и пехарот на Светското клупско првенство. Овие резултати како и обезбедемиот пласман во ЛШ донесе поинаква слика за „сините“ како тим кој може да има високи дострели, да ги нападне пехарите во Премиер лигата и елитното натпреварување во оваа кампања. Времето ќе покаже дали Челси е способен за тоа, но една работа за која ...
Екипата на Зенит за која настапува нашиот Ненад Димитријевиќ доживеа пораз од ЦСКА Москва од 96:79 во финалето на ВТБ Суперкупот. Како што е познато турнирот се играше во Белград, а во последниот меч ЦСКА клучната предност ја направи во втората четвртина која ја доби со 16 разлика и на паузата имаше предност од 49:32. Клубот од Москва продолжи да се одлепува и во третиот период по што стана јасно каде ќе заврши првиот сезонски трофеј. ...
Интер имаше катастрофална завршница на минатата сезона која кулминираше со дебаклот од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите. Клубот од Милано доживеа вистински потоп и загуби со 5-0, резултат кој можеше да биде и повисок ако францускиот клуб искористеше уште некоја од можностите кои ги имаше на тој натпревар. Дефанзивецот Франческо Ачерби се наврати на тој меч, ситуација и истакна дека тие силно верувале дека можат да го решат ПСЖ ...
Милан има одличен почеток на сезоната како во Серија А така и Купот на Италија, но допрва следат вистинските предизвици, а првиот голем тест ќе биде во недела каде го пречекуваат Наполи на „Сан Сиро“. Тоа е дуел на некогашниот и актуелниот италијански шампион, дуел кој ќе даде одговор за тоа на кое ниво е Милан и дали може да го нападне Скудетото иако реално е навистина рано да се зборува за тоа без разлика што и да се случи во Милано. Меѓутоа ...
Француски Лил ја оправад фаворитската улога и славеше над Бран со 2-1 во соочувањето од првото коло во Лига Европа. Човек на одлука беше ветеранот Оливие Жиру кој влезе во игра во 67 за да во 80 минута во негов стил, со небесен скок и удар со глава донесе славје за домашниот тим. (ОВДЕ погледнете го голот) Со ова Жиру испиша историја во Лига Европа или претходно Купот на УЕФА, стана најстариот играч (38 години и 360 дена) кој како замена ...
Три натпревари беа одиграни во ракометната Лига на шампионите, а на еден од нив правдата ја делеа нашите најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славеа Николов. Тоа беше дербито меѓу Киелце и Фуксе Берлин кој му припадна на бундеслигашот со 37:32 и тоа благодарение на одличната игра во првото полувреме кое го реализираа со 22:15. На голот блескаше Милосављев со 17 интервенции, додека летечкиот Гидсел даде 13 гола. Алекс Душебаев кај поразените имаше 9 ...
Рио Фердинад одбележа една ера во англискиот фудбал и ќе биде запеметен како еден од најдобрите, најквалитетните стопери во неговата генерација. Фердинанд се проби во Вест Хем, потоа играше за Лидс Јунајтед за да потоа врвот и најдобрите изданија ги има во дресот на Манчестер Јунајтед, клуб со кој го освои сите пехари на домашната сцена, Лигата на шампионите, а беше дел и од составот беше беше светски клупски шампион. Сега Рио е доста активен ...
Во недела (19:30 часот) се игра за првиот трофеј во нашата кошарка и тоа во Супер купот „Драган Василов-Цевка“ каде силите ќе ги одмерат МЗТ Скопје и Кожув. МЗТ како актуелен шампион е фаворит и посакува титула за одличен почеток на натпреварувачката 2025/2026. –За нас ова е почеток на официјалниот дел од сезоната. Стартуваме со Кожув, нашите цели се јасни. Суперкупот е еден од трофеите кои ги имаме потцртано да бидат во нашите витрини. Ги ...
Екипата на Арсенал е конкуретна како на домашната така и на меѓународната сцена, па повеќе од јасно е дека клубот сака да ги задржи најдобрите играчи уште долго време на „Емирејтс“. Еден од нив дефинитивно е Вилијам Салиба за кого имаше интерес од Реал Мадрид, но премиерлигашот реагираше и повеќе медиуми на островот тврдат дека дефанзивецот си подал рака со клубот за продолжување на соработката. Се работи за нов договор за уште пет години до ...
Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски го одигра најдобриот меч во новиот клуб Сиваспор и тоа против Адана Демирспор во втората турска лига. Аврамовски беше одличен додека беше на теренот и ги постигна првите два гола за домашниот тим кој триумфираше со 5-0. Поранешниот македонскиот репрезентативец го отвори резултатот со убав гол во 29 минута и тоа откако се ослободи од еден противнички играч, додека пак во 56 минута зголеми на 2-1 на ...
Составот на Пелистер славеше над Престон Лајонс со 1-0 на пријателскиот меч што денеска се одигра на на стадионот во Новаци. Поради изведување на градежни работи и подобрување на квалитетот на тревникот на „Петар Милошевски“, средата се играше во Новаци каде македонскиот прволигаш славеше над гостите од Австралија со 1-0. Клучниот момент се случи во второто полувреме кога при едно играње на рака на играч на Престон, беше досуден удар од белата ...
Зад нас е уште една рунда во англискиот Лига Куп по што беше извршена ждрепката за 4. коло кое ќе ни донесе неколку интересни битки на клубовите од највисокиот ранг. Бранителот на пехарот Њукасл повторно ќе игра на домашен терен и тоа против Тотенхем, Вулверхемптон ќе ги одмери силите со Челси, додека Арсенал и Ливерпул ќе играат во своите арени против Брајтон, односно Кристал Палас. Големо изненадување Гримзби ќе се обиде да ја продолжи бајката ...
Составот на Еурофарм Пелистер го претрпе првиот домашен пораз во Лигата на шампионите и тоа од ГОГ Гудме кој ја освои Битола со резултат 31:28. „Зелено-белите“ имаа проблеми со константноста во играта, во врвиот водеа и со пет разлика, но откако противникот пронајде против игра и почна да ги користи нивните слабости, работите комплетно се промениија, па до крајот на првиот дел данскиот тим се избори за реми за да во вториот дел го надигра ...
Новата сезона во нашата кошарка ќе биде отворена со Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, а во женска конкуренција битка за трофејот ќе водат Баскет Кам и Вардар. Актуелниот шампион Баскет Кам во оваа сезона ќе има нов предводник во името на легендарниот Тони Симиќ кој сака со титула да ја започна својата приказна во клубот од Македонска Каменица. -Не очекува меч од Суперкупот на Македонија кадешто играме со Вардар. Се работи за добропознат ривал ...